скрининг за кластер 2 Archives - Република https://republika.mk/tema/skrining-za-klaster-2/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Feb 2023 07:53:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скрининг за кластер 2 Archives - Република https://republika.mk/tema/skrining-za-klaster-2/ 32 32 Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-brisel-zapochna-bilateralniot-skrining-za-poglavjeto-9-finansiski-uslugi/ Tue, 28 Feb 2023 07:53:31 +0000 https://republika.mk/?p=613987

 Во Брисел денеска продолжува билатералниот скрининг за Кластерот 2 „Внатрешен пазар” со скрининг состанокот за Поглавјето 9 – „Финансиски услуги”.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања (СЕП), преговарачкиот тим го предводи државната секретарка во Секретаријатот и заменичка на главниот преговарач на земјава со Европската унија, Дрита Абдиу Халили, која во своето воведно обраќање истакна дека земјата успешно го следи патот кон целосна хармонизација со европското законодавство.

- Новите закони ќе воспостават јасна и сеопфатна рамка за македонскиот пазар, што ќе придонесе за неговиот развој и усогласување со законодавството на Европската унија во оваа област, потенцираше Абдиу Халили.

На денешниот скрининг состанок присуствуваше и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, кој меѓу другото во неговото воведно излагање нагласи дека оваа година ќе се работи максимално за исполнувањето препораките од извештајот, со што ќе се донесе закон за резолуција на банки и имплементација на законодавството и врз основа на ова исто така ќе бидат завршени и назначувањата на регулаторното тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе се продолжи со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.

- Ќе ги катализираме напорите нагласени во извештајот во делот за развивање на одредбите за резолуција на банките во согласност со рамката на ЕУ, со посебен акцент на Директивата за закрепнување и разрешување на банките. Законот за осигурување на депозити ќе биде изменет за да се подобри осигурувањето на депозитите и да се одговори на загриженоста на Уставниот суд во неговата одлука од јули 2021 година. Нашата централна банка веќе и посвети дел на нејзината  веб страница на правата на потрошувачите заедно со правилното споделување информации за да се избегнат нефер банкарски практики, посочи Битиќи.

Работната група за ова поглавје го сочинуваат Министерството за финансии, Народната банка, Фондот за осигурување на депозити, Комисијата за хартии од вредност и агенциите за суперревизија за осигурување и за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

Во европското законодавство финансиските услуги се од големо значење за правилното функционирање на внатрешниот пазар на Европската унија како еден од темелите на европската интеграција. Ова поглавје ги вклучува областите банкарството, осигурувањето, хартии од вредност, инвестициски фондови, финансиски пазари и платни системи. Правната рамка во ова поглавје ги опфаќа правилата за издавање на оперативно и надзорно работење на финансиските институции кои треба да обезбедат стабилен, безбеден и ефикасен финансиски пазар, се посочува во соопштението од СЕП.

Презентациите за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ ќе продолжат и утре, во среда и четврток за Поглавјето 28 „Заштита на потрошувачи и јавно здравје“ и в петок ќе се одржи билатералниот скрининг состанок за Поглавје 2 „Слобода на движење на работници”.

The post Во Брисел започна билатералниот скрининг за Поглавјето 9 „Финансиски услуги“ appeared first on Република.

]]>

Битиќи од Брисел: Денеска го отвораме билатералниот скрининг за Кластер 2 – Внатрешен пазар, еден од најважните https://republika.mk/vesti/ekonomija/bitiki-od-brisel-deneska-go-otvorame-bilateralniot-skrining-za-klaster-2-vnatreshen-pazar-eden-od-najvazhnite/ Mon, 23 Jan 2023 16:01:35 +0000 https://republika.mk/?p=600084

Во својство на вицепремиер на земја кандидат која веќе ги започна преговорите со Европската Унија, сакам да ве уверам дека правиме се од себе да ги исполниме сите неопходни критериуми дадени од Европската Унија во однос на сите 33 поглавја, изјави денеска во Брисел, Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на отворањето на билатералниот дијалог за Кластер - Внатрешен пазар.

Денес после интензивните подготовки во изминативе 3 месеци, Македонија го започна билатералниот скрининг за Поглавје 3 - Право на основање и слобода на давање на услуги, од Кластерот 2 - Внатрешен Пазар. Пред претставниците на DG NEAR (Генерален директорат за соседство и политика на проширување): Винсент Реј - Заменик главен преговарач од страна на ЕУ, Алберто Камарата - Заменик раководител на одделението за Република Македонија; Бригита Сабалиаускаите и Франческа Порчели од одделението за Република Македонија, ги презентираме одговорите на прашалниците поврзани со степенот на транспонирање на ЕУ законодавството и неговата имплементација во Република Македонија.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека од основањето на Европската економска заедница во 1957 година, а потоа и преку усвојувањето на Договорот од Мастрихт во 1992 година и Договорот од Амстердам во 1997 година, кога беше воведена Шенген зоната и финализиран со Договорот од Лисабон во 2009 година, внатрешниот пазар е еден од најважните аспекти на функционирањето на Европската Унија (ЕУ).

Вицепремиерот Битиќи рече дека му претставува голема чест да зборува на почетокот на билатералниот скрининг на Република Македонија од страна на претставници на Европската комисија и другите институции на ЕУ за Кластер 2 - Внатрешен пазар.

Мојот Кабинет и јас, истакна Битиќи, како што е предвидено во нашата преговарачка структура, сме назначени за координатори на целиот Кластер 2, покрај координацијата на Секретаријатот за европски прашања како институција назначена за координација на национално ниво.

„По одлуката на Европскиот совет да ги започне преговорите за членство со Македонија во 2020 година и по првата Меѓувладина конференција минатото лето, конечно го започнавме преговарачкиот процес. Нашата Влада и администрација не седеа со скрстени раце чекајќи да започне процесот. Од денот кога добивме кандидатски статус во 2004 година, бевме силно посветени на транспонирање на правото на ЕУ (EU acquis) и другите релевантни регулативи, а во текот на изминатите неколку години бевме и се уште сме силно посветени на забрзување на сите процеси за што побрзо да станеме земја членка на ЕУ“, рече Битиќи.

Пред присутните вицепремиерот истакна дека во последниот извештај на Европската комисија (ЕК), во повеќето поглавја од Кластер 2, Македонија е умерено подготвена и дека во изминатите години бележи ограничен напредок.

Битиќи ги увери соговорниците од Брисел дека Македонија ќе се потруди да ги исполни сите критериуми што ги бара земјата во 33-те поглавја организирани во 6 Кластери, како и трите дополнителни области според новата методологија.

„Посветени сме и работиме напорно на секоја препорака што беше истакната во последниот извештај на ЕУ. Со гордост можам да истакнам дека по повеќе од две години консултации со релевантните актери, ние сме во завршна фаза на креирање на нов системски Знакон за работни односи, во чии рамки ќе се решат повеќето прашања од Поглавјето 2, како слобода на движење на работниците. Направивме голем чекор и во реорганизацијата на националните институции, со што ќе почнеме да ја оптимизираме целата административна структура. Со ова многу добро разбираме дека не треба да се намалуваат, туку да се зголемат човечките капацитети, особено во институциите кои го регулираат слободното движење на стоки и ова ќе биде чекор кон исполнување на препораките од првото поглавје, слободно движење на стоки. Со донесување на целосно нов Закон за работни односи, кој беше споменат погоре, како и со веќе дефинираниот предлог за измени на Законот за поштенски услуги, ќе адресираме и дел од препораките во Поглавје 3, Право на основање и слобода на давање услуги“, изјави Битиќи.

Во својот говор во Брисел, вицепремиерот Битиќи подвлече дека работиме и на спроведување на најновата регулатива за системи за плаќања и услуги за кои ќе се подготви Водич за спроведување на правилата на ЕУ за движење на капитал, вклучувајќи го тука и земјоделското земјиште, кое е во Поглавје 4, слободното движење на капиталот.

Во Поглавје 6, кое се однесува на Законот за трговски друштва, земјата е добро подготвена, бидејќи веќе е донесен новиот Закон за сметководство и ќе продолжиме да работиме на усогласување во сферата на сметководството и ревизијата.

Во однос на поглавје 7 – Право на интелектуална сопственост работиме на усогласување на законодавството преку усвојување на Стратегијата за интелектуална сопственост која ќе биде составен дел на Националната Развојна Стратегија 2022-2042, земајќи ги предвид препораките кои произлегуваат од Поглавјето 7.

Воведувањето на Интегрираниот информациски систем за управување со јавните финансии на кој интензивно работи Министерството за финансии е важен за исполнување на Поглавјето 8 – Конкуренција. Додека пак новиот Закон за заштита на потрошувачите кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за Економија ќе ги исполни поголемиот дел од обврските од Поглавјето 28 – Заштита на потрошувачи и јавно здравје.

На крајот од своето обраќање вицепремиерот Битиќи, изрази искрена благодарност до сите вклучени во овој процес, Европската комисија и сите релевантни институции на ЕУ од една страна, како и на секој координатор, заменик координатор и членови на работни групи од нашите институции кои беа вклучени во подготовката и составувањето на прашалници и одговори, како дел од овој голем процес за земјата.

Потсетуваме дека билатералниот скрининг за Кластер 2 составен од 9 поглавја, чија координација е на вицепремиерот Битиќи, започнува со Поглавје 3, Правото на основање и слободата на давање услуги.

Овој сегмент од преговарачкиот процес за Кластер 2, Внатрешен пазар ќе трае околу 2 месеци и истиот е исклучително важен, бидејќи е еден од најголемите, но и условно кажано најважните за Европската комисија, бидејќи во него се содржани поглавјата за 4-те основни слободи кои се основата на договорот за воспоставување на Европската Унија.

The post Битиќи од Брисел: Денеска го отвораме билатералниот скрининг за Кластер 2 – Внатрешен пазар, еден од најважните appeared first on Република.

]]>

Во својство на вицепремиер на земја кандидат која веќе ги започна преговорите со Европската Унија, сакам да ве уверам дека правиме се од себе да ги исполниме сите неопходни критериуми дадени од Европската Унија во однос на сите 33 поглавја, изјави денеска во Брисел, Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во своето обраќање на отворањето на билатералниот дијалог за Кластер - Внатрешен пазар. Денес после интензивните подготовки во изминативе 3 месеци, Македонија го започна билатералниот скрининг за Поглавје 3 - Право на основање и слобода на давање на услуги, од Кластерот 2 - Внатрешен Пазар. Пред претставниците на DG NEAR (Генерален директорат за соседство и политика на проширување): Винсент Реј - Заменик главен преговарач од страна на ЕУ, Алберто Камарата - Заменик раководител на одделението за Република Македонија; Бригита Сабалиаускаите и Франческа Порчели од одделението за Република Македонија, ги презентираме одговорите на прашалниците поврзани со степенот на транспонирање на ЕУ законодавството и неговата имплементација во Република Македонија. Вицепремиерот Битиќи истакна дека од основањето на Европската економска заедница во 1957 година, а потоа и преку усвојувањето на Договорот од Мастрихт во 1992 година и Договорот од Амстердам во 1997 година, кога беше воведена Шенген зоната и финализиран со Договорот од Лисабон во 2009 година, внатрешниот пазар е еден од најважните аспекти на функционирањето на Европската Унија (ЕУ). Вицепремиерот Битиќи рече дека му претставува голема чест да зборува на почетокот на билатералниот скрининг на Република Македонија од страна на претставници на Европската комисија и другите институции на ЕУ за Кластер 2 - Внатрешен пазар. Мојот Кабинет и јас, истакна Битиќи, како што е предвидено во нашата преговарачка структура, сме назначени за координатори на целиот Кластер 2, покрај координацијата на Секретаријатот за европски прашања како институција назначена за координација на национално ниво.
„По одлуката на Европскиот совет да ги започне преговорите за членство со Македонија во 2020 година и по првата Меѓувладина конференција минатото лето, конечно го започнавме преговарачкиот процес. Нашата Влада и администрација не седеа со скрстени раце чекајќи да започне процесот. Од денот кога добивме кандидатски статус во 2004 година, бевме силно посветени на транспонирање на правото на ЕУ (EU acquis) и другите релевантни регулативи, а во текот на изминатите неколку години бевме и се уште сме силно посветени на забрзување на сите процеси за што побрзо да станеме земја членка на ЕУ“, рече Битиќи.
Пред присутните вицепремиерот истакна дека во последниот извештај на Европската комисија (ЕК), во повеќето поглавја од Кластер 2, Македонија е умерено подготвена и дека во изминатите години бележи ограничен напредок. Битиќи ги увери соговорниците од Брисел дека Македонија ќе се потруди да ги исполни сите критериуми што ги бара земјата во 33-те поглавја организирани во 6 Кластери, како и трите дополнителни области според новата методологија.
„Посветени сме и работиме напорно на секоја препорака што беше истакната во последниот извештај на ЕУ. Со гордост можам да истакнам дека по повеќе од две години консултации со релевантните актери, ние сме во завршна фаза на креирање на нов системски Знакон за работни односи, во чии рамки ќе се решат повеќето прашања од Поглавјето 2, како слобода на движење на работниците. Направивме голем чекор и во реорганизацијата на националните институции, со што ќе почнеме да ја оптимизираме целата административна структура. Со ова многу добро разбираме дека не треба да се намалуваат, туку да се зголемат човечките капацитети, особено во институциите кои го регулираат слободното движење на стоки и ова ќе биде чекор кон исполнување на препораките од првото поглавје, слободно движење на стоки. Со донесување на целосно нов Закон за работни односи, кој беше споменат погоре, како и со веќе дефинираниот предлог за измени на Законот за поштенски услуги, ќе адресираме и дел од препораките во Поглавје 3, Право на основање и слобода на давање услуги“, изјави Битиќи.
Во својот говор во Брисел, вицепремиерот Битиќи подвлече дека работиме и на спроведување на најновата регулатива за системи за плаќања и услуги за кои ќе се подготви Водич за спроведување на правилата на ЕУ за движење на капитал, вклучувајќи го тука и земјоделското земјиште, кое е во Поглавје 4, слободното движење на капиталот. Во Поглавје 6, кое се однесува на Законот за трговски друштва, земјата е добро подготвена, бидејќи веќе е донесен новиот Закон за сметководство и ќе продолжиме да работиме на усогласување во сферата на сметководството и ревизијата. Во однос на поглавје 7 – Право на интелектуална сопственост работиме на усогласување на законодавството преку усвојување на Стратегијата за интелектуална сопственост која ќе биде составен дел на Националната Развојна Стратегија 2022-2042, земајќи ги предвид препораките кои произлегуваат од Поглавјето 7. Воведувањето на Интегрираниот информациски систем за управување со јавните финансии на кој интензивно работи Министерството за финансии е важен за исполнување на Поглавјето 8 – Конкуренција. Додека пак новиот Закон за заштита на потрошувачите кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за Економија ќе ги исполни поголемиот дел од обврските од Поглавјето 28 – Заштита на потрошувачи и јавно здравје. На крајот од своето обраќање вицепремиерот Битиќи, изрази искрена благодарност до сите вклучени во овој процес, Европската комисија и сите релевантни институции на ЕУ од една страна, како и на секој координатор, заменик координатор и членови на работни групи од нашите институции кои беа вклучени во подготовката и составувањето на прашалници и одговори, како дел од овој голем процес за земјата. Потсетуваме дека билатералниот скрининг за Кластер 2 составен од 9 поглавја, чија координација е на вицепремиерот Битиќи, започнува со Поглавје 3, Правото на основање и слободата на давање услуги. Овој сегмент од преговарачкиот процес за Кластер 2, Внатрешен пазар ќе трае околу 2 месеци и истиот е исклучително важен, бидејќи е еден од најголемите, но и условно кажано најважните за Европската комисија, бидејќи во него се содржани поглавјата за 4-те основни слободи кои се основата на договорот за воспоставување на Европската Унија.

The post Битиќи од Брисел: Денеска го отвораме билатералниот скрининг за Кластер 2 – Внатрешен пазар, еден од најважните appeared first on Република.

]]>