сметка Archives - Република https://republika.mk/tema/smetka/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 06:56:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сметка Archives - Република https://republika.mk/tema/smetka/ 32 32 „Е, овие 2,75 евра не ви ги плаќам!“, вели бесен турист кога виде што му наплатија со вечерата вредна 250 евра https://republika.mk/zivot/patuvanja/e-ovie-2-75-evra-ne-vi-gi-plakam-veli-besen-turist-koga-vide-shto-mu-naplatija-so-vecherata-vredna-250-evra/ Thu, 22 Aug 2024 16:55:27 +0000 https://republika.mk/?p=806298

За време на одморот на островот Менорка во Шпанија, туристот Антонио Барбеито бил разочаран кога погледнал што сакаат да му наплатат во рибниот ресторан каде заминал на луксузна вечера. Таму вечерата го коштала 250 евра, но го изнервирала една банална ставка од сметката. Тој порачал јастог, тартар од ракчиња, пржени лигњи, школки, сладолед, сода и кафе.

Но, од кожа го извадило дека на сметката имало за наплата и чаша мраз, за која требало да плати 2,75 евра. Тој напиша дека тоа е крајно безобразно.

Тој рече дека сака да патува во својата земја и да ги поддржува локалните ресторани, но не му се допаѓаат овие практики. Имено, проблематично е што рестораните генерално се трудат да го извлечат секој денар од туристите, особено на попопуларните места каде посетеноста не зависи толку од квалитетот на услугата.

The post „Е, овие 2,75 евра не ви ги плаќам!“, вели бесен турист кога виде што му наплатија со вечерата вредна 250 евра appeared first on Република.

]]>

За време на одморот на островот Менорка во Шпанија, туристот Антонио Барбеито бил разочаран кога погледнал што сакаат да му наплатат во рибниот ресторан каде заминал на луксузна вечера. Таму вечерата го коштала 250 евра, но го изнервирала една банална ставка од сметката. Тој порачал јастог, тартар од ракчиња, пржени лигњи, школки, сладолед, сода и кафе. Но, од кожа го извадило дека на сметката имало за наплата и чаша мраз, за која требало да плати 2,75 евра. Тој напиша дека тоа е крајно безобразно. Тој рече дека сака да патува во својата земја и да ги поддржува локалните ресторани, но не му се допаѓаат овие практики. Имено, проблематично е што рестораните генерално се трудат да го извлечат секој денар од туристите, особено на попопуларните места каде посетеноста не зависи толку од квалитетот на услугата.

The post „Е, овие 2,75 евра не ви ги плаќам!“, вели бесен турист кога виде што му наплатија со вечерата вредна 250 евра appeared first on Република.

]]>
„Да не треба и крв да дадам?“: Скопјанец реагира на високата сметка за струја https://republika.mk/vesti/ekonomija/da-ne-treba-i-krv-da-dadam-skopjanets-reagira-na-visokata-smetka-za-struja/ Fri, 02 Feb 2024 17:46:36 +0000 https://republika.mk/?p=739852

Еден наш сограѓанин реагира откако му стигнала последната сметка за струја во износ од 36 000 денари. Тоа секако се должи на четвртиот блок каде цената е астрономска – 16 денари за киловат час, а скопјанецот нема базен кој го грее, како што Ковачевски ја правдаше високата цена. Едноставно, го грее станот на струја, зашто друга опција нема.

На неговата објава се нижат коментари, па еден вели дека неговата сметка е 26 000 денари, други се жалат на помали сметки, но и на фактот што греат една соба со една клима, а сепак имаат сметка од 12-13 000 денари. Сите овие граѓани не загреваат базени, туку се просечни граѓани на оваа арамиска држава која им наметна ваков арач.

За да биде иронијата поголема, во тек е акција на Владата за субвенционирање на инвертер клими, кои работат на струја.

The post „Да не треба и крв да дадам?“: Скопјанец реагира на високата сметка за струја appeared first on Република.

]]>

Еден наш сограѓанин реагира откако му стигнала последната сметка за струја во износ од 36 000 денари. Тоа секако се должи на четвртиот блок каде цената е астрономска – 16 денари за киловат час, а скопјанецот нема базен кој го грее, како што Ковачевски ја правдаше високата цена. Едноставно, го грее станот на струја, зашто друга опција нема. На неговата објава се нижат коментари, па еден вели дека неговата сметка е 26 000 денари, други се жалат на помали сметки, но и на фактот што греат една соба со една клима, а сепак имаат сметка од 12-13 000 денари. Сите овие граѓани не загреваат базени, туку се просечни граѓани на оваа арамиска држава која им наметна ваков арач. За да биде иронијата поголема, во тек е акција на Владата за субвенционирање на инвертер клими, кои работат на струја.

The post „Да не треба и крв да дадам?“: Скопјанец реагира на високата сметка за струја appeared first on Република.

]]>
Бислимовски: Во јануарските сметки за струја ќе го нема надоместокот од 200 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/bislimovski-vo-januarskite-smetki-za-struja-ke-go-nema-nadomestokot-od-200-denari/ Wed, 24 Jan 2024 10:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=736267

Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимовски денеска информираше дека веќе во декемвриските сметки за струја го има надоместокот од 200 денари за мрежарина. Како што вели Бислимовски, јануарските сметки во текот на февруари ќе го немаат тој надоместок, за да се тргнат сите сомнежи дека тоа е екстра давачка или профит за некого.

РКЕ укажа на Електродистрибуција тоа да го направи. Во јануарските сметки, нема да биде тој надоместок. Понатака до крајот на година, ќе си го има надоместокот од 200 денари. РКЕ го прави ова за да ги убедиме сите дека новиот надоместок нема да биде екстра профит за ниту една компанија. Довербата што треба да се гради меѓу потрошувачите и операторот на дистрибутивниот систем, мораме да ја промовираме и зголемување. Во таа насока, во јануарските сметки што граѓаните ќе ги добијат во февруари, ќе го нема надоместокот од 200 денари - рече Бислимовски на прес-конференција.

Надоместокот, според првиот човек на РКЕ, не го згрешиле од ЕСМ. Додаде дека ова се прави за да бидат сите на чисто и да се зголеми довербата. Не станува збор за грешка, дециден е Бислимовски.

The post Бислимовски: Во јануарските сметки за струја ќе го нема надоместокот од 200 денари appeared first on Република.

Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка https://republika.mk/vesti/ekonomija/proverete-koja-banka-vo-makedonija-naplaka-najvisoki-nadomestotsi-za-vashata-bankarska-smetka/ Thu, 05 Oct 2023 18:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=688197

Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за
висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка.

На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која
банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.

„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.

Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.

The post Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка appeared first on Република.

]]>

Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка. На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.
„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.   Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.

The post Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка appeared first on Република.

]]>
„Комуналец“ од Кочани за струја во октомври треба да плати 6,5 милиони денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/komunalec-od-kochani-za-struja-vo-oktomvri-treba-da-plati-6-5-milioni-denari/ Wed, 23 Nov 2022 12:43:10 +0000 https://republika.mk/?p=577327

Шест и пол милиони денари сметка за октомври ќе плати кочанското комунално претпријатие. Дополнително, треба да се обезбедат уште два милиони денари, со кои ќе биде платена првата рата од заостанатиот долг направен минатата година.

По раскинувањето на договорот со економскиот оператор, доставувач на струја , претпријатието беше префрлено на снабдување во краен случај. Овде се калкулира и берзанската цена плус 20% провизија за ЕВН како снабдувач во краен случај, изјави Љупчо Папазов, градоначалник на Кочани.

Од први декември комуналните претпријатија ќе бидат на регулираниот пазар на електрична енергија, што за многу од директорите е задоцнета мерка. Посочуваат, доколку Владата навремено и им го прифатеше ова барање сметките немаше да бидат толку високи и во одредени претпријатија ги надминат и месечните приходи.

Ова значи дека ќе бидеме на регулиран пазар, но повторно по цена повисока од онаа која беше овој период минатата зима. Земајќи ги во предвид претходните сметки и цената на киловат час ќе имаме можност со оваа цена да ги исплаќаме долговите што се натоложија претходната година, изјави Трајче Здравков, директор на ЈП Исар – Штип.

Уште на самиот старт од енергетскта криза здружението АДКОМ побараа комуналните претпријатија да бидат ставени на регулиран пазар за да ја задржат ликвидност, но и да обезбедат плати за своите вработени.

The post „Комуналец“ од Кочани за струја во октомври треба да плати 6,5 милиони денари appeared first on Република.

Славниот турски готвач се пофали дека гости во неговиот ресторан направиле сметка од 170.000 долари https://republika.mk/vesti/svet/slavniot-turski-gotvach-se-pofali-deka-gosti-vo-negoviot-restoran-napravile-smetka-od-170-000-dolari/ Sun, 20 Nov 2022 09:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=576030

Светски славниот турски готвач, Нусрет Гокче, познат под прекарот „Salt Bae“, објави фотографија од износот на сметката од неговиот ресторан „Нусрет галерија“ во Абу Даби. На сметката се гледа дека гостите на само една маса платиле речиси 170.000 долари.

На сметката било наведено дека вечерата е за 14 лица.

Некои од јадењата што биле нарачaни се следните: говедско карпачо, бифтек „златен Отоман“, бифтек „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино „Петрус“, коктели „Негрони“, коњак „Луј Тринаесетти“…

На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка која се претпоставува дека е нивна.

Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.

Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг.

Тие не го плаќаат квалитетот на твојата храна туку сопствената глупавост“, гласи еден од револтираните коментари.

На таквите коментари одговори и самиот Салт Бае

Квалитетот никогаш не е скап“, порача славниот готвач.

The post Славниот турски готвач се пофали дека гости во неговиот ресторан направиле сметка од 170.000 долари appeared first on Република.

]]>

Светски славниот турски готвач, Нусрет Гокче, познат под прекарот „Salt Bae“, објави фотографија од износот на сметката од неговиот ресторан „Нусрет галерија“ во Абу Даби. На сметката се гледа дека гостите на само една маса платиле речиси 170.000 долари. На сметката било наведено дека вечерата е за 14 лица. Некои од јадењата што биле нарачaни се следните: говедско карпачо, бифтек „златен Отоман“, бифтек „златен Истанбул“, „златна“ баклава итн. Гостите пиеле вино „Петрус“, коктели „Негрони“, коњак „Луј Тринаесетти“… На твитер се појави заедничката слика, но и фотографија од самата сметка која се претпоставува дека е нивна.
Колку ги плаќаш своите келнери? 15 долари од час?“, напишал некој корисник на Инстаграм.
 
Тоа не е квалитет, тоа е поткрадување на луѓето. Цените се катастрофални“, додал друг.
 
Тие не го плаќаат квалитетот на твојата храна туку сопствената глупавост“, гласи еден од револтираните коментари.
На таквите коментари одговори и самиот Салт Бае
Квалитетот никогаш не е скап“, порача славниот готвач.

The post Славниот турски готвач се пофали дека гости во неговиот ресторан направиле сметка од 170.000 долари appeared first on Република.

]]>
ЕВН по два пати наплаќа за струја потрошена во исти денови https://republika.mk/vesti/ekonomija/evn-po-dva-pati-naplakja-za-struja-potroshena-vo-isti-denovi/ Tue, 06 Sep 2022 14:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=548024

Скопјенец се пожали дека струјата потрошена во шест дена од месецот, од 16 до 21 јули, два пати е наплатена. Еднаш во сметката за периодот од 23 јуни до 21 јули, а вториот пат во сметката за периодот од 16 јули до 22 август.

Како што може да се забележи од побјавената сметка, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати му се наплатени два пати.

Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.

The post ЕВН по два пати наплаќа за струја потрошена во исти денови appeared first on Република.

]]>

Скопјенец се пожали дека струјата потрошена во шест дена од месецот, од 16 до 21 јули, два пати е наплатена. Еднаш во сметката за периодот од 23 јуни до 21 јули, а вториот пат во сметката за периодот од 16 јули до 22 август. Како што може да се забележи од побјавената сметка, деновите од 16 до 21 јули се јавуваат во двете сметки, па едни исти потрошени киловати му се наплатени два пати. Ова тој го оквалификувал со еден збор – КРАЖБА.

The post ЕВН по два пати наплаќа за струја потрошена во исти денови appeared first on Република.

]]>
За првпат градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев ја одблокира сметката на општината https://republika.mk/vesti/makedonija/za-prvpat-gradonachalnikot-na-zrnovci-od-vmro-dpmne-borcho-kocev-ja-odblokira-smetkata-na-opshtinata/ Sat, 29 Jan 2022 14:32:54 +0000 https://republika.mk/?p=451224

Со отплатување на дел од заостанатите долгови и вонсудско спогодување за отпис на каматните обврски, по 14 години е одблокирана буџетската сметка на Општина Зрновци.

Според табеларниот преглед што бил добиен од Министерството за финансии, по основ на четири извршни решенија од 2007 година, зрновската локална самоуправа долгувала околу 6,3 милиони денари

За над половина од вкупниот долг извршивме порамнување, согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа, за доспеани неплатени обврски кон доверителот „Гранит АД“ од Скопје. Со доверителот „Конструктор Рената и други ДОО“ беше постигнат вонсудски договор за отпис на камата од околу 1,4 милиони денари, а се обврзуваме на динамичен план за отплата на главнината што ќе биде целосно исплатена до април оваа година. Останатите два основа по кои општината должеше се исплатени во целост, по што добивме известување од Секторот трезор на Министерството за финансии дека буџетската сметка ни е деблокирана - истакнува градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.

Главната цел на правните и финансиски активности што во изминатите два месеца ги презеле општинските служби, била да се спречи непродуктивното одлевање на буџетски средства за отплата на камати кон доверителите.

Со одблокирањето на сметката, локалната самопурава на Зрновци во иднина ќе може да функционира без ограничувања и да ги реализира зацртаните планови за развој.

The post За првпат градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев ја одблокира сметката на општината appeared first on Република.

]]>

Со отплатување на дел од заостанатите долгови и вонсудско спогодување за отпис на каматните обврски, по 14 години е одблокирана буџетската сметка на Општина Зрновци. Според табеларниот преглед што бил добиен од Министерството за финансии, по основ на четири извршни решенија од 2007 година, зрновската локална самоуправа долгувала околу 6,3 милиони денари
За над половина од вкупниот долг извршивме порамнување, согласно Законот за финансиска подршка на единиците на локална самоуправа, за доспеани неплатени обврски кон доверителот „Гранит АД“ од Скопје. Со доверителот „Конструктор Рената и други ДОО“ беше постигнат вонсудски договор за отпис на камата од околу 1,4 милиони денари, а се обврзуваме на динамичен план за отплата на главнината што ќе биде целосно исплатена до април оваа година. Останатите два основа по кои општината должеше се исплатени во целост, по што добивме известување од Секторот трезор на Министерството за финансии дека буџетската сметка ни е деблокирана - истакнува градоначалникот на Зрновци, Борчо Коцев.
Главната цел на правните и финансиски активности што во изминатите два месеца ги презеле општинските служби, била да се спречи непродуктивното одлевање на буџетски средства за отплата на камати кон доверителите. Со одблокирањето на сметката, локалната самопурава на Зрновци во иднина ќе може да функционира без ограничувања и да ги реализира зацртаните планови за развој.

The post За првпат градоначалникот на Зрновци од ВМРО-ДПМНЕ Борчо Коцев ја одблокира сметката на општината appeared first on Република.

]]>