смарт аеродром Archives - Република https://republika.mk/tema/smart-aerodrom/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Jun 2023 16:25:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png смарт аеродром Archives - Република https://republika.mk/tema/smart-aerodrom/ 32 32 Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – иновативни решенија кои носат директни придобивки за граѓаните https://republika.mk/vesti/skopje/aerodrom-stanuva-prvata-smart-opshtina-vo-makedonija-inovativni-reshenija-koi-nosat-direktni-pridobivki-za-graganite/ Thu, 08 Jun 2023 12:39:45 +0000 https://republika.mk/?p=649268

Паметни светилки низ целата општина кои треба да го решат проблемот со осветлувањето во Аеродром и да влијаат на заштедата на електрична енергија, електрични тротинети и велосипеди кои ќе ја зголемат мобилноста на граѓаните, а со тоа и кон намалување на загадувањето, дигитални дисплеи преку кои граѓаните ќе се информираат за работата на општината, бесплатни зони за интернет и полначи за електрични автомобили, се само дел од придобивките за граѓаните на Аеродром кои ги предвидува проектот „Смарт Аеродром“. Освен тоа, тој ќе влијае и на остварување на останатите приоритети преку подигнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, придонес за почиста и позелена општина и директното влијание кое „Смарт Аеродром“ ќе го има на квалитетот на живеењето во општината.

Градоначалникот Тимчо Муцунски на прес конференција истакна дека откако Советот ќе донесе одлука, Општина Аеродром ќе објави јавен повик за избор на стратешки партнер кој ќе има обврски преку јавно – приватно партнерство да го спроведе проектот. Тој нагласи дека трошоците за имплементација на „Смарт Аеродром“ во целост ќе ги сноси приватната компанија која ќе го имплементира проектот, а Општина Аеродром освен што нема да има финансиски импликации, туку ќе оствари заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на средства.

Проектот „Смарт Аеродром“ претставува реализација на ветување дадено во изборната програма и истиот е значаен исчекор напред за граѓаните и нашата општина, покажувајќи ја решеноста за прифаќање на новите технологии и одржливи практики во насока на подигнување на квалитетот на живеење. Со имплементирање на овие иновативни решенија, го отвораме патот за посветла иднина во Аеродром – иднина каде технологијата, одржливоста и поврзувањето се спојуваат во еден проект кој пред се ќе донесе низа бенефити за граѓаните, а потоа ќе донесе технолошки напредна општина со која сите ќе се гордееме. „Смарт Аеродром“ е сеопфатен напор за беспрекорно интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење, а воедно е и проект кој се имплементира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром.

По успешното завршување на повикот за воспоставување на јавно – приватно партнерство официјално ќе му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со завршување на имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина подготвена за иднината.

The post Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – иновативни решенија кои носат директни придобивки за граѓаните appeared first on Република.

]]>

Паметни светилки низ целата општина кои треба да го решат проблемот со осветлувањето во Аеродром и да влијаат на заштедата на електрична енергија, електрични тротинети и велосипеди кои ќе ја зголемат мобилноста на граѓаните, а со тоа и кон намалување на загадувањето, дигитални дисплеи преку кои граѓаните ќе се информираат за работата на општината, бесплатни зони за интернет и полначи за електрични автомобили, се само дел од придобивките за граѓаните на Аеродром кои ги предвидува проектот „Смарт Аеродром“. Освен тоа, тој ќе влијае и на остварување на останатите приоритети преку подигнување на безбедноста и сигурноста на граѓаните, придонес за почиста и позелена општина и директното влијание кое „Смарт Аеродром“ ќе го има на квалитетот на живеењето во општината. Градоначалникот Тимчо Муцунски на прес конференција истакна дека откако Советот ќе донесе одлука, Општина Аеродром ќе објави јавен повик за избор на стратешки партнер кој ќе има обврски преку јавно – приватно партнерство да го спроведе проектот. Тој нагласи дека трошоците за имплементација на „Смарт Аеродром“ во целост ќе ги сноси приватната компанија која ќе го имплементира проектот, а Општина Аеродром освен што нема да има финансиски импликации, туку ќе оствари заштеда на електрична енергија, а со тоа и заштеда на средства. Проектот „Смарт Аеродром“ претставува реализација на ветување дадено во изборната програма и истиот е значаен исчекор напред за граѓаните и нашата општина, покажувајќи ја решеноста за прифаќање на новите технологии и одржливи практики во насока на подигнување на квалитетот на живеење. Со имплементирање на овие иновативни решенија, го отвораме патот за посветла иднина во Аеродром – иднина каде технологијата, одржливоста и поврзувањето се спојуваат во еден проект кој пред се ќе донесе низа бенефити за граѓаните, а потоа ќе донесе технолошки напредна општина со која сите ќе се гордееме. „Смарт Аеродром“ е сеопфатен напор за беспрекорно интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење, а воедно е и проект кој се имплементира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром. По успешното завршување на повикот за воспоставување на јавно – приватно партнерство официјално ќе му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со завршување на имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина подготвена за иднината.

The post Аеродром станува првата смарт-општина во Македонија – иновативни решенија кои носат директни придобивки за граѓаните appeared first on Република.

]]>
Започнува имплементацијата на проектот „Смарт Аеродром“: Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет https://republika.mk/vesti/skopje/zapochnuva-implementatsijata-na-proektot-smart-aerodrom-elektrichni-velosipedi-i-trotineti-pametno-osvetluvane-besplaten-internet/ Mon, 05 Jun 2023 10:45:01 +0000 https://republika.mk/?p=647990

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, утрово на прес конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер, ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании кои ги исполнуваат дадените услови.

Проектот „Смарт Аеродром“ претставува сеопфатен напор за интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење. „Смарт Аеродром“ е проект кој е важен технолошки исчекор напред, проект во чии рамки се пресретнуваат технологија и одржливоста, а се реализира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром.

Зборувајќи за придобивките од проектот, Муцунски на денешната прес-конференција потенцираше дека станува збор за проект кој сериозно ќе го смени ликот на средината, ќе влијае на зголемување на безбедноста и сигурноста, ќе придонесе за ефикасна потрошувачка и заштеда на средства, ќе овозможи олеснет пристап до информации, ќе имплементира одржливи транспортни решенија и ќе придонесе на подобрување на економскиот раст и иновативноста на локално ниво.

Физибилити студијата, предвидува компанијата која ќе биде избрана како партнер на Општина Аеродром да има обврска да имплементира смарт (штедливо) осветлување на територијата на целата општина што сериозно ќе влијае на заштедата на средства за електрична енергија и ќе биде одговор на зачестените забелешки за постоечкиот систем за осветлување кој е застарен и нефункционален. Дополнително, се предвидува компанијата да постави информативни и комерцијални дигитални дисплеи или т.н. тотеми кои општината ќе има право да ги користи за информирање на граѓаните; да нуди ефикасни услуги за изнајмување електрични велосипеди и електрични тротинети кои ќе може да ги користат граѓаните, да постави полначи за електрични автомобили на локации во Аеродром и да формира т.н. хотспот точки со бесплатен безжичен интернет.

Kомпанијата која ќе биде стратешки партнер на Општина Аеродром во реализацијата на овој проект ќе има обврска целосно да го финансира и одржува целиот проект, а Општина Аеродром, освен што нема да има никакви директни трошоци за негова реализација, туку и преку намалување на потрошувачката на електрична енергија, сериозно ќе ги намали трошоците и ќе оствари заштеда на средства од буџетот.

„Убеден сум дека по успешното завршување на повикот и воспоставување на јавно – приватно партнерство ќе може официјално да му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина, како и вистински пример на локална самоуправа која поддржува иновации и промовира одржливост“, заклучи Муцунски во своето обраќање.

 

The post Започнува имплементацијата на проектот „Смарт Аеродром“: Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски, утрово на прес конференција ги објави деталите за проектот „Смарт Аеродром“, кој како што најави, ќе биде визионерски потфат што ќе ја искористи моќта на технологијата за да создаде поповрзана, одржлива и помодерна општина. Тој најави дека веднаш откако Советот на Општина Аеродром ќе донесе одлука, преку јавен повик за избор на партнер, ќе биде воспоставено јавно-приватно партнерство со кое ќе се реализира овој проект. На јавниот повик ќе може да аплицираат сите заинтересирани компании кои ги исполнуваат дадените услови. Проектот „Смарт Аеродром“ претставува сеопфатен напор за интегрирање на напредните технологии во нашата општина, во насока на подобрување на различните аспекти на секојдневното живеење. „Смарт Аеродром“ е проект кој е важен технолошки исчекор напред, проект во чии рамки се пресретнуваат технологија и одржливоста, а се реализира за првпат во Македонија, токму во општината Аеродром. Зборувајќи за придобивките од проектот, Муцунски на денешната прес-конференција потенцираше дека станува збор за проект кој сериозно ќе го смени ликот на средината, ќе влијае на зголемување на безбедноста и сигурноста, ќе придонесе за ефикасна потрошувачка и заштеда на средства, ќе овозможи олеснет пристап до информации, ќе имплементира одржливи транспортни решенија и ќе придонесе на подобрување на економскиот раст и иновативноста на локално ниво. Физибилити студијата, предвидува компанијата која ќе биде избрана како партнер на Општина Аеродром да има обврска да имплементира смарт (штедливо) осветлување на територијата на целата општина што сериозно ќе влијае на заштедата на средства за електрична енергија и ќе биде одговор на зачестените забелешки за постоечкиот систем за осветлување кој е застарен и нефункционален. Дополнително, се предвидува компанијата да постави информативни и комерцијални дигитални дисплеи или т.н. тотеми кои општината ќе има право да ги користи за информирање на граѓаните; да нуди ефикасни услуги за изнајмување електрични велосипеди и електрични тротинети кои ќе може да ги користат граѓаните, да постави полначи за електрични автомобили на локации во Аеродром и да формира т.н. хотспот точки со бесплатен безжичен интернет. Kомпанијата која ќе биде стратешки партнер на Општина Аеродром во реализацијата на овој проект ќе има обврска целосно да го финансира и одржува целиот проект, а Општина Аеродром, освен што нема да има никакви директни трошоци за негова реализација, туку и преку намалување на потрошувачката на електрична енергија, сериозно ќе ги намали трошоците и ќе оствари заштеда на средства од буџетот. „Убеден сум дека по успешното завршување на повикот и воспоставување на јавно – приватно партнерство ќе може официјално да му посакаме добредојде на проектот кој ќе даде една нова енергија на иднината и живеењето во нашата општина. Со имплементацијата на проектот, Општина Аеродром ќе стане првата високотехнолошка и паметна општина, како и вистински пример на локална самоуправа која поддржува иновации и промовира одржливост“, заклучи Муцунски во своето обраќање.  

The post Започнува имплементацијата на проектот „Смарт Аеродром“: Електрични велосипеди и тротинети, паметно осветлување, бесплатен интернет appeared first on Република.

]]>