смет Archives - Република https://republika.mk/tema/smet/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Aug 2024 15:59:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смет Archives - Република https://republika.mk/tema/smet/ 32 32 Перински: „Комунална хигиена“ работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, Арсовска нема план за решавање на проблемите во Скопје https://republika.mk/vesti/makedonija/perinski-komunalna-higiena-raboti-po-operativen-plan-ne-i-treba-odluka-na-sovet-za-da-sobira-smet-arsovska-nema-plan-za-reshavane-na-problemite-vo-skopje/ Mon, 19 Aug 2024 15:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=808017

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, по состанокот со градоначалничката на Град Скопје изјави дека бил изненаден оти Арсовска не дошла со конкретно решение за решавање на проблемите со сметот во градот, како и одржување на редовна хигиена.

Очекувавме и ние, некаков предлог план на оваа средба за да можеме да го разглобиме и да видиме каде ние како Влада можеме да интервенираме. Таков не добивме, освен критика насочена кон Советот на Град Скопје, којашто за мене може и не е основана. Каменот на сопнување беше, зашто не се гласаа одлуките на советот? Во ред, кои одлуки? Тие, тие и тие. Тие не влијаат на нормалното функционирање на јавните претпријатија. Комунална хигиена работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, тоа и е законска утврдена надлежност. Затоа и ние бевме малце изненадени, затоа што не дојде со конкретен план, меѓутоа еве да видиме што ќе се случи среда и четврток, изјави Перински.

Меѓудругото, тој додава дека ќе почекаат до крајот на неделата што од нивна страна ќе биде предочено како потреби кои што оваа Влада да речеме ќе може да помогне и врз основа на тие предлог заклучоци во тој предлог план кој што ќе биде претставен пред советниците ќе носиме заклучоци.

Мене ми е многу жал што состојбите во Градот Скопје се вакви какви што се. Како влада можевме да одбереме и да не се мешаме во тековното работење на градот но сметаме дека како приоритет ни се скопјани и мораме на некој начин нешто заедно да придонесеме и да се вклучиме во решавањето на нивните проблеми. Конкретно се разговараше за две јавни претпријатија, едното јавно претпријатие е Комунална хигиена каде што сметаме дека проблемот е најакутен во моментот. И второто јавно претпријатие кое што го дискутиравме е ЈСП, затоа што сметаме како влада дека за десетина дена од сега ќе имаме многу поголем проблем во јавниот превоз со почнување на школската година“, додаде Перински.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sega-sme-pozagrizheni-otkolku-pred-sostanokot-sostojbata-e-ochajna-izjavi-ministerot-perinski-po-sredbata-so-arsovska/

The post Перински: „Комунална хигиена“ работи по оперативен план, не и треба одлука на Совет за да собира смет, Арсовска нема план за решавање на проблемите во Скопје appeared first on Република.

]]>

Војната со ѓубре продолжува: Уште 350 балони со смет паднаа од небото во Јужна Кореја https://republika.mk/vesti/svet/vojnata-so-gubre-prodolzhuva-ushte-350-baloni-so-smet-padnaa-od-neboto-vo-juzhna-koreja/ Tue, 25 Jun 2024 08:16:31 +0000 https://republika.mk/?p=790517

Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.

Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап.

Во текот на ноќта Пјонгјанг лансираше балони полни со ѓубре, а околу 100 балони пристигнаа главно во северните делови на земјата, но и во главниот град Сеул.

Kесите прикачени на балоните содржеле „најчесто отпад од хартија“, соопшти војската, додавајќи дека балоните не претставуваат закана за јавната безбедност.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата“ на Пјонгјанг.

Северна Кореја досега испрати повеќе од илјада балони со ѓубре на југот како одговор на пропагандните балони испратени на север од јужнокорејски активисти.

Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.

The post Војната со ѓубре продолжува: Уште 350 балони со смет паднаа од небото во Јужна Кореја appeared first on Република.

]]>

Северна Кореја во текот на ноќта лансираше околу 350 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија. Тоа е петто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, пренесува Јонхап. Во текот на ноќта Пјонгјанг лансираше балони полни со ѓубре, а околу 100 балони пристигнаа главно во северните делови на земјата, но и во главниот град Сеул. Kесите прикачени на балоните содржеле „најчесто отпад од хартија“, соопшти војската, додавајќи дека балоните не претставуваат закана за јавната безбедност. Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осуди „провокацијата“ на Пјонгјанг. Северна Кореја досега испрати повеќе од илјада балони со ѓубре на југот како одговор на пропагандните балони испратени на север од јужнокорејски активисти. Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и други отпадни материјали, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Кјонги, соопшти Генералштабот на корејската армија.