случај Талир Archives - Република https://republika.mk/tema/sluchaj-talir/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Nov 2023 14:02:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случај Талир Archives - Република https://republika.mk/tema/sluchaj-talir/ 32 32 Застаре случајот „Талир“ на Миле Јанакиески https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zastare-sluchajot-talir-na-mile-janakieski/ Mon, 27 Nov 2023 14:01:39 +0000 https://republika.mk/?p=716817

Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески.

Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 ноември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка.

Во овој случај Јанакиески се товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.

-  Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ, рече обвинителката.

Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за „перење пари и други приноси“, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина.

Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси“.

The post Застаре случајот „Талир“ на Миле Јанакиески appeared first on Република.

]]>

Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески. Како што информираше судијата Осман Шабани, судот ќе се произнесе за застареност за кривичното дело за обвинетиот Миле Јанакиески на следното рочиште закажано за 11 ноември, а потоа ќе продолжи со главната расправа согласно одредбите на Законот за кривичната постапка. Во овој случај Јанакиески се товари и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. Обвинението за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ го товари и поранешниот партиски лидер и премиер Никола Груевски, кој е во бегство, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ и за „перење пари и други приноси од казниво дело“. За истите две кривични дела е осомничен и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.
-  Согласно измените на Кривичниот законик, за Никола Груевски и Кирил Божиновски за точка 1 од обвинението, постапката предлагаме да продолжи да се води за кривичното дело по член 353 став 5 во врска со став 4 во врска со став 1 од КЗ, рече обвинителката.
Во истиот процес Илија Димовски и Леко Ристоски се обвинети за „перење пари и други приноси“, а за ова дело беше обвинета и Елизабета Чингаровска, која призна вина. Партијата ВМРО-ДПМНЕ, како правно лице, исто така е обвинета за „перење пари и други приноси“.

The post Застаре случајот „Талир“ на Миле Јанакиески appeared first on Република.

]]>
Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! https://republika.mk/vesti/makedonija/vishoto-javno-obvinitelstvo-bara-ukinuvane-na-prvostepenata-presuda-za-talir-2-dali-krivichniot-sud-i-jo-rabotele-po-politichka-narachka/ Fri, 24 Nov 2023 09:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=715722

Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.

 

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир.

Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/
д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.

Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.

Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

The post Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! appeared first on Република.

]]>

Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај во кој се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и да се земат предвид измените на Кривичниот законик. Вишото јавно обвинителство констатира дека Основното направило превид и неправилно ја утврдило фактичката состојба, а згора на тоа направило неколку процесни грешки во првостепената постапка. Направени се серија пропусти, од суштински и формален аспект. Затоа ниту една од страните никогаш не пријавила или не изразила незадовлство во однос на договорот, односно не се чуствувале оштетени.   Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир. Треба да се напомене дека иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Во дописот точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми туку на политички флоскули и обвинувања. https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/ д дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски коментирајќи го овој случај истакна дека поради политички причини партијата се држи во заложништво од политичко-судска спрега со цел да се прави притисок.
Јавниот обвинтел процесот го подели на два дела, односно констатирани се пропустите на пресудата и Обвинтелството во прв степен и измените во КЗ кои не импицираат кон правното лице туку кон лицата кои што се дел од овој процес. Но, мора да бидеме внимателни-објасни Мицкоски во „Само интервју“.
Пресудата за „Талир 2“ Кривичниот суд ја донесе лани во јуни според која поранежниот партиски лидер Никола Груевски и поранешниот генерален секретар на партијата Кирил Божиновски ја искористиле службената положба и овластување и спротивно на законите за политичките партии и за финансирање, овозможиле склучување договор за градење помеѓу партијата и правното лице „АД Бетон“ и противправно прибавиле објект и имотна корист од преку 132 милиони денари. Според првостепената пресуда Груевски доби шест години затвор, Божиновски условна, а судот донесе и одлука за конфискација на партиското седиште на ВМРО ДПМНЕ.

The post Вишото јавно обвинителство бара укинување на првостепената пресуда за „Талир 2“ – дали Кривичниот суд и ЈО работеле по политичка нарачка?! appeared first on Република.

]]>
ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена https://republika.mk/vesti/makedonija/gp-beton-ne-pretrpel-shteta-od-izgradbata-na-shtabot-na-vmro-dpmne-kompanijata-ne-se-smeta-za-oshtetena/ Thu, 23 Nov 2023 19:48:37 +0000 https://republika.mk/?p=715646

 

До нашиот портал пристигнаа документи, за кои свиркачот тврди дека се дел од образложенијата кои адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ги доставил до Апелација, а со кои потполно се негира ставот на Кривичен, според кој случајот Талир требаше да заврши со заплена на седиштето на партијата.

Јасно се гледа дека пресудата на Кривичен во целост се темели на теории и политички ставови, а не на нормативното право.

Во дел од образложението се вели: „Повторно судот погрешно се впушти и во оцена на несразмерноста на договорот и договорените обврски, преку договорените проценти, од објектот, што изведувачот ГП Бетон би го добил како краен резултат од изградените објекти, за што судот заклучува дека договорениот процент е несразмерен, но при тоа заклучокот не го заснова на законски норми, ниту на регулираниот пазар на изградби на недвижности во Македонија.“

https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/

За да продолжи дека:  „Судот во кривичната постапка се впушта во ценење на економските и стопански движења на пазарот на недвижности и градењето во државата, иако за овие околности предвидена е судски заштита, но во граѓанска постапка, во која една од договорените страни пред судот може да иницира постапка за ништовност на ваквиот договор, доколку ценат дека истиот е договорен на нивна штета што видно од исказите на застапниците на ГП Бетон ваквиот став не може да се потврди тука, спротивно истите биле задоволни од склучениот договор, бидејќи се базирал на економски параметри, кои носеле профит.“

Треба да се нотира како што вели нашиот извор дека ГП Бетон во ниту еден момент од постапката, ниту на истрага, ниту во судскиот процес не се сметал себе за оштетена страна или дека претрпел некаква загуба заради договорот со ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот е правен според сите стандарди и партијата добила седиште со клуч на рака, како надомест за вложеното земјиште на кое веќе постоел стар објект – штаб.

Правниците кои ги консултиравме потврдија за нашата редакција, дека договорот е валиден и фер, како за политичката партија, така и за градежната компанија.

The post ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена appeared first on Република.

]]>

  До нашиот портал пристигнаа документи, за кои свиркачот тврди дека се дел од образложенијата кои адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ ги доставил до Апелација, а со кои потполно се негира ставот на Кривичен, според кој случајот Талир требаше да заврши со заплена на седиштето на партијата. Јасно се гледа дека пресудата на Кривичен во целост се темели на теории и политички ставови, а не на нормативното право. Во дел од образложението се вели: „Повторно судот погрешно се впушти и во оцена на несразмерноста на договорот и договорените обврски, преку договорените проценти, од објектот, што изведувачот ГП Бетон би го добил како краен резултат од изградените објекти, за што судот заклучува дека договорениот процент е несразмерен, но при тоа заклучокот не го заснова на законски норми, ниту на регулираниот пазар на изградби на недвижности во Македонија.“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmen-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/ За да продолжи дека:  „Судот во кривичната постапка се впушта во ценење на економските и стопански движења на пазарот на недвижности и градењето во државата, иако за овие околности предвидена е судски заштита, но во граѓанска постапка, во која една од договорените страни пред судот може да иницира постапка за ништовност на ваквиот договор, доколку ценат дека истиот е договорен на нивна штета што видно од исказите на застапниците на ГП Бетон ваквиот став не може да се потврди тука, спротивно истите биле задоволни од склучениот договор, бидејќи се базирал на економски параметри, кои носеле профит.“ Треба да се нотира како што вели нашиот извор дека ГП Бетон во ниту еден момент од постапката, ниту на истрага, ниту во судскиот процес не се сметал себе за оштетена страна или дека претрпел некаква загуба заради договорот со ВМРО-ДПМНЕ. Договорот е правен според сите стандарди и партијата добила седиште со клуч на рака, како надомест за вложеното земјиште на кое веќе постоел стар објект – штаб. Правниците кои ги консултиравме потврдија за нашата редакција, дека договорот е валиден и фер, како за политичката партија, така и за градежната компанија.

The post ГП Бетон не претрпел штета од изградбата на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, компанијата не се смета за оштетена appeared first on Република.

]]>
Доказите излегуваат на површина, ВМРО-ДПМНЕ е неправедно обвинета во Талир https://republika.mk/vesti/makedonija/dokazite-izleguvaat-na-povrshina-vmro-dpmne-e-nepravedno-obvineta-vo-talir/ Thu, 23 Nov 2023 17:36:20 +0000 https://republika.mk/?p=715605

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир.

Имено, иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата.

Од она кое што пристигна до нас, е допис во кој точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми, за кои уште на самиот почеток истакнатите правници велеа дека целиот случај се базира на политички флоскули и обвинувања, а не на законските норми и одредби.

Од дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија.

Имено под терминот јавни услуги се подразбираат услуги кои ги дава одредено правно лице, а претставуваат услуги кои а одреден надоместок ги извршуваат наместо државата. Како што се пренос на електрична енергија, гас, вода, одредени транспортни услуги, но не и изградба на објект.

Од изведените докази не може да се потврди дека ГП Бетон врши јавни услуги, ниту дека биле ангажирани од државен орган или орган од локалната самоуправа за вршење на јавни услуги од кои од причини ниту во конкретниот настан ниту може да се заклучи дека политичката партија го прекршила член 20 од Законот за финансирање на политички партии, односно изградбата на објектот на начин спроведен согласно Статутот и извршен од страна ГП Бетон не може да го подведеме како забранет и спротивен на законските и под законските норми, стои меѓу другото во образложението на предлог на адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ до второстепениот суд.

Истовремено, во диспозитивот на судот не е јасно за кои забрани во насока дека политичките партии не можат да стекнуваат други видови приходи освен таксативно наброените во член 19 став 2 од Законот за финансирање на политички партии, ова бидејќи склучените договори не може да се ценат како забранети и начинот на кој партијата ВМРО-ДПМНЕ го зголемила својот имот искористувајќи ја вредноста од имотот над кои имале сопственост и истиот е искористен во остварување на целите и остварување на активностите утврдени со Статутот на партијата и со член 6 од закон за финансирање на политички партии, и не е во спротивност на член 3 од истиот.

Како што сугерира нивното име под дефиниција не профитни организации немаат за цел да остварат профит преку обезбедување на услуги или продавање производи.

Целта на нивното постоење е задоволување на општо корисни цели и секоја добивка која што непрофитната организација ја остварува од неповрзани економски активности може да се користи само за постигнување на легитимни цели утврдени со Статутот и закон што е во согласност со член 2 од Законот за политички партии.

The post Доказите излегуваат на површина, ВМРО-ДПМНЕ е неправедно обвинета во Талир appeared first on Република.

]]>

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир. Имено, иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Од она кое што пристигна до нас, е допис во кој точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз постоечки правни норми, за кои уште на самиот почеток истакнатите правници велеа дека целиот случај се базира на политички флоскули и обвинувања, а не на законските норми и одредби. Од дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Имено, судот а по предлог на Јавното обвинителство пресудува дека ГП Бетон врши јавни услуги и заради тоа не можел да склучи договор со политичка партија. Имено под терминот јавни услуги се подразбираат услуги кои ги дава одредено правно лице, а претставуваат услуги кои а одреден надоместок ги извршуваат наместо државата. Како што се пренос на електрична енергија, гас, вода, одредени транспортни услуги, но не и изградба на објект. Од изведените докази не може да се потврди дека ГП Бетон врши јавни услуги, ниту дека биле ангажирани од државен орган или орган од локалната самоуправа за вршење на јавни услуги од кои од причини ниту во конкретниот настан ниту може да се заклучи дека политичката партија го прекршила член 20 од Законот за финансирање на политички партии, односно изградбата на објектот на начин спроведен согласно Статутот и извршен од страна ГП Бетон не може да го подведеме како забранет и спротивен на законските и под законските норми, стои меѓу другото во образложението на предлог на адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ до второстепениот суд. Истовремено, во диспозитивот на судот не е јасно за кои забрани во насока дека политичките партии не можат да стекнуваат други видови приходи освен таксативно наброените во член 19 став 2 од Законот за финансирање на политички партии, ова бидејќи склучените договори не може да се ценат како забранети и начинот на кој партијата ВМРО-ДПМНЕ го зголемила својот имот искористувајќи ја вредноста од имотот над кои имале сопственост и истиот е искористен во остварување на целите и остварување на активностите утврдени со Статутот на партијата и со член 6 од закон за финансирање на политички партии, и не е во спротивност на член 3 од истиот. Како што сугерира нивното име под дефиниција не профитни организации немаат за цел да остварат профит преку обезбедување на услуги или продавање производи. Целта на нивното постоење е задоволување на општо корисни цели и секоја добивка која што непрофитната организација ја остварува од неповрзани економски активности може да се користи само за постигнување на легитимни цели утврдени со Статутот и закон што е во согласност со член 2 од Законот за политички партии.

The post Доказите излегуваат на површина, ВМРО-ДПМНЕ е неправедно обвинета во Талир appeared first on Република.

]]>