сливи Archives - Република https://republika.mk/tema/slivi/ За подобро да се разбереме Sat, 17 Aug 2024 11:05:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сливи Archives - Република https://republika.mk/tema/slivi/ 32 32 Врелото лето ги спржи овошките: Владата ќе ја компензира загубата од лошиот род на сливата https://republika.mk/vesti/ekonomija/vreloto-leto-gi-sprzhi-ovoshkite-vladata-ke-ja-kompenzira-zagubata-od-loshiot-rod-na-slivata/ Sat, 17 Aug 2024 11:05:27 +0000 https://republika.mk/?p=807469

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски утрово оствари работна средба со овоштарите и земјоделците од Делчево, Берово и Пехчево. Главна цел на разговорите беа пласманот и откупот на сливата од овогодишната реколта, која изнесува околу 2500 тони за овие три општини.

За жал, родот е во лоша состојба, бидејќи имаше на почеток на годината град, а за тоа придонесе и топлото време, едноставно целава слива што се очекува ќе биде претежно намената за индустрија. Она што јас им го пренесов на земјоделците е дека како Министерство сме во сериозни преговори за еден откупувач од соседна Србија, кој што ќе откупи голема количина на слива од овој регион и дополнителни откупувачи за целата количина од 2500 тони, да се откупи родот, да не ни остане дома, рече Трипуновски.

Она што како Министерство денеска во името на Владата беше ветено на земјоделците, додаде, е дека нема да бидат оставени и препуштени сами на себе.

Напротив како Влада ќе интервенираме со дополнителна мерка, за да ја компензираме загубата која што тие ја претрпеле. Ако вкупната цена на сливата оваа година се движи од 9 до 10 денари за кг, ние како Министерство како Влада сме спремни да доплатиме разликата до 14 односно 15 денари се со цел земјоделците да бидат задоволни и оваа мерка која што веќе на некој од наредните седници на Влада ќе ја поминеме како витална мерка ќе биде исплатена од интервентниот фонд веднаш по завршувањето на бербата, додаде министерот.

Најави дека земјоделците ќе ги добијат парите во рок од десетина дена веднаш по завршување на бербата, со цел да го компензираат трошокот и да биде стимул за веќе наредната година.

Како главен заклучок од денешниот состанок Трипуновски посочи дека за наредната година како Министерство сериозно ќе се работи да овој дел од земјава биде сериозно поддржан од делот на одгледување на оваа култура која најмногу успева на подрачјето на Пијанец и Малеш.

Поддршката, како што потенцираше, ќе се реализира со конкретни програми и мерки кои што ќе значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливата, што од друга страна ќе значи зголемен извоз во делот на преработка на примарен земјоделски производ кој со тоа ќе има ефекти и врз самата економија.

Трипуновски за следната 2025 година најави финансирање на изградба на дестилерии, преработувачки капацитети се со цел долгорочно да се реши проблемот, а не како досега од година на година, колку да се преброди годината.

The post Врелото лето ги спржи овошките: Владата ќе ја компензира загубата од лошиот род на сливата appeared first on Република.

]]>

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски утрово оствари работна средба со овоштарите и земјоделците од Делчево, Берово и Пехчево. Главна цел на разговорите беа пласманот и откупот на сливата од овогодишната реколта, која изнесува околу 2500 тони за овие три општини. За жал, родот е во лоша состојба, бидејќи имаше на почеток на годината град, а за тоа придонесе и топлото време, едноставно целава слива што се очекува ќе биде претежно намената за индустрија. Она што јас им го пренесов на земјоделците е дека како Министерство сме во сериозни преговори за еден откупувач од соседна Србија, кој што ќе откупи голема количина на слива од овој регион и дополнителни откупувачи за целата количина од 2500 тони, да се откупи родот, да не ни остане дома, рече Трипуновски. Она што како Министерство денеска во името на Владата беше ветено на земјоделците, додаде, е дека нема да бидат оставени и препуштени сами на себе. Напротив како Влада ќе интервенираме со дополнителна мерка, за да ја компензираме загубата која што тие ја претрпеле. Ако вкупната цена на сливата оваа година се движи од 9 до 10 денари за кг, ние како Министерство како Влада сме спремни да доплатиме разликата до 14 односно 15 денари се со цел земјоделците да бидат задоволни и оваа мерка која што веќе на некој од наредните седници на Влада ќе ја поминеме како витална мерка ќе биде исплатена од интервентниот фонд веднаш по завршувањето на бербата, додаде министерот. Најави дека земјоделците ќе ги добијат парите во рок од десетина дена веднаш по завршување на бербата, со цел да го компензираат трошокот и да биде стимул за веќе наредната година. Како главен заклучок од денешниот состанок Трипуновски посочи дека за наредната година како Министерство сериозно ќе се работи да овој дел од земјава биде сериозно поддржан од делот на одгледување на оваа култура која најмногу успева на подрачјето на Пијанец и Малеш. Поддршката, како што потенцираше, ќе се реализира со конкретни програми и мерки кои што ќе значат долгорочно решавање на проблемот со пласманот на сливата, што од друга страна ќе значи зголемен извоз во делот на преработка на примарен земјоделски производ кој со тоа ќе има ефекти и врз самата економија. Трипуновски за следната 2025 година најави финансирање на изградба на дестилерии, преработувачки капацитети се со цел долгорочно да се реши проблемот, а не како досега од година на година, колку да се преброди годината.

The post Врелото лето ги спржи овошките: Владата ќе ја компензира загубата од лошиот род на сливата appeared first on Република.

]]>
Што ќе ви се случи ако јадете 12 сливи на ден? https://republika.mk/zivot/zdravje/shto-kje-vi-se-sluchi-ako-jadete-12-slivi-na-den-2/ Tue, 27 Sep 2022 18:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=554494

Оваа кралица на мармаладите има уште една „кралска лента“: таа е прв избор кога страдате од констипација (запек).

Сливите се задолжителен избор на секоја домаќинка која приготвува зимница, а освен што најчесто се користи за приготвување на мармалад и на оние познати кнедли со сливи, секако е пожелно да се јадат и свежи. Сливите содржат витамин Ц (5 до 8 мг на 100 грама, зависно од видот на сливите), витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и калиум (дури 240 мг на 100 грама сливи). Тие се богати и со влакна, 2 грама на 100 грама сливи, а покрај сето ова, има и многу малку калории.

Претходните истражувања покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од заболување од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи со просечна големина, на ден, во текот на два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол.

И тука не престануваат благодетите на оваа „кралица“. Едно истражување покажало дека со консумација на околу 12 суви сливи на ден, односно, 100 грама, за 3 месеци значително ќе се зголемат маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските.

Дихидрокси-фенил и затин, една од состојките на сливите заради кои, помеѓу останатите, ова овошје има и лаксативен ефект. Му помагаат и сорбитолот и фенолите како и растителните влакна. 25 грама суви сливи, што во просек, е еквивалент на три плода, ќе ви обезбедат 5 проценти од потребното дневно внесување на влакна.

The post Што ќе ви се случи ако јадете 12 сливи на ден? appeared first on Република.

]]>

Оваа кралица на мармаладите има уште една „кралска лента“: таа е прв избор кога страдате од констипација (запек). Сливите се задолжителен избор на секоја домаќинка која приготвува зимница, а освен што најчесто се користи за приготвување на мармалад и на оние познати кнедли со сливи, секако е пожелно да се јадат и свежи. Сливите содржат витамин Ц (5 до 8 мг на 100 грама, зависно од видот на сливите), витамин Б6, бакар, витамин Б2, витамин Б3, витамин К, магнезиум, железо, калциум и калиум (дури 240 мг на 100 грама сливи). Тие се богати и со влакна, 2 грама на 100 грама сливи, а покрај сето ова, има и многу малку калории. Претходните истражувања покажале дека сливите ги јакнат коските, го намалуваат ризикот од заболување од рак на дебело црево, но и дека консумацијата на 12 сливи со просечна големина, на ден, во текот на два месеци го намалува нивото на лошиот холестерол. И тука не престануваат благодетите на оваа „кралица“. Едно истражување покажало дека со консумација на околу 12 суви сливи на ден, односно, 100 грама, за 3 месеци значително ќе се зголемат маркерите во крвта кои покажуваат зголемување на густината на коските. Дихидрокси-фенил и затин, една од состојките на сливите заради кои, помеѓу останатите, ова овошје има и лаксативен ефект. Му помагаат и сорбитолот и фенолите како и растителните влакна. 25 грама суви сливи, што во просек, е еквивалент на три плода, ќе ви обезбедат 5 проценти од потребното дневно внесување на влакна.

The post Што ќе ви се случи ако јадете 12 сливи на ден? appeared first on Република.

]]>