смена Archives - Република https://republika.mk/tema/smena/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 20:17:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смена Archives - Република https://republika.mk/tema/smena/ 32 32 Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, повеќе од два месеца не пратил извештај за работата до премиерот https://republika.mk/vesti/makedonija/smenata-na-direktorot-na-anb-ne-e-nenadejna-poveke-od-dva-mesetsa-ne-pratil-izveshtaj-za-rabotata-do-premierot/ Thu, 17 Oct 2024 20:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=828249

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека смената на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не е ненадејна. Повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ.

Новименуванот Бојан Христовски, како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, е професионалец, кој кога бил вратен на работа во МВР, поднел оставка и се деполитизирал.

Како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ.

-Смената на директорот на АНБ не е ненадејна. Како премиер, повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од работењето на АНБ, а некои други добиваа кои не се во формалниот политички живот и институциите. Ова го зборував јавно и тогаш го добив првиот извештај што беше како сумарен на тоа што е напишано по поратилите. Реков, „ако е ова извештај на АНБ, тогаш имаме сериозен проблем со националнатата безбедност“. Тоа што таму го прочитав и не е некоја тајна зашто го читав на порталите пртходниот ден и реков, „ако е ова нивната работа, тогаш итно мораме нешто да менуваме“, рече Мицкоски.

На прашањето за тоа што сега на чело на АНБ е поставен претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, наспроти законскиот услов дека директорот на Агенцијата не треба да биде член на политичка партија, премиерот Мицкоски рече дека тоа не е пречка да не биде избран на позицијата, зашто кога бил вратен на работа во МВР поднел оставка и се деполитизирал.

-Христовски кога се врати во МВР се деполитизира, а дали има симпатија кон некои партии е друго прашање, рече Мицкоски.

The post Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, повеќе од два месеца не пратил извештај за работата до премиерот appeared first on Република.

]]>

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека смената на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) воопшто не е ненадејна. Повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ. Новименуванот Бојан Христовски, како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, е професионалец, кој кога бил вратен на работа во МВР, поднел оставка и се деполитизирал. Како што објасни Мицкоски во гостување на ТВ Сител, повеќе од два месеца откако е претседател на Владата, не добил ниту еден извештај за работењето на АНБ. -Смената на директорот на АНБ не е ненадејна. Како премиер, повеќе од два месеца не добив ниту еден извештај од работењето на АНБ, а некои други добиваа кои не се во формалниот политички живот и институциите. Ова го зборував јавно и тогаш го добив првиот извештај што беше како сумарен на тоа што е напишано по поратилите. Реков, „ако е ова извештај на АНБ, тогаш имаме сериозен проблем со националнатата безбедност“. Тоа што таму го прочитав и не е некоја тајна зашто го читав на порталите пртходниот ден и реков, „ако е ова нивната работа, тогаш итно мораме нешто да менуваме“, рече Мицкоски. На прашањето за тоа што сега на чело на АНБ е поставен претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, наспроти законскиот услов дека директорот на Агенцијата не треба да биде член на политичка партија, премиерот Мицкоски рече дека тоа не е пречка да не биде избран на позицијата, зашто кога бил вратен на работа во МВР поднел оставка и се деполитизирал. -Христовски кога се врати во МВР се деполитизира, а дали има симпатија кон некои партии е друго прашање, рече Мицкоски.

The post Смената на директорот на АНБ не е ненадејна, повеќе од два месеца не пратил извештај за работата до премиерот appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-vnimavame-da-ne-gi-prekrshime-zakonite-pri-smenata-na-direktori-na-institutsiite/ Tue, 03 Sep 2024 11:58:45 +0000 https://republika.mk/?p=812692

Владата континуирано внимава да не ги прекрши законите во однос на смената на директори на институциите за да нема тужби со кои ќе биде оштетен државниот буџет, а со тоа и граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе бидат назначени останатите директори.

Процесот на транзиција, според него, е тековен и ќе трае се додека Владата постои без разлика дали ВМРО - ДПМНЕ и оваа коалиција ја предводи или некој друг.

Внимаваме во законските решенија да нема прекршувања, за да може овој процес да заврши со што е можно помалку лузни. Да имаме процес во кој нема да биде оштетен буџетот, а преку буџетот вие граѓаните. Ако во минатото се правеше чистка при промена на власт, спротивно на закон, беше леле видете ги овие колку се лоши прават чиста, партизација итн. Сега одиме полека вниманавме да не прекршиме закон, затоа што тие ќе тужат па ќе добијат, па вие граѓаните ќе треба да плаќате затоа сме толку бавни, нагласи Мицкоски по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Како пример го посочи разместувањето на вработени во МВР за што сега државата плаќа 25 милиони евра.

Тужеле, добиле и не само што ги враќаат на старите работни места, туку и вие граѓаните од данокот што го плаќате враќате затоа што некој партиски се реванширал и манифестира хирови. Замислете тој нема кривична одогворност, тој слободно си се шета. додека вие граѓаните плаќаме за неговоите хирови, посочи Мисковски.

The post Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите appeared first on Република.

]]>

Владата континуирано внимава да не ги прекрши законите во однос на смената на директори на институциите за да нема тужби со кои ќе биде оштетен државниот буџет, а со тоа и граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за тоа кога ќе бидат назначени останатите директори. Процесот на транзиција, според него, е тековен и ќе трае се додека Владата постои без разлика дали ВМРО - ДПМНЕ и оваа коалиција ја предводи или некој друг.
Внимаваме во законските решенија да нема прекршувања, за да може овој процес да заврши со што е можно помалку лузни. Да имаме процес во кој нема да биде оштетен буџетот, а преку буџетот вие граѓаните. Ако во минатото се правеше чистка при промена на власт, спротивно на закон, беше леле видете ги овие колку се лоши прават чиста, партизација итн. Сега одиме полека вниманавме да не прекршиме закон, затоа што тие ќе тужат па ќе добијат, па вие граѓаните ќе треба да плаќате затоа сме толку бавни, нагласи Мицкоски по пуштањето во употреба на доградба на градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.
Како пример го посочи разместувањето на вработени во МВР за што сега државата плаќа 25 милиони евра.
Тужеле, добиле и не само што ги враќаат на старите работни места, туку и вие граѓаните од данокот што го плаќате враќате затоа што некој партиски се реванширал и манифестира хирови. Замислете тој нема кривична одогворност, тој слободно си се шета. додека вие граѓаните плаќаме за неговоите хирови, посочи Мисковски.

The post Мицкоски: Внимаваме да не ги прекршиме законите при смената на директори на институциите appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема слух за потребите на граѓаните, изборите се избор од оваа ситуација https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-vladata-nema-sluh-za-potrebite-na-graganite-izborite-se-izbor-od-ovaa-situatsija/ Mon, 05 Jun 2023 08:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=647898

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на средбата со жителите при посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека е се поочигледно дека уставните измени нема да успеат и треба да се разговара што после тоа.

После неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација, порача Ковачки.

Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при теренски посети беше во населените места Нерав, Мождивњак, Конопица, Мартиница, Градец каде потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ нема недостапни, небитни населени места.

Тим на ВМРО-ДПМНЕ е во село Нерав на 1.200 метри надморска височина, кажавме дека за нас, за ВМРО-ДПМНЕ нема небитни места, нема оддалечени места или нема недостапни и мали места. Нашето мото, нашата визија е Македонија за сите луѓе и тоа го покажуваме и денеска. Овдека луѓето живеат со сериозни проблеми од инфраструктурен карактер, патот им е руиниран и нема скоро основни услови за живот, рече тој.

Петрушевски потсети дека власта целосно го има изгубено допирот со реалноста и со проблемите на граѓаните во населените места во Крива Паланка.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, каде рече дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина.

Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ.

Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола беше во посета на општина Новаци каде потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која од секогаш се грижела за македонските национални интереси и така ќе биде и во иднина.

Не постои друга партија која се грижела за македонските национални интереси во историјата, така ќе биде и во иднина. Ќе издржиме уште малку, ова предавничка, расипничка, ова криминална банда што побргу да ја напушти државата. Тука има млади луѓе гледате секаде каде што одиме сме придружувани од млад свет, тие треба да останат овде, да бидат заедно со нас, истакна Коњановски.

-Луѓето овде страдаат затоа што владата нема слух за нивните проблеми, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населените места Кучешино, Бурилчево, Чешиново, Облешево, Бања, Соколарци и Жиганци во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Лефков посочи дека луѓето од изборната единица 3 се соочуваат со проблеми за откуп на оризот, како и со наводнување па токму поради тоа сеидбата на ориз годинава доцни, укажувајќи дека како пратеничка група ан ВМРО-ДПМНЕ поднесувале бројни амандмани во делот на инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи но сите биле одбиени од страна на власта бидејќи како што рече парите им треба за бизнис интереси.

Луѓето имаат проблем со субвенциите, имаат проблем со откупот на оризот, а година имаа бројни проблеми со наводнувањето и затоа сеидбата им доцни. Да не зборуваме за проблемите со инфраструктурата затоа што оваа општина зафаќа голема територија, 14 населени места од кои што само едно има водовод и канализација. Останатите или немаат водовод или немаат канализација. На нашите предлог амандмани за инвестирање од државниот буџет во собранието, сите до еден беа одбиени, затоа што парите најверојатно им требаа за бизнис интересите на Артан Груби и тесна клика на луѓе околу нив, додаде тој.

-Граѓаните се жалат на централната власт, предводена од СДС и ДУИ, порача Ели Панова пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Самоилово, Смоларе, Колешино и Зубово во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.Пановa истакна дека граѓаните на средбата ја прашуваат за уставните измени, укажувајќи дека таа го кажува ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени.

-Она за кое што сакааат да зборуваат се токму уставните измени и дали тоа сето има шанса да помине. Она кое што го добиваат како договор од нас е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да гласаат за уставни измени. А исто така ги коментираат и поканите за лидерски средби и дали воопшто има потреба да се зборува за уставни измени на таква лидерска средба.

Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени „ставени сме некаде во фиока“ и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби како и во инфраструктурата и образованието.

-Нема поддршка ниту за земјоделците, ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, кажа Илиеска.

Пратеникот Мирче Аџиоски ги посети населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник,Шурленци каде побара Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори каде ќе увиди што мислат граѓаните за него и СДС и целата влада.

Ковчевски нека прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот какви се за него и за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ, порача Аџиоски.

 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема слух за потребите на граѓаните, изборите се избор од оваа ситуација appeared first on Република.

]]>

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на средбата со жителите при посета во населените места Смојмирово, Русиново во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ истакна дека е се поочигледно дека уставните измени нема да успеат и треба да се разговара што после тоа.
После неуспехот на уставните измени Македонија ќе западне во политичка криза. Македонија мора да најде начин да излезе од оваа ситуација, порача Ковачки.
Бране Петрушевски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при теренски посети беше во населените места Нерав, Мождивњак, Конопица, Мартиница, Градец каде потенцираше дека за ВМРО-ДПМНЕ нема недостапни, небитни населени места.
Тим на ВМРО-ДПМНЕ е во село Нерав на 1.200 метри надморска височина, кажавме дека за нас, за ВМРО-ДПМНЕ нема небитни места, нема оддалечени места или нема недостапни и мали места. Нашето мото, нашата визија е Македонија за сите луѓе и тоа го покажуваме и денеска. Овдека луѓето живеат со сериозни проблеми од инфраструктурен карактер, патот им е руиниран и нема скоро основни услови за живот, рече тој.
Петрушевски потсети дека власта целосно го има изгубено допирот со реалноста и со проблемите на граѓаните во населените места во Крива Паланка. Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ ги посети населените места Чифлик, Долно Коњари и Средно Коњари во општина Петровец, каде рече дека разочараноста на граѓаните од овие населени места доаѓа поради однесувањето на централната власт и одбивањето на сите амандмани во Собранието за поддршка на оваа општина. Критиките постојано се за она што се случува за централно ниво, критиките се зошто пратениците во Собранието кога поднесуваат амандмани за поддршка на општина Петровец, тие амандмани секогаш се одбивани, потенцираше Љутков и додаде дека поради ваквата состојба граѓаните со нетрпение ги чекаат изборите за својата поддршка да ја дадат на ВМРО-ДПМНЕ. Тони Коњановски, градоначалник на општина Битола беше во посета на општина Новаци каде потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која од секогаш се грижела за македонските национални интереси и така ќе биде и во иднина.
Не постои друга партија која се грижела за македонските национални интереси во историјата, така ќе биде и во иднина. Ќе издржиме уште малку, ова предавничка, расипничка, ова криминална банда што побргу да ја напушти државата. Тука има млади луѓе гледате секаде каде што одиме сме придружувани од млад свет, тие треба да останат овде, да бидат заедно со нас, истакна Коњановски.
-Луѓето овде страдаат затоа што владата нема слух за нивните проблеми, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при посета на населените места Кучешино, Бурилчево, Чешиново, Облешево, Бања, Соколарци и Жиганци во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“. Лефков посочи дека луѓето од изборната единица 3 се соочуваат со проблеми за откуп на оризот, како и со наводнување па токму поради тоа сеидбата на ориз годинава доцни, укажувајќи дека како пратеничка група ан ВМРО-ДПМНЕ поднесувале бројни амандмани во делот на инфраструктура за изградба и реконструкција на водоводни и канализациони мрежи но сите биле одбиени од страна на власта бидејќи како што рече парите им треба за бизнис интереси.
Луѓето имаат проблем со субвенциите, имаат проблем со откупот на оризот, а година имаа бројни проблеми со наводнувањето и затоа сеидбата им доцни. Да не зборуваме за проблемите со инфраструктурата затоа што оваа општина зафаќа голема територија, 14 населени места од кои што само едно има водовод и канализација. Останатите или немаат водовод или немаат канализација. На нашите предлог амандмани за инвестирање од државниот буџет во собранието, сите до еден беа одбиени, затоа што парите најверојатно им требаа за бизнис интересите на Артан Груби и тесна клика на луѓе околу нив, додаде тој.
-Граѓаните се жалат на централната власт, предводена од СДС и ДУИ, порача Ели Панова пратеничка и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на средба со жителите на Самоилово, Смоларе, Колешино и Зубово во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.Пановa истакна дека граѓаните на средбата ја прашуваат за уставните измени, укажувајќи дека таа го кажува ставот на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени. -Она за кое што сакааат да зборуваат се токму уставните измени и дали тоа сето има шанса да помине. Она кое што го добиваат како договор од нас е дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да гласаат за уставни измени. А исто така ги коментираат и поканите за лидерски средби и дали воопшто има потреба да се зборува за уставни измени на таква лидерска средба.
Бевме во посета на Казандол, Грчиште, Собри, Дедели и Башибос. Народот со иста порака, вели дека се заборавени „ставени сме некаде во фиока“ и тоа имавме можност да го слушнеме, истакна Анастасија Илиеска при теренските активности кои ги организира ВМРО-ДПМНЕ. Таа порача дека власта не дава поддршка за земјоделците, за лицата со социјални потреби како и во инфраструктурата и образованието.
-Нема поддршка ниту за земјоделците, ниту за лицата со социјални потреби, нема поддршка во образованието, нема инфрастуктура, кажа Илиеска. Пратеникот Мирче Аџиоски ги посети населените места Езерани, Царев Двор, Дрмени, Лавци,Перово, Волкодери, Покрвеник,Шурленци каде побара Ковачевски да прифати предвремени парламентарни избори каде ќе увиди што мислат граѓаните за него и СДС и целата влада.
Ковчевски нека прифати предвремени избори и да го слушне мислењето од народот какви се за него и за работата на оваа влада на СДСМ и ДУИ, порача Аџиоски.
 

The post ВМРО-ДПМНЕ: Владата нема слух за потребите на граѓаните, изборите се избор од оваа ситуација appeared first on Република.

]]>
ДЗС денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови: Мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода брзо се трошат https://republika.mk/vesti/makedonija/dzs-deneska-ke-se-donese-odluka-za-smena-na-makedonskite-spasuvachki-timovi-misijata-e-istsrpuvachka-rezervite-na-hrana-voda-brzo-se-troshat/ Mon, 13 Feb 2023 10:26:42 +0000 https://republika.mk/?p=608336

Дирекцијата за заштита и спасување најави дека денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови кои оперираат во Труција. Од дирекцијата велат мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода и друга логистика брзо се трошат.

Вчерашниот ден нашите спасувачки тимови го одбележаа со уште една успешна акција во која беше спасено десетгодишно девојче кое под урнатините успеа да преживее седум дена.

За Телма за целиот настан просведочи тетовскиот алпинист Надир Мурсели кој заедно со турските спасувачки тимови учествува во акциите во Караманмараш.

The post ДЗС денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови: Мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода брзо се трошат appeared first on Република.

]]>

Дирекцијата за заштита и спасување најави дека денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови кои оперираат во Труција. Од дирекцијата велат мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода и друга логистика брзо се трошат. Вчерашниот ден нашите спасувачки тимови го одбележаа со уште една успешна акција во која беше спасено десетгодишно девојче кое под урнатините успеа да преживее седум дена. За Телма за целиот настан просведочи тетовскиот алпинист Надир Мурсели кој заедно со турските спасувачки тимови учествува во акциите во Караманмараш.

The post ДЗС денеска ќе се донесе одлука за смена на македонските спасувачки тимови: Мисијата е исцрпувачка, резервите на храна, вода брзо се трошат appeared first on Република.

]]>
Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции https://republika.mk/vesti/svet/zelenski-go-smeni-komandantot-na-silite-za-specijalni-operacii/ Mon, 25 Jul 2022 20:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=533174

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството.

Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс.

Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина.

Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас.

Причината за неговата смена се уште не се наведува.

The post Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции appeared first on Република.

]]>

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, го смени Хрихориј Халахан, командантот на силите за специјални операции на украинската армија, со декрет објавен денеска на веб-страницата на Претседателството. Со уште еден декрет од Зеленски, генералот Виктор Хоренко е назначен за нов командант за специјални операции, пренесе Тасс. Генерал мајорот Халахан (44) беше командант на силите за специјални операции на украинската армија во Доњецк и Луганс од август 2020 година. Пред тоа, тој беше прв заменик началник на Центарот за специјални антитерористички операции на Службата за безбедност на Украина. Од 2014 до 2019 година учествуваше во операции во Донбас. Причината за неговата смена се уште не се наведува.

The post Зеленски го смени командантот на силите за специјални операции appeared first on Република.

]]>