собраниска комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/sobraniska-komisija/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Nov 2024 07:10:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png собраниска комисија Archives - Република https://republika.mk/tema/sobraniska-komisija/ 32 32 Во Собранието ќе заседаваат четири комисии https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranieto-ke-zasedavaat-chetiri-komisii/ Wed, 13 Nov 2024 07:10:12 +0000 https://republika.mk/?p=837001

Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии - Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на закоотн за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во прво читање и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

На Комисијата за финансирање и буџет е една точка на дневен ред - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, во прво читање.

The post Во Собранието ќе заседаваат четири комисии appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии - Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за финансирање и буџет. Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на закоотн за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, сите по скратена постапка. На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во прво читање и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година. Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка. На Комисијата за финансирање и буџет е една точка на дневен ред - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, во прво читање.

The post Во Собранието ќе заседаваат четири комисии appeared first on Република.

]]>
Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsa-na-sobraniskata-komisija-za-ednakvi-mozhnosti-na-zhenite-i-mazhite/ Wed, 02 Oct 2024 05:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=821539

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.

Единствена точка на дневен ред е Предлог-одлука за одржување јавна расправа на тема: „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

The post Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите appeared first on Република.

]]>

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Единствена точка на дневен ред е Предлог-одлука за одржување јавна расправа на тема: „Родова еднаквост на жените од руралните средини преку нивна инклузија на пазарот на труд“.

The post Седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите appeared first on Република.

]]>
Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsa-na-sobraniskata-komisija-za-sotsijalna-politika-demografija-i-mladi/ Mon, 30 Sep 2024 06:01:11 +0000 https://republika.mk/?p=820845

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.

На дневен ред на седницата е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година на усвојување и ревидирани финансиски извештаи за 2023 година.

The post Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади appeared first on Република.

]]>

Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади. На дневен ред на седницата е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2023 година на усвојување и ревидирани финансиски извештаи за 2023 година.

The post Седница на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади appeared first on Република.

]]>
Седници на пет собраниски комисии https://republika.mk/vesti/makedonija/sednitsi-na-pet-sobraniski-komisii-2/ Wed, 25 Sep 2024 06:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=819403

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, во прво читање, заедно со Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање.

Пратениците - членови во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија меѓу другото на денешните седници како точки за расправа ги имаат Предлог - законот за изменување на Законот за Царинската управа и Предлог - законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка - второ читање.

Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на седницата, како што е најавено, ќе расправа по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за шумите, на Законот за земјоделското земјиште, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за фитофармација, по скратена постапка - второ читање.

За истите овие предлог-закони, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка - второ читање денеска на седница ќе дискутираат и пратениците во Законодавно - правната комисија.

На дневниот ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците единствена точка е Предлог на закон за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка - второ читање.

The post Седници на пет собраниски комисии appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Законодавно правната комисија и комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците и за финансирање и буџет. Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за медиуми, во прво читање, заедно со Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка во второ читање, се на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање. Пратениците - членови во Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно правната комисија меѓу другото на денешните седници како точки за расправа ги имаат Предлог - законот за изменување на Законот за Царинската управа и Предлог - законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка - второ читање. Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на седницата, како што е најавено, ќе расправа по предлог - законите за изменување и дополнување на Законот за шумите, на Законот за земјоделското земјиште, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за фитофармација, по скратена постапка - второ читање. За истите овие предлог-закони, како и за Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, по скратена постапка - второ читање денеска на седница ќе дискутираат и пратениците во Законодавно - правната комисија. На дневниот ред на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците единствена точка е Предлог на закон за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка - второ читање.

The post Седници на пет собраниски комисии appeared first on Република.

]]>
Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ja-zavrshi-opshtata-rasprava-po-nekolku-predlog-zakoni/ Thu, 22 Feb 2024 18:06:31 +0000 https://republika.mk/?p=747130

Собранието попладнево ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во рамки на продолженијата на неколку пленарни седници – 140, 138, 129, 131, 143 и 125. Собранието заклучи дека предлог-законите се прифатливи и да бидат проследени на натамошна собраниска процедура, односно второ читање. Дополнително ќе се одржи гласањето по точките кои ја поминаа општата расправа.

Во рамки на 140-та седница, Собранието ја заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот.

Општиот претрес заврши и по Предлог на законот за правда за децата, кој беше на дневен ред на 138-седница. На оваа седница беше повлечен материјалот за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка.

На 129-та седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка. На оваа седница на дневен ред беше и Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески. За оваа точка, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски рече со оглед на тоа дека мандатот на јавниот обвинител му истекол на 25 декември 2023 година констатира дека интерпелацијата за работата на Јовески е беспредметна и за тоа постапката по ова точка е завршена.

Во рамки на 131. седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права.

Потпретседателот на Собранието, Мисковски информира дека е повлечен материјалот по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, кој беше ставен на 143. седница.

На 125-та седница заврши општата расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за хартии од вредност по скратена постапка.

The post Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони во рамки на продолженијата на неколку пленарни седници – 140, 138, 129, 131, 143 и 125. Собранието заклучи дека предлог-законите се прифатливи и да бидат проследени на натамошна собраниска процедура, односно второ читање. Дополнително ќе се одржи гласањето по точките кои ја поминаа општата расправа. Во рамки на 140-та седница, Собранието ја заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за академија за судии и јавни обвинители, Предлог на законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Предлог на законот за Канцеларија за поврат на имот. Општиот претрес заврши и по Предлог на законот за правда за децата, кој беше на дневен ред на 138-седница. На оваа седница беше повлечен материјалот за Предлог на законот за изменување на Законот за спорт, по скратена постапка. На 129-та седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, по скратена постапка. На оваа седница на дневен ред беше и Интерпелацијата за работата на Јавниот обвинител на Република Македонија, Љубомир Јовески. За оваа точка, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски рече со оглед на тоа дека мандатот на јавниот обвинител му истекол на 25 декември 2023 година констатира дека интерпелацијата за работата на Јовески е беспредметна и за тоа постапката по ова точка е завршена. Во рамки на 131. седница заврши општата расправа по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Потпретседателот на Собранието, Мисковски информира дека е повлечен материјалот по Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државното правобранителство, по скратена постапка, кој беше ставен на 143. седница. На 125-та седница заврши општата расправа по Предлог на закон за изменување на Законот за хартии од вредност по скратена постапка.

The post Собранието ја заврши општата расправа по неколку предлог-закони appeared first on Република.

]]>
Продолжи собраниската Комисија за европски прашања https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzi-sobraniskata-komisija-za-evropski-prashanja/ Tue, 28 Jun 2022 14:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=520821

Во Собранието денеска продолжи 39-тата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка.

Седницата ја водеше заменик-претседателот на Комисијата, Арта Биљали Зендели, која информира дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието за овој Предлог-закон се поднесени 388 амандмани од овластени предлагачи.

Пред претресот по амандамните, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден и додаде дека не се дозволува дискусија за нивното барање – разгледување на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан на првата наредна седница.

Недозволиво е барањево кое писмено Ви е доставено да не го ставите како точка на дневен ред, да се произнесеме по него. Дополнително, дали вчера утврдивте предлог-дневен ред, дали дадовте можност да го дополниме тој дневен ред, праша Мицевски.

Тој апелираше да се почитуваат законите и Деловникот на Собранието, укажувајќи дека не е усвоен дневниот ред и додаде оти не им е дадена можност за дополнување на дневниот ред со точката која ја предлагаат. Според него, точката што ја предлагаат треба да се стави на дневен ред, а пратениците треба да се произнесат.

Мицевски пред членовите на Комисијата и пред медиумите прочита еден документ кој, како што рече, дошол до него. Според тој документ, Комисијата за европски прашања нема да води претрес по поднесените амандмани, бидејќи според член 171 Д, став 1 од Деловникот на Собранието е истечен рокот од најмногу два дена за водење претрес по амандманите.

Ова е, како што рече, изготвен текст кој заменик-претседателката на Комисијата денеска планира по неколку процедурални или по неколку паузи да го прочита пред македонската јавност. Тој потенцира дека на крајот на денот владиното мнозинство, пратениците од СДСМ и ДУИ, ќе пробаат да утврдат дека нема можност да се разговара по амандманите.

Биљали Зендели соопшти дека дневниот ред вчера се гласал пред, како што рече, „неизбежниот скандал“ што се случи во салата. Таа информира дека не работи по сценарија, а додаде дека вчерашниот скандал бил монтиран и предзвикан, а расправата веќе е почната.

Откако не добија одговори на поставените парашања и можност за процедурални забелешки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа и тропаа по маси. Побараа на седницата да присуствуваат и други владини претставници, а не само министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Биљали Зендели даде пауза од триесет минути.

 

The post Продолжи собраниската Комисија за европски прашања appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска продолжи 39-тата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка. Седницата ја водеше заменик-претседателот на Комисијата, Арта Биљали Зендели, која информира дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието за овој Предлог-закон се поднесени 388 амандмани од овластени предлагачи. Пред претресот по амандамните, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден и додаде дека не се дозволува дискусија за нивното барање – разгледување на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан на првата наредна седница.
Недозволиво е барањево кое писмено Ви е доставено да не го ставите како точка на дневен ред, да се произнесеме по него. Дополнително, дали вчера утврдивте предлог-дневен ред, дали дадовте можност да го дополниме тој дневен ред, праша Мицевски.
Тој апелираше да се почитуваат законите и Деловникот на Собранието, укажувајќи дека не е усвоен дневниот ред и додаде оти не им е дадена можност за дополнување на дневниот ред со точката која ја предлагаат. Според него, точката што ја предлагаат треба да се стави на дневен ред, а пратениците треба да се произнесат. Мицевски пред членовите на Комисијата и пред медиумите прочита еден документ кој, како што рече, дошол до него. Според тој документ, Комисијата за европски прашања нема да води претрес по поднесените амандмани, бидејќи според член 171 Д, став 1 од Деловникот на Собранието е истечен рокот од најмногу два дена за водење претрес по амандманите. Ова е, како што рече, изготвен текст кој заменик-претседателката на Комисијата денеска планира по неколку процедурални или по неколку паузи да го прочита пред македонската јавност. Тој потенцира дека на крајот на денот владиното мнозинство, пратениците од СДСМ и ДУИ, ќе пробаат да утврдат дека нема можност да се разговара по амандманите. Биљали Зендели соопшти дека дневниот ред вчера се гласал пред, како што рече, „неизбежниот скандал“ што се случи во салата. Таа информира дека не работи по сценарија, а додаде дека вчерашниот скандал бил монтиран и предзвикан, а расправата веќе е почната. Откако не добија одговори на поставените парашања и можност за процедурални забелешки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа и тропаа по маси. Побараа на седницата да присуствуваат и други владини претставници, а не само министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Биљали Зендели даде пауза од триесет минути.  

The post Продолжи собраниската Комисија за европски прашања appeared first on Република.

]]>
Заврши вториот ден од комисиската расправа за избор на уставни судии https://republika.mk/vesti/makedonija/zavrshi-vtoriot-den-od-komisiskata-rasprava-za-izbor-na-ustavni-sudii/ Fri, 03 Jun 2022 17:01:47 +0000 https://republika.mk/?p=510762

По неколкучасовна расправа, прекината е седницата на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова е втор ден како пратениците расправаат за избор на уставни судии.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои дискутираа за биографијата на професорката Родна Живковска, истакнаа оти таа заслужува да биде уставен судија, бидејќи нејзината биографија покажува дека таа целиот свој живот го има посветено на правото.

На расправата не присуствуваа мнозинството пратеници од власта, а тоа го осудија дел од пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека за вака важно прашање не би требало да дебатираат во празна сала.

Пратениците од опозицијата сметаат дека име како Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија, бидејќи, како што велат, „неговата неработа има голем удел во ниската доверба во судството која е 8 проценти“.

Наспроти тоа, според нив Родна Живковска е истакнат правник чие искуство се убедени дека ќе биде од полза за унапредување на имиџот на Уставниот суд.

Според пратеничката Ели Панова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изборот на кандидатите за уставни судии предложени од страна на пратениците од СДСМ нема да ја подобри работата на Уставниот суд. Таа потенцира дека биографиите на лицата предложени од власта се катастрофални и скандалозни.

Според пратеникот Бране Петрушевски, СДСМ и ДУИ сакаат да си обезбедат понатамошен комодитет на два начина.

Првично, со тоа што сè она што го имаат направено противуставно да им биде заштитено со тоа што ќе извршат упад во Уставниот суд и второ исто така непомалку важно е тоа што имајќи го предвид мандатот на уставните судии кој е девет години, а знаејќи дека за многу скоро време како се топи рејтингот на Владата ќе одат во опозиција, ова ќе им биде алатка за опструкција на работата на идната влада и предизвикување вештачки кризи - изјави Петрушевски.

Јадранка Поцкова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ смета дека кога ќе се спомне дека некој е кандидат за уставен судија, тоа значи дека треба да е познат и докажан правник.

Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ нагласи дека кај владеачкото мноизнство нема волја да направат еден систем на избор на судии како што беше ДКСК.

Зошто мора по секоја цена да биде партиски, да се ставаат послушници со цел да контролираме што ќе излегува од Собранието. За СДСМ контролата на Уставниот суд секогаш се зема целосно во свои раце. Со судии како Добрила Кацарска и Љубомир Јовески ќе се соочиме со пет посто доверба во судството - порача Пренџов.

Пратеникот Диме Велков од СДСМ нагласи дека никогаш нема да навредува кандидати кои се предложени од опозицијата и изрази надеж дека тројцата кандидати кои ќе се изберат ќе дадат придонес во делот на унапредување на работата на Уставниот суд.

Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии. Освен предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

The post Заврши вториот ден од комисиската расправа за избор на уставни судии appeared first on Република.

]]>

По неколкучасовна расправа, прекината е седницата на собраниската Комисијата за прашања на изборите и именувањата. Ова е втор ден како пратениците расправаат за избор на уставни судии. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои дискутираа за биографијата на професорката Родна Живковска, истакнаа оти таа заслужува да биде уставен судија, бидејќи нејзината биографија покажува дека таа целиот свој живот го има посветено на правото. На расправата не присуствуваа мнозинството пратеници од власта, а тоа го осудија дел од пратениците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека за вака важно прашање не би требало да дебатираат во празна сала. Пратениците од опозицијата сметаат дека име како Љубомир Јовески не треба да биде уставен судија, бидејќи, како што велат, „неговата неработа има голем удел во ниската доверба во судството која е 8 проценти“. Наспроти тоа, според нив Родна Живковска е истакнат правник чие искуство се убедени дека ќе биде од полза за унапредување на имиџот на Уставниот суд. Според пратеничката Ели Панова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, изборот на кандидатите за уставни судии предложени од страна на пратениците од СДСМ нема да ја подобри работата на Уставниот суд. Таа потенцира дека биографиите на лицата предложени од власта се катастрофални и скандалозни. Според пратеникот Бране Петрушевски, СДСМ и ДУИ сакаат да си обезбедат понатамошен комодитет на два начина.
Првично, со тоа што сè она што го имаат направено противуставно да им биде заштитено со тоа што ќе извршат упад во Уставниот суд и второ исто така непомалку важно е тоа што имајќи го предвид мандатот на уставните судии кој е девет години, а знаејќи дека за многу скоро време како се топи рејтингот на Владата ќе одат во опозиција, ова ќе им биде алатка за опструкција на работата на идната влада и предизвикување вештачки кризи - изјави Петрушевски.
Јадранка Поцкова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ смета дека кога ќе се спомне дека некој е кандидат за уставен судија, тоа значи дека треба да е познат и докажан правник. Љупчо Пренџов, пратеник од ГРОМ нагласи дека кај владеачкото мноизнство нема волја да направат еден систем на избор на судии како што беше ДКСК.
Зошто мора по секоја цена да биде партиски, да се ставаат послушници со цел да контролираме што ќе излегува од Собранието. За СДСМ контролата на Уставниот суд секогаш се зема целосно во свои раце. Со судии како Добрила Кацарска и Љубомир Јовески ќе се соочиме со пет посто доверба во судството - порача Пренџов.
Пратеникот Диме Велков од СДСМ нагласи дека никогаш нема да навредува кандидати кои се предложени од опозицијата и изрази надеж дека тројцата кандидати кои ќе се изберат ќе дадат придонес во делот на унапредување на работата на Уставниот суд. Комисијата треба да се произнесе уште за осум предлог-судии. Освен предлогот Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, пратениците треба да ги разгледаат биографиите и на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, Тања Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предложени од владејачките партии, и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и Војислав Димовски, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Уставниот суд во моментов работи без четворица судии на кои им истече мандатот, од предвидени девет судии. Во нецелосен состав е околу една година откако кон крајот на мај лани им истекоа мандатите на тројца судии – Сали Мурати, Елена Гошева и Никола Ивановски. Кон средината на јануари годинава, пак, му заврши мандатот и на судијата Јован Јосифовски.

The post Заврши вториот ден од комисиската расправа за избор на уставни судии appeared first on Република.

]]>