снимател Archives - Република https://republika.mk/tema/snimatel/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 18:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снимател Archives - Република https://republika.mk/tema/snimatel/ 32 32 Ова е загинатиот снимател на Ројтерс: Гранатата која падна на границата меѓу Израел и Либан беше кобна за него https://republika.mk/vesti/svet/ova-e-zaginatiot-snimatel-na-rojters-granatata-koja-padna-na-granitsata-megu-izrael-i-liban-beshe-kobna-za-nego/ Fri, 13 Oct 2023 18:28:30 +0000 https://republika.mk/?p=691036

Снимателот на агенцијата Ројтерс убиен е додека работел во јужен Либан, додека гранатата паднала на групата новинари кои ги следеле судирите долж границата меѓу Израел и Либан.

Длабоко сме погодени од веста дека нашиот снимател Исам Абдалах е убиен, се наведува во соопштението

Исам беше дел од екипата на Ројтерс во јужен Либан која известуваше во живо.

 

 

The post Ова е загинатиот снимател на Ројтерс: Гранатата која падна на границата меѓу Израел и Либан беше кобна за него appeared first on Република.

]]>

Снимателот на агенцијата Ројтерс убиен е додека работел во јужен Либан, додека гранатата паднала на групата новинари кои ги следеле судирите долж границата меѓу Израел и Либан. Длабоко сме погодени од веста дека нашиот снимател Исам Абдалах е убиен, се наведува во соопштението Исам беше дел од екипата на Ројтерс во јужен Либан која известуваше во живо.    

The post Ова е загинатиот снимател на Ројтерс: Гранатата која падна на границата меѓу Израел и Либан беше кобна за него appeared first on Република.

]]>
Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/izlegol-od-berbernitsa-i-pochnal-da-go-udira-i-navreduva-napadnat-snimatel-na-tv-alsat-vo-starata-skopska-charshija/ Mon, 21 Aug 2023 18:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=674320

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало.

Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници.

По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

За инцидентот реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде побараа да се спроведе брза и ефикасна истрага за нападот врз колегите од ТВ Алсат.

За време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија.

Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата.

При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”.

ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.

Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, се наведува во реакцијата на ЗНМ.

 

The post Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Е. (53) од Скопје, постапувајќи по добиена пријава од Б.Ј. (39) од Скопје, снимател во ТВ Алсат, дека, додека заедно со уште две лица снимале интервју во Старата скопска чаршија, од берберски салон излегло машко лице и физички го нападнало. Како што соопшти МВР, веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и напаѓачот е идентификуван и приведен од страна на полициски службеници. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок. За инцидентот реагираа и од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од каде побараа да се спроведе брза и ефикасна истрага за нападот врз колегите од ТВ Алсат.
За време на снимањето инсерти за промо на емисија во Скопската чаршија на јавна површина, нападнати се снимател и новинарките Ера Ѓакова и Сара Хоџа од страна на сопственик на берберница во скопската чаршија. Според изјавите на нашите колеги, додека снимале инсерти во чаршијата за потребите на емисијата од еден од дуќаните излегол сопственикот, бербер со ножици и им се обратил со вербални навреди и закани по живот, при што на снимателот му нанел видливи повреди на главата. При физичкиот напад била оштетена и опремата на снимателот. ЗНМ веднаш контактираше со новинарката од Алсат, Ера Ѓакова која беше видно вознемирена ни го потврди инцидентот и ни даде конкретни информации дека: Екипата со која снимале на терен била нападната без причина од страна на непознато лице, ситуацијата била непредвидлива и многу вознемирувачка, особено за нападнатиот снимател а и за колешката Сара Хоџа на која ова не и е прв пат да биде нападната, “лицето по нападот се врати во дуќанот а потоа повторно илезе, но кога виде дека веќе се собраа минувачи да помогнат а и дека е повикана полициска екипа се упати во непознат правец ”. ЗНМ бара од Министерството за внатрешни работи да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. Потенцираме дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик а МВР и ОЈО, треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина, се наведува во реакцијата на ЗНМ.
 

The post Излегол од берберница и почнал да го удира и навредува: Нападнат снимател на ТВ Алсат во Старата скопска чаршија appeared first on Република.

]]>
Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на ТВ 24 https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-mile-penov-napagjachot-na-snimatelot-na-tv-24/ Mon, 14 Nov 2022 20:52:54 +0000 https://republika.mk/?p=573874

Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24

Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, објави ТВ 24. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвинителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот.

Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално а потоа физички го нападна. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше истотака цел на вербален напад од Пенов.

 

The post Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>

Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на тв 24 Човекот кој денеска го нападна снимателот на тв 24 Љубиша Игнатов е приведен во полициска станица Кисела Вода, објави ТВ 24. Пенов ќе биде задржан во полициска станица по одлука на скопското јавно обвинителство, кое утре ќе одлучува дали ќе бара и мерки за него од судот. Пенов е приведен по пријава на Игнатов, кого најпрво вербално а потоа физички го нападна. Исказ во полиција даде и снимателот на ТВ 24 и новинарот Александар Тодевски кој беше истотака цел на вербален напад од Пенов.  

The post Приведен Миле Пенов, напаѓачот на снимателот на ТВ 24 appeared first on Република.

]]>
Физички нападнат снимател на ТВ 24, додека снимал инсерти од куќата каде што е пријавен дека престојува Онишченко https://republika.mk/vesti/makedonija/fizichki-napadnat-snimatel-na-tv-24-dodeka-snimal-inserti-od-kukjata-kade-shto-e-prijaven-deka-prestojuva-onishchenko/ Mon, 14 Nov 2022 16:53:29 +0000 https://republika.mk/?p=573793

Со пцовки, погрдни зборови, но и физички, екипата на ТВ 24 беше нападната додека снимаше инсерти пред куќата во која според официјалните документи е пријавено престојувалиштето, на контроверзниот украински олигарх Олександр Онишченко.

Сопственикот на куќата извесен Миле од скопско Пржино најпрво со недолично однесување и одговори на барањето на екипата за изјава, а потоа и физички го нападна снимателот Љубиша Игнатов, кој сите инсерти ги снимаше надвор од неговиот имот.

За инцидентот е известено министерството за внатрешни работи од каде велат дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот.

– Веднаш по добиената пријава, СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Веднаш по расчистувањето соодветно ќе ја известиме јавноста.

Од Здружението на новинари Македонија баратат МВР и ОЈО треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кјои го прекршуваат законот.

– ЗНМ бара од МВР да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. ЗНМ веднаш контактираше и со Скопското јавно обвиителство со обвинителката Искра Хаџи Василева која е назначена за предмети поврзани со напади врз медиумски работници за понатамошно процесирање на случајот. ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал колегата снимател Игнатов и го спречил физички да ја изврши својата работа, велат од ЗНМ.

Синдикатот пак им даде рок до утре на институциите да го решат случајот.

– За да докажеме како заедница дека новинарската работа е јевн интерес МВР и Обвинителството треба да го разрешат овој случај најдоцна до утреза да може судката власт да остане доследна на правдата кон новинарите и медиумските работници. Само брзо решавање на овие случаи и казнивост кон напаѓачите како и подобрување на законските решенија ќе не спаси нас од бруталните напади со кои се соочуваме секојдневно на улиците, онлајн па дури и во домовите, велат од ССНМ.

Куќата 28 б на улица Пржино стана јавен интерес откако во јавноста се обелодени дека Украинецот Онишченко живеалиштето го регистрирал таму за да добие македонски пасош и покрај тоа што е на црната листа на САД, а во неговата родна земја се бара за перење пари.

 

The post Физички нападнат снимател на ТВ 24, додека снимал инсерти од куќата каде што е пријавен дека престојува Онишченко appeared first on Република.

]]>

Со пцовки, погрдни зборови, но и физички, екипата на ТВ 24 беше нападната додека снимаше инсерти пред куќата во која според официјалните документи е пријавено престојувалиштето, на контроверзниот украински олигарх Олександр Онишченко. Сопственикот на куќата извесен Миле од скопско Пржино најпрво со недолично однесување и одговори на барањето на екипата за изјава, а потоа и физички го нападна снимателот Љубиша Игнатов, кој сите инсерти ги снимаше надвор од неговиот имот. За инцидентот е известено министерството за внатрешни работи од каде велат дека веднаш по пријавата се преземени мерки за расчистување на случајот. – Веднаш по добиената пријава, СВР Скопје презема соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Веднаш по расчистувањето соодветно ќе ја известиме јавноста. Од Здружението на новинари Македонија баратат МВР и ОЈО треба итно да ги истражат и процесираат со цел да ги казнат оние кјои го прекршуваат законот. – ЗНМ бара од МВР да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот. ЗНМ веднаш контактираше и со Скопското јавно обвиителство со обвинителката Искра Хаџи Василева која е назначена за предмети поврзани со напади врз медиумски работници за понатамошно процесирање на случајот. ЗНМ ќе ја следи истрагата и ќе инсистира одговорност од страна на лицето кое физички го нападнал колегата снимател Игнатов и го спречил физички да ја изврши својата работа, велат од ЗНМ. Синдикатот пак им даде рок до утре на институциите да го решат случајот. – За да докажеме како заедница дека новинарската работа е јевн интерес МВР и Обвинителството треба да го разрешат овој случај најдоцна до утреза да може судката власт да остане доследна на правдата кон новинарите и медиумските работници. Само брзо решавање на овие случаи и казнивост кон напаѓачите како и подобрување на законските решенија ќе не спаси нас од бруталните напади со кои се соочуваме секојдневно на улиците, онлајн па дури и во домовите, велат од ССНМ. Куќата 28 б на улица Пржино стана јавен интерес откако во јавноста се обелодени дека Украинецот Онишченко живеалиштето го регистрирал таму за да добие македонски пасош и покрај тоа што е на црната листа на САД, а во неговата родна земја се бара за перење пари.  

The post Физички нападнат снимател на ТВ 24, додека снимал инсерти од куќата каде што е пријавен дека престојува Онишченко appeared first on Република.

]]>
Приведен тетовец за напад на телевизиски снимател https://republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-tetovec-za-napad-na-televiziski-snimatel/ Thu, 24 Mar 2022 14:43:58 +0000 https://republika.mk/?p=477771

Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимател работел и снимал со камера.

Полициски службеници на СВРТетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска” во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи. Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово, информираше Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.

По целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок на приведениот 31 годишник.

 

The post Приведен тетовец за напад на телевизиски снимател appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимател работел и снимал со камера.
Полициски службеници на СВРТетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска” во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи. Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово, информираше Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок на приведениот 31 годишник.  

The post Приведен тетовец за напад на телевизиски снимател appeared first on Република.

]]>
Снимател на Фокс њуз убиен во Украина https://republika.mk/vesti/svet/snimatel-na-foks-njuz-ubien-vo-ukraina/ Tue, 15 Mar 2022 20:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=473444

Снимателот на американскиот Фокс њуз, чиј идентитет засега не е познат, е убиен во Украина, пренесе агенцијата АФП.

Се огласија и од Фокс њуз објавувајќи дека нивниот снимател Пјер Закржевски загинал во Украина.

Закржевски бил убиен кога автомобилот во кој се наоѓал наишол на отворен оган, а во истиот инцидент бил повреден дописникот на Фокс Бенџамин Хол.

– Пјер беше наш воен известувач кој помина низ Ирак, Авганистан и Сирија. Беше во Украина од почетокот на февруари, изјави извршната директорка на Фокс Њуз, Сузан Скот.

The post Снимател на Фокс њуз убиен во Украина appeared first on Република.

]]>

Снимателот на американскиот Фокс њуз, чиј идентитет засега не е познат, е убиен во Украина, пренесе агенцијата АФП. Се огласија и од Фокс њуз објавувајќи дека нивниот снимател Пјер Закржевски загинал во Украина. Закржевски бил убиен кога автомобилот во кој се наоѓал наишол на отворен оган, а во истиот инцидент бил повреден дописникот на Фокс Бенџамин Хол. – Пјер беше наш воен известувач кој помина низ Ирак, Авганистан и Сирија. Беше во Украина од почетокот на февруари, изјави извршната директорка на Фокс Њуз, Сузан Скот.

The post Снимател на Фокс њуз убиен во Украина appeared first on Република.

]]>