славјанка петровска Archives - Република https://republika.mk/tema/slavjanka-petrovska/ За подобро да се разбереме Fri, 27 Sep 2024 07:53:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png славјанка петровска Archives - Република https://republika.mk/tema/slavjanka-petrovska/ 32 32 Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-dpmne-ja-ostvari-svojata-tsel-ja-oddalechi-zemjata-od-eu/ Fri, 27 Sep 2024 07:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=820068

Власта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 ТВ.

-ДПМНЕ и власта ќе направат се за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“, рече Петревска.

Под изговор дека ги штитат националните интереси, а за сметка на тоа граѓаните ги залажуваат со навидум евтини кинески кредити, ДПМНЕ нема план за патот кон Европската унија, чии механизми за контрола во државата, не и одговараат на власта, потенцираше Петревска.

Во дебатната емисија таа потенцираше дека ДПМНЕ ги излажа граѓаните, особено кога им ветуваше дека ќе репреговара за преговарачката рамка.

-На ДПМНЕ му гори, затоа што лагите дека ќе репреговараат подобра преговарачка рамка и дека ќе го вратат името им излегоа на виделина. Немаат план. Кога ја добивме одлуката дека Албанија почнува преговори со ЕУ, за ДПМНЕ, пак сите се виновни, само тие не се. Кога СДСМ ја прифати преговарачката рамка, нам ни беше јасно дека само тоа е патот кон ЕУ и ние храбро донесовме одлука. Сегашната власт, не го оствари она за кое ветуваше дека се залага. Граѓаните сакаат побрза интеграција во ЕУ. Обврска на ДПМНЕ е продолжување на процесот на европска интеграција на држава, рече пратеничката Петровска.

The post Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ appeared first on Република.

]]>

Власта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи од ЕУ. Тоа што Албанија ќе ги продолжи преговорите со Европската Унија, а ние остануваме во место, ДПМНЕ и го посакуваше, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во дебатната емисија „Анализа“, на 24 ТВ.
-ДПМНЕ и власта ќе направат се за да се оддалечиме што е можно побрзо од ЕУ, оти тоа им одговара. А, оние нивни констатации дека ни се случуваат неправди, притоа без да понудат план, се само изговори и не доликуваат на изјави на државници и одговорни политичари“, рече Петревска.
Под изговор дека ги штитат националните интереси, а за сметка на тоа граѓаните ги залажуваат со навидум евтини кинески кредити, ДПМНЕ нема план за патот кон Европската унија, чии механизми за контрола во државата, не и одговараат на власта, потенцираше Петревска. Во дебатната емисија таа потенцираше дека ДПМНЕ ги излажа граѓаните, особено кога им ветуваше дека ќе репреговара за преговарачката рамка.
-На ДПМНЕ му гори, затоа што лагите дека ќе репреговараат подобра преговарачка рамка и дека ќе го вратат името им излегоа на виделина. Немаат план. Кога ја добивме одлуката дека Албанија почнува преговори со ЕУ, за ДПМНЕ, пак сите се виновни, само тие не се. Кога СДСМ ја прифати преговарачката рамка, нам ни беше јасно дека само тоа е патот кон ЕУ и ние храбро донесовме одлука. Сегашната власт, не го оствари она за кое ветуваше дека се залага. Граѓаните сакаат побрза интеграција во ЕУ. Обврска на ДПМНЕ е продолжување на процесот на европска интеграција на држава, рече пратеничката Петровска.

The post Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ appeared first on Република.

]]>
Митева до Славјанка Петровска за законот за бранители: Потпишете го предлогот за Илире Даути да свика седница по скратена постапка, ако не свика имате можност да и поднесете интерпелација https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-do-slavjanka-petrovska-za-zakonot-za-braniteli-potpishete-go-predlogot-za-ilire-dauti-da-svika-sednitsa-po-skratena-postapka-ako-ne-svika-imate-mozhnost-da-i-podnesete-interpelatsija/ Fri, 20 Sep 2024 18:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=818318

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, во дебата на Канал 5 во емисијата „Само вистина” со Славјанка Петровска од СДС укажа на лицемерието на опозицијата во однос на прашањето со бранителите.

Митева и предаде предлог барање на Славјанка Петровска, потпишано од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади, а со цел Илире Даути да свика комисија за ставање на законот во скратена постапка. Барањето е со единствена цел Илире Даути да свика седница со точка на дневен ред за предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка поднесен од Славјанка Петровска.

Еве ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата попишани. Ќе ви го дадам листот однесете го во СДС каде членови се Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи и нека се потпишат, укажа Митева.

Митева продолжи и додаде:

Ако не свика седница имате две можности и тоа. До комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката каде јас сум член и ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација.

The post Митева до Славјанка Петровска за законот за бранители: Потпишете го предлогот за Илире Даути да свика седница по скратена постапка, ако не свика имате можност да и поднесете интерпелација appeared first on Република.

]]>

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието, во дебата на Канал 5 во емисијата „Само вистина” со Славјанка Петровска од СДС укажа на лицемерието на опозицијата во однос на прашањето со бранителите. Митева и предаде предлог барање на Славјанка Петровска, потпишано од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата за социјална политика, демографија и млади, а со цел Илире Даути да свика комисија за ставање на законот во скратена постапка. Барањето е со единствена цел Илире Даути да свика седница со точка на дневен ред за предлог на закон за изменување и дополнување на законот за посебни права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства по скратена постапка поднесен од Славјанка Петровска.
Еве ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ членови на комисијата попишани. Ќе ви го дадам листот однесете го во СДС каде членови се Јованка Тренчевска и Фатмир Битиќи и нека се потпишат, укажа Митева.
Митева продолжи и додаде:
Ако не свика седница имате две можности и тоа. До комисија за избори и именувања да поднесете предлог за разрешување на претседателката каде јас сум член и ќе ви дадам поддршка или да поднесете интерпелација.
 
The post Митева до Славјанка Петровска за законот за бранители: Потпишете го предлогот за Илире Даути да свика седница по скратена постапка, ако не свика имате можност да и поднесете интерпелација appeared first on Република.

]]>
Мицоски ќе ја тужи Славјанка Петровска, зашто го обвини дека нарачувал и одобрувал убиства https://republika.mk/vesti/makedonija/mitsoski-ke-ja-tuzhi-slavjanka-petrovska-zashto-go-obvini-deka-narachuval-i-odobruval-ubistva/ Tue, 20 Aug 2024 19:49:21 +0000 https://republika.mk/?p=808439

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се консултирал со неговиот правен тим и најави дека ќе покрене тужба против поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

Со жалење го прочитав тој нејзин статус. Не и е првпат на Славјанка Петровска да нанесува удар врз мене и моето семејство на ваков подмолен начин, со многу лаги, измислици, конструкции. Таа за жал мене монструозно ме обвини, но јас тоа го оставам на нејзината чест и совест. Не би сакал да навлегувам во длабочината на нејзината мисла додека го креирала и го објавила овој пост. Се консултирав со мојот правен тим и ќе покренам тужба затоа што, како што нагласи, би сакал органите, судот, докрај да го расветлат тоа, да видат со какви докази располага Петровска, дека јас сум нарачувал и охрабрувал убиства, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во Владата.

Мицкоски додаде дека има семејство кое функционира низ градот и не би сакал, како што рече, да се најде во непријатна состојба.

Одредени политичари, како што е Петровска, се обидуваат да спечалат некоја политичка ловорика и да ме нападнат мене лично, а преку тоа и моето семејство. Ќе кажам дека не и е првпат. Не мислам дека ќе и биде и последен пат, но, преку мојот правен тим јас во текот на деновите кои следат ќе поднесам тужба, па да ги видиме тие докази со коишто располага Петровска, нагласи Мицкокси.

Пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил напиша дека премиерот Мицкоски стои и ги одобрува престрелки во Скопје.

Утрово ново убиство, нова пресметка. Додека Мицковски се фотографира и се смешка, пукање и мафијашки престрелки на секој чекор. Лично Мицковски стои и ги одобрува овие мафијашки престрелки, затоа и одбра вчера на големиот христијански празник Преображение, пред Божји храм да се фотографира со Борис Мутков - Фантом, познат лик на скопското подземје. Наместо да ги апсат, тие се фотографираат и смешкаат. Вчерашната престрелка во Синѓелиќ, е всушност пресметка зад која стои Фантом и праќа порака кој е кој. Доказ дека блискоста на Фантом со Мицковски не е монтирана е и фактотот што братот на Фантом е дел од обезбедувањето на Мицковски. Очигледно е дека ДПМНЕ продолжува таму каде што Груевски застана, и затоа многу пократко ќе траете, се наведува во објавата на Петровска.

The post Мицоски ќе ја тужи Славјанка Петровска, зашто го обвини дека нарачувал и одобрувал убиства appeared first on Република.

ДКСК ќе испитува за хациендата на Петровска: Имаме обврска да отвориме актуелни предмети по допрен глас, вели Татјана Димитровска https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-ispituva-za-hatsiendata-na-petrovska-imame-obvrska-da-otvorime-aktuelni-predmeti-po-dopren-glas-veli-tatjana-dimitrovska/ Wed, 17 Jul 2024 20:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=797834

Заклучно со денеска, имајќи предвид дека истече рокот за пријавување на имотот од актуелниот пратенички состав, само 5 проценти од пратениците, односно шест пратеници воопшто немаат доставено изјава за имотна состојба и интереси, по изборот на функција пратеник, додека 7,5 проценти од пратениците, односно на девет пратеници се уште им тече рокот од 30 дена во кој треба да ја исполнат оваа законска обврска, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска.

– Морам да кажам дека ваквиот голем број, односно ваквиот интерес и почитување на законската обврска функционерите да го пријавуваат својот имот се должи на нашата проактивна улога, бидејќи во многу наврати со соопштение испратено до медиумите и објавено на нашата веб страница поттикнавме и укажавме на законската обврска, рече Димитровска во интервју за ТВ 24.

Во однос на овие шест пратеници кои не го испочитувале законскиот рок, таа наведе дека е отпочната постапка за поведување на прекршочна постапка.

– Јас можам да прочитам некои имиња кои воопшто немаат поднесено, меѓутоа во тек е испитување, голем број од овие функционери и немаа информација дека треба да достават електронски, доставуваа во хартиена форма… Според моите податоци со кои располагам нема никаков поднесок Петар Ристевски, Миле Цеков, Федите Хаџиу има уште рок, и Ељми Азили, ова се пратениците од новиот состав кои се уште немаат поднесено ниту во хартиена форма, ниту се пријавени во електронскиот систем, рече Димитровска.

Прашана околу случајот со поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, за која ВМРО-ДПМНЕ има поднесено претставка дека поседува хациенда и постојано одржува прес-конференции, а за што Петровска веќе имаше судски спор што таа го доби и докажа дека таа хациенда не била на нејзино име, дали повторно сега ДКСК ќе работи на таа претставка, Димитровска одговори потврдно.

– Во делот на испитување на имотната состојба којшто сите избрани и именувани лица имаат обврска електронски да се пријават на системот на ДКСК согласно таквите податоци имаме обврска и донесен е годишен план за проверка на имотна состојба. Во тој годишен план е утврдено дека ќе се  испитува имотот на следните категории на функционери: четири судии и обвинители, три функционери од областа на здравството, четири градоначалници и членови на совет, три директори на јавни претпријатија и акционерски друштва. Покрај оваа бројка, ова е мал број на испитувања на имот, секако дека предмет на испитувања ќе бидат и ваквите актуелни предмети кои имаме обврска да ги отвориме и по допрен глас, односно по сопствена иницијатива и на друг начин обезбедени податоци, подвлече Димитровска.

Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси избраните и именуваните лица (член 82 и член 85) имаат обврска да достават изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба на интересите во електронска форма, во рок од 30 дена од изборот/именувањето, односно промената во имотната состојба и интересите. Печатена копија од изјавата се доставува до писарницата на ДКСК.  Изјавата за имотна состојба и интереси се пополнува и доставува и преку електронскиот систем за имотна состојба.

The post ДКСК ќе испитува за хациендата на Петровска: Имаме обврска да отвориме актуелни предмети по допрен глас, вели Татјана Димитровска appeared first on Република.

]]>

Заклучно со денеска, имајќи предвид дека истече рокот за пријавување на имотот од актуелниот пратенички состав, само 5 проценти од пратениците, односно шест пратеници воопшто немаат доставено изјава за имотна состојба и интереси, по изборот на функција пратеник, додека 7,5 проценти од пратениците, односно на девет пратеници се уште им тече рокот од 30 дена во кој треба да ја исполнат оваа законска обврска, изјави вечерва претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска.
– Морам да кажам дека ваквиот голем број, односно ваквиот интерес и почитување на законската обврска функционерите да го пријавуваат својот имот се должи на нашата проактивна улога, бидејќи во многу наврати со соопштение испратено до медиумите и објавено на нашата веб страница поттикнавме и укажавме на законската обврска, рече Димитровска во интервју за ТВ 24.
Во однос на овие шест пратеници кои не го испочитувале законскиот рок, таа наведе дека е отпочната постапка за поведување на прекршочна постапка. – Јас можам да прочитам некои имиња кои воопшто немаат поднесено, меѓутоа во тек е испитување, голем број од овие функционери и немаа информација дека треба да достават електронски, доставуваа во хартиена форма… Според моите податоци со кои располагам нема никаков поднесок Петар Ристевски, Миле Цеков, Федите Хаџиу има уште рок, и Ељми Азили, ова се пратениците од новиот состав кои се уште немаат поднесено ниту во хартиена форма, ниту се пријавени во електронскиот систем, рече Димитровска.
Прашана околу случајот со поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, за која ВМРО-ДПМНЕ има поднесено претставка дека поседува хациенда и постојано одржува прес-конференции, а за што Петровска веќе имаше судски спор што таа го доби и докажа дека таа хациенда не била на нејзино име, дали повторно сега ДКСК ќе работи на таа претставка, Димитровска одговори потврдно. – Во делот на испитување на имотната состојба којшто сите избрани и именувани лица имаат обврска електронски да се пријават на системот на ДКСК согласно таквите податоци имаме обврска и донесен е годишен план за проверка на имотна состојба. Во тој годишен план е утврдено дека ќе се  испитува имотот на следните категории на функционери: четири судии и обвинители, три функционери од областа на здравството, четири градоначалници и членови на совет, три директори на јавни претпријатија и акционерски друштва. Покрај оваа бројка, ова е мал број на испитувања на имот, секако дека предмет на испитувања ќе бидат и ваквите актуелни предмети кои имаме обврска да ги отвориме и по допрен глас, односно по сопствена иницијатива и на друг начин обезбедени податоци, подвлече Димитровска. Согласно Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси избраните и именуваните лица (член 82 и член 85) имаат обврска да достават изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба на интересите во електронска форма, во рок од 30 дена од изборот/именувањето, односно промената во имотната состојба и интересите. Печатена копија од изјавата се доставува до писарницата на ДКСК.  Изјавата за имотна состојба и интереси се пополнува и доставува и преку електронскиот систем за имотна состојба.

The post ДКСК ќе испитува за хациендата на Петровска: Имаме обврска да отвориме актуелни предмети по допрен глас, вели Татјана Димитровска appeared first on Република.

]]>
Aнтикорупциска да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-da-otvori-sluchaj-za-hatsiendata-na-slavjanka-petrovska/ Wed, 17 Jul 2024 10:39:55 +0000 https://republika.mk/?p=797660

ДКСК да не чека и да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска, нека почне со прашањето зошто сметките за струја и вода се на татко и, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Во 2019 година, цели 10.000 евра изнесуваат неплатените сметки на таткото на Петровска за струја, ако таа не е нејзина, тогаш зошто не се обратила до ЕВН долгот да не се тарифира на татко и? Или пак Петровска е толку дарежлива што прифаќа долг од други лица, и тоа ни повеќе ни помалку туку од 10.000 евра.

Хациендата на Петровска не само што не е пријавена и таа ја крие, туку е и дивоградба.

Ако Петровска тврди дека ја продала хациендата, а не ја засолнила на туѓо име, тогаш нека каже каде се парите од купопродажбата и зошто не се наведени во нејзиниот анкетен лист.

Според катастарските снимки јасно се гледа дека во моментот кога Петровска тврди дека го продала земјиштето, таму постоела хациендата. Значи не може да станува збор за продажба на земјиште, туку најмалку на целата хациенда, а ако тоа е така и ако не е само фиктивно префрлена сопственоста нека ги покаже парите од трансакцијата и дали ги пријавила.

Што и да каже Петровска не може да се вади, фатена е во дубиози и одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Aнтикорупциска да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска appeared first on Република.

]]>

ДКСК да не чека и да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска, нека почне со прашањето зошто сметките за струја и вода се на татко и, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Во 2019 година, цели 10.000 евра изнесуваат неплатените сметки на таткото на Петровска за струја, ако таа не е нејзина, тогаш зошто не се обратила до ЕВН долгот да не се тарифира на татко и? Или пак Петровска е толку дарежлива што прифаќа долг од други лица, и тоа ни повеќе ни помалку туку од 10.000 евра.
Хациендата на Петровска не само што не е пријавена и таа ја крие, туку е и дивоградба. Ако Петровска тврди дека ја продала хациендата, а не ја засолнила на туѓо име, тогаш нека каже каде се парите од купопродажбата и зошто не се наведени во нејзиниот анкетен лист. Според катастарските снимки јасно се гледа дека во моментот кога Петровска тврди дека го продала земјиштето, таму постоела хациендата. Значи не може да станува збор за продажба на земјиште, туку најмалку на целата хациенда, а ако тоа е така и ако не е само фиктивно префрлена сопственоста нека ги покаже парите од трансакцијата и дали ги пријавила. Што и да каже Петровска не може да се вади, фатена е во дубиози и одговорност мора да има“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post Aнтикорупциска да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска appeared first on Република.

]]>
ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-da-otvori-sluchaj-za-hatsiendata-na-slavjanka-petrovska-vo-radishani/ Tue, 16 Jul 2024 12:05:24 +0000 https://republika.mk/?p=797372

ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани, како е направена, со кои пари и без документи, побара на денешната прес-конференција пратеникот Тони Јаревски.

Славјанка Петровска да не мисли дека е заборавено дека истата изградила огромна хациенда во Радишани на диво, без документи. Петровска ја криеше хациендата, но сметките за струја и вода кои беа објавени, а се на името на татко и говорат дека истата и те како има поврзаност со спорниот имот. Петровска да не се крие и да каже дали ужива во благодедот хациендата? Дали некој од нејзиното семејство ја користи? Зошто ја крие и од кои пари е направена? ДКСК да не чека Петровска да се изјасни туку да отвори случај за хациендата на Славјанка. Доволно е Антикорупциска да погледне на чие име се сметките на луксузната хациенда, тоа е појдовна основа од каде може да почне да истражува. Помина времето на политичари кои го крадеа народот и остануваа неказнети. Одговорност мора да има, порача тој.

https://youtu.be/D819uXelP24?si=0lvixTyC46qqN0SF

The post ДКСК да отвори случај за хациендата на Славјанка Петровска во Радишани appeared first on Република.

Петровска: Ја вратија оградата пред Влада, следно е името https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-ja-vratija-ogradata-pred-vlada-sledno-e-imeto/ Wed, 03 Jul 2024 07:25:16 +0000 https://republika.mk/?p=792898

Пратеничката и екс-министерка, Славјанка Петровска ја прокоментира информацијата од Владата дека е одлучено за враќање на железната ограда околу владината зграда. Петровска на социјалните мрежи објави:

-Тргна возот. Ја вратија оградата пред Влада, следно е името. Трпение, порача еден од кандидатите кои пред неколку дена беа во игра за нов претседател на СДСМ.

Вчера по владината седница беше објавено дека металната ограда повторно ќе биде поставена околу владината зграда во центарот на Скопје.

-Со оглед на тоа што досега објектот на Владата е опкружен со нефункционална и нерепрезентативна ограда во сопственост на МВР, Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи СОЗР да започне постапка за враќање на оградата на Владата која веќе еднаш беше поставена. Истовремено директорот на СОЗР Ивица Томовски информираше дека оградата била несоодветно чувана под надворешни влијанија во објектот на касарната Илинден, за што ќе направат и дополнителна проценка, соопштија од „Илинденска бр.2“.

The post Петровска: Ја вратија оградата пред Влада, следно е името appeared first on Република.

Петровска: Нема да бидам замолчена, следната година СДСМ ќе има полош резултат https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-nema-da-bidam-zamolchena-slednata-godina-sdsm-ke-ima-polosh-rezultat/ Tue, 02 Jul 2024 07:56:52 +0000 https://republika.mk/?p=792565

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска во интервју за Телевизија 24 вели дека нема да има никаква функција во партијата, но дека секогаш гласно ќе зборува проблемите во партијата.

Нема да прифатам никаква функција. Нема да бидам причина за неуспесите на СДСМ, ама преку какви било обвинувања некој се обиде да ме замолчи и за сметка на тоа да продолжат некои внатрешни игри, што му штетат на СДСМ и кои следната година ќе направат полош резултат, тогаш нема да има цена што ќе може мене да ме замолчи, па дури и да е критика, па дури и да биде побарана оставка од мене како пратеник. Јас немам проблем да сносам одговорност, но ако јас треба да бидам замолчена само затоа што јавно зборувам за прашања што мислам дека не треба да се случуваат во СДСМ, тогаш се потврдува мојата теза за заробена партија, рече Петровска.

Причините кои придонеле за нејзино повлекување од изборот за претседател на СДСМ ги образложи со малиот број на регистрирани членови за гласање и големите неправилности кои таа самата ги воочила. Таа посочува дека на овој начин по трет пат се бира претседател и дека ништо не се научило од пропустите.

Малиот број на активно регистрирани членови за гласање, укажуваше на тоа дека СДСМ се наоѓа во дополнително комплицирана и тешка ситуација. Тоа плус оние информации што ги наведов при повлекувањето, а особено оние неправилности за кои не сакам јавно да зборувам, ги наведов лично пред членовите на Централната изборна комисија. Кога влегувате во еден процес, а факт е дека СДСМ го има единствениот ваков процес на избор на претседател и кога ова е трет пат вака да бирате претседател, тогаш сето она што се јавувало како пропуст, требало да биде надминато. Повторувањето на тие пропусти, покажа дека за жал ние не сме научиле од пропустите, рече Петровска.

Петровска посочи и дека на списокот на активно регистрирани гласачи имало и членови на други политички партии.

The post Петровска: Нема да бидам замолчена, следната година СДСМ ќе има полош резултат appeared first on Република.

Петровска: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-se-borevme-protiv-zarobena-drzhava-dobivme-zarobena-partija/ Sun, 30 Jun 2024 21:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=792242

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија, вели во реакцијата по изборите за лидер на СДСМ Славјанка Петровска, која се повлече од лидерската трка.

На внатрепартиските избори за нов претседател на СДСМ беше избран Венко Филипче, кој доаѓа на местото на Димитар Ковачевски, кој поднесе оставка по изборниот дебакл.

Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020та година наваму. Денес на многу членови на СДСМ не им беше овозможено да гласаат затоа што ги немаше на избирачкиот список, иако уредно се регистирале.

Денес, 11.000 членови одбија да гласаат затоа што се спротиставија на начинот на кој беше водена кампањата, на фаворизирањето, на несанкционирањето на злоупотребата на лични податоци, на притисоците да се поддржи фаворитот, затоа што се чувствуваат навредено на избирачкиот список на СДСМ да се најдат со активисти на владејачки партии.

Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови, многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве доказ за диригираниот процес. Денес 11.000 демонстираа свој став. И тоа е повеќе од 9.000. А легитимитет не се добива со 9.000 гласа. Но, најважното СДСМ е многу повеќе од 12.000 или 23.000, СДСМ се сите кои не се регистрираа и со тоа демонстрираа отпор, вели Петровска во реакцијата.

Според неа, ова сценарио е погубно за СДСМ, за вистинската СДСМ и затоа не е доцна нешто добро да се направи.

Јас ќе се борам за доброто на СДСМ. На Македонија и треба силен, кредибилен и чист СДСМ и затоа повикувам формирање на привремено раководство, без багаж и кое ќе има јасен мандат и капацитет да ја обедини партијата, и да ја подготви за следните и внатрепартиски и локални избори. Ова е единственото сценарио за заздравување на СДСМ. Свесна сум дека оваа моја искреност некого ќе го повреди, но подобро некој да е повреден од мојата искреност, отколку партијата да се сведе на 50.000 гласови следната година, пишува Петровска.

The post Петровска: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија appeared first on Република.

]]>

Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија, вели во реакцијата по изборите за лидер на СДСМ Славјанка Петровска, која се повлече од лидерската трка.
На внатрепартиските избори за нов претседател на СДСМ беше избран Венко Филипче, кој доаѓа на местото на Димитар Ковачевски, кој поднесе оставка по изборниот дебакл.
Во моето писмо со кое ја повлеков кандидатурата образложив дека денешниот ден ќе биде спротивно и на статутот и на принципите на социјалдемократијата, и така бидна се случи фијаско. Новиот претседател е избран со 11% од вкупниот број на членови на СДСМ, од 83.000 членови, ЗА гласале само 9.000. И со ова само се продолжува агонијата во која СДСМ почна да тоне од 2020та година наваму. Денес на многу членови на СДСМ не им беше овозможено да гласаат затоа што ги немаше на избирачкиот список, иако уредно се регистирале. Денес, 11.000 членови одбија да гласаат затоа што се спротиставија на начинот на кој беше водена кампањата, на фаворизирањето, на несанкционирањето на злоупотребата на лични податоци, на притисоците да се поддржи фаворитот, затоа што се чувствуваат навредено на избирачкиот список на СДСМ да се најдат со активисти на владејачки партии. Згора на се, Централната изборна комисија заборави дека јас ја повлеков кандидатурата, па ги броеле и тие гласови, многу професионално, зарем не. А и како прогласија претседател, а не ги почекаа приговорите? Еве доказ за диригираниот процес. Денес 11.000 демонстираа свој став. И тоа е повеќе од 9.000. А легитимитет не се добива со 9.000 гласа. Но, најважното СДСМ е многу повеќе од 12.000 или 23.000, СДСМ се сите кои не се регистрираа и со тоа демонстрираа отпор, вели Петровска во реакцијата.
Според неа, ова сценарио е погубно за СДСМ, за вистинската СДСМ и затоа не е доцна нешто добро да се направи.
Јас ќе се борам за доброто на СДСМ. На Македонија и треба силен, кредибилен и чист СДСМ и затоа повикувам формирање на привремено раководство, без багаж и кое ќе има јасен мандат и капацитет да ја обедини партијата, и да ја подготви за следните и внатрепартиски и локални избори. Ова е единственото сценарио за заздравување на СДСМ. Свесна сум дека оваа моја искреност некого ќе го повреди, но подобро некој да е повреден од мојата искреност, отколку партијата да се сведе на 50.000 гласови следната година, пишува Петровска.
 
The post Петровска: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија appeared first on Република.

]]>
Петровска: За лидер на СДСМ „ќе гласаат“ лица починати пред повеќе од три месеци https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-za-lider-na-sdsm-ke-glasaat-litsa-pochinati-pred-poveke-od-tri-mesetsi/ Sat, 29 Jun 2024 13:29:21 +0000 https://republika.mk/?p=791842

Славјанка Петровска официјално се откажа од трката за лидер на СДСМ. Актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана испратила и официјално писмо до Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува својата кандидатура. Смета дека има бројн неправилности кои ги направиле општинските организации, за кои вчера ја информирала комисијата, која не ги земала истите в предвид и донела одлука процесот да продолжи.

„Увидов дека има повеќе од десетина лица кои се регистрирани за гласање, а се починати пред повеќе од три месеци. Значи пред воопшто процесот и да започне. Во неколку општински организации во Охрид, Битола и Куманово и во неколку скопски се евидентирани лица кои се истакнати активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а се регистрирани за гласање. Така што сето ова дава сомнеж во веродостојноста на избирачкиот список и јас не би можела да учествував во избори во кои знам дека има неправилноста, без оглед на тоа каков би бил исходот“, изјави Петровска за Телма.

Остануваат тројца кандидати во игра, кои ветија реформи во партијата и нејзино враќање на правите патеки. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски.

Петровска ги повика и тие да ги повлечат кандидатурите и да се избере времено раководство бидејќи кој и да победи изборите нема да бидат легитимни.

„Јас сум разочарана од изјавите кои ги гледам и вчера и денеска од некои од против кандидатите кои не ја сфаќаат сериозноста на избирачкиот процес на СДСМ. Ова е избор за претседател во политичка партија која што го доживеа историски најголемиот неуспех на едни избори и мислам дека ако велиме дека сме ја научиле лекцијата и го слушаме гласот на и на членството и на граѓаните продолжување на вакви избори по секоја цена, само го докажува спротивното“, додаде Петровска.

The post Петровска: За лидер на СДСМ „ќе гласаат“ лица починати пред повеќе од три месеци appeared first on Република.

]]>

Славјанка Петровска официјално се откажа од трката за лидер на СДСМ. Актуелната пратеничка и поранешна министерка за одбрана испратила и официјално писмо до Централната изборна комисија на СДСМ дека ја повлекува својата кандидатура. Смета дека има бројн неправилности кои ги направиле општинските организации, за кои вчера ја информирала комисијата, која не ги земала истите в предвид и донела одлука процесот да продолжи.
„Увидов дека има повеќе од десетина лица кои се регистрирани за гласање, а се починати пред повеќе од три месеци. Значи пред воопшто процесот и да започне. Во неколку општински организации во Охрид, Битола и Куманово и во неколку скопски се евидентирани лица кои се истакнати активисти на ВМРО-ДПМНЕ, а се регистрирани за гласање. Така што сето ова дава сомнеж во веродостојноста на избирачкиот список и јас не би можела да учествував во избори во кои знам дека има неправилноста, без оглед на тоа каков би бил исходот“, изјави Петровска за Телма.
Остануваат тројца кандидати во игра, кои ветија реформи во партијата и нејзино враќање на правите патеки. Ексминистерот за здравство и актуелен пратеник Венко Филипче, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски и заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски. Петровска ги повика и тие да ги повлечат кандидатурите и да се избере времено раководство бидејќи кој и да победи изборите нема да бидат легитимни.
„Јас сум разочарана од изјавите кои ги гледам и вчера и денеска од некои од против кандидатите кои не ја сфаќаат сериозноста на избирачкиот процес на СДСМ. Ова е избор за претседател во политичка партија која што го доживеа историски најголемиот неуспех на едни избори и мислам дека ако велиме дека сме ја научиле лекцијата и го слушаме гласот на и на членството и на граѓаните продолжување на вакви избори по секоја цена, само го докажува спротивното“, додаде Петровска.

The post Петровска: За лидер на СДСМ „ќе гласаат“ лица починати пред повеќе од три месеци appeared first on Република.

]]>
Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ поради нефер изборен процес, побара формирање привремено раководство https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-se-povleche-od-trkata-za-pretsedatel-na-sdsm-poradi-nefer-izboren-protses-pobara-formirane-privremeno-rakovodstvo/ Fri, 28 Jun 2024 16:29:27 +0000 https://republika.mk/?p=791633

Славјанка Петровска се повлекува од трката за претседател на СДСМ. Два дена пред изборите обвинува за нефер изборен процес, регистрацијата на членството не се вршела лично од нив, а некои од противкандидатите ги обвини дека злоупотребувале лични податоци на сопратијци. Петровска бара нејзиниот чекор да го следат и останатите кандидати, a изборите во недела да не се одржат и да се формира привремено раководство.

Јован Деспотовски вели дека засега нема видено докази за обвинувањата на Петровска, но се сложува со тоа дека целиот партиски изборен процес е сложен

Изборите во недела сепак ќе се одржат. Претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, вели дека партијата е подготвена, целиот процес е воден според патиските прописи, а лично право на кандидатите е дали ќе учествуваат или ќе се повлечат.

https://republika.mk/vesti/makedonija/eskalira-razdorot-vo-sdsm-filipche-kontra-despotovski-a-nastrada-i-kostadinov/

Незадоволството во СДСМ кое стартуваше со историски најголемиот пораз на изборите, секојдневно расте. Разочараноста на членството до израз дојде и со пријавувањето за гласање на изборите. Право на глас во недела ќе имаат нешто над 22.000 членство, што е за 3 до 4 пати помалку во однос на претходните два изборни циклуси за раководство. За победа во недела, еден од кандидатите треба да освои мнозинство од бројот на гласачи кои ќе излезат на изборите.

The post Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ поради нефер изборен процес, побара формирање привремено раководство appeared first on Република.

]]>

Славјанка Петровска се повлекува од трката за претседател на СДСМ. Два дена пред изборите обвинува за нефер изборен процес, регистрацијата на членството не се вршела лично од нив, а некои од противкандидатите ги обвини дека злоупотребувале лични податоци на сопратијци. Петровска бара нејзиниот чекор да го следат и останатите кандидати, a изборите во недела да не се одржат и да се формира привремено раководство. Јован Деспотовски вели дека засега нема видено докази за обвинувањата на Петровска, но се сложува со тоа дека целиот партиски изборен процес е сложен Изборите во недела сепак ќе се одржат. Претседателката на Централната изборна комисија на СДСМ, Викторија Аврамовска-Мадиќ, вели дека партијата е подготвена, целиот процес е воден според патиските прописи, а лично право на кандидатите е дали ќе учествуваат или ќе се повлечат. https://republika.mk/vesti/makedonija/eskalira-razdorot-vo-sdsm-filipche-kontra-despotovski-a-nastrada-i-kostadinov/ Незадоволството во СДСМ кое стартуваше со историски најголемиот пораз на изборите, секојдневно расте. Разочараноста на членството до израз дојде и со пријавувањето за гласање на изборите. Право на глас во недела ќе имаат нешто над 22.000 членство, што е за 3 до 4 пати помалку во однос на претходните два изборни циклуси за раководство. За победа во недела, еден од кандидатите треба да освои мнозинство од бројот на гласачи кои ќе излезат на изборите.

The post Петровска се повлече од трката за претседател на СДСМ поради нефер изборен процес, побара формирање привремено раководство appeared first on Република.

]]>
Петровска: Мешањето на Заев во изборите ќе доведе до нови поделби во СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-meshaneto-na-zaev-vo-izborite-ke-dovede-do-novi-podelbi-vo-sdsm/ Thu, 27 Jun 2024 08:26:54 +0000 https://republika.mk/?p=791181

Во интервју за Канал 5 кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска на прашањето дали поранешниот претседател Зоран Заев застанал зад кандидатот Венко Филипче и дали таквата поддршка му дава предност на Филипче, Петровска оцени дека тоа може да придонесе за дополнителни поделби внатре во партијата.

Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството, рече Петровска.

Петровска порача дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

The post Петровска: Мешањето на Заев во изборите ќе доведе до нови поделби во СДСМ appeared first on Република.

Славјанка Петровска: Со единство ќе го вратиме СДСМ на победничките патеки https://republika.mk/vesti/makedonija/slavjanka-petrovska-so-edinstvo-ke-go-vratime-sdsm-na-pobednichkite-pateki/ Tue, 25 Jun 2024 20:25:14 +0000 https://republika.mk/?p=790816

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, пред членовите на СДСМ од Велес ги претстави клучните приоритети од програмата „Манифест за социјалдемократијата“.

СДСМ е државотворна партија и повторно ќе се врати на победничките патеки онаму каде што припаѓа. Тоа ќе го постигнеме само ако сме обединети и ако постојано го слушаме нашето членство. Тоа, јас како иден претседател, се обврзувам да го правам, да ги слушам членовите кои како што го избираат претседателот на партијата, така ќе ги избираат и претседателите на општинските организации, но и идните пратеници, советници, градоначалници. Ако заедно работи ако се слушаме еден со друг, ќе успееме, заедно ќе го вратиме СДСМ на кормилото на државата“, порача Петровска.

Изборите за нов претседател на СДСМ се закажани за в недела 30 јуни.

The post Славјанка Петровска: Со единство ќе го вратиме СДСМ на победничките патеки appeared first on Република.

Петровска од Охрид: Ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи, заедно ќе создадеме победнички СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-od-ohrid-ke-go-vratime-dijalogot-so-razlichnite-tselni-grupi-zaedno-ke-sozdademe-pobednichki-sdsm/ Tue, 25 Jun 2024 08:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=790532

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата.

Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ.

„Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи. Ќе создадеме консултативно тело во кое право да членуваат ќе имаат претставници на граѓански организации кои во своето делување ги споделуваат политиките за кои СДСМ се залага. Заедно, можеме да постигнеме повеќе„ порача Петровска пред членовите на СДСМ во Охрид.

Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се одржуваат на 30 јуни, а Петровска на гласачкото ливче е со реден број 4.

The post Петровска од Охрид: Ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи, заедно ќе создадеме победнички СДСМ appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера во Охрид присуствуваше на централниот караван за претставување на сите кандидати за претседател на партијата. Пред присутните Петровска ја презентираше својата програма “Манифест на социјалдемократијата”, која ветува прогресивни политики и враќање кон основните вредности на СДСМ. „Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи. Ќе создадеме консултативно тело во кое право да членуваат ќе имаат претставници на граѓански организации кои во своето делување ги споделуваат политиките за кои СДСМ се залага. Заедно, можеме да постигнеме повеќе„ порача Петровска пред членовите на СДСМ во Охрид. Внатрепартиските избори за претседател на СДСМ се одржуваат на 30 јуни, а Петровска на гласачкото ливче е со реден број 4.

The post Петровска од Охрид: Ќе го вратиме дијалогот со различните целни групи, заедно ќе создадеме победнички СДСМ appeared first on Република.

]]>
Славјанка Петровска во Јегуновце посети семејства погодени од вчерашното невреме https://republika.mk/vesti/makedonija/slavjanka-petrovska-vo-jegunovtse-poseti-semejstva-pogodeni-od-vcherashnoto-nevreme/ Mon, 24 Jun 2024 14:47:50 +0000 https://republika.mk/?p=790352

Пратеничката од шестата изборна единица и кандидатка за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска ги посети жителите во населеното место Сиричино, општина Јегуновце едно од местата каде имаше најголеми штети од вчерашното невреме.

Петровска посети неколку семејства и една приватна компанија, кои синоќа претрпеа големи штети од невремето.

Страшни се последиците по имотите од вчерашното силно невреме што го зафат овој крај.

Упатувам апел до општината во рамки на своите надлежности во брз рок да обезбеди надомест за да се санираат штетите, а јас како пратеничка во Собранието ќе ги искористам сите свои ингеренции да се изборам за финансиски надомест и од страна на централните институции.

Временските непогоди не можеме да ги предвидиме и пресретнеме, но со заедничка помош и поддршка можеме полесно да ги надминеме штетите и последиците“ рече Петровска пред жителите на Сиричино.

The post Славјанка Петровска во Јегуновце посети семејства погодени од вчерашното невреме appeared first on Република.

]]>

Пратеничката од шестата изборна единица и кандидатка за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска денеска ги посети жителите во населеното место Сиричино, општина Јегуновце едно од местата каде имаше најголеми штети од вчерашното невреме. Петровска посети неколку семејства и една приватна компанија, кои синоќа претрпеа големи штети од невремето.
Страшни се последиците по имотите од вчерашното силно невреме што го зафат овој крај. Упатувам апел до општината во рамки на своите надлежности во брз рок да обезбеди надомест за да се санираат штетите, а јас како пратеничка во Собранието ќе ги искористам сите свои ингеренции да се изборам за финансиски надомест и од страна на централните институции. Временските непогоди не можеме да ги предвидиме и пресретнеме, но со заедничка помош и поддршка можеме полесно да ги надминеме штетите и последиците“ рече Петровска пред жителите на Сиричино.
 
The post Славјанка Петровска во Јегуновце посети семејства погодени од вчерашното невреме appeared first on Република.

]]>
Петровска: Двајца од четирите кандидати треба да се повлечат ако ѝ мислат добро на партијата https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-dvajtsa-od-chetirite-kandidati-treba-da-se-povlechat-ako-mislat-dobro-na-partijata/ Sat, 22 Jun 2024 07:12:08 +0000 https://republika.mk/?p=789659

Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана и сега еден од четирите кандидати за претседател на СДСМ, во интервјуто за „Независен“ не се воздржува да каже дека двајца од четирите кандидати за лидер на СДСМ треба да се повлечат „ако ѝ мислат добро на партијата“.

Мораме да расчитиме со лошите навики на носење одлуки во тесен круг на раководството и креирање политики во одбрано друштво, без притоа членството да биде консултирано или во најмала рака на време информирано за одредени процеси.
Нема да толерирам двојни игри на штета на партијата и членството, ќе бидам гласна и јавно ќе ги обелоденам оние кои сакаат партијата да ја држат во заложништво за лична заштита. Сите противкандидати ми се другари, многу имаме поминато заедно, но двајца од нив мора сериозно да размислат да се повлечат, ако и мислат добро на партијата, вели меѓудругото Петровска.

На прашањето каде таа ги лоцира причините за повеќе од лошите резултати на СДСМ на парламентарните и на претседателските избори, вели дека тие се резултат на неисполнувањето на неколку клучни ветувања.

Бројчаникот за вратените украдени пари не се постави. Јавноста беше сведок на изигрување на правдата и смеење во лице на сите нас кои чекавме правда. Бегството на Груевски остана неразјаснето, без никој да поднесе одговорност. Неказнивоста на министри и директори кои во своето работење предизвикуваа скандали и незадоволство кај граѓаните, немањето свидителства на крајот од учебната година, немањето учебници на почетокот на учебната година, зафаќање со реформи за кои се немаше претходна подготовка. Скандалите поврзани со Боки 13 и поддршката од високи функционери на СДСМ, случајот Рекет. Што се случи со нема правда, нема мир?

Токму за овие работи треба да се разговара внатре во партијата, но и конечно да се лоцира персонална одговорност за одредени прилично сериозни грешки.

Не беа извлечени поуки ниту од резултатите во 2020. Да, математички ги добивме, ама политички ги изгубивме. И тогаш во некои општини и избирачки места се забележуваше дека губиме гласови, но не се стави акцент на тоа. Сето ова успеа да ги сруши сите позитивни резултати кои се постигнаа изминатите 7 години, вели Петровска.

The post Петровска: Двајца од четирите кандидати треба да се повлечат ако ѝ мислат добро на партијата appeared first on Република.

]]>

Славјанка Петровска, поранешната министерка за одбрана и сега еден од четирите кандидати за претседател на СДСМ, во интервјуто за „Независен“ не се воздржува да каже дека двајца од четирите кандидати за лидер на СДСМ треба да се повлечат „ако ѝ мислат добро на партијата“.
Мораме да расчитиме со лошите навики на носење одлуки во тесен круг на раководството и креирање политики во одбрано друштво, без притоа членството да биде консултирано или во најмала рака на време информирано за одредени процеси. Нема да толерирам двојни игри на штета на партијата и членството, ќе бидам гласна и јавно ќе ги обелоденам оние кои сакаат партијата да ја држат во заложништво за лична заштита. Сите противкандидати ми се другари, многу имаме поминато заедно, но двајца од нив мора сериозно да размислат да се повлечат, ако и мислат добро на партијата, вели меѓудругото Петровска.
На прашањето каде таа ги лоцира причините за повеќе од лошите резултати на СДСМ на парламентарните и на претседателските избори, вели дека тие се резултат на неисполнувањето на неколку клучни ветувања.
Бројчаникот за вратените украдени пари не се постави. Јавноста беше сведок на изигрување на правдата и смеење во лице на сите нас кои чекавме правда. Бегството на Груевски остана неразјаснето, без никој да поднесе одговорност. Неказнивоста на министри и директори кои во своето работење предизвикуваа скандали и незадоволство кај граѓаните, немањето свидителства на крајот од учебната година, немањето учебници на почетокот на учебната година, зафаќање со реформи за кои се немаше претходна подготовка. Скандалите поврзани со Боки 13 и поддршката од високи функционери на СДСМ, случајот Рекет. Што се случи со нема правда, нема мир? Токму за овие работи треба да се разговара внатре во партијата, но и конечно да се лоцира персонална одговорност за одредени прилично сериозни грешки. Не беа извлечени поуки ниту од резултатите во 2020. Да, математички ги добивме, ама политички ги изгубивме. И тогаш во некои општини и избирачки места се забележуваше дека губиме гласови, но не се стави акцент на тоа. Сето ова успеа да ги сруши сите позитивни резултати кои се постигнаа изминатите 7 години, вели Петровска.

The post Петровска: Двајца од четирите кандидати треба да се повлечат ако ѝ мислат добро на партијата appeared first on Република.

]]>
Членовите на СДСМ директно ќе ги бираат кандидатите за пратеници и советници, ветува Петровска https://republika.mk/vesti/makedonija/chlenovite-na-sdsm-direktno-ke-gi-biraat-kandidatite-za-pratenitsi-i-sovetnitsi-vetuva-petrovska/ Fri, 21 Jun 2024 13:43:11 +0000 https://republika.mk/?p=789566

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера пред членовите на ОО СДСМ Куманово ја презентираше својата програма пред претстојните вантрепартиски избори. Пред присутните Петровска ги претстави клучните приоритети кои ќе придонесат за консолидирање на партијата и враќање на победничките патеки.

Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе воведам фер и праведен избор на кандидати за пратеници и советници. Изборот на кандидати ќе биде широк процес во кој ќе учествуваат сите членови на СДСМ, а не само одбрана група од централното раководство. Овој процес ќе овозможи вклучување, а не исклучување од одлучувањето на членовите на партијата, они кои секогаш го носат најголемиот товар во време на изборни кампањи и партиски активности, порача Петровска.

Во разговор со присутните, Петровска порача дека како идна претседателка има намера да го слуша гласот на членовите затоа и превидува опција за референдумско изјаснување на членството односно секој член преку веб страницата на партијата да даде свое мислење за одредена политика, но најави и процес на ветинг за идните партиски функционери.

Идните партиски функциониери мора да бидат избрани врз основа на критериуми за чесност, одговорност и посветеност. Затоа ќе предложам постапка за ветинг, проверка на кандидатите за членови на раководството, посочи Петровска.

Петровска ги продолжува посетите на општинските организации и средбите со членовите на партијата пред изборите закажани за 30 јуни.

The post Членовите на СДСМ директно ќе ги бираат кандидатите за пратеници и советници, ветува Петровска appeared first on Република.

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-so-integritet-i-chesno-rabotene-veruvam-deka-ke-ja-vratam-doverbata-vo-partijata-kaj-chlenovite-i-graganite-na-makedonija/ Wed, 19 Jun 2024 10:15:54 +0000 https://republika.mk/?p=788985

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба.

Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.

Мојата програма „Манифест на социјалдемократијата“ во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“, порача Петровска.

Таа продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.

The post Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија appeared first on Република.

]]>

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска, вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба. Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ.
Мојата програма „Манифест на социјалдемократијата“ во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, мојата цел е да го вратам СДСМ на власт. Со интегритет, кредибилитет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија“, порача Петровска.
Таа продолжува со средби со членовите на партија со цел тие подобро и поблиски да се запознаат со мерките и приоритетите во нејзината програма.

The post Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија appeared first on Република.

]]>
Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу https://republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-do-despotovski-izborot-za-lider-na-sdsm-ne-treba-da-go-pravime-realiti-shou/ Tue, 11 Jun 2024 20:48:12 +0000 https://republika.mk/?p=786749

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска.

Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори.

– Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

The post Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу appeared first on Република.

]]>

Откако денеска кандидатот за претседател на СДСМ Јован Деспотовски повторно ги покани своите противкандидати на јавна дебата со свој коментар се јави Славјанка Петровска. Таа посочи дека веќе одамна дебатира со членството за прашањата кои се од интерес на партијата, и побара да не се прави шоу од внатрепартиските избори. – Претседател на СДСМ е премногу сериозна и премногу одговорна позиција за да се сведе на секојдневно лиферување соопштенија и скапо платена пр агенција. Ги повикувам кандидатите и членовите на СДСМ во име на социјалдемократијата да ја заштитиме партијата и изборот за Претседател на СДСМ да не го претвориме во реалити шоу. – вели Славјанка Петровска-кандидат за лидер на СДСМ.

The post Петровска до Деспотовски: Изборот за лидер на СДСМ не треба да го правиме реалити шоу appeared first on Република.

]]>
Филипче и Славјанка предремаа 7 годишна брутална злоупотреба од ДУИ, а сега кога се во трка за пропадната СДСМ се разбудија и реагираат зошто ДУИ поддржала закон за влада во која не учествуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/filipche-i-slavjanka-predremaa-7-godishna-brutalna-zloupotreba-od-dui-a-sega-koga-se-vo-trka-za-propadnata-sdsm-se-razbudija-i-reagiraat-zoshto-dui-poddrzhala-zakon-za-vlada-vo-koja-ne-uchestvuvaat/ Sat, 08 Jun 2024 15:47:39 +0000 https://republika.mk/?p=785777

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор. И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе. Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Но се ќе излезе на видела. Македонија не заборава, народот памети.

Што се однесува до Славјанка, немаме што да кажеме освен дека е безлична личност во македонската политика. Дури и на ниво на декор е безлична и без никаква суштина. Како оние празни вазни во трговски центри кои ги гледаме дека се тука внимаваме да не се удриме во нив, а кога ќе се запрашаме што бараат тука, сфаќаме дека немале кај да ги стават и оставени се така празни.

Венко и Славјанка се клучен дел за поразот на СДС и нивниот поданички однос кон Заев и Ковачески ги донесе СДС до ова дереже до кое се денес.

ВМРО-ДПМНЕ своето прво ветување го исполни. ДУИ е во опозиција. Со се нивните потрчковци од СДС.

Следува одговорност за сите. Смирете се и без нервози.

The post Филипче и Славјанка предремаа 7 годишна брутална злоупотреба од ДУИ, а сега кога се во трка за пропадната СДСМ се разбудија и реагираат зошто ДУИ поддржала закон за влада во која не учествуваат appeared first on Република.

]]>

Од партијата која на тацна ја даде Македонија кога ги силуваа институциите и ограбуваа не кажаа ниту збор. И кога секогаш ќе поддржеа нешто од СДС, овие испорачуваа плус 10 пати повеќе. Во нормална држава Филипче би се срамел од дома да излезе. Jасно е дека се тепа да стане претседател на СДС зашто мисли дека тоа ќе го спаси од одговорност зашто тој и неговиот духовен водач Зоран Заев така функционирале, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Но се ќе излезе на видела. Македонија не заборава, народот памети. Што се однесува до Славјанка, немаме што да кажеме освен дека е безлична личност во македонската политика. Дури и на ниво на декор е безлична и без никаква суштина. Како оние празни вазни во трговски центри кои ги гледаме дека се тука внимаваме да не се удриме во нив, а кога ќе се запрашаме што бараат тука, сфаќаме дека немале кај да ги стават и оставени се така празни. Венко и Славјанка се клучен дел за поразот на СДС и нивниот поданички однос кон Заев и Ковачески ги донесе СДС до ова дереже до кое се денес. ВМРО-ДПМНЕ своето прво ветување го исполни. ДУИ е во опозиција. Со се нивните потрчковци од СДС. Следува одговорност за сите. Смирете се и без нервози.