случајот Онишченко Archives - Република https://republika.mk/tema/sluchajot-onishchenko/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Jan 2023 08:19:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случајот Онишченко Archives - Република https://republika.mk/tema/sluchajot-onishchenko/ 32 32 Криминалците со македонски пасоши лани или беа убиени или им се губи трагaта https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kriminaltsite-so-makedonski-pasoshi-lani-ili-bea-ubieni-ili-im-se-gubi-tragata/ Fri, 13 Jan 2023 12:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=594211

Македонија и изминатава година беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош. Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок.

Последен случај со вакви типови се случи на преминот Блаце каде е пуштен да избега Сокол Бибај, албански државјанин со потерница поради поседување на лажен македонски пасош со украден идентитет. Бибај имал пасош со име Андон Папи којшто е откриен во рамките за случајот „Двојник“ според кои 215 криминалци добија македонски патни исправи.

Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин, но по пристисокот од јавноста, и посебно од амбасадата на САД решија да почнат постапка за одземање на пасошот.

Друг „свеж“ случај е Љубомир Лаиновиќ. За него македонската јавност и немаше да знае доколку не беше судењето за кланот на Веља невоља. Заштитениот сведок Срѓан Лалиќ откри дека Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година биле убиени токму од Љубомир Лаиновиќ.

Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.Лалиќ пред неколку денови за прв пат откри дека Лаиновиќ имал македонски пасош на име Зоран Сотир.

За егзекуцијата на Дедовиќ и Стаматовиќ во ресторанот во Атина како награда Лаиновиќ добил Ролекс часовник и БМВ.

Лаиновиќ -или на македонски Сотир е добро познат лик во криминалните кругови во Србија. Тој потекнува од Нови Сад а специјалност му е пукање со снајпер. Неговиот татко Бранислав во деведсеттите години беше еден од главните мафијаши во Србија.

На Лаиновиќ помладиот по земањето на македонски пасош му се губи секаква трага и најверојатно се наоѓа на Косово.

Македонското МВР може да здивне затоа што овие мафијаши се убиваат меѓусебно или се на непозната локација. Во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл.


Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел.

Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот.

Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев.

Каде се наоѓаат останатите од првата лига „Македонци“ како Седат Пекер, ликвидаторот на Кавачкиот клан Стефан Ѓукиќ, Луис Волина косовски нарко бос, како и водачот на италијанската мафија Ндрангета, Валид Иса Хмаис никој не знае.

Можеби се живи, но можеби и во стилот на песната на Балашевиќ „со ангелите на врвот на небото играат покер и преферанс“.

The post Криминалците со македонски пасоши лани или беа убиени или им се губи трагaта appeared first on Република.

]]>

Македонија и изминатава година беше омилена земја од која криминалците и нарко клановите сакаат да имаат пасош. Секако, тие не го сакаа нашиот пасош бидејќи со него можат лесно да патуваат туку до него лесно доаѓаа. На некому дури и им пристигнувале на домашна адреса како божиќен подарок. Последен случај со вакви типови се случи на преминот Блаце каде е пуштен да избега Сокол Бибај, албански државјанин со потерница поради поседување на лажен македонски пасош со украден идентитет. Бибај имал пасош со име Андон Папи којшто е откриен во рамките за случајот „Двојник“ според кои 215 криминалци добија македонски патни исправи. Тука е украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко. Овој репрезентативец на Македонија во коњички спорт има тесни врски со Русија најпрво доби позитвни оценки од неколку инститции дека нема пречки да стане македонски државјанин, но по пристисокот од јавноста, и посебно од амбасадата на САД решија да почнат постапка за одземање на пасошот. Друг „свеж“ случај е Љубомир Лаиновиќ. За него македонската јавност и немаше да знае доколку не беше судењето за кланот на Веља невоља. Заштитениот сведок Срѓан Лалиќ откри дека Шкаљарците Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во 2019 година биле убиени токму од Љубомир Лаиновиќ. Игор Дедовиќ бил Горан Тасевски, а Стаматовиќ Емил Филипов.Лалиќ пред неколку денови за прв пат откри дека Лаиновиќ имал македонски пасош на име Зоран Сотир. За егзекуцијата на Дедовиќ и Стаматовиќ во ресторанот во Атина како награда Лаиновиќ добил Ролекс часовник и БМВ. Лаиновиќ -или на македонски Сотир е добро познат лик во криминалните кругови во Србија. Тој потекнува од Нови Сад а специјалност му е пукање со снајпер. Неговиот татко Бранислав во деведсеттите години беше еден од главните мафијаши во Србија. На Лаиновиќ помладиот по земањето на македонски пасош му се губи секаква трага и најверојатно се наоѓа на Косово. Македонското МВР може да здивне затоа што овие мафијаши се убиваат меѓусебно или се на непозната локација. Во септември беше убиен и Јовица Вукотиќ водачот на Шкаљарскиот клан. Тој беше ликвидиран на автопат во близина на Истанбул од непознато лице кое го следело на мотоцикл. Вукотиќ имаше македонски пасош на име Георги Андонов и со него беше уапсен во Истанбул во 2018 година и екстрадиран во Србија каде што одлежа 15 месеци затвор.Како четири години подоцна пак се нашол во Турција не се знае и чии пасош користел. Турската полиција е уште трага по припадникот на Кавачкиот клан, Жељко Бојаниќ (56) од Котор. Бојаниќ е најблизок соработник на Дарко Шариќ, најголемиот наркобос на Балканот. Бојаниќ е посебен случај бидејќи има не еден туку два македонски пасоши. Еден на име Спиро Аговски и втор со име на украден идентитет на Јордан Белчев. Каде се наоѓаат останатите од првата лига „Македонци“ како Седат Пекер, ликвидаторот на Кавачкиот клан Стефан Ѓукиќ, Луис Волина косовски нарко бос, како и водачот на италијанската мафија Ндрангета, Валид Иса Хмаис никој не знае. Можеби се живи, но можеби и во стилот на песната на Балашевиќ „со ангелите на врвот на небото играат покер и преферанс“.

The post Криминалците со македонски пасоши лани или беа убиени или им се губи трагaта appeared first on Република.

]]>
Пренџов: Од АНБ не информираа за системските пропусти во врска со Онишченко https://republika.mk/vesti/makedonija/prendhov-od-anb-ne-informiraa-za-sistemskite-propusti-vo-vrska-so-onishchenko/ Tue, 27 Dec 2022 15:38:39 +0000 https://republika.mk/?p=590642

Со оглед на доверливоста на информациите, од Агенцијата за национална безбедност не информираа за определени системски пропусти и со дел од законските решенија во врска со случајот Онишченко. Добивме еден редослед на тоа што се случувало, од објавувањето од страна на медиумите се до денеска, изјави денеска претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов по завршување на седницата.

Тој напомена дека првата седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање била поврзана со прашањето на Онишченко, а втората за информацијата која што како опозиција ја побарале од страна на АНБ, за тоа што Агенцијата презела во врска со дојавите за бомби во училиштата и јавните објекти.

Во однос на случајот со Онишченко, денеска се појави директорот на АНБ, кој пред неколку дена се извини што претходно не можел да присуствува. Во нормална демократија, пратениците прашуваат, а директорите одговараат. Како членка на НАТО, транспарентноста кон народните избраници мора да биде на ниво и тоа не прави да бидеме демократска држава. Таа седница беше затворена на степен на државна тајна, највисок степен на доверливост, изјави Пренџов.

Тој потенцираше дека од страна на директорот на Агенцијата на седницата биле презентирани определени активности што ги имала Агенцијата изминатиот период, односно од период кога новинарите ја открија аферата со Онишченко.

Генерално, добивме определени информации. Како претседател на на Комисијата, загрижен сум за тоа што АНБ, а и претходно со други имиња континуирано ги полни насловите на медиумите со негативности и сметам дека конечно мора да ставиме крај на тоа. Конечно таму мора да има ред, професионализам и да биде вистински чувар на државата, рече Пренџов.

Тој додаде дека информациите што ги добиле денеска ќе бидат доставени набрзо до Владата.

Новиот директор на АНБ Зарко Милошевски денеска по завршување на седницата рече дека ги образложил фактите и документите пред Комисијата за овој случај, но дека не може да даде повеќе информации.

Јас ја исполнив својата законска обврска да реферирам по однос на случајот Онишленко пред Комисијата. Детално ги образложив фактите и докуменитте кои беа презентирани пред Комисијата. Со оглед на тоа што се работеше за сензитивна материја од строго доверлив карактер, не можам да дадам повеќе информации, изјави Милошевски.

Инаку, украинскиот државјанин Онишченко кој се наоѓа на „црната листа“ на САД, доби македонско државјанство. Владата по објавувањето на аферата, ја поништи одлуката за доделување на државјанство.

Покрај случајот Онишченко, денеска на посебна седница членовите на собраниската Комисија беа информирани и за дојавите за бомби во училиштата и во јавните објекти.

The post Пренџов: Од АНБ не информираа за системските пропусти во врска со Онишченко appeared first on Република.

]]>

Со оглед на доверливоста на информациите, од Агенцијата за национална безбедност не информираа за определени системски пропусти и со дел од законските решенија во врска со случајот Онишченко. Добивме еден редослед на тоа што се случувало, од објавувањето од страна на медиумите се до денеска, изјави денеска претседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, Љупчо Пренџов по завршување на седницата. Тој напомена дека првата седница на Комисијата за надзор над работата на АНБ и Агенцијата за разузнавање била поврзана со прашањето на Онишченко, а втората за информацијата која што како опозиција ја побарале од страна на АНБ, за тоа што Агенцијата презела во врска со дојавите за бомби во училиштата и јавните објекти.
Во однос на случајот со Онишченко, денеска се појави директорот на АНБ, кој пред неколку дена се извини што претходно не можел да присуствува. Во нормална демократија, пратениците прашуваат, а директорите одговараат. Како членка на НАТО, транспарентноста кон народните избраници мора да биде на ниво и тоа не прави да бидеме демократска држава. Таа седница беше затворена на степен на државна тајна, највисок степен на доверливост, изјави Пренџов.
Тој потенцираше дека од страна на директорот на Агенцијата на седницата биле презентирани определени активности што ги имала Агенцијата изминатиот период, односно од период кога новинарите ја открија аферата со Онишченко.
Генерално, добивме определени информации. Како претседател на на Комисијата, загрижен сум за тоа што АНБ, а и претходно со други имиња континуирано ги полни насловите на медиумите со негативности и сметам дека конечно мора да ставиме крај на тоа. Конечно таму мора да има ред, професионализам и да биде вистински чувар на државата, рече Пренџов.
Тој додаде дека информациите што ги добиле денеска ќе бидат доставени набрзо до Владата. Новиот директор на АНБ Зарко Милошевски денеска по завршување на седницата рече дека ги образложил фактите и документите пред Комисијата за овој случај, но дека не може да даде повеќе информации.
Јас ја исполнив својата законска обврска да реферирам по однос на случајот Онишленко пред Комисијата. Детално ги образложив фактите и докуменитте кои беа презентирани пред Комисијата. Со оглед на тоа што се работеше за сензитивна материја од строго доверлив карактер, не можам да дадам повеќе информации, изјави Милошевски.
Инаку, украинскиот државјанин Онишченко кој се наоѓа на „црната листа“ на САД, доби македонско државјанство. Владата по објавувањето на аферата, ја поништи одлуката за доделување на државјанство. Покрај случајот Онишченко, денеска на посебна седница членовите на собраниската Комисија беа информирани и за дојавите за бомби во училиштата и во јавните објекти.

The post Пренџов: Од АНБ не информираа за системските пропусти во врска со Онишченко appeared first on Република.

]]>