Слоенија Archives - Република https://republika.mk/tema/sloenija/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Nov 2023 09:03:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Слоенија Archives - Република https://republika.mk/tema/sloenija/ 32 32 Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните и ќе укине казните за прекршување на мерките против Ковид https://republika.mk/vesti/balkan/vladata-na-slovenija-ke-gi-vrati-parite-na-graganite-i-ke-ukine-kaznite-za-prekrshuvane-na-merkite-protiv-kovid/ Tue, 28 Nov 2023 09:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=717033

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот.

Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие.

Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид.

Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари.

Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање.

На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

The post Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните и ќе укине казните за прекршување на мерките против Ковид appeared first on Република.

]]>

Владата на Словенија одлучи да ги врати парите на граѓаните и да ги укине казните изречени за прекршување на правилата за време на локдаунот поради коронавирусот. Еден од примерите и симболите на суровиот начин на кој властите воведоа рестрикции за коронавирусот е доставувач од Љубљана кој е казнет со 400 евра. Во работното време седнал на скалите пред црквата да се одмори и да јаде бурек. Тогаш полицијата му пришла и го казнила затоа што ја извадил маската. Сега тој доставувач ќе си ги врати парите и ќе биде исчистено неговото полициско досие. Истото важи и за повеќе од 60.000 други Словенци кои ги прекршиле мерките против Ковид. Полицијата изрече казни во висина од речиси 6 милиони евра во период подолг од две години. Но, од оваа недела стапува на сила законот за враќање на тие пари. Повратот на парите беше едно од ветувањата на премиерот Роберт Голоб пред неговото централно-левичарско Движење за слобода да биде избрано минатата година. Претходната десничарска администрација, предводена од поранешниот премиер Јанез Јанша, воведе строги ограничувања на слободата на движење и собирање. На различни места, на Словенците не им беше дозволено да патуваат надвор од нивните локални области, а беше воведен и ноќен полициски час.

The post Владата на Словенија ќе ги врати парите на граѓаните и ќе укине казните за прекршување на мерките против Ковид appeared first on Република.

]]>
Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/uapsena-majkata-na-deteto-koe-pochina-otkako-dva-chasa-bilo-ostaveno-vo-avtomobil-vo-slovenija/ Wed, 21 Jun 2023 07:36:33 +0000 https://republika.mk/?p=653553

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое трагично загина во прегреан автомобил во Свети Ловренц и нејзиниот партнер. Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, станува збор за момче кое има неполни две години.

Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил, предупредуваат од словенечкиот институт за јавно здравје.

Нагласуваат и дека во вакви ситуации никому не треба да му се суди.

Сите мислат дека тоа не може да им се случи. Затоа, да внимаваме, да не судиме, туку да спречуваме, додаваат тие.

Како што вчера изјави за ТВ Словенија помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Целје, мајката и нејзиниот партнер се 48 часа во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што се соочуваат казна затвор од шест месеци до пет години.

Трагичниот настан се случи вчера во Свети Ловренц. Детето останало заклучено во автомобилот на сонце и починало на местото на настанот. Според неофицијални информации на 24ur.com, станува збор за момче кое немало ни две години. Беше затворен во автомобилот во предниот двор најмалку два часа. Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега.

И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптерот на словенечката армија од Марибор, детето починало на местото на настанот.

 

The post Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил во Словенија appeared first on Република.

]]>

Словенечката полиција ја уапси мајката на детето кое трагично загина во прегреан автомобил во Свети Ловренц и нејзиниот партнер. Ним им е одреден 48-часовен полициски притвор. Како што јави РТВ Словенија, станува збор за момче кое има неполни две години.
Никогаш не оставајте дете во автомобил без надзор на возрасен. Никогаш, ниту за минута, не оставајте никого во затворен, паркиран автомобил, предупредуваат од словенечкиот институт за јавно здравје.
Нагласуваат и дека во вакви ситуации никому не треба да му се суди.
Сите мислат дека тоа не може да им се случи. Затоа, да внимаваме, да не судиме, туку да спречуваме, додаваат тие.
Како што вчера изјави за ТВ Словенија помошник-началникот на секторот за криминалистичка полиција на Полициската управа Целје, мајката и нејзиниот партнер се 48 часа во притвор поради сомнение за кривично дело предизвикување смрт од небрежност, за што се соочуваат казна затвор од шест месеци до пет години. Трагичниот настан се случи вчера во Свети Ловренц. Детето останало заклучено во автомобилот на сонце и починало на местото на настанот. Според неофицијални информации на 24ur.com, станува збор за момче кое немало ни две години. Беше затворен во автомобилот во предниот двор најмалку два часа. Ова е прва смрт од ваков вид во Словенија досега. И покрај укажаната прва помош и пристигнувањето на хеликоптерот на словенечката армија од Марибор, детето починало на местото на настанот.  

The post Уапсена мајката на детето кое почина откако два часа било оставено во автомобил во Словенија appeared first on Република.

]]>
Започна изборната кампања пред парламентарните избори во Словенија https://republika.mk/vesti/balkan/zapochna-izbornata-kampanja-pred-parlamentarnite-izbori-vo-slovenija/ Thu, 24 Mar 2022 12:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=477696

Еден месец пред парламентарните избори во Словенија, кои ќе се одржат во недела, на 24 април, официјално започна изборната кампања во која вечерва во ударните термини на телевизиските канали ќе се соочат првите претседатели на политички партии и граѓански листи.

Денеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидати за пратеници во 90-членото Народно собрание. Откако кандидатските листи ќе бидат доставени до Државната изборна комисија, таа проверува дали се поднесени согласно законот.

До 3 април треба да се утврди распоредот на листите во изборните единици со жрепка, а списоците се објавуваат до 4 април.

Едномесечната изборна кампања трае до 22 април на полноќ, кога почнува предизборниот молк.

Покрај парламентарните избори, годинава Словенците имаат и претседателски избори, на кои актуелниот претседател Борут Пахор не може да се кандидира по два последователни мандати, како и локални избори за општински совети и градоначалници.

 

The post Започна изборната кампања пред парламентарните избори во Словенија appeared first on Република.

]]>

Еден месец пред парламентарните избори во Словенија, кои ќе се одржат во недела, на 24 април, официјално започна изборната кампања во која вечерва во ударните термини на телевизиските канали ќе се соочат првите претседатели на политички партии и граѓански листи. Денеска на полноќ истекува рокот за пријавување кандидати за пратеници во 90-членото Народно собрание. Откако кандидатските листи ќе бидат доставени до Државната изборна комисија, таа проверува дали се поднесени согласно законот. До 3 април треба да се утврди распоредот на листите во изборните единици со жрепка, а списоците се објавуваат до 4 април. Едномесечната изборна кампања трае до 22 април на полноќ, кога почнува предизборниот молк. Покрај парламентарните избори, годинава Словенците имаат и претседателски избори, на кои актуелниот претседател Борут Пахор не може да се кандидира по два последователни мандати, како и локални избори за општински совети и градоначалници.  

The post Започна изборната кампања пред парламентарните избори во Словенија appeared first on Република.

]]>