социјален дијалог Archives - Република https://republika.mk/tema/socijalen-dijalog/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Sep 2022 22:06:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png социјален дијалог Archives - Република https://republika.mk/tema/socijalen-dijalog/ 32 32 ССМ: Владата ветува дека ќе има поголеми плати, а го прекина социјалниот дијалог https://republika.mk/vesti/makedonija/ssm-vladata-vetuva-deka-kje-ima-pogolemi-plati-a-go-prekina-socijalniot-dijalog/ Thu, 22 Sep 2022 06:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=553027

Владата го прекина социјалниот дијалог, а последниот состанок на Економско-социјалниот совет се одржа во мај оваа година. Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски.

Тој на дебатата со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вчера на „Топ тема“ ја нагласи важноста на одржување на таа врска преку социјален дијалог, кој според него, е клучен во оваа економска криза за надминување на проблемите со кои се соочуваат работниците.

Првиот човек на ССМ ја оцени како перфидна играта на Владата и Стопанската комора на Македонија за неделата да биде работен ден во туристичките места. Според него тоа барање може да се продлабочи, односно во целата држава да се побара да биде неделата работна како што сакаше СКСМ со иницијативата пред Уставниот суд да го стори, за што ССМ прави се од своите надлежности да не се дозволи правото на работниците да се злоупотреби, а Уставниот суд преку рефератот го потврди овој став на ССМ.

Министерката Тренчевска на вчерашната дебата во однос на покачување на платата и унапредувањата на работничките права, рече дека за реализација на сето тоа потребно е донесувањето на новата методологија за зголемување на платите, која треба да се воведе до крајот на годината.

Тренчевска рече дека Владата гради систем за постојан раст на платите, додека пак претседателот на ССМ Димовски смета дека тоа треба да се случи што поскоро бидејќи, како што рече, државата ќе нема на кого да ги покачи платите затоа што работниците веќе градат системи во туѓи држави.

Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци, се вели во објавта на страната на Сојузот на синдикатите на Македонија.

Синдикатот нема да дозволи политиканство, народот е гладен, цените за храна и сметките се високи, се додава во објавата, покачувањето од 9.000 денари на минималната плата од 2017 година ќе остане незначително бидејќи вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември 2017 година изнесувала 32.316 денари, а денеска е 48.234 денари.

The post ССМ: Владата ветува дека ќе има поголеми плати, а го прекина социјалниот дијалог appeared first on Република.

]]>

Владата го прекина социјалниот дијалог, а последниот состанок на Економско-социјалниот совет се одржа во мај оваа година. Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци, истакна претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски. Тој на дебатата со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска вчера на „Топ тема“ ја нагласи важноста на одржување на таа врска преку социјален дијалог, кој според него, е клучен во оваа економска криза за надминување на проблемите со кои се соочуваат работниците. Првиот човек на ССМ ја оцени како перфидна играта на Владата и Стопанската комора на Македонија за неделата да биде работен ден во туристичките места. Според него тоа барање може да се продлабочи, односно во целата држава да се побара да биде неделата работна како што сакаше СКСМ со иницијативата пред Уставниот суд да го стори, за што ССМ прави се од своите надлежности да не се дозволи правото на работниците да се злоупотреби, а Уставниот суд преку рефератот го потврди овој став на ССМ. Министерката Тренчевска на вчерашната дебата во однос на покачување на платата и унапредувањата на работничките права, рече дека за реализација на сето тоа потребно е донесувањето на новата методологија за зголемување на платите, која треба да се воведе до крајот на годината. Тренчевска рече дека Владата гради систем за постојан раст на платите, додека пак претседателот на ССМ Димовски смета дека тоа треба да се случи што поскоро бидејќи, како што рече, државата ќе нема на кого да ги покачи платите затоа што работниците веќе градат системи во туѓи држави. Методологијата од Владата се најавува од почетокот на годината и успешно се одолговлекува, а личниот доход не е израмнет со минималнатана плата, додека пак потрошувачката кошничка и инфлацијата драстично се зголемија во последните месеци, се вели во објавта на страната на Сојузот на синдикатите на Македонија. Синдикатот нема да дозволи политиканство, народот е гладен, цените за храна и сметките се високи, се додава во објавата, покачувањето од 9.000 денари на минималната плата од 2017 година ќе остане незначително бидејќи вредноста на Синдикалната минимална кошница за декември 2017 година изнесувала 32.316 денари, а денеска е 48.234 денари.

The post ССМ: Владата ветува дека ќе има поголеми плати, а го прекина социјалниот дијалог appeared first on Република.

]]>
Започна социјален дијалог меѓу Владата и ССМ за нов општ колективен договор и покачување на платите https://republika.mk/vesti/makedonija/zapochna-socijalen-dijalog-megju-vladata-i-ssm-za-nov-opsht-kolektiven-dogovor-i-pokachuvanje-na-platite/ Fri, 22 Apr 2022 09:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=492167

За владата предводена од СДСМ приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните, покачување на платите и справување со најголемата економска и енергетска криза, велат од СДСМ.

Владата и ССМ го започнаа социјалниот дијалог за нов општ колективен договор со вклучено покачување на платите од 2.806 денари за сите во јавниот сектор.

На состанокот со репрезентативниот синдикат веќе е утврдена рамката на разговорите преку кои треба да се дојде до решение. Таа го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето, или 4.333 денари бруто, за сите во јавниот сектор. А, ќе се разговара и за враќање на регресот за годишен одмор (К-15).

СДСМ го вреднува трудот на работниците и продолжува со политиките за дијалог и инзаоѓање одржливи решенија што значат подобар живот за граѓаните и повеќе приходи во семејните буџети, стои во партиското соопштение.

The post Започна социјален дијалог меѓу Владата и ССМ за нов општ колективен договор и покачување на платите appeared first on Република.

]]>

За владата предводена од СДСМ приоритет е подобрување на животниот стандард на граѓаните, покачување на платите и справување со најголемата економска и енергетска криза, велат од СДСМ.
Владата и ССМ го започнаа социјалниот дијалог за нов општ колективен договор со вклучено покачување на платите од 2.806 денари за сите во јавниот сектор. На состанокот со репрезентативниот синдикат веќе е утврдена рамката на разговорите преку кои треба да се дојде до решение. Таа го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето, или 4.333 денари бруто, за сите во јавниот сектор. А, ќе се разговара и за враќање на регресот за годишен одмор (К-15). СДСМ го вреднува трудот на работниците и продолжува со политиките за дијалог и инзаоѓање одржливи решенија што значат подобар живот за граѓаните и повеќе приходи во семејните буџети, стои во партиското соопштение.

The post Започна социјален дијалог меѓу Владата и ССМ за нов општ колективен договор и покачување на платите appeared first on Република.

]]>
Влада: Почна социјалниот дијалог за нов Општ колективен договор во јавниот сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-pochna-socijalniot-dijalog-za-nov-opsht-kolektiven-dogovor-vo-javniot-sektor/ Thu, 21 Apr 2022 16:18:43 +0000 https://republika.mk/?p=491916

Прв состанок на работната група за креирање нов Општ колективен договор во јавниот сектор се одржа денеска во Владата, како резултат од заклучокот од последната владина седница. Како што информира владината прес-служба, Владата и ССМ се договорија за максимална вклученост на синдикалната организација во процесот за реформи во јавниот сектор кој опфаќа оптимизација и рационализација, како и заедничко дизајнирање нов закон за плати во јавниот сектор, кој ќе треба да се применува од 1 јануари 2023 година.

На состанокот со репрезентативниот синдикат за постигнување нов општ колективен договор за јавниот сектор, Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) претставен од претседателот Дарко Димовски беше утврдена рамката на преговорите која во оваа фаза го опфаќа усогласувањето на платите за линеарно зголемување за 2.806 денари нето (или 4.333 денари бруто) за сите во јавниот сектор. Втора точка во рамката за преговори за новиот општ колективен договор е враќањето на регресот за годишен одмор (К-15) за целиот јавен сектор во 2023 година. На денешниот состанок партнерите на социјалниот дијалог се договорија во новиот општ колективен договор да се вклучи и утврдување нова методологија за пресметка на платите со која ќе се обезбеди редовна корекција на платите според критериуми кои дополнително треба да бидат утврдени - соопшти владината прес-служба.

Според заклучокот од последната владина седница, за оваа иницијатива се задолжени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, кој на денешниот состанок бил претставен од заменик-министерот Филип Николоски, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчовска, министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот за образование и наука Јетон Шакири.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи на состанокот истакна дека оваа иницијатива на Владата е да се најде институционален начин за редовно усогласување на платите во јавниот сектор низ социјален дијалог од кој, како во случајот со минималната плата и пензиите, донесе резултат кој беше оценет како историски и кој ќе се однесува на сите 133 700 вработени во јавниот сектор - информира прес-службата на Владата.

The post Влада: Почна социјалниот дијалог за нов Општ колективен договор во јавниот сектор appeared first on Република.