смарт табла Archives - Република https://republika.mk/tema/smart-tabla/ За подобро да се разбереме Fri, 06 May 2022 13:36:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смарт табла Archives - Република https://republika.mk/tema/smart-tabla/ 32 32 Сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со смарт табли https://republika.mk/vesti/skopje/site-osnovni-uchilishta-vo-kisela-voda-se-opremeni-so-smart-tabli/ Fri, 06 May 2022 13:36:29 +0000 https://republika.mk/?p=498637

Сите основни училишта во кои се изведува воспитно образовниот процес на територија на Општина Кисела Вода се опремени со смарт табли, информираат од оваа скопска општина.

Заедно со директорот на Центарот за скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски го посетивме училиштето ,,Круме Кепески“. Тоа е едно од училиштата што доби смарт табли преку проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода - вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Од Општината велат дека, со обезбедените 16 кои веќе се користат во наставниот процес, сега веќе сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли.

Осовременувањето на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини е поставено високо во приоритетите на општина Кисела Вода. Затоа, сакам да се заблагодарам на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и на директорот на оваа институција, Љупчо Кец Мицковски кои го овозможија проектот за обезбедување на дополнителен број на дигитални табли во општинските училишта. Истиот, започна токму во Кисела Вода и значи унапредување на наставниот процес во сите училишни објекти во општина Кисела Вода. Со оваа донација од16 смарт табли, сега истите се опремени со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори – додава Ѓорѓиевски.

Проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ се спроведуваше во изминатите два месеци. Носител на проектот е Центар за развој на Скопски плански регион, кој со финасиски поддршка од Владата, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, овозможи снабдувањето со 54 дигитални табли во вкупно 27 училишта во трите споменати општини.

The post Сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со смарт табли appeared first on Република.

]]>