снаи Archives - Република https://republika.mk/tema/snai/ За подобро да се разбереме Tue, 21 Feb 2023 15:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png снаи Archives - Република https://republika.mk/tema/snai/ 32 32 Најчевска: Обвинителство и судовите не се стартап претпријатија, престанете да се измотувате со државата и институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-obvinitelstvo-i-sudovite-ne-se-startap-pretprijatija-prestanete-da-se-izmotuvate-so-drzhavata-i-institutsiite/ Tue, 21 Feb 2023 15:41:56 +0000 https://republika.mk/?p=611593

Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира на изборот на кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ за кои медиумите објавија дека се снаи, деца, роднини на политичари и судии.

Обвинителство и судовите не се стартап претпријатија во кои некој започнува бизнис па ајде да видиме како ќе испадне. Таму треба да бидат луѓе со неверојатно искуство, со морал, со кредибилиотет, веќе проверени и препечени и оние кои поминале сито и решето. Дај бре престанете да се измотавате со државата и со институциите, пишува на фејсбук професорката Најчевска.

Е најсериозно ќе пукнам веќе.
Ма сериозни сте или се правите блесави или не сметате нас за блесави, додава Најачевска.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudovite-i-obvinitelstvata-polni-so-sinovi-i-kerki-na-funktsioneri/

The post Најчевска: Обвинителство и судовите не се стартап претпријатија, престанете да се измотувате со државата и институциите appeared first on Република.

]]>

Професорката Мирјана Најчевска жестоко реагира на изборот на кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ за кои медиумите објавија дека се снаи, деца, роднини на политичари и судии. Обвинителство и судовите не се стартап претпријатија во кои некој започнува бизнис па ајде да видиме како ќе испадне. Таму треба да бидат луѓе со неверојатно искуство, со морал, со кредибилиотет, веќе проверени и препечени и оние кои поминале сито и решето. Дај бре престанете да се измотавате со државата и со институциите, пишува на фејсбук професорката Најчевска.
Е најсериозно ќе пукнам веќе. Ма сериозни сте или се правите блесави или не сметате нас за блесави, додава Најачевска.
https://republika.mk/vesti/makedonija/sudovite-i-obvinitelstvata-polni-so-sinovi-i-kerki-na-funktsioneri/

The post Најчевска: Обвинителство и судовите не се стартап претпријатија, престанете да се измотувате со државата и институциите appeared first on Република.

]]>
Џолев за децата и снаите на политичарите што стануваат судии: Сакам да верувам дека кандидатите се квалитетни https://republika.mk/vesti/makedonija/dholev-za-detsata-i-snaite-na-politicharite-shto-stanuvaat-sudii-sakam-da-veruvam-deka-kandidatite-se-kvalitetni/ Tue, 21 Feb 2023 15:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=611591

Прво да се види кои од кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ и каде ќе бидат распределени во судовите и во обвинителствата, да почнат да работат, па потоа да ги коментираме нивните професионални можности, интегритетот и слично, вели претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев откога беа обелоденети имињата и семејните врски на дел од последната генерација што предизвика жестоки јавни критики.

Прво да видиме кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, да видиме како ќе работат и потоа, евентуално, може да коментираме. Тие кандидати, сепак, поминале низ одредени филтри и сакам да верувам дека се квалитетни – изјави Џолев.

Меѓу кандидатите се најдоа роднини на судии, обвинители, поранешни претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители но и на луѓе на високи функции од законодавната и од извршната власт, што според бројни коментари, може да се толкува како резултат на форсирање на кадри на роднински, партиски и секаков друг основ, а во иднина може да резултира со разни роднински и партиски влијанија, конфликт на интереси и слично. Во самите судови, каде веќе се чувствува голем недостиг на судии, се кон овие коментари пристапуваат со големи резерви.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sudovite-i-obvinitelstvata-polni-so-sinovi-i-kerki-na-funktsioneri/

The post Џолев за децата и снаите на политичарите што стануваат судии: Сакам да верувам дека кандидатите се квалитетни appeared first on Република.

]]>

Прво да се види кои од кандидатите што ја поминале обуката и го положиле завршниот испит на Академијата за судии и обвинители „Павел Шатев“ и каде ќе бидат распределени во судовите и во обвинителствата, да почнат да работат, па потоа да ги коментираме нивните професионални можности, интегритетот и слично, вели претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Иван Џолев откога беа обелоденети имињата и семејните врски на дел од последната генерација што предизвика жестоки јавни критики.
Прво да видиме кои од нив ќе бидат избрани за судии и обвинители и на кои позиции, да видиме како ќе работат и потоа, евентуално, може да коментираме. Тие кандидати, сепак, поминале низ одредени филтри и сакам да верувам дека се квалитетни – изјави Џолев.
Меѓу кандидатите се најдоа роднини на судии, обвинители, поранешни претседатели на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители но и на луѓе на високи функции од законодавната и од извршната власт, што според бројни коментари, може да се толкува како резултат на форсирање на кадри на роднински, партиски и секаков друг основ, а во иднина може да резултира со разни роднински и партиски влијанија, конфликт на интереси и слично. Во самите судови, каде веќе се чувствува голем недостиг на судии, се кон овие коментари пристапуваат со големи резерви. https://republika.mk/vesti/makedonija/sudovite-i-obvinitelstvata-polni-so-sinovi-i-kerki-na-funktsioneri/

The post Џолев за децата и снаите на политичарите што стануваат судии: Сакам да верувам дека кандидатите се квалитетни appeared first on Република.

]]>