снежана манев Archives - Република https://republika.mk/tema/snezhana-manev/ За подобро да се разбереме Mon, 13 Nov 2023 09:59:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снежана манев Archives - Република https://republika.mk/tema/snezhana-manev/ 32 32 Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев ги потпишаа свечените изјави во Судски совет https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijkite-meri-dika-georgievska-i-snezhana-manev-gi-potpishaa-svechenite-izjavi-vo-sudski-sovet/ Mon, 13 Nov 2023 09:59:10 +0000 https://republika.mk/?p=700976

Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев денеска ги потпишаа свечените изјави во Судскиот Совет.

Судијката Дика Георгиевска ја потпиша изјавата за претседател на Апелацискиот суд Скопје, а судијката Снежана Манев за претседател на Основен суд Куманово.

Дика Георгиевска и Манев претходно ја извршуава функција вршител на должност во овие судови.

The post Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев ги потпишаа свечените изјави во Судски совет appeared first on Република.

]]>

Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев денеска ги потпишаа свечените изјави во Судскиот Совет. Судијката Дика Георгиевска ја потпиша изјавата за претседател на Апелацискиот суд Скопје, а судијката Снежана Манев за претседател на Основен суд Куманово. Дика Георгиевска и Манев претходно ја извршуава функција вршител на должност во овие судови.  

The post Судијките Мери Дика Георгиевска и Снежана Манев ги потпишаа свечените изјави во Судски совет appeared first on Република.

]]>
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijkata-snezhana-manev-izbrana-za-pretsedatelka-na-osnovniot-sud-vo-kumanovo/ Mon, 30 Oct 2023 09:59:27 +0000 https://republika.mk/?p=696206

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот.

Таа досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основниот суд во Куманово.

За судијката Манев неодамна во јавноста имаше реакции по дописите од Министерството за правда со кои се бараше Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијката Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет. Судскиот совет реагираше на изјавата на министерот за правда Кренар Лога, оценувајќи дека ова прашање е во надлежност на Институтот.

На денешната седница беше повторно донесена одлука да има оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат на претходниот оглас немал доставено уредна документација

The post Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово appeared first on Република.

]]>

Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана Манев за претседателка на Основниот суд во Куманово. Со девет гласа за и еден против, Манев беше избрана бидејќи, според Советот, била единствен кандидат и ги исполнувала сите услови наведени во огласот. Таа досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Основниот суд во Куманово. За судијката Манев неодамна во јавноста имаше реакции по дописите од Министерството за правда со кои се бараше Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијката Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет. Судскиот совет реагираше на изјавата на министерот за правда Кренар Лога, оценувајќи дека ова прашање е во надлежност на Институтот. На денешната седница беше повторно донесена одлука да има оглас за избор на претседател на Основниот суд Велес, бидејќи единствениот пријавен кандидат на претходниот оглас немал доставено уредна документација

The post Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на Основниот суд во Куманово appeared first on Република.

]]>
Судијка со неположен психолошки тест ги раскара Лога и Судски совет https://republika.mk/vesti/makedonija/sudijka-so-nepolozhen-psiholoshki-test-gi-raskara-loga-i-sudski-sovet/ Wed, 30 Aug 2023 15:55:15 +0000 https://republika.mk/?p=677349

Судскиот совет реагира на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, во врска со кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манева, дека „судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може веднаш повторно да полага“.

Советот ја информира јавноста дека на 13.07.2023 година доби допис од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, со кој ова тело се известува дека споменатата кандидатка на 04.07.2023 година не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет. Од тие причини, стручните лица од Институтот препорачуваат канидидатката „повторно да го пополни тестирањето целосно самостојно во времетраење од два часа на 14.07 во 11 часот, стои во соопштението од Судски совет.

Дополнуваат дека Советот, расправајќи по дописот, на работен состанок оценил дека ова прашање е во надлежност на Институтот и, како што наведуваат, смета дека е потребно до Советот да доставите известување за исходот од целокупната постапка по спроведениот психолошки тест на личност и тест на интегритет.

За ваквиот став на 13.07 2023 година со допис е известен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, наведуваат од Судски совет.

Оттамму велат дека зачудува барањето на министерот Лога, Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето на Институтот за судијата Манев повторно да има право да полага.

Судскиот совет ниту дал одобрение да се спроведе повторен тест, ниту, пак, има официјална информација дали кандидатката повторно полагала, бидејќи тоа не е нејзина надлежност, дополнуваат оттаму, потенцирајќи дека во оној момент кога ќе добијат известување од надлежната институција што ги спроведува тестовите, ќе може да знаат кој од кандидатите ги исполнил сите законски услови за избор на претседател на суд или судија.

Реакцијата следува по дописот до Судскиот советод министерот за правда, Кренар Лога, во кој се бара Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет.

Од Министерството за правда претходно соопштија дека во мислењето на Институтот е наведено дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година, но, поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.

Укажуваме дека со ваквото постапување се создава нова незаконита пракса за лице што веќе еднаш не го положила тестот да добие можност повторно да го полага истиот. Воедно, со ваквата постапка од субјективни причини се отвора прашањето, дали на судијата Манев ѝ е овозможено да полага тест за интегритет спротивно на законските одредби, посочија од Министерството за правда.

The post Судијка со неположен психолошки тест ги раскара Лога и Судски совет appeared first on Република.

]]>

Судскиот совет реагира на изјавата на министерот за правда, Кренар Лога, во врска со кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово, Снежана Манева, дека „судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може веднаш повторно да полага“.
Советот ја информира јавноста дека на 13.07.2023 година доби допис од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, со кој ова тело се известува дека споменатата кандидатка на 04.07.2023 година не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет. Од тие причини, стручните лица од Институтот препорачуваат канидидатката „повторно да го пополни тестирањето целосно самостојно во времетраење од два часа на 14.07 во 11 часот, стои во соопштението од Судски совет.
Дополнуваат дека Советот, расправајќи по дописот, на работен состанок оценил дека ова прашање е во надлежност на Институтот и, како што наведуваат, смета дека е потребно до Советот да доставите известување за исходот од целокупната постапка по спроведениот психолошки тест на личност и тест на интегритет.
За ваквиот став на 13.07 2023 година со допис е известен Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, наведуваат од Судски совет.
Оттамму велат дека зачудува барањето на министерот Лога, Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето на Институтот за судијата Манев повторно да има право да полага.
Судскиот совет ниту дал одобрение да се спроведе повторен тест, ниту, пак, има официјална информација дали кандидатката повторно полагала, бидејќи тоа не е нејзина надлежност, дополнуваат оттаму, потенцирајќи дека во оној момент кога ќе добијат известување од надлежната институција што ги спроведува тестовите, ќе може да знаат кој од кандидатите ги исполнил сите законски услови за избор на претседател на суд или судија.
Реакцијата следува по дописот до Судскиот советод министерот за правда, Кренар Лога, во кој се бара Советот да постапи согласно законските надлежности во врска со мислењето дадено од страна на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања-Скопје, за судијата Снежана Манев повторно да има право да полага психолошки тест за личност и тест за интегритет. Од Министерството за правда претходно соопштија дека во мислењето на Институтот е наведено дека Снежана Манев, кандидатка за Претседател на суд, била тестирана на 04.07.2023 година, но, поради замор манифестиран во тестовна ситуација не била во можност до крај самостојно да го пополнува психолошкиот тест на личност и тестот за интегритет поради што стручните лица препорачуваат таа повторно да полага на 14.07.2023 год.