случај со бебе Archives - Република https://republika.mk/tema/sluchaj-so-bebe/ За подобро да се разбереме Sat, 13 Jul 2024 12:33:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png случај со бебе Archives - Република https://republika.mk/tema/sluchaj-so-bebe/ 32 32 Случајот со бебето на Клиниката за детски болести ќе го разгледува комисија https://republika.mk/zivot/zdravje/sluchajot-so-bebeto-na-klinikata-za-detski-bolesti-ke-go-razgleduva-komisija/ Sat, 13 Jul 2024 12:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=796398

Директорот на Клиниката за детски болести, д-р Реџеп Мемеди информира дека согласно законот се превземени сите мерки во врска со тврдењата на родителите на четиримесечното доенче за искажување навреди кон нив и нанесување телесна повреда на доенчето од страна на една медицинска сестра во клиниката.

„Mинистерот за здравство Д-р Арбен Таравари заедно со директорот на Клиниката за детски болести Д-р Реџеп Мемеди синоќа беа во посета во домот на пациентот, каде од блиску видоа и се запознаа со случајот. Родителите, и покрај тоа што се многу задоволни од стручниот третман и грижа на бебето од страна на здравствениот персонал на одделот каде престојувало доенчето- после што бебето има видно подобрена здравствена состојба, сепак тврдат дека сенка фрлило нестручното однесување на една медицинска сестра.

Веднаш е започната процедура за формирање комисија која ќе биде задолжена да го разгледа случајот до крај и да донесе заклучоци согласно законските прописи и етичките норми.

Универзитетската клиника за детски болести, преку обезбедување соодветна професионална медицинска нега,останува посветена да се грижи за здравјето на сите деца- нашите најмили и нема да дозволи да, било чие индивидуално непрофесинално и неетичко однесување кон пациентите, фрли сенка врз угледот на нашата институција“, соопштија од Детска клиника.

The post Случајот со бебето на Клиниката за детски болести ќе го разгледува комисија appeared first on Република.

]]>