словенија - германија Archives - Република https://republika.mk/tema/slovenija-germanija/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Sep 2022 16:13:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png словенија - германија Archives - Република https://republika.mk/tema/slovenija-germanija/ 32 32 Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија https://republika.mk/vesti/balkan/slovenija-isprakja-tenkovi-vo-ukraina-za-vozvrat-kje-dobie-kamioni-i-cisterni-od-germanija/ Wed, 21 Sep 2022 16:13:01 +0000 https://republika.mk/?p=552959

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија ќе добие 40 германски транспортни возила од Берлин, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, а пренесе агенцијата СТА. .

Голоб и Шолц во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони 8х8 и осум тешки цистерни 8х8 од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“.

Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, каде ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област, пишува СТА, пренесе Индекс.хр.

The post Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија appeared first on Република.

]]>

Словенечкиот премиер Роберт Голоб денеска постигна договор со германскиот канцелар Олаф Шолц за испраќање 28 словенечки тенкови М55С во Украина, за што Словенија ќе добие 40 германски транспортни возила од Берлин, соопшти кабинетот на словенечкиот премиер, а пренесе агенцијата СТА. . Голоб и Шолц во телефонски разговор се договориле Словенија да добие 35 воени камиони 8х8 и осум тешки цистерни 8х8 од Германија. Кабинетот на премиерот Голоб соопшти дека договорот е склучен „во духот на солидарноста со украинскиот народ“ кој се бори против руската агресија, додека оваа „размена ќе ја зајакне и одбранбената соработка меѓу Словенија и Германија“. Пред неколку месеци Словенија и Германија преговараа за можноста Љубљана да донира тенкови М84 на Украина, а за возврат да добие помодерни тенкови од Германија. Тој договор се уште не е постигнат. Словенечкиот и германскиот лидер разговарале и за енергетската криза и за ситуацијата во Западен Балкан, каде ја поддржале европската перспектива на земјите од таа област, пишува СТА, пренесе Индекс.хр.

The post Словенија испраќа тенкови во Украина, за возврат ќе добие камиони и цистерни од Германија appeared first on Република.

]]>