Словенија Archives - Република https://republika.mk/tema/slovenija/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 12:05:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Словенија Archives - Република https://republika.mk/tema/slovenija/ 32 32 Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој https://republika.mk/vesti/balkan/vo-slovenija-novi-odredbi-za-postojan-i-za-prodolzhuvane-na-privremeniot-prestoj/ Fri, 01 Nov 2024 12:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=833089

Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво.

Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво.

Основно знаење значи ниво А2 на заедничката европска јазична рамка. Егзистенцијалното ниво подразбира темелна комуникација на словенечки јазик, ограничена на едноставни, предвидливи, секојдневни ситуации, во кои изразот е рутински и се повторува.

The post Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој appeared first on Република.

]]>

Во Словенија од денеска важат нови одредби од Законот за странци кои предвидуваат познавање на словенечкиот јазик на основно и на егзистенцијално ниво. Според Законот услов за добивање дозвола за постојан престој, во Словенија ќе биде потребно основно познавање на словенечкиот јазик, додека за продолжување на привремениот престој поради обединување на семејството, условот ќе да биде познавање на јазикот на егзистенцијално ниво. Основно знаење значи ниво А2 на заедничката европска јазична рамка. Егзистенцијалното ниво подразбира темелна комуникација на словенечки јазик, ограничена на едноставни, предвидливи, секојдневни ситуации, во кои изразот е рутински и се повторува.

The post Во Словенија нови одредби за постојан и за продолжување на привремениот престој appeared first on Република.

]]>
Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија https://republika.mk/vesti/kultura/kontserti-na-skopskiot-duvachki-kvintet-vo-avstrija-i-slovenija/ Mon, 21 Oct 2024 08:00:00 +0000 https://republika.mk/?p=829277

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија).

На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори.

Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија.

Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна.

Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>

Скопскиот дувачки квинтет денеска ќе настапи во Виена во познатата катедрала Св. Ана (Annakirche) во центарот на градот Виена, а утре со концерт ќе се претсти во Мурска Собота (Словенија). На концертите во Австрија и во Словенија, Скопскиот дувачки квинтет ќе се претстави со дела од светската литература за ваков камерен состав како и дела од македонски автори. Концертите се реализираат со поддршка од Министерството за култура, како и македонската амбасада во Виена и македонскиот почесен конзулат во Словенија. Скопскиот дувачки квинтет е еден од најстарите камерни состави во Македонија кој опстојува повеќе од 40 години и во кој сега настапува третата генерација на истакнати музичари и тоа: Марија Јакимовска - флејта, Васил Атанасов - обоа, Ристо Ѓоревски - кларинет, Орце Ицковски - фагот и Александар Гошев - хорна. Во 2019 година Скопскиот дувачки квинтет ја доби наградата „Златна лира" - највисоко признание кое го доделува Сојузот на музички уметници на Македонија (СМУМ) за животно дело и врвни уметнички достигнувања.

The post Концерти на Скопскиот дувачки квинтет во Австрија и Словенија appeared first on Република.

]]>
Словенија го затвори единствениот огранок на универзитетот „Ломоносв“ во Европа https://republika.mk/vesti/balkan/slovenija-go-zatvori-edinstveniot-ogranok-na-univerzitetot-lomonosv-vo-evropa/ Sat, 12 Oct 2024 19:44:03 +0000 https://republika.mk/?p=825819

Словенија го затвори единствениот европски огранок на Московскиот државен универзитет (МСУ) „Ломоносов“.

Единствената европска филијала на МСУ „Ломоносов“, која се наоѓа во градот Копер во Словенија, сега е затворена, изјави ректорот на рускиот универзитет.

Допис за затворање на филијалата е испратен на адреса на универзитетот од раководството на филијалата.

Ние не го затворивме огранокот, ниту универзитетот, ниту Министерството за образование. Никој од наша страна немаше врска со тоа. МСУ Ломоносов никогаш не одбил да соработува со странски држави и други универзитети, а уште помалку бил иницијатор за влошување на односите“, вели ректорот.

The post Словенија го затвори единствениот огранок на универзитетот „Ломоносв“ во Европа appeared first on Република.

Зимата доаѓа: Во Словенија 35 сантиметри снег https://republika.mk/vesti/balkan/zimata-doaga-vo-slovenija-35-santimetri-sneg/ Fri, 04 Oct 2024 07:27:28 +0000 https://republika.mk/?p=822454

Словенија е погодена од силно невреме кое во крајбрежјето е со силен ветер и со обилни врнежи од дожд, додека снег паѓа во планинскиот дел на земјата на височини над 1.200 метри.

Надојдените реки поплавија дел од површините, на патиштата има одрони поради што делови се затворени, а ветрот во приморскиот дел се зголеми на 120 километри на час.

Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија издаде предупредување дека врнежите ќе продолжат и денеска, како и во текот на ноќта меѓу петок и сабота, објави „Словенске новице“.

Метеорологот Блаж Штер на социјалната мрежа Икс објави дека невремето предизвикува големи проблеми во крајбрежјето, додека планините се покриени со обилни снежни врнежи.

За снежни услови на патиштата предупредуваат и од Информативниот центар за сообраќај. Температурата за денеска се прогнозира од два до 13 Целзиусови степени.

Во ноќта меѓу петок и сабота се очекува засилен ветер во крајбрежјето со брзина над 120 километри на час, особено во долината Випава.

The post Зимата доаѓа: Во Словенија 35 сантиметри снег appeared first on Република.

]]>

Словенија е погодена од силно невреме кое во крајбрежјето е со силен ветер и со обилни врнежи од дожд, додека снег паѓа во планинскиот дел на земјата на височини над 1.200 метри. Надојдените реки поплавија дел од површините, на патиштата има одрони поради што делови се затворени, а ветрот во приморскиот дел се зголеми на 120 километри на час. Агенцијата за заштита на животната средина на Словенија издаде предупредување дека врнежите ќе продолжат и денеска, како и во текот на ноќта меѓу петок и сабота, објави „Словенске новице“. Метеорологот Блаж Штер на социјалната мрежа Икс објави дека невремето предизвикува големи проблеми во крајбрежјето, додека планините се покриени со обилни снежни врнежи. За снежни услови на патиштата предупредуваат и од Информативниот центар за сообраќај. Температурата за денеска се прогнозира од два до 13 Целзиусови степени. Во ноќта меѓу петок и сабота се очекува засилен ветер во крајбрежјето со брзина над 120 километри на час, особено во долината Випава.  

The post Зимата доаѓа: Во Словенија 35 сантиметри снег appeared first on Република.

]]>
Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо https://republika.mk/vesti/balkan/slovenechkata-ministerka-so-makedonsko-poteklo-podnese-ostavka-zashto-nedozvoleo-koristela-flesheri-na-sluzhbenoto-vozilo-za-da-pomine-pobrzo/ Fri, 27 Sep 2024 13:31:59 +0000 https://republika.mk/?p=820315

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба.

Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката.

Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева.

Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата.

Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење.

Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство.

Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>

Словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух, која е родена во Македонија, поднесе оставка откако се најде под голем притисок на јавноста поради неовластено користење сигнални светла на својот службен автомобил во Австрија. За нејзиниот случај денеска требаше да се расправа во словенечкиот парламент и да се гласа за доверба. Премиерот Роберт Голоб ја прифати оставката на министерката. Според телевизијата „Н1“, министерката недозволено користела сино светло на својот службен автомобил додека била на службен пат во Австрија пролетоска. Таа наводно брзала за да фати авион за Женева. Словенечките медиуми објавија дека Стојменова-Дух и нејзиниот возач заглавиле во сообраќаен метеж на автопатот близу Хартберг и со цел да поминат побрзо, ги вклучиле сигналните светла на автомобилот. Според министерството за надворешни и европски работи, тоа било чисто кршење на правилата. Според извештаите, тоа не бил единствениот сообраќаен прекршок што го направиле на пат за Виена, зашто камерите ги фатиле и за пребрзо возење. Реакцијата на Стојменова-Дух исто така ја налути јавноста. Таа прво ги нападна медиумите дека има многу невистини во нивното известување, тврдејќи дека никогаш не побарала од возачот да ги вклучи сините светла, ни дома, ни во странство. Стојменова-Дух е родена во Виница во 1985, а во Словенија се преселила на 17 години. Во јуни 2022 стана министерка за дигитална трансформација во владата на Роберт Голоб.

The post Словенечката министерка со македонско потекло поднесе оставка зашто недозволео користела „флешери“ на службеното возило за да помине побрзо appeared first on Република.

]]>
Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија https://republika.mk/vesti/makedonija/kako-da-se-vratat-mladite-shto-diplomirale-vo-slovenija/ Wed, 25 Sep 2024 11:48:49 +0000 https://republika.mk/?p=819548

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.

Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.

На конференцијата насловена „Од Словенија до Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво…

На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС, 1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање.

Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.

-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.

Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина.

Нагласи дека со конференцијата сакаат да создадат синергија меѓу сите главни чинители – за тие да се запознаат подобро и разменат искуства и во иднина да носат заеднички одлуки со цел да се намали одливот на успешно образовани млади студенти и да се најде начин студентите кои ги завршиле студиите во Словенија да се вратат во земјата.

– Убедени сме дека поголемиот број од нив сакаат да се вратат и со своите знаења и искуство да придонесат за натамошниот севкупен развој на Македонија. Нашата Амбасада има воспоставено одлична соработка со МСОС и, меѓу другото, ги поддржуваме во организирањето годишен настан на кој претставници на организацијата ги споделуваат своите искуства од живеењето и студирањето во Словенија на сите потенцијални идни студенти од Македонија, што е одлична можност да се запознаат со потенцијалот за студирање во Словенија. Денес студентите ги поврзуваме со претставници на извршната власт кои може да ги креираат потребните политики што ќе придонесат за поголема грижа за сите оние кои сакаат да се вратат во земјата… Ги поврзуваме и со претставници на словенечки и македонски компании кои бараат образована и висококвалитетна работна сила за нивното успешно идно работење, рече Прескер.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето истакна дека државата е горда на своите умови, но и длабоко загрижена за растечкиот тренд на иселување на младите.

-Ова мора да се реши. Податоците се алармантни. Причините за нивното заминување се јасни – незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме ниту онаа за која сме посветени да ја изградиме. Мора да се прашаме како можеме да создадеме средина каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да се вратат и да придонесат за иднината на нашата земја. Како да обезбедиме Македонија да понуди исти или дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова е предизвик кој не можеме да го решиме поединечно. За ова е потребно колективна акција, истакна Божиновска.

Го сподели личното искуство како студент во Чешка пред повеќе од 20 години и дека назад ја повлекла желбата да придонесе за иднината на земјата која ја сака.

Моето враќање не беше само лична одлука, тоа е заложба за вербата дека промената е возможна. Знам дека многу млади кои заминале го чувствуваат истото. Но, за тие да се вратат, мора да создадеме услови кои ќе го направат враќањето не само можност туку и реална шанса, додаде Божиновска.

Заменик-министерот за економија Марјан Ристески изјави дека приоритет на Владата ќе биде не само да ги задржат младите во земјава туку и да вратат голем дел од тие што заминале со загарантирани ранотни места или со поддршка на нови стартап-компании и да отворат бизнис во Македонија.

Соопшти дека младите панелисти што учествуваа на денешната конференција идната недела ќе бидат поканети во Министерството за економија и труд за, како што рече, помош од нивна страна за изработка на новите мерки за вработување млади луѓе.

The post Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија appeared first on Република.

]]>

Чувство на немање перспектива, демотивираност од работната позиција, несоодветно вреднување на трудот и ниска плата, нефер пристап до работни места според квалификации, политизираност на институциите, распространета корупција и непотизам, проблеми во квалитетот на живот – во здравствениот систем и животната средина – се некои од причините што ги одвраќаат младите Македонци што дипломирале во Словенија да се вратат во земјава.
Сакаме да придонесеме во државата, да бидеме тука со нашата фамилија и пријатели, но сакаме да видиме и реални промени, порача еден од студентите на панел на конференција организирана од Амбасадата на Словенија во соработка со нашата Влада, за одливот на младите од земјава и како тие по дипломирањето во Словенија да се вратат за да го вложат својот капацитет и потенцијал за економски развој на нашата држава.
На конференцијата насловена „Од Словенија до Македонија: Синергија на образованието и бизнисот“ тие зборуваа за искуствата и предностите за студирање во Словенија – студентскиот стандард, модерната универзитетска инфраструктура и опременост со лаборатории, платената студентска пракса, можностите за претприемништво… На конференцијата беше презентирано истражување на Македонската студентска организација во Словенија (МСОС) од анкета на наши студенти кои студираат на словенечки универзитети. Во учебната 2023/2024, според податоците на МСОС, 1697 македонски студенти се запишале во Словенија каде што им е овозможено бесплатно студирање. Претседателот на МСОС, Кристијан Поповски, ги презентираше резултатите од истражувањето со причини што ги одвраќаат младите да се вратат дома, заедно со препораки тие да се надминат.
-Младите не си заминуваат само поради можностите за поголеми финансиски примања или, пак, поради тоа што навистина сакаат да си заминат. Иселените млади се чувствуваме како да не можеме да опстоиме во моменталната средина што не опкружува. Станува збор за целокупни промени во образованието и трансформација на процесот на стекнување знаења. Станува збор за недоверба дека некои работи воопшто можат да се променат. Мотивацијата и надежта згаснуваат. Станува збор за недоверба дека институциите и сите ние како општество ќе си ја завршиме својата работа, рече Поповски.
Конференцијата ја отвори словенечкиот амбасадор во земјава Грегор Прескер кој истакна дека во неговата земја има потреба од квалитетен високообразован кадар, но дека тој и е многу потребен и на земјава. За таа цел ја организираат конференцијата со цел, рече, да ги поврзат сите заинтересирани чинители во креирање можности, механизми и услови кои се неопходни младите да се вратат во нивната татковина. Нагласи дека со конференцијата сакаат да создадат синергија меѓу сите главни чинители – за тие да се запознаат подобро и разменат искуства и во иднина да носат заеднички одлуки со цел да се намали одливот на успешно образовани млади студенти и да се најде начин студентите кои ги завршиле студиите во Словенија да се вратат во земјата.
– Убедени сме дека поголемиот број од нив сакаат да се вратат и со своите знаења и искуство да придонесат за натамошниот севкупен развој на Македонија. Нашата Амбасада има воспоставено одлична соработка со МСОС и, меѓу другото, ги поддржуваме во организирањето годишен настан на кој претставници на организацијата ги споделуваат своите искуства од живеењето и студирањето во Словенија на сите потенцијални идни студенти од Македонија, што е одлична можност да се запознаат со потенцијалот за студирање во Словенија. Денес студентите ги поврзуваме со претставници на извршната власт кои може да ги креираат потребните политики што ќе придонесат за поголема грижа за сите оние кои сакаат да се вратат во земјата… Ги поврзуваме и со претставници на словенечки и македонски компании кои бараат образована и висококвалитетна работна сила за нивното успешно идно работење, рече Прескер.
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во обраќањето истакна дека државата е горда на своите умови, но и длабоко загрижена за растечкиот тренд на иселување на младите.
-Ова мора да се реши. Податоците се алармантни. Причините за нивното заминување се јасни – незадоволство од платите, ограничени можности и недостиг на доверба во институциите. Ова не е Македонија каква што ја посакуваме ниту онаа за која сме посветени да ја изградиме. Мора да се прашаме како можеме да создадеме средина каде младите не само што ќе сакаат да останат, туку ќе се чувствуваат инспирирани да се вратат и да придонесат за иднината на нашата земја. Како да обезбедиме Македонија да понуди исти или дури и подобри можности од оние кои ги наоѓаат надвор. Ова е предизвик кој не можеме да го решиме поединечно. За ова е потребно колективна акција, истакна Божиновска.
Го сподели личното искуство како студент во Чешка пред повеќе од 20 години и дека назад ја повлекла желбата да придонесе за иднината на земјата која ја сака.
Моето враќање не беше само лична одлука, тоа е заложба за вербата дека промената е возможна. Знам дека многу млади кои заминале го чувствуваат истото. Но, за тие да се вратат, мора да создадеме услови кои ќе го направат враќањето не само можност туку и реална шанса, додаде Божиновска.
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески изјави дека приоритет на Владата ќе биде не само да ги задржат младите во земјава туку и да вратат голем дел од тие што заминале со загарантирани ранотни места или со поддршка на нови стартап-компании и да отворат бизнис во Македонија. Соопшти дека младите панелисти што учествуваа на денешната конференција идната недела ќе бидат поканети во Министерството за економија и труд за, како што рече, помош од нивна страна за изработка на новите мерки за вработување млади луѓе.  

The post Како да се вратат младите што дипломирале во Словенија appeared first on Република.

]]>
Љутков во Љубљана и во Крањ: Македонската култура и јазик живеат во Словенија благодарение на трајните пријателства https://republika.mk/vesti/kultura/lutkov-vo-lublana-i-vo-kran-makedonskata-kultura-i-jazik-zhiveat-vo-slovenija-blagodarenie-na-trajnite-prijatelstva/ Sun, 22 Sep 2024 09:28:45 +0000 https://republika.mk/?p=818656

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов. Станува збор за луксузно издание, на македонски и на словенечки јазик, илустрирано од реномираниот уметник Боге Димовски, кое ги обединува сите препејувачи кои во текот на последниве шест децении го препејувале Шопов на словенечки јазик.

Горди сме на поединците од македонската културна средина како што  е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, истакна пред присутните министерот Љутков, потсетувајќи дека македонската култура, 2023 година ја чествуваше како „Година на Шопов“, а јубилејот, еден век од неговото раѓање, беше одбележан и во УНЕСКО, информираат од министерството за култура.

На промоцијата меѓу присутните гости беа и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, претседателот на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија, Бранислав Тасков, кои ја издадоа книгата, претставници на македонската дијаспора, професори, преведувачи и други личности од јавниот живот на Словенија.

Љутков упатил благодарност до Сојузот на македонските културни друштва во Словенија за нивните заложби за промоција на македонската култура, до многубројните преведувачи, меѓу кои е и професорката по македонски јазик, книжевност и култура на Филолошкиот факултет во Љубљана, Намита Субиото, која е авторка на предговорот на оваа книга.

Личностите како нив, кои се врвни професори и преведувачи на македонски јазик, се големо богатство за нас бидејќи сите тие се наши културни амбасадори. Македонската култура и македонскиот јазик живеат надвор од својата татковина благодарение на овие трајни пријателства и врски и ве уверувам дека и понатаму ќе работиме за тие да се унапредуваат и да се развиваат, нагласил министерот Љутков.

Во рамките на својата работна посета на Словенија, во петокот вечерта во просториите на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ, министерот Љутков ја отвори и 8. јубилејна ликовна изложба на академскиот сликар и графичар, еден од најголемите во Словенија, Боге Димовски.

Македонскиот министер за култура и туризам ја поздрави посветеноста на Димовски во развојот на македонско-словенечката ликовна соработка, анимирањето на младите преку детската ликовна колонија, неговата теоретска и педагошка работа и активното и влијателно 50-годишно творештво.

Сево ова говори за човек и уметник со визија, со уметнички и општествен ангажман што создава трајни врски меѓу неговата родна Татковина и државата која е неговиот дом, порачал министерот Љутков во Крањ, додавајќи дека само со посветеност и љубов, словенечката и македонската култура се интегрираат, отвораат можности за соработка во туризмот и во другите сфери, создаваат нераскинливи врски кои се белег на одличната билатерална соработка.

Македонскиот министер за култура и туризам во текот на вчерашниот ден во Љубљана, заедно со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана.

Во македонската Амбасада, министерот Љутков, заедно со заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и амбасадорот на РС Македонија во Словенија, Горан Милевски, се сретнаа со претставници на Сојузот на Македонците во  Словенија. На средбата, се вели во соопштението од министерството за култра, била поздравена иницијативата за отворање на македонски Културно-информативен центар во Словенија, кој всушност претставува одговор на нивните потреби за континуирана реализација на повеќе проекти и содржини. Беше споделено и дека во наредниот период, ќе се работи на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората која ќе биде од големо значење за засилување на врските со дијаспората. Оваа стратегија ќе претставува дополнителен импулс за подобрување на соработката и комуникацијата со нашите иселеници, како и за поддршка на нивните потреби и иницијативи. На средбата беше упатена благодарност до претставниците на дијаспората за нивната посветеност и ангажман во афирмацијата на нашата држава и култура во Република Словенија.

Во реномираната сала „Цанкарјев дом“ во Љубљана, вечерваминистерот Љутков, заедно со министри од словенечката влада, ќе присуствува на концертот на македонскиот културен амбасадор, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. 

The post Љутков во Љубљана и во Крањ: Македонската култура и јазик живеат во Словенија благодарение на трајните пријателства appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, во рамките на работната посета на Словенија, вчеравечер во Витешката сала во Љубљана се обрати на промоцијата на книгата „Златен круг на времето“ од македонскиот поетски великан, Ацо Шопов. Станува збор за луксузно издание, на македонски и на словенечки јазик, илустрирано од реномираниот уметник Боге Димовски, кое ги обединува сите препејувачи кои во текот на последниве шест децении го препејувале Шопов на словенечки јазик.
Горди сме на поединците од македонската културна средина како што  е Ацо Шопов. Токму поради ваквите личности, во светот моќно одекнаа силината и убавината на македонскиот поетски збор, истакна пред присутните министерот Љутков, потсетувајќи дека македонската култура, 2023 година ја чествуваше како „Година на Шопов“, а јубилејот, еден век од неговото раѓање, беше одбележан и во УНЕСКО, информираат од министерството за култура.
На промоцијата меѓу присутните гости беа и заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, македонскиот амбасадор во Словенија, Горан Милевски, претседателот на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија, Бранислав Тасков, кои ја издадоа книгата, претставници на македонската дијаспора, професори, преведувачи и други личности од јавниот живот на Словенија. Љутков упатил благодарност до Сојузот на македонските културни друштва во Словенија за нивните заложби за промоција на македонската култура, до многубројните преведувачи, меѓу кои е и професорката по македонски јазик, книжевност и култура на Филолошкиот факултет во Љубљана, Намита Субиото, која е авторка на предговорот на оваа книга.
Личностите како нив, кои се врвни професори и преведувачи на македонски јазик, се големо богатство за нас бидејќи сите тие се наши културни амбасадори. Македонската култура и македонскиот јазик живеат надвор од својата татковина благодарение на овие трајни пријателства и врски и ве уверувам дека и понатаму ќе работиме за тие да се унапредуваат и да се развиваат, нагласил министерот Љутков.
Во рамките на својата работна посета на Словенија, во петокот вечерта во просториите на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Крањ, министерот Љутков ја отвори и 8. јубилејна ликовна изложба на академскиот сликар и графичар, еден од најголемите во Словенија, Боге Димовски. Македонскиот министер за култура и туризам ја поздрави посветеноста на Димовски во развојот на македонско-словенечката ликовна соработка, анимирањето на младите преку детската ликовна колонија, неговата теоретска и педагошка работа и активното и влијателно 50-годишно творештво.
Сево ова говори за човек и уметник со визија, со уметнички и општествен ангажман што создава трајни врски меѓу неговата родна Татковина и државата која е неговиот дом, порачал министерот Љутков во Крањ, додавајќи дека само со посветеност и љубов, словенечката и македонската култура се интегрираат, отвораат можности за соработка во туризмот и во другите сфери, создаваат нераскинливи врски кои се белег на одличната билатерална соработка.
Македонскиот министер за култура и туризам во текот на вчерашниот ден во Љубљана, заедно со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова-Дух присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана. Во македонската Амбасада, министерот Љутков, заедно со заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски и амбасадорот на РС Македонија во Словенија, Горан Милевски, се сретнаа со претставници на Сојузот на Македонците во  Словенија. На средбата, се вели во соопштението од министерството за култра, била поздравена иницијативата за отворање на македонски Културно-информативен центар во Словенија, кој всушност претставува одговор на нивните потреби за континуирана реализација на повеќе проекти и содржини. Беше споделено и дека во наредниот период, ќе се работи на новата Национална стратегија за соработка со дијаспората која ќе биде од големо значење за засилување на врските со дијаспората. Оваа стратегија ќе претставува дополнителен импулс за подобрување на соработката и комуникацијата со нашите иселеници, како и за поддршка на нивните потреби и иницијативи. На средбата беше упатена благодарност до претставниците на дијаспората за нивната посветеност и ангажман во афирмацијата на нашата држава и култура во Република Словенија. Во реномираната сала „Цанкарјев дом“ во Љубљана, вечерваминистерот Љутков, заедно со министри од словенечката влада, ќе присуствува на концертот на македонскиот културен амбасадор, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“. 

The post Љутков во Љубљана и во Крањ: Македонската култура и јазик живеат во Словенија благодарение на трајните пријателства appeared first on Република.

]]>
„Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки, прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат https://republika.mk/vesti/kultura/zlaten-krug-na-vremeto-od-shopov-vo-prepev-na-slovenechki-prv-dvojazichen-izbor-od-poezijata-na-makedonski-klasik-vo-vakov-format/ Wed, 18 Sep 2024 11:14:59 +0000 https://republika.mk/?p=817433

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов – „Златен круг на времето“, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски, информирааат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“.

Оттаму велат дека ова е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик.

Поконкретно, во изборот, со критички пристап се опфатени препеви на поезијата на Шопов на повеќе генерации преведувачи, започнувајќи од првите препеви остварени од Богомил Футур, Иван Минати и Цирил Злобец во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век со критички одглас на Фран Петре, преку препевите на Северин Шали и Јоже Шмит, во седумдесетите години, и заклучно со најновите остварени во 2023 година од Намита Субиото, Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска. Всушност, како што е нагласено и во книгата – „Ацо Шопов е еден од најпреведуваните македонски литературни уметници на словенечки јазик во XX век“, а нови препеви се случија и во ова столетие, се вели во соопштението.

Во овој двојазичен избор од поетското творештво на „вечниот поет“ како што е наречен Шопов од Драги Стефанија се застапени песни од сите збирки на македонскиот класик, распоредени во неколку циклуси. Изданието содржи и обемна студија за словенечките преводи на поезијата на Ацо Шопов и за рецепцијата за неа во словенечката културна средина, од истакнатата македонистка и славистка, проф. д-р Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Изборот е објавен од Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија, а е резултат на комплексен проект за истражување на присуството и рецепцијата на поезијата на Шопов во Словенија. Проектот е инициран од Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и остварен е во текот на 2023. – годината во чест на Ацо Шопов, кога меѓу другото, по речиси половина век се остварија и нови препеви на неговата поезија на словенечки.

Изданието „Златен круг на времето“ е влог и на словенечката академска и културна средина во минатогодишното чествување на стогодишнината од раѓањето на Шопов, но истовремено и на половина век творештво на академскиот сликар Боге Димовски. Но, како исклучително критичко издание е објавено во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија – „Песни“ од Шопов, како прилог кон чествувањето и на овие јубилеи, велат од Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“.

Шопов, потенцираат, е прв македонски автор објавен во Словенија – избор од неговата поезија под наслов „Слеј се со тишината“ е објавен на словенечки во 1957 година –, а како културен деец и како препејувач дал значителен придонес во развивањето на македонско-словенечките културни врски. Меѓу другото, негов е и препевот на македонски јазик на познатата поетска книга за деца „Цицибан“ од словенечкиот поет Отон Жупанчич, објавен уште во 1951 година, којшто неколку децении беше и лектирно издание.

Изборот „Златен круг на времето“ е објавен со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Во Словенија веќе се закажани и првите промоции на книгата, и тоа во Љубљана, во организација на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија и на македонската амбасада, и во Крањ во организација на МКД „Св. Кирил и Метoдиј“ од Крањ.

The post „Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки, прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат appeared first on Република.

]]>

Во Словенија штотуку излезе од печат избор од поезијата на Ацо Шопов на македонски и во препев на словенечки јазик. Под наслов преземен од песна на Шопов – „Златен круг на времето“, ова обемно и луксузно издание воспоставува дијалог помеѓу неговата поезија и уметничките дела на академскиот сликар Боге Димовски, информирааат од Фондација „Ацо Шопов – Поезија“. Оттаму велат дека ова е прв избор од поезијата на македонски класик објавен во странство во ваков формат, којшто ги обединува сите препејувачи, односно преведувачи што во децениите наназад се имаат посветено на пренесување на моќта на македонската поетска реч во кодот на својот мајчин јазик.
Поконкретно, во изборот, со критички пристап се опфатени препеви на поезијата на Шопов на повеќе генерации преведувачи, започнувајќи од првите препеви остварени од Богомил Футур, Иван Минати и Цирил Злобец во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век со критички одглас на Фран Петре, преку препевите на Северин Шали и Јоже Шмит, во седумдесетите години, и заклучно со најновите остварени во 2023 година од Намита Субиото, Маја Ковач и Соња Цекова Стојаноска. Всушност, како што е нагласено и во книгата – „Ацо Шопов е еден од најпреведуваните македонски литературни уметници на словенечки јазик во XX век“, а нови препеви се случија и во ова столетие, се вели во соопштението.
Во овој двојазичен избор од поетското творештво на „вечниот поет“ како што е наречен Шопов од Драги Стефанија се застапени песни од сите збирки на македонскиот класик, распоредени во неколку циклуси. Изданието содржи и обемна студија за словенечките преводи на поезијата на Ацо Шопов и за рецепцијата за неа во словенечката културна средина, од истакнатата македонистка и славистка, проф. д-р Намита Субиото, раководителка на Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана. Изборот е објавен од Сојузот на македонските културни друштва во Република Словенија, а е резултат на комплексен проект за истражување на присуството и рецепцијата на поезијата на Шопов во Словенија. Проектот е инициран од Одделот за славистика на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и остварен е во текот на 2023. – годината во чест на Ацо Шопов, кога меѓу другото, по речиси половина век се остварија и нови препеви на неговата поезија на словенечки.
Изданието „Златен круг на времето“ е влог и на словенечката академска и културна средина во минатогодишното чествување на стогодишнината од раѓањето на Шопов, но истовремено и на половина век творештво на академскиот сликар Боге Димовски. Но, како исклучително критичко издание е објавено во годината кога се навршуваат осум децении од прогласувањето на македонскиот јазик за службен јазик во современата македонска држава и од објавувањето на првата поетска книга во слободна Македонија – „Песни“ од Шопов, како прилог кон чествувањето и на овие јубилеи, велат од Фондацијата „Ацо Шопов - Поезија“.
Шопов, потенцираат, е прв македонски автор објавен во Словенија – избор од неговата поезија под наслов „Слеј се со тишината“ е објавен на словенечки во 1957 година –, а како културен деец и како препејувач дал значителен придонес во развивањето на македонско-словенечките културни врски. Меѓу другото, негов е и препевот на македонски јазик на познатата поетска книга за деца „Цицибан“ од словенечкиот поет Отон Жупанчич, објавен уште во 1951 година, којшто неколку децении беше и лектирно издание. Изборот „Златен круг на времето“ е објавен со финансиска поддршка од спонзори и од Јавниот фонд за културни дејности на Република Словенија. Во Словенија веќе се закажани и првите промоции на книгата, и тоа во Љубљана, во организација на Сојузот на македонските културни друштва во Словенија и на македонската амбасада, и во Крањ во организација на МКД „Св. Кирил и Метoдиј“ од Крањ.

The post „Златен круг на времето“ од Шопов во препев на словенечки, прв двојазичен избор од поезијата на македонски класик во ваков формат appeared first on Република.

]]>
Во Словенија потврдени првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-slovenija-potvrdeni-prvite-tri-sluchai-na-infektsija-so-virusot-zapaden-nil/ Mon, 02 Sep 2024 11:02:21 +0000 https://republika.mk/?p=812270

Првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил годинава се потврдени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје, а сите три случаи на инфекција се потврдени во североисточниот дел на Словенија, во Помурје и Подравље.

Вирусот е откриен во 1937 година во северозападна Уганда. Во минатото со него имаше зарази и во Словенија. Така, во 2013 и 2017 година е евидентиран по еден случај, а во 2018 година пет од нив, jaви СТА.

Годинава, веќе на почетокот на сезоната, заразени се регистрирани во некои земји од ЕУ, меѓу кои и Хрватска. Заразени има и во Италија, Австрија, Унгарија, Шпанија, Франција, Бугарија, Германија и Романија, како и во Србија, Албанија и Косово

Вирусот на Западен Нил се пренесува преку комарци.

The post Во Словенија потврдени првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил appeared first on Република.

]]>

Првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил годинава се потврдени во Словенија, соопшти Националниот институт за јавно здравје, а сите три случаи на инфекција се потврдени во североисточниот дел на Словенија, во Помурје и Подравље. Вирусот е откриен во 1937 година во северозападна Уганда. Во минатото со него имаше зарази и во Словенија. Така, во 2013 и 2017 година е евидентиран по еден случај, а во 2018 година пет од нив, jaви СТА. Годинава, веќе на почетокот на сезоната, заразени се регистрирани во некои земји од ЕУ, меѓу кои и Хрватска. Заразени има и во Италија, Австрија, Унгарија, Шпанија, Франција, Бугарија, Германија и Романија, како и во Србија, Албанија и Косово Вирусот на Западен Нил се пренесува преку комарци.

The post Во Словенија потврдени првите три случаи на инфекција со вирусот Западен Нил appeared first on Република.

]]>
Иџе ограбен во Словенија https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/idhe-ograben-vo-slovenija/ Sun, 01 Sep 2024 17:22:57 +0000 https://republika.mk/?p=812086

Игор Стефановски со големи амбиции се упати кон Словенија на трката во Илирска Бистрица, но после доброто издание на првата сесија, Македонецот самиот објави дека е неизвесен за втората трка.

Популарниот Иџе се избори за уште еден подиум на Европскиот шампионат на ридски патеки, меѓутоа освоеното трето место сепак не му носи доволно голема сатисфакција. Причина за тоа е кражбата која ја претрпел неговиот тим во Словенија, поради што неговите механичари сега се оневозможени да ги променат гумите за влажна патека.

– Прва трка, 3 то освоено место , но за жал поради кражбата која ни ја направија утрово на алатот за промена на гумите и дождот кој почна да врне на стаза, можеби нема да бидеме во можност да возиме на втората трка. Не можеме да промениме гуми за дожд на автомобилот, порача Стефановски.

The post Иџе ограбен во Словенија appeared first on Република.

]]>

Игор Стефановски со големи амбиции се упати кон Словенија на трката во Илирска Бистрица, но после доброто издание на првата сесија, Македонецот самиот објави дека е неизвесен за втората трка. Популарниот Иџе се избори за уште еден подиум на Европскиот шампионат на ридски патеки, меѓутоа освоеното трето место сепак не му носи доволно голема сатисфакција. Причина за тоа е кражбата која ја претрпел неговиот тим во Словенија, поради што неговите механичари сега се оневозможени да ги променат гумите за влажна патека.
– Прва трка, 3 то освоено место , но за жал поради кражбата која ни ја направија утрово на алатот за промена на гумите и дождот кој почна да врне на стаза, можеби нема да бидеме во можност да возиме на втората трка. Не можеме да промениме гуми за дожд на автомобилот, порача Стефановски.

The post Иџе ограбен во Словенија appeared first on Република.

]]>
Aвтомобил удрил во мечка на патот меѓу Идрија и Годович во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/avtomobil-udril-vo-mechka-na-patot-megu-idrija-i-godovich-vo-slovenija/ Thu, 29 Aug 2024 09:36:41 +0000 https://republika.mk/?p=811139

Видеото е снимено вчера наутро, а по силниот удар мечката побегнала во шумата.

На местото на несреќата не е пронајдена крв, па се претпоставува дека мечката не била тешко повредена. Споменатиот настан е снимен нешто пред шест часот наутро кога животното истрчало од десната страна преку коловозот, по што следел жесток судир со автомобилот. Животното потоа побегнало во шумата, пишува 24ur.

„За среќа не се работи за силен судар бидејќи во спротивно повредите ќе беа многу поголеми. Се надеваме дека ударот во десниот дел од предниот браник не бил фатален за мечката која побегнала од местото на несреќата. “, соопшти полицијата по истрагата.

По несреќата започнала потрагата по мечката. Ловец ја следел со куче, кое набрзо ја намирисало трагата на животното, но по три километри ја изгубило.

The post Aвтомобил удрил во мечка на патот меѓу Идрија и Годович во Словенија appeared first on Република.

]]>

Видеото е снимено вчера наутро, а по силниот удар мечката побегнала во шумата. На местото на несреќата не е пронајдена крв, па се претпоставува дека мечката не била тешко повредена. Споменатиот настан е снимен нешто пред шест часот наутро кога животното истрчало од десната страна преку коловозот, по што следел жесток судир со автомобилот. Животното потоа побегнало во шумата, пишува 24ur. „За среќа не се работи за силен судар бидејќи во спротивно повредите ќе беа многу поголеми. Се надеваме дека ударот во десниот дел од предниот браник не бил фатален за мечката која побегнала од местото на несреќата. “, соопшти полицијата по истрагата. По несреќата започнала потрагата по мечката. Ловец ја следел со куче, кое набрзо ја намирисало трагата на животното, но по три километри ја изгубило.

The post Aвтомобил удрил во мечка на патот меѓу Идрија и Годович во Словенија appeared first on Република.

]]>
Просечната нето плата во Словенија во јуни е повеќе од 1.500 евра https://republika.mk/zivot/kariera/prosechnata-neto-plata-vo-slovenija-vo-juni-e-poveke-od-1-500-evra/ Fri, 23 Aug 2024 18:35:31 +0000 https://republika.mk/?p=809581

Просечната нето плата во Словенија во јуни се искачи над 1.500 евра, објави Заводот за статистика на земјата.

Како што се наведува, словенечката просечна нето плата номинално порасна за еден процент, а реално за 0,6 отсто во однос на мај, на 1.501,97 евра.

Платите во Словенија се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, објави СТА.

Во јуни, највисока просечна нето плата во Словенија е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 2.241,33 евра, а најниска во угостителството. 1.142,43 евра.

Просечната бруто плата во Словенија за јуни е 2.366,79 евра, а платите се повисоки во јавниот сектор (2.701,33 евра) отколку во приватниот сектор (2.214,91 евра).

Бруто платите во словенечкиот јавен сектор се зголемија месечно за значителни 5,2 отсто поради усогласувањето на оценките на платите од 1 јуни.

The post Просечната нето плата во Словенија во јуни е повеќе од 1.500 евра appeared first on Република.

]]>

Просечната нето плата во Словенија во јуни се искачи над 1.500 евра, објави Заводот за статистика на земјата. Како што се наведува, словенечката просечна нето плата номинално порасна за еден процент, а реално за 0,6 отсто во однос на мај, на 1.501,97 евра. Платите во Словенија се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, објави СТА. Во јуни, највисока просечна нето плата во Словенија е забележана во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа од 2.241,33 евра, а најниска во угостителството. 1.142,43 евра. Просечната бруто плата во Словенија за јуни е 2.366,79 евра, а платите се повисоки во јавниот сектор (2.701,33 евра) отколку во приватниот сектор (2.214,91 евра). Бруто платите во словенечкиот јавен сектор се зголемија месечно за значителни 5,2 отсто поради усогласувањето на оценките на платите од 1 јуни.  

The post Просечната нето плата во Словенија во јуни е повеќе од 1.500 евра appeared first on Република.

]]>
Руски шпиони осудени и протерани од Словенија: Се претставувале како аргентински државјани https://republika.mk/vesti/balkan/ruski-shpioni-osudeni-i-proterani-od-slovenija-se-pretstavuvale-kako-argentinski-drzhavjani/ Thu, 01 Aug 2024 09:21:20 +0000 https://republika.mk/?p=802224

Словенечкиот суд денеска осуди двајца Руси осомничени дека биле шпиони за Москва на повеќе од една и пол година затвор, но го суспендираше притворот и нареди нивно протерување од земјата.

Брачниот пар – Лудвиг Гиш и Марија Роза Мајер Мунос, се изјасни за виновен на сослушувањето денеска под обвинение за „шпионирање и фалсификување документи“, се вели во соопштението на Судот во Љубљана.

Во Словенија се претставиле како 38-годишни аргентински државјани, брачна двојка од Буенос Аирес. Според информациите на N1, таа работела или за руската воено-безбедносна разузнавачка служба ГРУ или за странската разузнавачка служба СВР – се вели дека е поверојатна втората. Отвориле две фирми во Словенија.

Тие користеле аргентински пасоши и се претсавувале како аргентински иселеници, а беа уапсени од словенечките власти во декември 2022 година.

Сепак, според сведочењето на сведоците и документите откриени од The ​​Wall Street Journal истиот месец нивната приказна беше лага.

Дулцева и Дулцев беа обвинети за шпионажа, наводно дејствувајќи како агенти за длабоко покривање на безбедносните служби на Путин на Запад. Двојката има две деца, на возраст од 8 и 11 години, кои сега се во државен притвор.

The post Руски шпиони осудени и протерани од Словенија: Се претставувале како аргентински државјани appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот суд денеска осуди двајца Руси осомничени дека биле шпиони за Москва на повеќе од една и пол година затвор, но го суспендираше притворот и нареди нивно протерување од земјата. Брачниот пар – Лудвиг Гиш и Марија Роза Мајер Мунос, се изјасни за виновен на сослушувањето денеска под обвинение за „шпионирање и фалсификување документи“, се вели во соопштението на Судот во Љубљана. Во Словенија се претставиле како 38-годишни аргентински државјани, брачна двојка од Буенос Аирес. Според информациите на N1, таа работела или за руската воено-безбедносна разузнавачка служба ГРУ или за странската разузнавачка служба СВР – се вели дека е поверојатна втората. Отвориле две фирми во Словенија. Тие користеле аргентински пасоши и се претсавувале како аргентински иселеници, а беа уапсени од словенечките власти во декември 2022 година. Сепак, според сведочењето на сведоците и документите откриени од The ​​Wall Street Journal истиот месец нивната приказна беше лага. Дулцева и Дулцев беа обвинети за шпионажа, наводно дејствувајќи како агенти за длабоко покривање на безбедносните служби на Путин на Запад. Двојката има две деца, на возраст од 8 и 11 години, кои сега се во државен притвор.  

The post Руски шпиони осудени и протерани од Словенија: Се претставувале како аргентински државјани appeared first on Република.

]]>
Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-pristignuvaat-er-traktori-i-helikopteri-od-turtsija-slovenija-srbija-i-tsrna-gora-2/ Tue, 16 Jul 2024 08:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=797258

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) се одржа седница на Управувачкиот комитет за координација на системот за управување со кризи, со која претседаваше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а присуствуваа и министрите за одбрана Владо Мисајловски и за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, како и раководителот на Групата за процена на ризици и опасности Стојанче Ангелов.

На седницата беше утврдена потребата да се активираат меѓународните механизми за обезбедување на помош во воздухоплови, кои ќе се вклучат во гаснењето на пожарите кои деновиве ја зафатија државата. Денеска претпладне од Турција пристигнаа два „ер трактори“ и еден хеликоптер, кои веќе активно работат на терен. Во текот на утрешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија и по еден хеликоптер од Србија и од Црна Гора“, потенцираше министерот Тошковски.

Министрите изразија благодарност до пријателските земји кои ни помагаат во справувањето со огнената стихија.

The post Тошковски: Пристигнуваат „ер трактори“ и хеликоптери од Турција, Словенија, Србија и Црна Гора appeared first on Република.

Силно невреме ја зафати Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/silno-nevreme-ja-zafati-slovenija/ Mon, 01 Jul 2024 16:17:24 +0000 https://republika.mk/?p=792484

Силно невреме со грмотевици попладнево ја зафати Словенија и северозападните делови на Хрватска со тенденција да се придвижи кон Унгарија.

Силната бура ја зафати областа северно од Новo Место во Словенија, а паѓаше и град со дијаметар од најмалку два сантиметри во близина на Шентвид.

Од Агенцијата за животна средина (Арсо) од каде што издадоа портокалово предупредување за целата држава, предупредија дека невремето ќе продолжи во попладневните и вечерните часови.

The post Силно невреме ја зафати Словенија appeared first on Република.

]]>

Силно невреме со грмотевици попладнево ја зафати Словенија и северозападните делови на Хрватска со тенденција да се придвижи кон Унгарија. Силната бура ја зафати областа северно од Новo Место во Словенија, а паѓаше и град со дијаметар од најмалку два сантиметри во близина на Шентвид. Од Агенцијата за животна средина (Арсо) од каде што издадоа портокалово предупредување за целата држава, предупредија дека невремето ќе продолжи во попладневните и вечерните часови.

The post Силно невреме ја зафати Словенија appeared first on Република.

]]>
Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од трите најубави во светот https://republika.mk/zivot/patuvanja/plazhata-mesechev-zaliv-vo-slovenija-edna-od-trite-najubavi-vo-svetot/ Wed, 19 Jun 2024 09:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=788964

Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од трите најдобри во светот од страна на „Биг 7 травел“ - глобална интернет-страница за совети за патувања.

Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, најверојатно ќе го имате целото место за себе. Восхитувајте се на неверојатните погледи на Јадранското Море долж една од неколкуте пешачки патеки што се движат низ резерватот или едноставно впијте го сонцето“, се вели во описот на „Биг 7 травел“.

„Месечевиот залив“ се наоѓа во природниот резерват Струњан и до него може да се стигне само пеш. Тоа е неразвиена плажа без удобности во подножјето на црвеникави карпи коишто постепено преоѓаат во маслинови градини и лозје.

The post Плажата „Месечев залив“ во Словенија – една од трите најубави во светот appeared first on Република.

Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна станаа нематеријално културно наследство во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/partizanskite-pesni-komponirani-za-vreme-na-vtorata-svetska-vojna-stanaa-nematerijalno-kulturno-nasledstvo-vo-slovenija/ Fri, 07 Jun 2024 12:24:04 +0000 https://republika.mk/?p=785536

Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна се запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство.

Овие песни станале исклучително популарни по војната, а Партизанскиот хор од Љубљана покрена иницијатива за нивно внесување во регистарот. Со оваа акција стотина песни ќе бидат сочувани за идните генерации.

Словенечките партизански песни потекнуваат од бунтовничките и народни воени песни создадени за време на Втората светска војна, се вели во соопштението на Министерството за култура на Словенија.

Првично, воените, револуционерните и бунтовничките песни ги пееле вокални групи војници кои биле дел од аматерски театарски или културни групи и биле изведувани на културни настани во партизанските единици или на ослободените територии.

Во април 1944 година започнала со работа Пејачката чета, позната и како Хор на инвалидите, во која настапувале 17 војници кои се опоравувале во партизанската болница, а потоа продолжил да ги изведува Партизанскиот хор.

Извор: https://www.portalanalitika.me

The post Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна станаа нематеријално културно наследство во Словенија appeared first on Република.

]]>

Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна се запишани во словенечкиот регистар на нематеријално културно наследство. Овие песни станале исклучително популарни по војната, а Партизанскиот хор од Љубљана покрена иницијатива за нивно внесување во регистарот. Со оваа акција стотина песни ќе бидат сочувани за идните генерации. Словенечките партизански песни потекнуваат од бунтовничките и народни воени песни создадени за време на Втората светска војна, се вели во соопштението на Министерството за култура на Словенија. Првично, воените, револуционерните и бунтовничките песни ги пееле вокални групи војници кои биле дел од аматерски театарски или културни групи и биле изведувани на културни настани во партизанските единици или на ослободените територии. Во април 1944 година започнала со работа Пејачката чета, позната и како Хор на инвалидите, во која настапувале 17 војници кои се опоравувале во партизанската болница, а потоа продолжил да ги изведува Партизанскиот хор. Извор: https://www.portalanalitika.me

The post Партизанските песни компонирани за време на Втората светска војна станаа нематеријално културно наследство во Словенија appeared first on Република.

]]>
Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи https://republika.mk/vesti/svet/slovenija-i-palestina-vospostavija-diplomatski-odnosi/ Wed, 05 Jun 2024 19:49:24 +0000 https://republika.mk/?p=785083

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА.

На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан.

The post Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи appeared first on Република.

]]>

Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи денеска, еден ден откако Словенија стана 147-та членка на ОН што ја призна Палестина, јави СТА. На палестинскиот амбасадор Салах Абдел-Шафи му беше врачена нота за признавање. Палестинскиот претседател Махмуд Абас телефонски му се заблагодари на словенечкиот премиер Роберт Голоб. Двајцата се договорија следната недела да се сретнат во Јордан.

The post Словенија и Палестина воспоставија дипломатски односи appeared first on Република.

]]>
Словенија ќе ја признае палестинската држава https://republika.mk/vesti/svet/slovenija-ke-ja-priznae-palestinskata-drzhava/ Thu, 30 May 2024 10:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=783129

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава.

Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава.

Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука.

Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

The post Словенија ќе ја признае палестинската држава appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер, Роберт Голоб најави дека неговата земја денеска ќе ја признае палестинската држава. Шпанија, Ирска и Норвешка го направија тоа во вторникот – се приклучија на групата од 140 земји кои ја признаа палестинската држава. Словенечката влада денеска ќе го испрати предлогот за признавање до парламентот на одлука. Поради грозоморните настани и масакрот во Рафа, словенечката влада одлучи да не чека до јули. В четврток ќе ја признаеме бидејќи сме згрозени од настаните во Рафа. Сакаме ова да биде јасна порака до целиот свет. Мора да направиме се што можеме за да најдеме трајно решение и мир на Блискиот Исток, рече Голоб.

The post Словенија ќе ја признае палестинската држава appeared first on Република.

]]>
Во Театар Комедија гостува Словенецот Симон Шербинек со „Одбрана на сакатиот“ https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatar-komedija-gostuva-slovenetsot-simon-sherbinek-so-odbrana-na-sakatiot/ Mon, 27 May 2024 14:53:07 +0000 https://republika.mk/?p=782128

В петок, на 31 мај, во Театар Комедија со почеток од 20 часот, од Словенија гостува Симон Шербинек со „Одбраната на сакатиот“.

Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“.

Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија.

Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала.

Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика: Матјаж Латин, уредник на звучни записи: Марко Јакопанец, дизајн на куклата: Петер Шкерл, автор на извадок од бајка: Светлана Макарович, продуцент: Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје.

Гостувањето на Одбраната на сакатиот на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.

The post Во Театар Комедија гостува Словенецот Симон Шербинек со „Одбрана на сакатиот“ appeared first on Република.

]]>

В петок, на 31 мај, во Театар Комедија со почеток од 20 часот, од Словенија гостува Симон Шербинек со „Одбраната на сакатиот“. Претставата „Одбраната на сакатиот“ е продолжение на соработката на актерот Симон Шербинек и режисерот Матјаж Латин, кои во 2021 година ја создадоа успешната монодрама „Кревкост“. Монодрамата „Кревкост“ е заснована на есеј на познатиот француски режисер Жан-Клод Кариер, додека „Одбраната на сакатиот“ е „комедија“ која на оригинален начин ја прикажува автобиографската приказна на актерот за рехабилитацијата и интеграцијата на лицата со попреченост во општеството. Претставата тематизира различни видови попреченост, односно физички и психолошки дијагнози. Актерот ја раскажа својата лична приказна навидум опуштено, со голема доза социјална критика и самоиронија. Во исто време, претставата отвора и крши различни табуа поврзани со попреченоста и допира болни лични и социјални теми. „Одбраната на сакатиот“ е монодрама со поднаслов „комедија“ и комбинира елементи од различни жанрови, од социјално ангажирана стенд-ап комедија до документарен реализам. Разоткривањето има клучно значење - искрена и интимна лична приказна на актерот, која судбински го одбележала неговиот живот и го стигматизирала. Режисер на претставата е Матјаж Латин, костимограф: Мири Стрнад, избор на музика: Матјаж Латин, уредник на звучни записи: Марко Јакопанец, дизајн на куклата: Петер Шкерл, автор на извадок од бајка: Светлана Макарович, продуцент: Славко Шкворц, продукција Куд Борза, копродуценти Куклен театар Марибор и Друштво на параплегичари од Подравје. Гостувањето на Одбраната на сакатиот на сцената на Театар Комедија го овозможи Амбасадата на Република Словенија во Скопје.  

The post Во Театар Комедија гостува Словенецот Симон Шербинек со „Одбрана на сакатиот“ appeared first on Република.

]]>