Собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/sobranie/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Nov 2024 08:21:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Собрание Archives - Република https://republika.mk/tema/sobranie/ 32 32 Трет ден комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година https://republika.mk/vesti/ekonomija/tret-den-komisiska-rasprava-za-predlog-budhetot-za-2025-godina/ Sat, 16 Nov 2024 08:21:51 +0000 https://republika.mk/?p=838383

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи третиот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2025 година.

Комисиската расправа за Предлог-буџетот трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. За Предлог–буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската СДСМ. Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември.

Со Предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти.

На вчерашната расправа, пратениците од опозицијата истакнаа со Предлог-буџетот нема да има подобар животен стандард на граѓаните и економски развој на државата, а оние од власта оти е развоен и ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните.

Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска истакна дека Предлог-буџетот е нереален, ниту малку развоен туку трошковен, недомаќински, предизборен невизионерски, неинвентивен и буџет на, како што рече, нови долгови и нова изгубена година за економијата и граѓаните. Тренчевска нагласи дека нејзината партија нема да го гласаат ваквиот буџет, бидејќи, како што рече, истиот нема да донесе никаков економски раст, ниту подобар животен стандард на граѓаните.

-Буџет со кој што се предвидува нереален раст на БДП од 3,7 отсто наспроти на проекциите на Светска банка од 2,5 отсто, Народна банка 3,3 отсто. Зошто е нереален раст покажуваат и голем број на експерти економисти кои што дадоа оценка на предлог-буџетот и на проекциите на Владата. И очигледно што 2025-та година е година кога ќе се одржат локалните избори има влијание на една ваква проекција која со право ја сметаме за предизборна. Имаме буџет која покажува дека фискалната политика нема компас. Македонија е единствена земја во регионот која не прави во 2024 година и не планира во 2025 година фискална консолидација. Имаме буџет со кој се повеќе се зголемува јавниот долг. Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети, меѓутоа не и на граѓаните, рече таа.

Тренчевска потенцира дека Владата со овој Предлог-буџет најмногу крати кај социјално ранливата категорија граѓани.

-Крати кај социјалните услуги, кај трансферот на националните сојузи на инвалидските организации, кај лицата со попреченост и кај услугите кои се насочени кон нив. Крати кај сите граѓани а најчесто граѓанки кои се вклучени како негувателки кај давателите на социјалните услуги. Владата крати кај активностите насочени кон борба со насилството врз жените и семејното насилство. Во буџетот нема пари за зголемување на минималната плата. Нема пари за спроведување на обврските од Општиот колективен договор за јавниот сектор. Нема слух за синдикатите. Нема слух за работниците. Нема намера да се реализира новата Методологија за пресметка на платите во јавниот сектор од март 2025 година, рече таа.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во реплика ја обвини Тренчевска дека лаже и оти во Предлог-буџетот има 10 милијарди денари повеќе за плати.

-Срамота е да лажете, кога во буџетот има 10 милијарди денари повеќе за плати. Има пари ари за минимална плата. И престанете, ве молам, мене ми е незгодно кога вака дрско лажете без да имате никакво минимално ниво на култура. Нема да гласате за повисоки пензии од 2.500 денари. Знаете кои беа тие пензионери? Тие кои што вие ги бркавте на клоци од Министерството и им делевте епитети. Не е точно дека синдикатите не се задоволни. Незадоволни беа кога ги склучувавте општите колективни договори кога ги бркавте на клоци од Владата. За тезата за локалните избори. Ако ние сме сакале со тие средства да добиеме предност пред локалните избори, епа тогаш ви даваме предност и во Струмица, во Валандово, во Пробиштип и секаде каде што има ваши градоначалници. И во Крушево и во Валандово гледавме дека луѓето ги користат средствата и јас тоа го поздравувам. Значи, таа теза не ви е во ред, рече Стојаноски.

Тренчевска во контрареплика на Стојановски нагласи дека ако таа лаже, тогаш лаже Владата со овој буџет што го има доставено до пратениците. (МИА)

The post Трет ден комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година appeared first on Република.

]]>

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи третиот ден од расправата за Предлог-буџетот за 2025 година. Комисиската расправа за Предлог-буџетот трае 10 дена и треба да заврши најдоцна до 30 ноември по што продолжува на пленарна седница. За Предлог–буџетот за 2025 година се поднесени вкупно 308 амандмани од кои 204 од опозициската СДСМ. Согласно законот, Буџетот за 2025 година треба да биде изгласан до 31 декември. Со Предлог-буџетот за 2025 година, вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди денари, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари или на ниво од 4 проценти од планираниот БДП, а се предвидува раст на економијата од 3,7 проценти. На вчерашната расправа, пратениците од опозицијата истакнаа со Предлог-буџетот нема да има подобар животен стандард на граѓаните и економски развој на државата, а оние од власта оти е развоен и ќе ги подобрува условите за живот на граѓаните. Пратеничката на СДСМ, Јованка Тренчевска истакна дека Предлог-буџетот е нереален, ниту малку развоен туку трошковен, недомаќински, предизборен невизионерски, неинвентивен и буџет на, како што рече, нови долгови и нова изгубена година за економијата и граѓаните. Тренчевска нагласи дека нејзината партија нема да го гласаат ваквиот буџет, бидејќи, како што рече, истиот нема да донесе никаков економски раст, ниту подобар животен стандард на граѓаните.
-Буџет со кој што се предвидува нереален раст на БДП од 3,7 отсто наспроти на проекциите на Светска банка од 2,5 отсто, Народна банка 3,3 отсто. Зошто е нереален раст покажуваат и голем број на експерти економисти кои што дадоа оценка на предлог-буџетот и на проекциите на Владата. И очигледно што 2025-та година е година кога ќе се одржат локалните избори има влијание на една ваква проекција која со право ја сметаме за предизборна. Имаме буџет која покажува дека фискалната политика нема компас. Македонија е единствена земја во регионот која не прави во 2024 година и не планира во 2025 година фискална консолидација. Имаме буџет со кој се повеќе се зголемува јавниот долг. Имаме буџет кој единствено ги задоволува потребите на 24 министри и нивните кабинети, меѓутоа не и на граѓаните, рече таа.
Тренчевска потенцира дека Владата со овој Предлог-буџет најмногу крати кај социјално ранливата категорија граѓани.
-Крати кај социјалните услуги, кај трансферот на националните сојузи на инвалидските организации, кај лицата со попреченост и кај услугите кои се насочени кон нив. Крати кај сите граѓани а најчесто граѓанки кои се вклучени како негувателки кај давателите на социјалните услуги. Владата крати кај активностите насочени кон борба со насилството врз жените и семејното насилство. Во буџетот нема пари за зголемување на минималната плата. Нема пари за спроведување на обврските од Општиот колективен договор за јавниот сектор. Нема слух за синдикатите. Нема слух за работниците. Нема намера да се реализира новата Методологија за пресметка на платите во јавниот сектор од март 2025 година, рече таа.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во реплика ја обвини Тренчевска дека лаже и оти во Предлог-буџетот има 10 милијарди денари повеќе за плати.
-Срамота е да лажете, кога во буџетот има 10 милијарди денари повеќе за плати. Има пари ари за минимална плата. И престанете, ве молам, мене ми е незгодно кога вака дрско лажете без да имате никакво минимално ниво на култура. Нема да гласате за повисоки пензии од 2.500 денари. Знаете кои беа тие пензионери? Тие кои што вие ги бркавте на клоци од Министерството и им делевте епитети. Не е точно дека синдикатите не се задоволни. Незадоволни беа кога ги склучувавте општите колективни договори кога ги бркавте на клоци од Владата. За тезата за локалните избори. Ако ние сме сакале со тие средства да добиеме предност пред локалните избори, епа тогаш ви даваме предност и во Струмица, во Валандово, во Пробиштип и секаде каде што има ваши градоначалници. И во Крушево и во Валандово гледавме дека луѓето ги користат средствата и јас тоа го поздравувам. Значи, таа теза не ви е во ред, рече Стојаноски.
Тренчевска во контрареплика на Стојановски нагласи дека ако таа лаже, тогаш лаже Владата со овој буџет што го има доставено до пратениците. (МИА)

The post Трет ден комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година appeared first on Република.

]]>
Собранието донесе неколку закони по скратена постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-donese-nekolku-zakoni-po-skratena-postapka/ Wed, 13 Nov 2024 14:15:15 +0000 https://republika.mk/?p=837258

Пратениците во рамки на денешното продолжение на 19. пленарна седница донесоа вкупно 10 закони по скратена постапка.

Повеќето од законите се донесуваа од областа на образованието.

Пратениците дадоа поддршка да се донесат по скратена постапка измените и дополнувањата на следните закони - Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Националната развојна стратегија и Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште.

Преостануваат уште две точки од дневниот ред на оваа седница по кои пратениците треба да расправаат и изгласаат - Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог на одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.

The post Собранието донесе неколку закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>

Пратениците во рамки на денешното продолжение на 19. пленарна седница донесоа вкупно 10 закони по скратена постапка. Повеќето од законите се донесуваа од областа на образованието. Пратениците дадоа поддршка да се донесат по скратена постапка измените и дополнувањата на следните закони - Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за Националната развојна стратегија и Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште. Преостануваат уште две точки од дневниот ред на оваа седница по кои пратениците треба да расправаат и изгласаат - Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог на одлуката за согласност на Одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2025 година.

The post Собранието донесе неколку закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>
Ноќва грабеж кај Собрание, разбојниците веднаш уапсени https://republika.mk/vesti/crna-hronika/nokva-grabezh-kaj-sobranie-razbojnitsite-vednash-uapseni/ Sat, 09 Nov 2024 10:10:36 +0000 https://republika.mk/?p=835797

Ноќва околу 02.45 часот во Скопје, во централното градско подрачје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.Т. (19) и К.П. (19), двајцата од Скопје, поради основано сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

Веднаш по добиената пријава околу 02.30 часот од Ф.Ф. (22) дека во близина на Собрание на град Скопје две лица со закана со остар предмет му одзеле пари, преземени се соодветни мерки и активности и извршителите се лишени од слобода, а одземеното е пронајдено и ќе биде вратено на сопственикот. Пронајден е и предметот со кој е извршено делото и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Ноќва грабеж кај Собрание, разбојниците веднаш уапсени appeared first on Република.

Катерина Димитровска нова пратеничка во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/katerina-dimitrovska-nova-pratenichka-vo-sobranieto/ Tue, 29 Oct 2024 14:07:43 +0000 https://republika.mk/?p=832103

Катерина Димитровска од Изборната единица 1 од листата за пратеници на Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде новата пратеничка во Собранието.

Претпладнево на седница на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, претседателот на ДИК Борис Кондарко ги извести членовите дека Димитровска го прифатила мандатот.

Димитровска доаѓа на местото на Марија Митева, која поднесе оставка на пратеничката функција и стана портпаролка на Владата.

The post Катерина Димитровска нова пратеничка во Собранието appeared first on Република.

Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-donese-nekolku-zakoni-i-potrebata-za-donesuvane-na-zakoni-po-skratena-postapka/ Tue, 22 Oct 2024 14:06:59 +0000 https://republika.mk/?p=829939

 Пред почетокот на денешната 17.седница, Собранието ја констатираше оставката од пратеничката Марија Митева која беше именувана за портпарол на Владата. Пратениците изгласаа неколку закони кои беа на дневен ред на 17-та и 16-та седница.

Во рамки на 17.седница пратениците не го изгласаа Предлог на Законот за дополнување на Законот за домување  во прво читање поднесен од пратениците на Левица за ограничување на кириите за станови. Додека, пак, беше изгласана потребата за да се донесе по скратена постапка Предлог на законот за изменување на Законот за домување, пооднесен од Владата.

Пратениците го изгласаа како неоправдано Барањето за давање на автентично толкување на член 20 став 2 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, поднесено од пратеникот Оливер Спасовски.

Собранието ја изгласа потребата за донесување по скратена постапка на неколку закони - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, Предлог на законот за изменување на Законот за урбано зеленило, Предлог на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните патишта, Предлог на законот за изменување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, Предлог на законот за изменување на Законот за скијалишта, Предлог на закон за изменување на Законот за домување, Предлог на законот за изменување на Законот за автокампови, Предлог на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство, Предлог на законот за изменување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, Предлог на законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови, Предлог на законот за изменување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и други закони.

Во рамки на 15. седница пратениците ги разгледаа и донесоа по скратена постапка Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, Предлог на законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за фитофармација.

The post Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>

 Пред почетокот на денешната 17.седница, Собранието ја констатираше оставката од пратеничката Марија Митева која беше именувана за портпарол на Владата. Пратениците изгласаа неколку закони кои беа на дневен ред на 17-та и 16-та седница. Во рамки на 17.седница пратениците не го изгласаа Предлог на Законот за дополнување на Законот за домување  во прво читање поднесен од пратениците на Левица за ограничување на кириите за станови. Додека, пак, беше изгласана потребата за да се донесе по скратена постапка Предлог на законот за изменување на Законот за домување, пооднесен од Владата. Пратениците го изгласаа како неоправдано Барањето за давање на автентично толкување на член 20 став 2 од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, поднесено од пратеникот Оливер Спасовски. Собранието ја изгласа потребата за донесување по скратена постапка на неколку закони - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на закон за изменување на Законот за определување на имиња на улици, плоштади, мостови и на други инфраструктурни објекти, Предлог на законот за изменување на Законот за урбано зеленило, Предлог на законот за изменување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија, Предлог на законот за изменување на Законот за јавните патишта, Предлог на законот за изменување на Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај, Предлог на законот за изменување на Законот за поштенските услуги, Предлог на законот за изменување на Законот за скијалишта, Предлог на закон за изменување на Законот за домување, Предлог на законот за изменување на Законот за автокампови, Предлог на законот за изменување на Законот за градежно земјиште, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за градење, Предлог на законот за изменување на Законот за урбанистичко планирање, Предлог на законот за изменување на Законот за воздухопловство, Предлог на законот за изменување на Законот за интероперабилност во железничкиот систем, Предлог на законот за изменување на Законот за жичари и ски-лифтови, Предлог на законот за изменување на Законот за договорите за превоз во железничкиот сообраќај, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог на законот за изменување на Законот за градење и други закони. Во рамки на 15. седница пратениците ги разгледаа и донесоа по скратена постапка Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Македонска академска истражувачка мрежа, Предлог на законот за изменување на Законот за матичен број, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за фитофармација.

The post Собранието донесе неколку закони и потребата за донесување на закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>
Во Собрание се отвори „глува соба“ за доверливи разговори и средби https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-sobranie-se-otvori-gluva-soba-za-doverlivi-razgovori-i-sredbi/ Mon, 21 Oct 2024 12:37:43 +0000 https://republika.mk/?p=829465

Во Собранието денеска беше пуштена во употреба заштитена соба, прва од ваков вид во Македонија,  дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи. Просторијата првенствено ќе ја користи Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и со одобрување на Собранието.

Просторијата, како што истакна претседателот на Собранието Африм Гаши, ги исполнува сите стандарди за аудио и антирадијација и е опремен да гарантира безбедност на класифицирани информации, придржувајќи се до највисоките TEMPEST стандарди за заштита од радијација..

Гаши на денешната промоција истакна дека официјално Собранието добива „Заштитена соба", која е дел од широк повеќегодишен проект што го финансираат Велика Британија, Шведска, Швајцарија, ЕУ и Холандија, а импелементатор е ДИКАФ.

- Заштитена, тивка или глува соба - се некои од имињата кои ја означуваат оваа просторија изградена на начин што во неа или од неа не продираат електромагнетни бранови, рече Гаши.

Потсети дека уште во 2017 година пратениците и од власта и од опозицијата се договорија дека ваква соба е повеќе од потребно да се изгради во Собранието, како дел од пакетот мерки за подобар надзор над тајните служби.

- Заштитената соба ја унапредува надзорната улога на Собранието, на која сме особено фокусирани од почетокот на нашиот мандат. Заштитена соба не е сувопарно барање кое произлегува од Меморандумот за разбирање со ДИКАФ; таа е барање на НАТО. Оттука, процесот за нејзина изградба, набавка на опрема и операционализирање беа особено комплексни. Ми претставува особено задоволство да подвлечам дека моите претходници, пратениците од предходните парламентарни состави, заедно со службите и партнерите истрааја во заложбата да се изгради оваа Соба според највисоките НАТО стандарди, со почитување на особено комплицирана тендерска постапка и примена на стандарди кои се во согласност со стандардите на НАТО, рече претседателот на Собранието.

Заштитената просторија и заштитениот работен простор се дизајнирани да ги задоволат строгите безбедносни барања поставени од НАТО и од Европската Унија, што вклучува интегрирање на технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување  со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека со изградбата и пуштењето во употреба на Заштитената соба се заокружува скоро седумгодишен труд, напор и заложби да се зајакнат капацитетите на Собранието за вршење на парламентарниот надзор врз безбедносните служби.

- Со изградбата на Заштитената соба се создаде безбедна средина и заштитен работен простор каде што ќе се ракува со класифицирани информации со најголем степен на доверливост, без ризик од протекување информации или неовластен пристап, рече Мицевски.

Евроатлантската интеграција на нашата земја, според него, подразбира и темелни реформи во безбедносно разузнавачкиот сектор во институциите кои вршат надзор и контрола, што подразбира и зајакнување на капацитетите за надзор на Собранието.

-Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, вели тој.

Согласно Законот за класифицирани информации донесен 2019 година како дел од пакетот реформски закони, Собранието со изградбата на ваква соба ги превзема највисоки мерки и активности за административна, физичка и индустриска безбедност, безбедност на комуникациско – информациските системи, како и безбедност на лицата - корисници на класифицирани информации.

Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи истакна дека со овој проект се зајакна сериозно капацитетот на Собранието, не само од безбедносен аспект, туку се создаде аспект кој значително ќе ја подобри парламентарната контрола на безбедносните служби и на процесот на следење на комуникациите.

- Покажавме дека членството во НАТО знае да не мотивира, дооополнително преку јакнење на капацитетите знаеме да бидеме добри и релевантни фактори. Ова е процес кој допринесе заеднички да покажеме дека за нас важно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата и на тој начин ќе обезбедиме простор и можност за зачувување на човековите слободи и права, истакна Спасовски.

На настанот зборуваа и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, претседателот на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески.

Швајцарската амбасадорка Улман истакна дека во Собранието ќе може да се работи со највисоко ниво на безбедност, но дека клучно за реализација на „глувата соба“ било кофинансирањето на земјите и ДЦАФ.

Жакељ истакна дека парламенарниот надзор е најважен и оти е клучна неговата улога за безбедноста, но дека сепак овие служби треба да ги заштитат правата на граѓаните.

Според него, работата на безбедносните служби е во тајност и затоа треба да се направи овој надзор. Словенечкиот претставник вели дека потребни се добро дефинирани мерки за заштита, како и дека силната законодавна рамка ќе спречи злоупотреба.

За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери поради несоодветни понуди.

The post Во Собрание се отвори „глува соба“ за доверливи разговори и средби appeared first on Република.

]]>

Во Собранието денеска беше пуштена во употреба заштитена соба, прва од ваков вид во Македонија,  дизајнирана со највисоко ниво на заштита за строго доверливи документи. Просторијата првенствено ќе ја користи Собранието и Комисиите кои работат со класифицирани информации, но во исто време таа ќе може да се отстапи за користење на останатите државни органи доколку имаат потреба за тоа и со одобрување на Собранието. Просторијата, како што истакна претседателот на Собранието Африм Гаши, ги исполнува сите стандарди за аудио и антирадијација и е опремен да гарантира безбедност на класифицирани информации, придржувајќи се до највисоките TEMPEST стандарди за заштита од радијација.. Гаши на денешната промоција истакна дека официјално Собранието добива „Заштитена соба", која е дел од широк повеќегодишен проект што го финансираат Велика Британија, Шведска, Швајцарија, ЕУ и Холандија, а импелементатор е ДИКАФ. - Заштитена, тивка или глува соба - се некои од имињата кои ја означуваат оваа просторија изградена на начин што во неа или од неа не продираат електромагнетни бранови, рече Гаши. Потсети дека уште во 2017 година пратениците и од власта и од опозицијата се договорија дека ваква соба е повеќе од потребно да се изгради во Собранието, како дел од пакетот мерки за подобар надзор над тајните служби.
- Заштитената соба ја унапредува надзорната улога на Собранието, на која сме особено фокусирани од почетокот на нашиот мандат. Заштитена соба не е сувопарно барање кое произлегува од Меморандумот за разбирање со ДИКАФ; таа е барање на НАТО. Оттука, процесот за нејзина изградба, набавка на опрема и операционализирање беа особено комплексни. Ми претставува особено задоволство да подвлечам дека моите претходници, пратениците од предходните парламентарни состави, заедно со службите и партнерите истрааја во заложбата да се изгради оваа Соба според највисоките НАТО стандарди, со почитување на особено комплицирана тендерска постапка и примена на стандарди кои се во согласност со стандардите на НАТО, рече претседателот на Собранието.
Заштитената просторија и заштитениот работен простор се дизајнирани да ги задоволат строгите безбедносни барања поставени од НАТО и од Европската Унија, што вклучува интегрирање на технолошки заштитни мерки, а физичкиот простор е изграден од материјали кои спречуваат неовластено следење и прислушување, обезбедувајќи комуникациите да останат доверливи и заштитени од надворешни закани. Проектот ги вклучува најдобрите практики на управување  со безбедносниот сектор и обезбедува приспособливост на идниот напредок во надзорот над безбедноста и разузнавањето. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски истакна дека со изградбата и пуштењето во употреба на Заштитената соба се заокружува скоро седумгодишен труд, напор и заложби да се зајакнат капацитетите на Собранието за вршење на парламентарниот надзор врз безбедносните служби. - Со изградбата на Заштитената соба се создаде безбедна средина и заштитен работен простор каде што ќе се ракува со класифицирани информации со најголем степен на доверливост, без ризик од протекување информации или неовластен пристап, рече Мицевски. Евроатлантската интеграција на нашата земја, според него, подразбира и темелни реформи во безбедносно разузнавачкиот сектор во институциите кои вршат надзор и контрола, што подразбира и зајакнување на капацитетите за надзор на Собранието.
-Изградбата на собата треба да создаде услови за остварување на ефективен парламентарен надзор над безбедносните служби, вели тој.
Согласно Законот за класифицирани информации донесен 2019 година како дел од пакетот реформски закони, Собранието со изградбата на ваква соба ги превзема највисоки мерки и активности за административна, физичка и индустриска безбедност, безбедност на комуникациско – информациските системи, како и безбедност на лицата - корисници на класифицирани информации. Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ и поранешен министер за внатрешни работи истакна дека со овој проект се зајакна сериозно капацитетот на Собранието, не само од безбедносен аспект, туку се создаде аспект кој значително ќе ја подобри парламентарната контрола на безбедносните служби и на процесот на следење на комуникациите. - Покажавме дека членството во НАТО знае да не мотивира, дооополнително преку јакнење на капацитетите знаеме да бидеме добри и релевантни фактори. Ова е процес кој допринесе заеднички да покажеме дека за нас важно е колку повеќе ќе ги градиме демократски институциите во државата и на тој начин ќе обезбедиме простор и можност за зачувување на човековите слободи и права, истакна Спасовски. На настанот зборуваа и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, претседателот на Комисија за надзор над службите за безбедност и разузнавање, Собрание на Република Словенија Јанез Жакељ, директорот ДЦАФ – Љубљана Андреј Рупник и директорот на Дирекција за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески. Швајцарската амбасадорка Улман истакна дека во Собранието ќе може да се работи со највисоко ниво на безбедност, но дека клучно за реализација на „глувата соба“ било кофинансирањето на земјите и ДЦАФ. Жакељ истакна дека парламенарниот надзор е најважен и оти е клучна неговата улога за безбедноста, но дека сепак овие служби треба да ги заштитат правата на граѓаните. Според него, работата на безбедносните служби е во тајност и затоа треба да се направи овој надзор. Словенечкиот претставник вели дека потребни се добро дефинирани мерки за заштита, како и дека силната законодавна рамка ќе спречи злоупотреба. За реализација на т.н „глува соба“ во Собранието имаше шест јавни повици. Повеќето не беа успешни поради, како што објаснуваше, поранешниот прв човек на Собранието Талат Џафери поради несоодветни понуди.

The post Во Собрание се отвори „глува соба“ за доверливи разговори и средби appeared first on Република.

]]>
Собранието донесе девет закони по скратена постапка https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-donese-devet-zakoni-po-skratena-postapka/ Wed, 02 Oct 2024 21:01:29 +0000 https://republika.mk/?p=821967

Собранието во рамките на попладнивниот дел од работата по дневниот ред на 16-тата седница вечерва донесе девет законски решенија, по скратена постапка. Седницата на која има уште три неразгледани точки од дневниот ред продолжува утре во 13 часот.

Без расправа, едногласно со по 65 гласа „за“ беа донесени Законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози, Законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, и Законот за изменување на Законот за јавните претпријатија.

Едногласно и без расправа, но со 64 гласа „за“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, исто така едногласно и без расправа, но со 68 гласа „за“ беше донесен Законот за изменување на Законот за виното.

Законот за именување и дополнување на Законот за заштита на конкуренцијата, едноглсно го поддржаа 69 пратеници.

Како што истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ измените се однесуваат на целосна професионализација на Комисијата за заштита на конкуренцијата која досега имаше три професионално и две непрофесионално ангажирани лица. Сега сите членови ќе бидат професионално ангажирани, бидејќи Комисијата ќе треба да се грижи за имплементација и примена на Законот за нефер трговски практики.

Комисијата ќе треба да ги коригира неправилностите забележани при имплементација на законот, посочи Милошоски.

Димитар Ковачевски од СДСМ рече дека овој закон е логично продолжување на законот изработен од претходната влада и додаде дека е потребно да се зголеми капацитетот на Комисијата која ќе треба да изрекува и прекршочни казни и да ја води постапката за нефер трговски практики.

Тоа значи дека ќе има зголемен обем на работа и ќе има потреба од професионалци кои ќе треба да ги идентификуваат 26-те наведени нефер трговски практики предвидени во законското решение, рече Ковачевски.

Тој повика Собранието при изборот на членовите на Комисијата да води сметка за нивната стручност и при изработката на буџетот за 2025 година да се предвидат повеќе средства за Комисијата за да можат да вработат поброен стручен кадар.

Со 65 гласа „за“ и 6 „против“, како и 11 гласа „за“ и 1 „против“ од пратениците кои припаѓаат на малцинските заедници, Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Претникот Милошоски појасни дека измените се однесуваат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - РСБСП кој, како што кажа, досега броеше 30 членови, а со измените ќе брои 19 членови.

Тоа е сериозна рационализација на членовите кои се избрани од Собранието што ќе значи и заштеда на буџетски средства, рече Милошоски.

Митко Трајчулески од СДСМ, пак, порача дека единствена цел на новото законско решение е промената на персоналниот состав на РСБСП  што, како што рече, е мантра на владејачката коалиција која ги олеснува условите и врши масовна партизација.

Со донесувањето на ваквите решенија се прави опасен преседан за функционирањето на институциите, рече Трајчулески и додаде дека не треба единствен интерес да биде кадровскиот состав, туку во конкретниот случај безбедноста на сообраќајот.

The post Собранието донесе девет закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамките на попладнивниот дел од работата по дневниот ред на 16-тата седница вечерва донесе девет законски решенија, по скратена постапка. Седницата на која има уште три неразгледани точки од дневниот ред продолжува утре во 13 часот. Без расправа, едногласно со по 65 гласа „за“ беа донесени Законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, Законот за изменување и дополнување на Законот за постапување по претставки и предлози, Законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, и Законот за изменување на Законот за јавните претпријатија. Едногласно и без расправа, но со 64 гласа „за“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за воведување на систем за управување со квалитетот и заедничката рамка за процена на работењето и давањето на услуги во државната служба, исто така едногласно и без расправа, но со 68 гласа „за“ беше донесен Законот за изменување на Законот за виното. Законот за именување и дополнување на Законот за заштита на конкуренцијата, едноглсно го поддржаа 69 пратеници. Како што истакна Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ измените се однесуваат на целосна професионализација на Комисијата за заштита на конкуренцијата која досега имаше три професионално и две непрофесионално ангажирани лица. Сега сите членови ќе бидат професионално ангажирани, бидејќи Комисијата ќе треба да се грижи за имплементација и примена на Законот за нефер трговски практики.
Комисијата ќе треба да ги коригира неправилностите забележани при имплементација на законот, посочи Милошоски.
Димитар Ковачевски од СДСМ рече дека овој закон е логично продолжување на законот изработен од претходната влада и додаде дека е потребно да се зголеми капацитетот на Комисијата која ќе треба да изрекува и прекршочни казни и да ја води постапката за нефер трговски практики.
Тоа значи дека ќе има зголемен обем на работа и ќе има потреба од професионалци кои ќе треба да ги идентификуваат 26-те наведени нефер трговски практики предвидени во законското решение, рече Ковачевски.
Тој повика Собранието при изборот на членовите на Комисијата да води сметка за нивната стручност и при изработката на буџетот за 2025 година да се предвидат повеќе средства за Комисијата за да можат да вработат поброен стручен кадар. Со 65 гласа „за“ и 6 „против“, како и 11 гласа „за“ и 1 „против“ од пратениците кои припаѓаат на малцинските заедници, Собранието го донесе и Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Претникот Милошоски појасни дека измените се однесуваат Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата - РСБСП кој, како што кажа, досега броеше 30 членови, а со измените ќе брои 19 членови.
Тоа е сериозна рационализација на членовите кои се избрани од Собранието што ќе значи и заштеда на буџетски средства, рече Милошоски.
Митко Трајчулески од СДСМ, пак, порача дека единствена цел на новото законско решение е промената на персоналниот состав на РСБСП  што, како што рече, е мантра на владејачката коалиција која ги олеснува условите и врши масовна партизација.
Со донесувањето на ваквите решенија се прави опасен преседан за функционирањето на институциите, рече Трајчулески и додаде дека не треба единствен интерес да биде кадровскиот состав, туку во конкретниот случај безбедноста на сообраќајот.

The post Собранието донесе девет закони по скратена постапка appeared first on Република.

]]>
Пратеници запалија столчиња пред Собранието во Тирана https://republika.mk/vesti/balkan/pratenitsi-zapalija-stolchina-pred-sobranieto-vo-tirana/ Mon, 30 Sep 2024 20:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=821177

Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега.

На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата.

Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот.

Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор.

Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано.

Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината.

Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.

The post Пратеници запалија столчиња пред Собранието во Тирана appeared first on Република.

]]>

Албанските опозициски политичари запалија куп дрвени столчиња пред Собранието во знак на протест поради апсењето на нивниот колега. На почетокот на редовната собраниска седница пратениците од опозицијата ги извадија столчињата од собраниската сала и ги запалија на скалите од зградата. Припадниците на службата за безбедност брзо го изгаснале пожарот. Апелациониот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијани, член на опозициската Демократска партија, беше осуден на една година затвор. Понискиот суд го прогласи Салијани за виновен за „лажна пријава“ против поранешниот министер за внатрешни работи. Салијани ја негираше вината и рече дека судењето е политички мотивирано. Претходно овој месец, водачот на Демократската партија Сали Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејствија што ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша, исто така, ја негира вината. Демократската партија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.

The post Пратеници запалија столчиња пред Собранието во Тирана appeared first on Република.

]]>
Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-ne-go-prifati-predlog-zakonot-za-izmenuvane-i-dopolnuvane-na-zakonot-za-igri-na-sreka-i-zabavni-igri-vo-prvo-chitane/ Wed, 11 Sep 2024 18:19:08 +0000 https://republika.mk/?p=815470

Собранието во рамките на поладневниот дел од работата по дневниот ред од 14-тата седница ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање. Седницата продолжува утре во 12 часот.

Илире Даути од Европскиот фронт посочи дека во земјава има над 1.400 места каде што се игра комар.

-Токму затоа треба да помине Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, рече Даути.

Нагласи дека тоа им го ветиле и на Здружението против комар од Тетово.

Елми Азири од истата коалиција посочи дека статистиките кажуваат дека во нашата држава за една година во коцкарниците има прилив од 800 милиони до една милијарда евра, што, како што рече, е речиси една четвртина од државниот буџет.

-Затоа нема причина да се одбие Предлог законот зашто со коцкањето се уништува иднината на децата и семејствата секојдневно имаат проблеми. Затоа ве повикувам да се тргнеме од нашата политичка матрица и да и дадеме предност на нашата совест, зашто сите сте свесни дека коцкарниците треба да се затворат, рече Азири.

Блерим Беџети, исто така, од Европскиот фронт истакна дека токму овој Предлог закон пред некое време беше повлечен од дневен ред на собраниска седница без почитување на процедурите.

-Има и игри на среќа на црно и треба и тие да се запрат зашто се зло за семејствата и за општеството, рече Беџети.

Овој Предлог на закон, како што истакна Сали Мурати од Европскиот фронт, има за цел да воведе построги ограничувања во игрите за среќа зашто либералниот пристап овозможува се повеќе млади да стануваат жртви на коцкањето и да бидат зависни од него.

-Зависноста од коцкање не влијае само на поединецот, туку на целото семејство. Финансиските загуби може да имаат долготрајни последици за децата и за сопружниците, рече Мурати.

Сали Сулејмани посочи дека коцкарниците во државата се на секој ќош што придонесува за зголемување на коцкањето, а тоа има длабоки последици за граѓаните бидејќи е „опасна болест која е раширена“.

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се согласува дека треба да се затворат казината, но додаде дека ова законско решение нема да го поддржат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зашто со него се сака да се заштитат криминалот и бизнис интересите на некои луѓе од ДУИ.

-Колку лиценци се издадени во последните седум години, праша Стојаноски.

Велите, рече, дека сакате да ги тргнете коцкарниците од училиштата, а во исто време направивте онлајн казина.

-Криминал има во овој бизнис со игри на среќа и многу брзо некој ќе биде повикан на одговорност, посочи Стојаноски и додаде дека Министерството за финансии подготвува закон за игри на среќа кој ќе биде системски и кој ќе биде донесен во инклузивна постапка.

The post Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање appeared first on Република.

]]>

Собранието во рамките на поладневниот дел од работата по дневниот ред од 14-тата седница ја заврши расправата за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање, предложен од пратениците од Европскиот фронт, и со 64 гласа „за“ и 13 „против“ заклучи дека не е прифатлив и оти не може да се даде на натамошно читање. Седницата продолжува утре во 12 часот. Илире Даути од Европскиот фронт посочи дека во земјава има над 1.400 места каде што се игра комар.
-Токму затоа треба да помине Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, рече Даути.
Нагласи дека тоа им го ветиле и на Здружението против комар од Тетово. Елми Азири од истата коалиција посочи дека статистиките кажуваат дека во нашата држава за една година во коцкарниците има прилив од 800 милиони до една милијарда евра, што, како што рече, е речиси една четвртина од државниот буџет.
-Затоа нема причина да се одбие Предлог законот зашто со коцкањето се уништува иднината на децата и семејствата секојдневно имаат проблеми. Затоа ве повикувам да се тргнеме од нашата политичка матрица и да и дадеме предност на нашата совест, зашто сите сте свесни дека коцкарниците треба да се затворат, рече Азири.
Блерим Беџети, исто така, од Европскиот фронт истакна дека токму овој Предлог закон пред некое време беше повлечен од дневен ред на собраниска седница без почитување на процедурите.
-Има и игри на среќа на црно и треба и тие да се запрат зашто се зло за семејствата и за општеството, рече Беџети.
Овој Предлог на закон, како што истакна Сали Мурати од Европскиот фронт, има за цел да воведе построги ограничувања во игрите за среќа зашто либералниот пристап овозможува се повеќе млади да стануваат жртви на коцкањето и да бидат зависни од него.
-Зависноста од коцкање не влијае само на поединецот, туку на целото семејство. Финансиските загуби може да имаат долготрајни последици за децата и за сопружниците, рече Мурати.
Сали Сулејмани посочи дека коцкарниците во државата се на секој ќош што придонесува за зголемување на коцкањето, а тоа има длабоки последици за граѓаните бидејќи е „опасна болест која е раширена“. Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се согласува дека треба да се затворат казината, но додаде дека ова законско решение нема да го поддржат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ зашто со него се сака да се заштитат криминалот и бизнис интересите на некои луѓе од ДУИ.
-Колку лиценци се издадени во последните седум години, праша Стојаноски.
Велите, рече, дека сакате да ги тргнете коцкарниците од училиштата, а во исто време направивте онлајн казина.
-Криминал има во овој бизнис со игри на среќа и многу брзо некој ќе биде повикан на одговорност, посочи Стојаноски и додаде дека Министерството за финансии подготвува закон за игри на среќа кој ќе биде системски и кој ќе биде донесен во инклузивна постапка.

The post Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање appeared first on Република.

]]>
Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница https://republika.mk/vesti/makedonija/utvrden-dnevniot-red-na-14-tata-sobraniska-sednitsa/ Wed, 11 Sep 2024 17:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=815462

Собранието по целодневна расправа доцна попладнево со 58 гласа „за“ и 14 „против“ и без воздржани го утврди дневниот ред на 14-тата седница.

Со 62 гласа „за“ и 16 „против“ доцна попладнево Собранието го изгласа предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на 14-тата седница да се дополни со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Претходно претпладнево со 71 глас „за“ пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Собранието со  69 гласа  „за“, 17 „против“ и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14-тата седница да се носи Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа.

The post Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието по целодневна расправа доцна попладнево со 58 гласа „за“ и 14 „против“ и без воздржани го утврди дневниот ред на 14-тата седница. Со 62 гласа „за“ и 16 „против“ доцна попладнево Собранието го изгласа предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на 14-тата седница да се дополни со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка. Претходно претпладнево со 71 глас „за“ пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите. Собранието со  69 гласа  „за“, 17 „против“ и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14-тата седница да се носи Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа.

The post Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Зголемувањето на пензиите го помина првиот собраниски филтер https://republika.mk/vesti/makedonija/zgolemuvaneto-na-penziite-go-pomina-prviot-sobraniski-filter/ Wed, 11 Sep 2024 13:12:59 +0000 https://republika.mk/?p=815397

Пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат.

На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

\

The post Зголемувањето на пензиите го помина првиот собраниски филтер appeared first on Република.

]]>

Пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите. Предлог законот со 71 глас „за“ стана дел од точките на дневниот ред на 14. седница кој пратениците и по два часа од почетокот со работа се уште го утврдуваат. На барање на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски дневниот ред е дополнет и со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка. \

The post Зголемувањето на пензиите го помина првиот собраниски филтер appeared first on Република.

]]>
Денот на независноста одбележан во Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/denot-na-nezavisnosta-odbelezhan-vo-sobranieto/ Fri, 06 Sep 2024 16:53:41 +0000 https://republika.mk/?p=813908

Свесен за важноста на независната држава морам да кажам дека не постои поважен момент во историјата на една земја од нејзината самостојност. Затоа секогаш кога доаѓа 8 Септември се враќа емоцијата на задоволство и гордост што роденденот на оваа земја го одбележуваме во мир, во соживот меѓу различните народи кои живеат во оваа земја, во добрососедски односи и во сигурни патишта кон подобра развојна и евроатланстска перспектива. Ова го истакна денеска претседателот на Собранието Африм Гаши на приемот што го организираше во Законодавниот дом по повод 8 Септември – Денот на независноста.

Јас сум свесен дека изградбата на оваа заедничка држава не била лесна работа и секогаш подеднакво прифатена. Сме имале периоди кога некој од нас имал поинаква перцепција и различни очекувања можеби. Сме имале моменти кога некој од нас мислел дека заслужува повеќе а добил помалку. Сме имале моменти кога сме биле можеби разочарани и сме рекле дека не вреди, но сепак сме нашле сила, сме нашле решенија и сме создавале можности да продолжиме понатаму. Затоа, денес кога ја одбележуваме оваа годишнина на нашето државјанство можам да ви тврдам дека пред нас се отвора нова развојна перспектива која доаѓа со новата генерација политичари и јас сум силно убеден дека тоа ќе резултира со многустран успех – рече Гаши.

Собранискиот спикер нагласи дека секој има своја заслуга и свој придонес за овие достигнувања, посочувајќи оти не треба да бидеме ниту нихилисти, ниту дефетисти.

Како и да е Македонија во својот 33. роденден е земја-членка на најмоќната безбедносна Алијанса како што е НАТО, со што се гарантира мирот на нејзините граници што е исклучително важно за секој проект додека е на добар пат да се приклучи и на најуспешната унија на демократија, мир, човекови права и благосостојба како што е Европската унија. Ова е повод како граѓанин на оваа држава, а уште повеќе како политичари на оваа земја, денеска да направиме една ретроспектива на она што сме го сториле, што сме можеле да го сториме и што можеме да го сториме секогаш во духот на тоа што рекол Џон Кенеди „Не прашувај се што сторила твојата татковина за тебе, туку прашувај се што си сторил ти за твојата татковина – рече претседателот на Собранието, Африм Гаши.

The post Денот на независноста одбележан во Собранието appeared first on Република.

Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби, пратениците од утре на одмор https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-do-2-septemvri-ke-zasedava-samo-za-itni-potrebi-pratenitsite-od-utre-na-odmor/ Wed, 14 Aug 2024 09:28:50 +0000 https://republika.mk/?p=806407

Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември.

Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој итен случај, велат за МИА од Кабинетот на претседателот на Собранието Африм Гаши.

Од почетокот на работата на овој параламентерен состав на 28 мај се одржани десетина седници, а последната беше вчера кога беа донесени измените на Законот за здравствена заштита и се укинаа економските директори.

The post Собранието до 2 септември ќе заседава само за итни потреби, пратениците од утре на одмор appeared first on Република.

И официјално се укинуваат економските директори: Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита https://republika.mk/vesti/makedonija/i-ofitsijalno-se-ukinuvaat-ekonomskite-direktori-pratenitsite-gi-usvoija-izmenite-na-zakonot-za-zdravstvenata-zashtita/ Tue, 13 Aug 2024 15:11:02 +0000 https://republika.mk/?p=806237

Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата.

Пратеникот Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со Закон за изменување на Законот за здравствената заштита се кратат непродуктивни трошоци и се поставуваат принципи кои ги надминуваат теснопартиските интереси, кои значат подобрување на руинираниот здравствен систем во државата.

Како што посочи, институциите ќе бидат раководени од само еден директор одговорен за работењето на установата, како и за законитоста на работењето.

Со овој Закон се лоцира одговорноста и се укинува дуализмот во одлучувањето, за да може здравствениот систем да преживее. Мора од некаде да се почне, но и покрај овој Закон, во здравството треба да се спроведат тешки и болни реформи, кои ќе значат подобри услови за третман на пациентите. Со ова се укинуваат 40 раководни позиции кои чинат повеќе од два милиони евра директни и индиректни трошоци. Овие средства можат да се насочат за решавање на потреби на пациентите и здравствените работници - рече Марков.

Тој додаде дека дури и СДСМ увиде оти постои проблем со назначување на двојни директори, па во нивната изборна програма напишаа дека ќе ги укинат економските директори.

Клучно за нерешавање на овој проблем беше владеењето на ДУИ со СДСМ. Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема простор за преговарање на сметка на придобивките на пациентите. Ова не смеат да бидат единствени измени, потребни се многу повеќе измени во здравствениот сектор. Време е да почне да се гради здравствен систем кој ќе биде ориентиран кон реалните потреби на граѓаните - додаде Марков.

Говорејќи за овој Закон, пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на седницата потенцираше дека целта е да се намалува онаму каде што во најголем број се Албанци, посочувајќи дека бројот на министрите во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен од 16 на 23.

Доколку не би биле главно Албанци, дали тогаш законот ќе биде сменет? Во новата Влада бројот на министрите е зголемен од 16 на 23. За вашите позиции го зголемивте бројот на министри, а намалувате таму каде што главно се Албанци - рече Даути.

Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица во своето излагање потенцираше дека апсолутно даваат поддршка во носењето на овој Закон.

Апсолутно ќе го поддржиме носењето на овој Закон. Ова е мала интервенција во морето на проблематични околности во здравствениот систем, особено во јавното здравство кое е целосно девалвирано - рече Мециновиќ.

На седницата беа усвоени повеќе закони. Пратениците го донесоа Законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, а го донесоа и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка.

Исто така, по скратена постапка беа донесени изменувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за дивечот и ловството, како и изменувањата и дополнувањата на Законот за спортот.

Собранието на седницата ја донесе и завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.

Пратениците ги усвоија предлог законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Беше разгледано и Автентичното толкување за Законот за игри на среќа, пратениците ги изгласаа, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и неколку ратификации.

The post И официјално се укинуваат економските директори: Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита appeared first on Република.

]]>

Со 71 глас „за“ и еден „против“ пратениците го донесоа Законот за изменување на Законот за здравствената заштита, со кој се укинуваат економските директори. На денешната седница беше усвоен и Законот за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата, како и Законот за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата. Пратеникот Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека со Закон за изменување на Законот за здравствената заштита се кратат непродуктивни трошоци и се поставуваат принципи кои ги надминуваат теснопартиските интереси, кои значат подобрување на руинираниот здравствен систем во државата. Како што посочи, институциите ќе бидат раководени од само еден директор одговорен за работењето на установата, како и за законитоста на работењето.
Со овој Закон се лоцира одговорноста и се укинува дуализмот во одлучувањето, за да може здравствениот систем да преживее. Мора од некаде да се почне, но и покрај овој Закон, во здравството треба да се спроведат тешки и болни реформи, кои ќе значат подобри услови за третман на пациентите. Со ова се укинуваат 40 раководни позиции кои чинат повеќе од два милиони евра директни и индиректни трошоци. Овие средства можат да се насочат за решавање на потреби на пациентите и здравствените работници - рече Марков.
Тој додаде дека дури и СДСМ увиде оти постои проблем со назначување на двојни директори, па во нивната изборна програма напишаа дека ќе ги укинат економските директори.
Клучно за нерешавање на овој проблем беше владеењето на ДУИ со СДСМ. Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема простор за преговарање на сметка на придобивките на пациентите. Ова не смеат да бидат единствени измени, потребни се многу повеќе измени во здравствениот сектор. Време е да почне да се гради здравствен систем кој ќе биде ориентиран кон реалните потреби на граѓаните - додаде Марков.
Говорејќи за овој Закон, пратеничката Илире Даути од Алијанса за Албанците на седницата потенцираше дека целта е да се намалува онаму каде што во најголем број се Албанци, посочувајќи дека бројот на министрите во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен од 16 на 23.
Доколку не би биле главно Албанци, дали тогаш законот ќе биде сменет? Во новата Влада бројот на министрите е зголемен од 16 на 23. За вашите позиции го зголемивте бројот на министри, а намалувате таму каде што главно се Албанци - рече Даути.
Пратеникот Амар Мециновиќ од Левица во своето излагање потенцираше дека апсолутно даваат поддршка во носењето на овој Закон.
Апсолутно ќе го поддржиме носењето на овој Закон. Ова е мала интервенција во морето на проблематични околности во здравствениот систем, особено во јавното здравство кое е целосно девалвирано - рече Мециновиќ.
На седницата беа усвоени повеќе закони. Пратениците го донесоа Законот за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, а го донесоа и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Исто така, по скратена постапка беа донесени изменувањата на Законот за превоз во патниот сообраќај, на Законот за дивечот и ловството, како и изменувањата и дополнувањата на Законот за спортот. Собранието на седницата ја донесе и завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2023 година. Пратениците ги усвоија предлог законите за прогласување на Kањон Матка за споменик на природата, за прогласување на Студенчишко Блато за Парк на природата и за прогласување на Охридско Езеро за споменик на природата. Беше разгледано и Автентичното толкување за Законот за игри на среќа, пратениците ги изгласаа, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и неколку ратификации.

The post И официјално се укинуваат економските директори: Пратениците ги усвоија измените на Законот за здравствената заштита appeared first on Република.

]]>
Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ke-se-obrati-na-svechenata-sednitsa-po-povod-23-godini-od-potpishuvaneto-na-ohridskiot-ramkoven-dogovor/ Tue, 13 Aug 2024 09:15:57 +0000 https://republika.mk/?p=806054

Денеска 13.08.2024 година, (вторник) година ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти владината прес служба.

По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат:

• Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Македонија

• Изет Меџити – Прв заменик-претседател на Владата на Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

The post Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор appeared first on Република.

]]>

Денеска 13.08.2024 година, (вторник) година ќе се одржи одбележување на 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, соопшти владината прес служба.
По тој повод со почеток во 13:00 часот во свечената сала во владата на Република Македонија ќе се одржи Свечена седница на која ќе се обратат: • Христијан Мицкоски, Претседател на Владата на Република Македонија • Изет Меџити – Прв заменик-претседател на Владата на Македонија, министер за животна средина и просторно планирање.

The post Мицкоски ќе се обрати на свечената седница по повод 23 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор appeared first on Република.

]]>
Пратениците од Европски фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието https://republika.mk/vesti/makedonija/pratenitsite-od-evropski-front-ja-napushtija-12-tata-sednitsa-na-sobranieto/ Mon, 12 Aug 2024 13:03:29 +0000 https://republika.mk/?p=805873

Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот. Тие се незадоволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред.

Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест.

Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети.

Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието. Рече дека никогаш досега немало симнување на точка од дневниот ред поднесена од опозицијата по редовна постапка на барање на пратеник од владејачкото мнозинство.

Не смеете да ја прекинете постапката кога е таа започната, рече Џафери.

Илире Даути од Европскиот фронт, пак, обвини за воспоставување политичка диктатура во земјава и за одземање на правото за разгледување на закон поднесен по редовна постапка. Како што рече, не може некој да го одземе нејзиното право да поднесе законско решение и да го мајоризира неговото право и на тој начин да и го одземе тоа право.

Се крши моето право да предложам закон во редовна постапка и му се дозволува на некој друг пратеник да ми го одземе тоа право. Овој закон помина на Комисијата за финансирање и буџет и денеска се трга од дневен ред без притоа повторно да оди на Комисијата. Не сакате да зборувате за игрите на среќа и затоа го тргате од дневен ред. Автентичното толкување нема врска со законот што ни го одземате, рече Даути и додаде дека на тој начин се одзема правото на пратеник да предложи закон во редовна постапка.

Халил Снопче од ВРЕДИ рече дека Европскиот фронт прави театар за законот за игри на среќа и додаде дека не може со тоа да се излаже јавноста.

The post Пратениците од Европски фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието appeared first on Република.

]]>

Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот. Тие се незадоволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред. Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест. Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети. Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието. Рече дека никогаш досега немало симнување на точка од дневниот ред поднесена од опозицијата по редовна постапка на барање на пратеник од владејачкото мнозинство. Не смеете да ја прекинете постапката кога е таа започната, рече Џафери. Илире Даути од Европскиот фронт, пак, обвини за воспоставување политичка диктатура во земјава и за одземање на правото за разгледување на закон поднесен по редовна постапка. Како што рече, не може некој да го одземе нејзиното право да поднесе законско решение и да го мајоризира неговото право и на тој начин да и го одземе тоа право. Се крши моето право да предложам закон во редовна постапка и му се дозволува на некој друг пратеник да ми го одземе тоа право. Овој закон помина на Комисијата за финансирање и буџет и денеска се трга од дневен ред без притоа повторно да оди на Комисијата. Не сакате да зборувате за игрите на среќа и затоа го тргате од дневен ред. Автентичното толкување нема врска со законот што ни го одземате, рече Даути и додаде дека на тој начин се одзема правото на пратеник да предложи закон во редовна постапка. Халил Снопче од ВРЕДИ рече дека Европскиот фронт прави театар за законот за игри на среќа и додаде дека не може со тоа да се излаже јавноста.

The post Пратениците од Европски фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието appeared first on Република.

]]>
Ребалансот на собраниска седница в понеделник https://republika.mk/vesti/ekonomija/rebalansot-na-sobraniska-sednitsa-v-ponedelnik/ Thu, 08 Aug 2024 09:01:58 +0000 https://republika.mk/?p=804499

Собранието за понеделник ја закажа седницата на која, меѓу другите предлог-законски решенија, ќе расправа и за ребалансот на Буџетот. Дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата.

Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет, по што Владата завчера, на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции.

Како што истакна на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со подготвениот и надограден ребаланс се проектираат средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината - за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, здравството,... Обезбедени се, нагласи, средства за исплата и зголемување на платите во јавната администрација согласно сите потпишани колективни договори.

-Се обезедија надополнувања во Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, министерствата за внатрешни работи, за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народниот правобранител,... Во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, во Инспекциски совет 147 илјади денари за набавка на опрема, во МВР 60 000 000 денари за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138 000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител, информира Димитриеска-Кочоска.

Со ребалансот се обезбедени 5,1 милијарда денари дополнително за исплата на пензии 800 милиони денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, една милијарда денари за ТИРЗ, 1,7 милијарди денари за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни, за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии, а издвоени се и шест милијарди денари за проекти во општините.

На собраниската седница в понеделник има вкупно 34 точки. Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.Треба да бидат разгледани и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлог-законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог-законот за изменување на законот за прекинување на бременоста, Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството, Предлог-законот за изменување на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог-законот за изменување на Законот за ментално здравје, Предлог-законот за изменување на законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог-законот за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија, сите во прво читање.

На дневен ред се и повеќе предлог измени и дополнувања на законите од областа на културата, сообраќајот, урбанистичкото планирање, шумите, ловството, спортот,..., кои треба да се донесат по скратена постапка, како и Предлог-просторниот план на Национален парк Пелистер 2016-2030.

Собранието треба да ги разгледа и предлог-законите за прогласување на Kањонот Матка и на Охридско Езеро за споменици на природат, како и на Студенчишко Блато за Парк на природата.

The post Ребалансот на собраниска седница в понеделник appeared first on Република.

]]>

Собранието за понеделник ја закажа седницата на која, меѓу другите предлог-законски решенија, ќе расправа и за ребалансот на Буџетот. Дополнетиот Предлог за изменување и дополнување на Буџетот за 2024 година, во второ читање, е седма точка од дневниот ред на седницата. Ребалансот ги помина општиот претрес и амандманската расправа во Комисијата за финансирање и Буџет, по што Владата завчера, на 6 август, го донесе и дополнетиот ребаланс на Буџетот со кој, како што соопшти, се обезбедуваат плус средства - за плати и за набавка на опрема за повеќе институции. Како што истакна на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, со подготвениот и надограден ребаланс се проектираат средства за целосно сервисирање на сите права и доспеани обврски до крајот на годината - за пензионерите, за вработените во администрацијата, за бизнисот, здравството,... Обезбедени се, нагласи, средства за исплата и зголемување на платите во јавната администрација согласно сите потпишани колективни договори. -Се обезедија надополнувања во Државната изборна комисија, Комисијата за заштита на конкуренцијата, Агенцијата за заштита на лични податоци, Оперативно-техничката агенција, Инспекцискиот совет, министерствата за внатрешни работи, за образование и за транспорт и врски, Царинската управа, судската власт, Јавното обвинителство, Советот на јавни обвинители, Народниот правобранител,... Во Државната изборна комисија се дополни износ од 350 милиони денари, во Инспекциски совет 147 илјади денари за набавка на опрема, во МВР 60 000 000 денари за набавка на материјали за лични документи, 87,2 милиони за дореализација на Проект Брана Отиња и дополнителни 20 милиони денари за надомест за одземен имот за Проектот Брана Отиња (експропријација), кај Македонската академија на науките и уметностите 18,7 милиони денари за научно истражувачки проекти и 3,3 милиони за набавка на опрема, како и 138 000 денари за дореализација за набавка на опрема кај Народниот правобранител, информира Димитриеска-Кочоска. Со ребалансот се обезбедени 5,1 милијарда денари дополнително за исплата на пензии 800 милиони денари за корисниците на правото на гарантирана минимална помош, 1,7 милијарди денари за здравствена заштита, една милијарда денари за ТИРЗ, 1,7 милијарди денари за субвенции и трансфери за директна финансиска поддршка во земјоделскиот сектор дополнителни, за студентски оброк дополнителни 437 милиони денари, како и 207 милиони денари за исплата на стипендии, а издвоени се и шест милијарди денари за проекти во општините. На собраниската седница в понеделник има вкупно 34 точки. Пред пратениците се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2024 година, по скратена постапка, како и Предлог-завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2023 година.Треба да бидат разгледани и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог-законот за изменување на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, Предлог-законот за изменување на Законот за биомедицинско потпомогнато оплодување, Предлог-законот за изменување на законот за прекинување на бременоста, Предлог-законот за изменување на Законот за евиденциите во областа на здравството, Предлог-законот за изменување на Законот за забрана на развивање, производство, складирање и употреба на хемиски оружја, Предлог-законот за изменување на Законот за безбедност во снабдувањето со крв, Предлог-законот за изменување на Законот за ментално здравје, Предлог-законот за изменување на законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина, Предлог-законот за изменување на Законот за доброволно здравствено осигурување, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва, Предлог-законот за изменување на законот за управување со дополнителни текови на отпад, Предлог-законот за огласување ништовност и поништување на правни акти, дејствија, мерки и правни последици од постапките за лустрација, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за oдликувања и признанија на Република Македонија, сите во прво читање. На дневен ред се и повеќе предлог измени и дополнувања на законите од областа на културата, сообраќајот, урбанистичкото планирање, шумите, ловството, спортот,..., кои треба да се донесат по скратена постапка, како и Предлог-просторниот план на Национален парк Пелистер 2016-2030. Собранието треба да ги разгледа и предлог-законите за прогласување на Kањонот Матка и на Охридско Езеро за споменици на природат, како и на Студенчишко Блато за Парк на природата.

The post Ребалансот на собраниска седница в понеделник appeared first on Република.

]]>
И денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-deneska-prodolzhuva-raspravata-za-rebalans-na-budhetot/ Sat, 27 Jul 2024 06:57:06 +0000 https://republika.mk/?p=800665

На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи општата расправа за ребалансот на Буџетот.

Според пратениците од власта, ова е најтешкиот ребаланс затоа што е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет. Посочија дека Буџетот кога бил предложен претходната власт кажала ќе биде развоен и ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега, велат, имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата. Додека, па, според пратениците на опозицијата, овој ребаланс е најлошиот досега и со него нема раст на платите и пензиите, а зголемен е и јавниот долг од 58 на 68 отсто.

На вчерашниот втор ден, пратениците расправаа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власт треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вчера на собраниската комисиска расправа истакна дека оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата.

Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.

„Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за еконоимијата. Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ. Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20.000 денари“, изјави Тренчевска.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Завчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post И денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>

На собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден по ред треба да продолжи општата расправа за ребалансот на Буџетот. Според пратениците од власта, ова е најтешкиот ребаланс затоа што е врз база на најлошиот и најтешкиот Буџет. Посочија дека Буџетот кога бил предложен претходната власт кажала ќе биде развоен и ќе има реализација на капиталните инвестиции, а сега, велат, имаме потреба не само од фискална консолидација, туку и од консолидација на државата. Додека, па, според пратениците на опозицијата, овој ребаланс е најлошиот досега и со него нема раст на платите и пензиите, а зголемен е и јавниот долг од 58 на 68 отсто. На вчерашниот втор ден, пратениците расправаа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власт треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски вчера на собраниската комисиска расправа истакна дека оваа Влада има намера да направи финансиска консолидација на целокупното стопанство, да ги екипира сите буџетски корисници и да направи контрола на непродуктивните трошења, ќе продолжи со зголемување на платите и пензиите, а обезбеди и средства од каде можеше за нормално функционирање на државата. Реплицирајќи и на пратеничката Јованка Тренчевска од СДСМ според која овој ребаланс е најлошиот досега, Јанкуловски потенцира дека Владата ги креирала проекциите согласно состојбите што ги наследила.
„Ова е најлошиот ребаланс, и за граѓаните и за еконоимијата. Платите и пензиите во изминатите години растеа како никогаш досега, и просечната и минималната плата, а како резултат на тоа се подобруваше животот на граѓаните и тоа е непобитен факт, но и доказ за добрите политики на СДСМ. Во делот на пензиите, ако вие како ВМРО-ДПМНЕ ги зголемувавте 11 години како ние, наместо да ги лажете пензионерите со 600 денари, денеска ќе зборувавме за минимални пензии од 20.000 денари“, изјави Тренчевска.
Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Завчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон. Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

The post И денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот appeared first on Република.

]]>
Заврши вториот ден од расправата за ребалансот на Буџетот https://republika.mk/vesti/ekonomija/zavrshi-vtoriot-den-od-raspravata-za-rebalansot-na-budhetot/ Fri, 26 Jul 2024 18:41:34 +0000 https://republika.mk/?p=800621

Комисијата за финансирање и буџет во петокот попладнето ја продолжи седницата за ребалансот на Буџетот. На вториот ден од општтат расправа, пратениците дискутираа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власта треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните.

Пратеникот на „Европски фронт“, Сали Мурати нагласи дека како човек што доаѓа од правната фела изразува вознемирост и разочараност околу предложеното намалување на буџетот во судската и обвинителската власт, на Народниот правобранител и на Министерството за односи меѓу заедниците. Тој изрази поддршка за зголемување на буџетите на судовите и јавните обвинителства и најави дека има поднесено седум амандмани за ребалансот на буџетот.

„Ова намалување директно задира во функционалната и буџетската независност на судската и обвинителската власт. Како некој кој доаѓа од судството, морам да нагласам дека ваквиот потег е недопустлив и потенцијално катастрофален за нашиот правен систем. Судската власт и Јавното обвинителство се столбови на нашата демократија и владеење на правото. Од судската власт и Јавното обвинителство се очекува да обезбедат правда за сите граѓани, да ја заштитат законитоста, да се борат против криминалот и корупцијата и да обезбедат владеење на правда. Како можеме да очекуваме успешно извршување на овие витални функции со намален буџет?“, запраша Мурати.

Тој смета дека наместо да се намали, буџетот на овие институции треба да се зголеми.

„Како можеме подобрување на ефикасноста и квалитетот на правдата со намален буџет? Намалувањето на буџетот на Народниот правобранител е директно удар врз виталниот аспект на нашата демократија. Намалувањето на буџетот на оваа институција неизбежно ќе доведе до намалување на капацитетите за истражување на жалбите и поплаките на граѓаните, ограничувањето на теренската работа и директниот контакт со граѓаните, намалување на квалитетот на извештаите и годишните анализи, ограничување на можноста за обука и усовршување на кадрите. Како граѓанин и припадник на помалата заедница сум загрижен бидејќи ние целата концентрација на нашата моќ и нашите проблеми кон афирмирање и зголемување на буџетот на Министерството за односи меѓу заедниците. Бидејќи да сте во позиција на помала заедница и секој ден да бидете обесправени, а не можете во системот да бидете интегрирани како што треба, тоа Министерство е алатка и промотор на нашите прави и слободи. Со ваков буџет на Министерството ќе се загрози имплементацијата на важни проекти во интеграцијата и социјална кохезија“, рече Мурати.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во репликата на излагањето на Мурати, истакна дека срамно е судии и обвинителите да дојдат во Собрание и пред пратениците да бараат повеќе средства, кога довербата кај граѓаните за нив е два процента.

„Значи, дека 98 проценти не го одобруваат тоа што го прават, затоа што ништо не прават. Ама дошле да побараат повеќе средства затоа што им се нарушил комодитетот. И замислете кога зборуваме за повеќе средства и едните и другите бараат повисоки плати, ама за обвинителите и судиите, а не за стручната служба која работи таму и сметам дека тоа не е исправно. Замислете што се случува, кога ќе им го скратите буџетот кој што и така им е премногу бидејќи имаат само 2 проценти доверба, доаѓаат во Собранието и зошто се кратело и треба да им се овозможи нормално функционирање. Сега да направиме анкета, многу повеќе од 98 проценти не одобруваат ниту да имаат толку средства колку што имаат,затоа што за тие пари што ги земаат ништо и не даваат. Се сложувам дека треба да бидат независно, но господине Сали за тоа треба да покажат перформанси, за тоа треба да бидат задоволни граѓаните, да го расветлуваат криминалот, за тоа едните треба да создаваат обвиненија кои ќе бидат стабилни, а судиите да даваат пресуди. Како граѓанин на оваа држава кој не е задоволен од нивната работа, ќе гласам против предлогот да им се обезбедат повеќе пари, бидејќи во мерит системот добивате колку за што ќе сработите“, рече Стојаноски.

Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Вчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон.

Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти.

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска ја прекина седницата и информира дека ќе продолжи утре во 12 часот.

The post Заврши вториот ден од расправата за ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>

Комисијата за финансирање и буџет во петокот попладнето ја продолжи седницата за ребалансот на Буџетот. На вториот ден од општтат расправа, пратениците дискутираа околу намалувањето на буџетот на судовите и јавните обвинителства. Според пратениците на опозицијата, институциите од судската власта треба да имаат поголеми буџети, додека, пак, според владините пратеници овој буџет им е премногу со доверба од само два проценти кај граѓаните. Пратеникот на „Европски фронт“, Сали Мурати нагласи дека како човек што доаѓа од правната фела изразува вознемирост и разочараност околу предложеното намалување на буџетот во судската и обвинителската власт, на Народниот правобранител и на Министерството за односи меѓу заедниците. Тој изрази поддршка за зголемување на буџетите на судовите и јавните обвинителства и најави дека има поднесено седум амандмани за ребалансот на буџетот.
„Ова намалување директно задира во функционалната и буџетската независност на судската и обвинителската власт. Како некој кој доаѓа од судството, морам да нагласам дека ваквиот потег е недопустлив и потенцијално катастрофален за нашиот правен систем. Судската власт и Јавното обвинителство се столбови на нашата демократија и владеење на правото. Од судската власт и Јавното обвинителство се очекува да обезбедат правда за сите граѓани, да ја заштитат законитоста, да се борат против криминалот и корупцијата и да обезбедат владеење на правда. Како можеме да очекуваме успешно извршување на овие витални функции со намален буџет?“, запраша Мурати.
Тој смета дека наместо да се намали, буџетот на овие институции треба да се зголеми.
„Како можеме подобрување на ефикасноста и квалитетот на правдата со намален буџет? Намалувањето на буџетот на Народниот правобранител е директно удар врз виталниот аспект на нашата демократија. Намалувањето на буџетот на оваа институција неизбежно ќе доведе до намалување на капацитетите за истражување на жалбите и поплаките на граѓаните, ограничувањето на теренската работа и директниот контакт со граѓаните, намалување на квалитетот на извештаите и годишните анализи, ограничување на можноста за обука и усовршување на кадрите. Како граѓанин и припадник на помалата заедница сум загрижен бидејќи ние целата концентрација на нашата моќ и нашите проблеми кон афирмирање и зголемување на буџетот на Министерството за односи меѓу заедниците. Бидејќи да сте во позиција на помала заедница и секој ден да бидете обесправени, а не можете во системот да бидете интегрирани како што треба, тоа Министерство е алатка и промотор на нашите прави и слободи. Со ваков буџет на Министерството ќе се загрози имплементацијата на важни проекти во интеграцијата и социјална кохезија“, рече Мурати.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во репликата на излагањето на Мурати, истакна дека срамно е судии и обвинителите да дојдат во Собрание и пред пратениците да бараат повеќе средства, кога довербата кај граѓаните за нив е два процента.
„Значи, дека 98 проценти не го одобруваат тоа што го прават, затоа што ништо не прават. Ама дошле да побараат повеќе средства затоа што им се нарушил комодитетот. И замислете кога зборуваме за повеќе средства и едните и другите бараат повисоки плати, ама за обвинителите и судиите, а не за стручната служба која работи таму и сметам дека тоа не е исправно. Замислете што се случува, кога ќе им го скратите буџетот кој што и така им е премногу бидејќи имаат само 2 проценти доверба, доаѓаат во Собранието и зошто се кратело и треба да им се овозможи нормално функционирање. Сега да направиме анкета, многу повеќе од 98 проценти не одобруваат ниту да имаат толку средства колку што имаат,затоа што за тие пари што ги земаат ништо и не даваат. Се сложувам дека треба да бидат независно, но господине Сали за тоа треба да покажат перформанси, за тоа треба да бидат задоволни граѓаните, да го расветлуваат криминалот, за тоа едните треба да создаваат обвиненија кои ќе бидат стабилни, а судиите да даваат пресуди. Како граѓанин на оваа држава кој не е задоволен од нивната работа, ќе гласам против предлогот да им се обезбедат повеќе пари, бидејќи во мерит системот добивате колку за што ќе сработите“, рече Стојаноски.
Општата расправа за ребалансот на Буџетот трае најмногу три дена, а амандманската за која се поднесени 58 амадмани, шест дена. Вчера, на првиот ден од расправата, министерката Гордана Димитриеска-Кочоска го образложи ребалансот, нагласувајќи дека е креиран согласно затекнатите состојби во Буџетот. Како што рече Димитриеска-Кочоска, обезбедени се средства за се што треба да се исплати согласно закон. Вкупните приходи во ребалансот на Буџетот се планирани на 318,2 милијарди денари, а расходите на 362,8 милијарди денари. Растот на БДП е проектиран на 2,1 процент, инфлацијата на ниво од 3,5 проценти, а буџетскиот дефицит на 4,9 проценти. Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска ја прекина седницата и информира дека ќе продолжи утре во 12 часот.

The post Заврши вториот ден од расправата за ребалансот на Буџетот appeared first on Република.

]]>
Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање https://republika.mk/vesti/makedonija/ukinuvaneto-na-ekonomskite-direktori-vo-bolnitsite-poddrzhano-od-site-pratenitsi-zakonot-odi-vo-vtoro-chitane/ Tue, 23 Jul 2024 19:11:43 +0000 https://republika.mk/?p=799662

Пратениците во рамки на 11. седница вечерва едногласно со 81 глас „за“ го даде на натамошно читање Предлог на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, во прво читање. Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавно здравстевни установи. Собранието со 68 гласа „за“ и осум „против“ го донесе Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности.

Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека со поставувањето двајца директори во болниците се создал паралелизам и поголеми трошоци. Целта на законот, рече Таравари, е рационализација и поголема ефикасност. Подоцна во одговор на пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ, чија пратеничка група го поддржа законот, објасни дека ова е почеток на реформите што следуваат најавувајќи спојување на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека секој град ќе има своја општа болница. Максимум за една година, додаде министерот за здравство, ќе има нов закон за здравствена заштита.

Ковачевски, кој беше премиер на претходната Влада, рече дека укинувањето на економските директори било дел и од анализа која неговата Влада ја спровела за рационализација во здравството.

Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за овие 40 економски директори годишно се одвојувале 960.000 евра и уште толку за оперативни трошоци. Со овие средства, како што кажа, ќе може да се реконструираат или изградат нови здравствени домови и друго.

Со дополнувањето на Законот за катастар на недвижности ќе се овозможи зградата на ЕЛЕМ да стане Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Пратениците во рамки на 10 седница ја изгласаа и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

The post Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање appeared first on Република.

]]>

Пратениците во рамки на 11. седница вечерва едногласно со 81 глас „за“ го даде на натамошно читање Предлог на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, во прво читање. Со овие измени се предвидува укинување на економските директори во 40 болници и јавно здравстевни установи. Собранието со 68 гласа „за“ и осум „против“ го донесе Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности. Министерот за здравство Арбен Таравари истакна дека со поставувањето двајца директори во болниците се создал паралелизам и поголеми трошоци. Целта на законот, рече Таравари, е рационализација и поголема ефикасност. Подоцна во одговор на пратеникот Димитар Ковачевски од СДСМ, чија пратеничка група го поддржа законот, објасни дека ова е почеток на реформите што следуваат најавувајќи спојување на Клиничкиот центар во Скопје, но и дека секој град ќе има своја општа болница. Максимум за една година, додаде министерот за здравство, ќе има нов закон за здравствена заштита. Ковачевски, кој беше премиер на претходната Влада, рече дека укинувањето на економските директори било дел и од анализа која неговата Влада ја спровела за рационализација во здравството. Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека за овие 40 економски директори годишно се одвојувале 960.000 евра и уште толку за оперативни трошоци. Со овие средства, како што кажа, ќе може да се реконструираат или изградат нови здравствени домови и друго. Со дополнувањето на Законот за катастар на недвижности ќе се овозможи зградата на ЕЛЕМ да стане Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини. Пратениците во рамки на 10 седница ја изгласаа и Одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

The post Укинувањето на економските директори во болниците поддржано од сите пратеници, законот оди во второ читање appeared first on Република.

]]>