смс Archives - Република https://republika.mk/tema/sms/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Mar 2024 16:04:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смс Archives - Република https://republika.mk/tema/sms/ 32 32 Српското МВР предупреди да не се отвараат СМС или Е-маил пораки со „фишинг“ измама https://republika.mk/vesti/balkan/srpskoto-mvr-predupredi-da-ne-se-otvaraat-sms-ili-e-mail-poraki-so-fishing-izmama/ Tue, 12 Mar 2024 16:04:47 +0000 https://republika.mk/?p=754106

Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) денеска ги повика граѓаните да не отвораат линкови во СМС или е-маил пораки кои бараат од нив да ги „ажурираат“ личните податоци поради наводна испорака или плаќање и да не стапуваат во комуникација со испраќачите на такви пораки, јави дописникот на МИА од Белград.

-Станува збор за „фишинг“ пораки чија цел е кражба на лични и чувствителни податоци за да се добие противправна имотна корист, соопшти МВР на социјалните мрежи.

Пример за таква порака е: „Пакетот пристигна и е складиран, ве молиме ажурирајте ја вашата адреса во рок од 12 часа или ќе ги изгубиме вашите артикли“, што е придружена со насочување да кликнете на линкот каде што тоа наводно може да се направи.

Српските власти препорачуваат доколку некој го отворил линкот во пораката и ги оставил личните податоци, веднаш да ја извести Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград.

Од српското МВР посочуваат дека личните податоци на Интернет треба да се споделат само во исклучителни случаи, кога претходно ќе се провери валидноста на физичките или правните лица кои ги бараат податоците.

The post Српското МВР предупреди да не се отвараат СМС или Е-маил пораки со „фишинг“ измама appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи на Србија (МВР) денеска ги повика граѓаните да не отвораат линкови во СМС или е-маил пораки кои бараат од нив да ги „ажурираат“ личните податоци поради наводна испорака или плаќање и да не стапуваат во комуникација со испраќачите на такви пораки, јави дописникот на МИА од Белград.
-Станува збор за „фишинг“ пораки чија цел е кражба на лични и чувствителни податоци за да се добие противправна имотна корист, соопшти МВР на социјалните мрежи.
Пример за таква порака е: „Пакетот пристигна и е складиран, ве молиме ажурирајте ја вашата адреса во рок од 12 часа или ќе ги изгубиме вашите артикли“, што е придружена со насочување да кликнете на линкот каде што тоа наводно може да се направи. Српските власти препорачуваат доколку некој го отворил линкот во пораката и ги оставил личните податоци, веднаш да ја извести Службата за борба против високотехнолошкиот криминал и Специјалното јавно обвинителство за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград. Од српското МВР посочуваат дека личните податоци на Интернет треба да се споделат само во исклучителни случаи, кога претходно ќе се провери валидноста на физичките или правните лица кои ги бараат податоците.

The post Српското МВР предупреди да не се отвараат СМС или Е-маил пораки со „фишинг“ измама appeared first on Република.

]]>
Преку лажни СМС пораки ги празнат сметките на граѓаните по 500 до 600 евра https://republika.mk/vesti/makedonija/preku-lazhni-sms-poraki-gi-praznat-smetkite-na-graganite-po-500-do-600-evra/ Mon, 08 Jan 2024 15:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=730888

Пристигнува СМС порака дека имате пратка која подлежи на царина и откако ќе платите 2 евра Македонски пошти ќе ви ја испрати повторно. Оваа порака стотици граѓани ја добија за време на празниците, а наместо две евра, сајбер измамниците ги празнеа банкарските сметки на македонските граѓани по 500 или 600 евра. Оние кои побрзо реагирале ги блокирале нивните сметки, па наместо празна сметка имаа блокирана.

Цел на измамата бев и јас и бидејќи очекувам пратка, инстинктивно ги дадов податоците, без да проверам. Сепак, нешто ми беше сомнително и по неколку чекирања, сфатив дека се работи за измама. Се јавив во техничка поддршка на мојата банка за да ја блокирам картичката и за среќа, кај мене помина само со тоа. Но, од банката потврдија дека многу граѓани денеска на овој начин биле измамени и им биле украдени суми од 500 до 600 евра. Затоа, ако добиете СМС со ваква содржина, едноставно - ИГНОРИРАЈТЕ ЈА.- се дел од реакциите на граѓаните на фејсбук.

СМС пораката напишана на кирилица, ве води на линк кој наводно ја отвара страната на Македонски пошти. Но уште на првиот чекор може да се забележи дека станува збор за измама, бидејќи на страната не може ниту да одите на мени ниту на официјалната страна на Македонски пошти. Потоа ви ги бара личните податоци, кои најчесто се злоупотребуваат, а на крај и трансакциската сметка за наводниот агент да го достави вашиот пакет откако ќе платите 1.99 евра.

Голем број граѓани подлегнаа на измамата, бидејќи речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а сајбер измамниците ги одбираат токму празниците кога и банките не работат па потешко се добива техничка поддршка.

Префиксот на бројот од кој се испраќа пораката е +33 кој е повикувачки број за Франција.

Од МВР го известиле ОЈО за случајот.

Имаме добиено пријави за овој случај и во врска со тое е испратено известување до ОЈО односно се преземаат мерки за расчистување на случајот. Покрај тоа постојано апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измами, односно никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет, велат од МВР.

Речиси сите банки испратија соопштенија за нивните корисници доколку ги внеле податоците и нивните трансакциски сметки, веднаш да ги блокираат картичките и да се јават на нивните контакт центри.


Извор: Сител

The post Преку лажни СМС пораки ги празнат сметките на граѓаните по 500 до 600 евра appeared first on Република.

]]>

Пристигнува СМС порака дека имате пратка која подлежи на царина и откако ќе платите 2 евра Македонски пошти ќе ви ја испрати повторно. Оваа порака стотици граѓани ја добија за време на празниците, а наместо две евра, сајбер измамниците ги празнеа банкарските сметки на македонските граѓани по 500 или 600 евра. Оние кои побрзо реагирале ги блокирале нивните сметки, па наместо празна сметка имаа блокирана. Цел на измамата бев и јас и бидејќи очекувам пратка, инстинктивно ги дадов податоците, без да проверам. Сепак, нешто ми беше сомнително и по неколку чекирања, сфатив дека се работи за измама. Се јавив во техничка поддршка на мојата банка за да ја блокирам картичката и за среќа, кај мене помина само со тоа. Но, од банката потврдија дека многу граѓани денеска на овој начин биле измамени и им биле украдени суми од 500 до 600 евра. Затоа, ако добиете СМС со ваква содржина, едноставно - ИГНОРИРАЈТЕ ЈА.- се дел од реакциите на граѓаните на фејсбук. СМС пораката напишана на кирилица, ве води на линк кој наводно ја отвара страната на Македонски пошти. Но уште на првиот чекор може да се забележи дека станува збор за измама, бидејќи на страната не може ниту да одите на мени ниту на официјалната страна на Македонски пошти. Потоа ви ги бара личните податоци, кои најчесто се злоупотребуваат, а на крај и трансакциската сметка за наводниот агент да го достави вашиот пакет откако ќе платите 1.99 евра. Голем број граѓани подлегнаа на измамата, бидејќи речиси секој втор македонец нарачува преку интернет, а сајбер измамниците ги одбираат токму празниците кога и банките не работат па потешко се добива техничка поддршка. Префиксот на бројот од кој се испраќа пораката е +33 кој е повикувачки број за Франција. Од МВР го известиле ОЈО за случајот. Имаме добиено пријави за овој случај и во врска со тое е испратено известување до ОЈО односно се преземаат мерки за расчистување на случајот. Покрај тоа постојано апелираме до граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви измами, односно никако да не ги испраќаат своите лични податоци преку интернет, велат од МВР. Речиси сите банки испратија соопштенија за нивните корисници доколку ги внеле податоците и нивните трансакциски сметки, веднаш да ги блокираат картичките и да се јават на нивните контакт центри.
Извор: Сител

The post Преку лажни СМС пораки ги празнат сметките на граѓаните по 500 до 600 евра appeared first on Република.

]]>
Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со смс порака https://republika.mk/vesti/skopje/poradi-nadgradba-na-sistemot-ne-funkcionira-plakjanjeto-parking-so-sms-poraka/ Wed, 03 Aug 2022 11:57:28 +0000 https://republika.mk/?p=536429

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака.

Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

Поради ова, од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.

The post Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со смс порака appeared first on Република.

]]>

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека поради надградба на системот за зонско паркирање, денеска не е во функција наплаќањето преку смс порака. Тоа значи дека смс пораките за наплата на паркинг, од крајните корисници не можат да се процесираат до ЈП „Градски паркинг“ – Скопје. Поради ова, од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје ги замолуваат корисниците на зонско паркирање да го користат алтернативниот начин за наплата – со купување на греб картички. Посочуваат дека се работи на што побрзо ставање во функција на надградениот систем и оти јавноста ќе биде навремено информирана штом оваа услуга стане повторно достапна за граѓаните.

The post Поради надградба на системот не функционира плаќањето паркинг со смс порака appeared first on Република.

]]>