Софија Филипиду Archives - Република https://republika.mk/tema/sofija-filipidu/ За подобро да се разбереме Tue, 17 Sep 2024 14:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Софија Филипиду Archives - Република https://republika.mk/tema/sofija-filipidu/ 32 32 Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка: Преспанскиот договор треба доследно да се имплементира од од сите страни кои се обврзале на него https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-ja-primi-grchkata-ambasadorka-prespanskiot-dogovor-treba-dosledno-da-se-implementira-od-od-site-strani-koi-se-obvrzale-na-nego/ Tue, 17 Sep 2024 15:03:09 +0000 https://republika.mk/?p=817167

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, на средбата било разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изразила очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации.

На средбата со грчката амбасадорка биле разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотирала важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.

Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

The post Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка: Преспанскиот договор треба доследно да се имплементира од од сите страни кои се обврзале на него appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја прими амбасадорката на Грција, Софија Филипиду. Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска Давкова, на средбата било разговарано за севкупните билатерални односи меѓу двете земји, потенцијалите и можностите за унапредување на соработката, во функција на градење на добрососедство засновано на меѓусебна доверба и разбирање. Во таа насока, претседателката изразила очекување за поддршка од Грција на политиката за проширување и на нашите европски аспирации. На средбата со грчката амбасадорка биле разменети мислења и за Преспанскиот договор и неговата имплементација, при што претседателката ја нотирала важноста од негова доследна примена од сите страни кои се обврзале на него.
Претседателката Сиљановска Давкова на средбата ги реафирмираше заложбите за натамошно унапредување на партнерството и искреното пријателство со Грција. Таа ја нагласи добрата соработка во областа на одбраната, потенцирајќи ја важноста и од јакнење на економската соработка, трговската размена, инфраструктурното поврзување, како и соработката во областа на образованието, културата и туризмот, како предизвици на кои треба заеднички да се фокусираме во интерес на благосостојбата и зближувањето на народите на двете земји, се вели во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.

The post Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка: Преспанскиот договор треба доследно да се имплементира од од сите страни кои се обврзале на него appeared first on Република.

]]>
Грчката амбасадорка се сретна со министерот Муцунски https://republika.mk/vesti/makedonija/grchkata-ambasadorka-se-sretna-so-ministerot-mutsunski/ Fri, 09 Aug 2024 12:55:25 +0000 https://republika.mk/?p=804976

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска оствари средба со амбасадорот на Република Грција Софија Филипиду.

На средбата соговорниците го потврдија заемниот интерес и посветеност за натамошно унапредување на билатералната, регионалната и соработката во меѓународните организации. Во текот на разговорот, беа подвлечени и заемните заложби за унапредување и натамошно интензивирање на економската и соработката во други области од заемен интерес. Притоа беше истакнат заедничкиот интерес за продолжување и интензивирање на политичкиот дијалог и соработка на високо ниво во функција на безбедност, стабилност и просперитет на регионот, соопштуваат од Министерството за надворешни работи.

The post Грчката амбасадорка се сретна со министерот Муцунски appeared first on Република.

Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ѝ порачал дека нашиот интерес е градење добрососедски односи https://republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-se-sretna-so-grchkata-ambasadorka-porachal-deka-nashiot-interes-e-gradene-dobrososedski-odnosi/ Thu, 04 Jul 2024 12:56:04 +0000 https://republika.mk/?p=793447

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денес оствари средба со амбасадорката на Грција, Софија Филипиду.

На средбата изразив уверување дека остануваме силно посветени на натамошното унапредување на билатералната, регионалната и мултилатералната соработка, пред се како партнери и сојузници во НАТО алијансата. Истакнав дека нашиот интерес е градење добрососедски односи кои се пред се во функција на просперитетот, безбедноста и стабилноста на регионот, а во таа насока потенцирав дека остануваме отворени за дијалог за унапредување на билатералните односи и сите прашања од заеднички интерес, рече министерот Муцунски по средбата.

The post Муцунски се сретна со грчката амбасадорка, ѝ порачал дека нашиот интерес е градење добрососедски односи appeared first on Република.

Милошоски: Грчката амбасадорка ја напушти собраниската ложа поради зборот „Македонија“ https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-grchkata-ambasadorka-ja-napushti-sobraniskata-lozha-poradi-zborot-makedonija/ Sun, 12 May 2024 11:35:56 +0000 https://republika.mk/?p=777257

Пратеникот Антонио Милошоски тврди дека грчката амбасадорка Филипуду ја напуштила ложата откако претседателката Силјановска-Давкова го употреби зборот Македонија без додавката „Северна“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-severna-pretsedatelkata-se-zakolna-vo-makedonija/

The post Милошоски: Грчката амбасадорка ја напушти собраниската ложа поради зборот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Антонио Милошоски тврди дека грчката амбасадорка Филипуду ја напуштила ложата откако претседателката Силјановска-Давкова го употреби зборот Македонија без додавката „Северна“. https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-severna-pretsedatelkata-se-zakolna-vo-makedonija/  

The post Милошоски: Грчката амбасадорка ја напушти собраниската ложа поради зборот „Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Новиот министер во МВР се сретна со грчката амбасадорка, предложи мерки за проблемот со пасошите https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-minister-vo-mvr-se-sretna-so-grchkata-ambasadorka-predlozhi-merki-za-problemot-so-pasoshite/ Tue, 30 Jan 2024 11:38:19 +0000 https://republika.mk/?p=738550

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава Софија Филипиду.

https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-napravime-se-graganite-da-ne-ostanat-zaglaveni-bez-lichni-dokumenti-po-12-fevruari/

На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.

The post Новиот министер во МВР се сретна со грчката амбасадорка, предложи мерки за проблемот со пасошите appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи во техничката Влада Панче Тошковски денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција во земјава Софија Филипиду. https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ke-napravime-se-graganite-da-ne-ostanat-zaglaveni-bez-lichni-dokumenti-po-12-fevruari/ На средбата, како што информираат од МВР, беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка. Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање.

The post Новиот министер во МВР се сретна со грчката амбасадорка, предложи мерки за проблемот со пасошите appeared first on Република.

]]>
Пристигна грчката амбасадорка Софија Филипиду https://republika.mk/vesti/makedonija/pristigna-grchkata-ambasadorka-sofija-filipidu/ Tue, 15 Nov 2022 11:23:49 +0000 https://republika.mk/?p=574005

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Грција во Република Македонија, Софија Филипиду.

На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателот Пендаровски оцени дека со потпишувањето на Преспанскиот договор, се создаде позитивна и конструктивна атмосфера во односите меѓу двете држави. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази уверување дека Република Македонија ќе продолжи да биде активно посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор и на натамошното продлабочување на соработката со Грција и изрази очекување дека и грчката страна ќе продолжи да вложува напори во насока на имплементација на Договорот, посебно во делот на проширувањето на правната рамка, која, како што оцени претседателот Пендаровски, е значаен предуслов за натамошно јакнење на соработката на билатерален план.

„Денес, Македонија и Грција се сојузници во НАТО, двете држави ги поврзува заедничката визија и посветеност за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет во Регионот и во глобални рамки, како и блиските културни и хумани вредности, кои се клучни елементи во градењето на побезбедна и попросперитетна иднина за нашите граѓани. Нашето сојузништво во НАТО добива уште поголемо значење за целиот регион, во светло на руската воена агресија врз Украина и бројните предизвици кои таа ги создава за сите земји во Европа, но и пошироко. Во таа смисла, натамошната интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на овој дел од Европа“, рече претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за гласната поддршка што Грција ја дава за евроинтеграцијата на Македонија.

Амбасадорката Филипиду оцени дека интензивирањето на билатералните средби на високо ниво е доказ за зголеменото зближување меѓу двете држави.

„Грција е силно посветена на унапредување на севкупните односи и искреното пријателство со Република Македонија. Оттука, очекуваме интензивирање на напорите за целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа. Ја поздравуваме Македонија за одржувањето на првата меѓу-владина конференција што го отвори патот на европската интеграција. Грција отсекогаш ги поддржувала и промовирала европските амбиции на Западен Балкан, вклучително и на Република Македонија и е подготвена да ја обезбеди својата експертиза за олеснување на процесот“, рече амбасадорката Филипиду.

Претседателот Пендаровски на амбасадорката Филипиду и посака успешно извршување на значајната функција.

The post Пристигна грчката амбасадорка Софија Филипиду appeared first on Република.

]]>

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Грција во Република Македонија, Софија Филипиду. На церемонијата на предавање на акредитивните писма претседателот Пендаровски оцени дека со потпишувањето на Преспанскиот договор, се создаде позитивна и конструктивна атмосфера во односите меѓу двете држави. Во таа насока, претседателот Пендаровски изрази уверување дека Република Македонија ќе продолжи да биде активно посветена на имплементацијата на Преспанскиот договор и на натамошното продлабочување на соработката со Грција и изрази очекување дека и грчката страна ќе продолжи да вложува напори во насока на имплементација на Договорот, посебно во делот на проширувањето на правната рамка, која, како што оцени претседателот Пендаровски, е значаен предуслов за натамошно јакнење на соработката на билатерален план. „Денес, Македонија и Грција се сојузници во НАТО, двете држави ги поврзува заедничката визија и посветеност за мир, стабилност, благосостојба и економски просперитет во Регионот и во глобални рамки, како и блиските културни и хумани вредности, кои се клучни елементи во градењето на побезбедна и попросперитетна иднина за нашите граѓани. Нашето сојузништво во НАТО добива уште поголемо значење за целиот регион, во светло на руската воена агресија врз Украина и бројните предизвици кои таа ги создава за сите земји во Европа, но и пошироко. Во таа смисла, натамошната интеграција на Западниот Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилноста и просперитетот на овој дел од Европа“, рече претседателот Пендаровски, изразувајќи благодарност за гласната поддршка што Грција ја дава за евроинтеграцијата на Македонија. Амбасадорката Филипиду оцени дека интензивирањето на билатералните средби на високо ниво е доказ за зголеменото зближување меѓу двете држави. „Грција е силно посветена на унапредување на севкупните односи и искреното пријателство со Република Македонија. Оттука, очекуваме интензивирање на напорите за целосно, доследно и со добра волја спроведување на Договорот од Преспа. Ја поздравуваме Македонија за одржувањето на првата меѓу-владина конференција што го отвори патот на европската интеграција. Грција отсекогаш ги поддржувала и промовирала европските амбиции на Западен Балкан, вклучително и на Република Македонија и е подготвена да ја обезбеди својата експертиза за олеснување на процесот“, рече амбасадорката Филипиду. Претседателот Пендаровски на амбасадорката Филипиду и посака успешно извршување на значајната функција.

The post Пристигна грчката амбасадорка Софија Филипиду appeared first on Република.

]]>