скопски земјотрес Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-zemjotres/ За подобро да се разбереме Fri, 26 Jul 2024 11:56:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопски земјотрес Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-zemjotres/ 32 32 Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст https://republika.mk/vesti/makedonija/pretsedatelkata-silanovska-davkova-vo-poseta-na-tsrveniot-krst/ Fri, 26 Jul 2024 13:25:30 +0000 https://republika.mk/?p=800506

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска, по повод 26 јули - денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, престојуваше во посета на Црвениот крст.

За време на посетата претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на презентација - Активностите на Црвениот крст за време на земјотресот во Скопје 1963 и одржа средба со волонтери и раководството на оваа хуманитарна организација. Преку видео врска проследи дел од нивните активности во Центарот за дарување крв, Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и во Нега центарот.

Раководството на Црвениот крст ја информираше претседателката за капацитетите на организацијата, за растечката тенденција на волонтерските активности, како и за иницијативите и посветеноста во промовирањето на солидарноста и хуманитарното волонтерство, како одржлив модел со бројни индивидуални и колективни придобивки.

Волонтерите на Црвениот крст ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со редовните ангажмани во поддршка на ранливите групи, заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на севкупната социјална состојба во општеството, а во разговорот хуманите активисти ги споделија нивните лични заложби што биле поттик и инспирација да се вклучат во Црвениот крст.

На средбата, претседателката Сиљановска Давкова го сподели своето сеќавање од скопскиот земјотрес и деновите потоа, нагласувајќи ја непроценливата вредност на солидарноста и придонесот на волонтерите, обединети во силната желба за помош и поддршка. Во таа насока, посочи дека граѓанското општество најмногу се зајакнува преку волонтерска работа, оценувајќи дека волонтерството треба да се вгради и во образовниот систем.

За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова потпиша пристапница за членство во Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајни волонтерски организации и притоа ја нагласи нејзината натамошна безрезервна поддршка на хуманизмот како највозвишена човекова вредност и врвен приоритет на секое општество.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска, по повод 26 јули - денот на солидарноста и сеќавањата од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година, престојуваше во посета на Црвениот крст. За време на посетата претседателката Сиљановска Давкова присуствуваше на презентација - Активностите на Црвениот крст за време на земјотресот во Скопје 1963 и одржа средба со волонтери и раководството на оваа хуманитарна организација. Преку видео врска проследи дел од нивните активности во Центарот за дарување крв, Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка и во Нега центарот. Раководството на Црвениот крст ја информираше претседателката за капацитетите на организацијата, за растечката тенденција на волонтерските активности, како и за иницијативите и посветеноста во промовирањето на солидарноста и хуманитарното волонтерство, како одржлив модел со бројни индивидуални и колективни придобивки. Волонтерите на Црвениот крст ја запознаа претседателката Сиљановска Давкова со редовните ангажмани во поддршка на ранливите групи, заштита на животот и здравјето на граѓаните и унапредување на севкупната социјална состојба во општеството, а во разговорот хуманите активисти ги споделија нивните лични заложби што биле поттик и инспирација да се вклучат во Црвениот крст. На средбата, претседателката Сиљановска Давкова го сподели своето сеќавање од скопскиот земјотрес и деновите потоа, нагласувајќи ја непроценливата вредност на солидарноста и придонесот на волонтерите, обединети во силната желба за помош и поддршка. Во таа насока, посочи дека граѓанското општество најмногу се зајакнува преку волонтерска работа, оценувајќи дека волонтерството треба да се вгради и во образовниот систем. За време на посетата, претседателката Сиљановска Давкова потпиша пристапница за членство во Црвениот крст, како една од најголемите и најзначајни волонтерски организации и притоа ја нагласи нејзината натамошна безрезервна поддршка на хуманизмот како највозвишена човекова вредност и врвен приоритет на секое општество.

The post Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Црвениот крст appeared first on Република.

]]>
Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-odbelezhuva-61-godina-od-katastrofalniot-zemjotres/ Fri, 26 Jul 2024 06:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=800340

Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени.

Во Музејот на град Скопје вечерва  во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот.

Во Кинотека на Македонија вечерва ќе бидат прикажани кратки македонски филмови посветени на скопскиот земјотрес. Проекциите почнуваат во 20.30 часот, а ќе бидат прикажани пет кратки филмови и тоа „Школите и универзитетот во скопската катастрофа“, „Писмо од Скопје“, „Проштевање“, „Скопје“ и „Катастрофа, страдања, надежи“.

Во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, вечерва во 21 часот во Музејот на современа уметност, во рамки на Летното кино под тремот, ќе биде прикажан експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31′) на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка. Проекцијата е закажана за  21 часот, под отворено небо во Музејот.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание на дневен ред да стави точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје по што на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската Влада при реконструкцијата на Скопје. Во дебатата, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место.

Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат.

Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 61 година, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.

The post Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Во Скопје денеска со изложба и филмски проекции ќе биде одбележана 61. годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. Во Музејот на град Скопје вечерва  во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Културните институции во Скопје по земјотресот во 1963 година“. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар во Музејот. Во Кинотека на Македонија вечерва ќе бидат прикажани кратки македонски филмови посветени на скопскиот земјотрес. Проекциите почнуваат во 20.30 часот, а ќе бидат прикажани пет кратки филмови и тоа „Школите и универзитетот во скопската катастрофа“, „Писмо од Скопје“, „Проштевање“, „Скопје“ и „Катастрофа, страдања, надежи“. Во сеќавање на катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година, вечерва во 21 часот во Музејот на современа уметност, во рамки на Летното кино под тремот, ќе биде прикажан експерименталниот документарен филм „Екран за Скопје“ (1988, 31′) на полската филмска режисерка, актерка и продуцентка Малгоржата Потоцка. Проекцијата е закажана за  21 часот, под отворено небо во Музејот. Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата. По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание на дневен ред да стави точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје по што на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската Влада при реконструкцијата на Скопје. Во дебатата, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Во својата долга историја, градот повеќе пати пропаѓал и одново се раѓал. На просторот меѓу селата Злокуќани и Бардовци постоел град Скупи, метропола на провинцијата Дарданија. Овој римски град во 518 година бил наполно разурнат од земјотрес. Тогаш во провинцијата Дарданија биле урнати 24 градски тврдини. Јачината на овој земјотрес изнесувала 10 - 11 степени. Катастрофалниот земјотрес наполно го уништил Скупи. За време на потресот биле создадени многу пукнатини во земјиштето. Од околните ридови се урнале големи маси карпи. Скопје потоа бил изграден на денешното место. Наредниот катастрофален земјотрес се случил во 1555 година. Неговата јачина изнесувала околу 10 степени, по што градот вторпат бил разурнат. Последното трето големо катастрофално разурнување на Скопје се случи пред 61 година, на 26 јули 1963 година, кога Скопје беше погодено од земјотрес со јачина од девет степени по Меркалиевата скала или шест според Рихтеровата со епицентар на плоштадот „Македонија“.

The post Скопје одбележува 61 година од катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес https://republika.mk/vesti/skopje-odbelezhuva-60-godini-od-katastrofalniot-zemjotres/ Wed, 26 Jul 2023 06:34:10 +0000 https://republika.mk/?p=665319

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени.

На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје.

Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.

На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје.

На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје, во која се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје.

Шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје денеска ќе се одбележи со повеќе активности.

Владина делегација предводена од вицепремиереот за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, ќе положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел.

Преку проектот на Министерството за култура насловен „Скопје во пет и седумнаесет“ ќе се реализираат повеќе настани на неколку локации низ главниот град. Активностите во рамки на проектот почнаа синоќа во паркот „Ибни Пајко“, со концерт со македонски евергрин композиции и стихови посветени на Скопје.

Програмата денеска ќе продолжи во Музејот на современата уметност (МСУ) каде што ќе биде отворена дигиталната изложба „Подемот и падот на Скопје“ на Државниот архив, преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 1950-тите години. Изложбата во МСУ ќе може да се посети од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот.

Во рамки на фестивалот „КРИК 06: Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“ вечер во Музејот на Современа Уметност (МСУ) предавачот Михаел Хајнрих ќе одржи јавно предавање на

Кон одбележувањето на 60-годишнината на скоскиот земјотрес ќе се приклучи и Кинотеката каде што од 18 часот ќе биде прикажан избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“ по повод земјотресот во Скопје. Филмовите прикажуваат автентични архивски снимки од урнатините на градот, а  во нив е документирана и меѓународната помош.

Програмата „Скопје во пет и седумнаесет“ во исто време (20 часот) ќе се реализира и во Шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, каде што креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе изведе аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање како илустративен приказ на земјотресот и на обновата. Истовремено, на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање.

Во Музејот на Град Скопје, пак, кој  е еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, ќе се одржи мултимедијалниот настан на Терапија –„Зборувај за Скопје“, кој содржи ликовни изложби, проекции на филмови, визуелна уметност и музичка програма, клупска музика, настан за урбаното и модерно Скопје. Изложбата ќе биде отворена денеска и во наредните два дена.

Во организација на Црвен крст, а под мотото „За Скопје со љубов“, денеска ќе се одвиваат неколку активности како цртање на мурал, интерактивна обука  за справување со катастрофи, иницијатива за пишување на писма  и телеграми, изложба на капацитетите на Нaционално друштво на Црвен крст и дружење со вработените и волонтерите на Црвениот крст.

Во Младинскиот културен центар пак, вечер ќе настапат скопските музички состави Педро Хорисонте, бендот Луфтанза и етно групата Баклава, која воедно ќе го промовира и своето најново издание насловено како „За Скопје со љубов”.

Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, насловена „Попатни одблесоци”, а во галеријата 2 ќе биде отворена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура од авторот на проектот Филип Конески со наслов „Бетонско Скопје”. Изложбата е поддржана и од Градот Скопје и Министерството за култура.

Дел од активностите, е и покренувањето на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.

The post Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Скопје денеска со повеќе активности и манифестации одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, кога животот го загубија 1 070 лица, а 3 000 беа повредени. На 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути се случи катастрофалниот земјотрес во Скопје, со помали потреси до пет часот и 43 минути. Притоа, беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата. По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат исхрана за скопските деца. Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град. На 23 септември 1963 година, 35 земји побараа Генералното собрание да стави на дневен ред од своето заседание точка за преземање мерки по повод земјотресот во Скопје. Подоцна, на 27 септември, Генералното собрание и даде приоритет на меѓународната акција за давање помош на Скопје. На 14 октомври, Генералното собрание на Обединетите нации едногласно усвои Резолуција за давање помош на југословенската влада при реконструкцијата на Скопје, во која се изразува жалење по повод големата катастрофа. Во дебатата за давање помош на Скопје, Генералното собрание го ислуша излагањето на претставници од над 20 земји од сите континенти. Тој ден остана во аналите на Обединетите нации како ден на Скопје. Шеесетгодишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје денеска ќе се одбележи со повеќе активности. Владина делегација предводена од вицепремиереот за европски прашања, Бојан Маричиќ,  во придружба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и заменик-министерот за образование Агим Нухиу, ќе положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот на гробиштата Бутел. Преку проектот на Министерството за култура насловен „Скопје во пет и седумнаесет“ ќе се реализираат повеќе настани на неколку локации низ главниот град. Активностите во рамки на проектот почнаа синоќа во паркот „Ибни Пајко“, со концерт со македонски евергрин композиции и стихови посветени на Скопје. Програмата денеска ќе продолжи во Музејот на современата уметност (МСУ) каде што ќе биде отворена дигиталната изложба „Подемот и падот на Скопје“ на Државниот архив, преку фотообјективот на Киро Георгиевски, вработен во Градското собрание во 1950-тите години. Изложбата во МСУ ќе може да се посети од 10 до 13 часот и од 15 до 17 часот. Во рамки на фестивалот „КРИК 06: Јазол – привремено постоење, анксиозност и загубена иднина“ вечер во Музејот на Современа Уметност (МСУ) предавачот Михаел Хајнрих ќе одржи јавно предавање на Кон одбележувањето на 60-годишнината на скоскиот земјотрес ќе се приклучи и Кинотеката каде што од 18 часот ќе биде прикажан избор од кратки филмски журнали на „Филмски новости“ по повод земјотресот во Скопје. Филмовите прикажуваат автентични архивски снимки од урнатините на градот, а  во нив е документирана и меѓународната помош. Програмата „Скопје во пет и седумнаесет“ во исто време (20 часот) ќе се реализира и во Шалтер салата на Пошта и на зградата на Телекомуникацискиот центар, каде што креативниот тим на „Скопје лајт арт дистрикт“ ќе изведе аудиовизуелни инсталации со ласерска проекција и 3Д-мапирање како илустративен приказ на земјотресот и на обновата. Истовремено, на локации на Скопското кале и на високите кули во Карпош 1 и 2 ќе има визуелна проекција со 3Д-мапирање. Во Музејот на Град Скопје, пак, кој  е еден од највпечатливите потсетници за скопскиот земјотрес, ќе се одржи мултимедијалниот настан на Терапија –„Зборувај за Скопје“, кој содржи ликовни изложби, проекции на филмови, визуелна уметност и музичка програма, клупска музика, настан за урбаното и модерно Скопје. Изложбата ќе биде отворена денеска и во наредните два дена. Во организација на Црвен крст, а под мотото „За Скопје со љубов“, денеска ќе се одвиваат неколку активности како цртање на мурал, интерактивна обука  за справување со катастрофи, иницијатива за пишување на писма  и телеграми, изложба на капацитетите на Нaционално друштво на Црвен крст и дружење со вработените и волонтерите на Црвениот крст. Во Младинскиот културен центар пак, вечер ќе настапат скопските музички состави Педро Хорисонте, бендот Луфтанза и етно групата Баклава, која воедно ќе го промовира и своето најново издание насловено како „За Скопје со љубов”. Во Галеријата на МКЦ е предвидена изложба на фотографии на Ристо Костовски, насловена „Попатни одблесоци”, а во галеријата 2 ќе биде отворена изложба на фотографии од збирките разгледници издадени од МАРХ Македонска архитектура од авторот на проектот Филип Конески со наслов „Бетонско Скопје”. Изложбата е поддржана и од Градот Скопје и Министерството за култура. Дел од активностите, е и покренувањето на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.

The post Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Објавена антологија Скопски вознеси по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес https://republika.mk/vesti/skopje/objavena-antologija-skopski-voznesi-po-povod-60-godishninata-od-skopskiot-zemjotres/ Sat, 22 Jul 2023 09:19:01 +0000 https://republika.mk/?p=664155

Издавачката куќа Феникс од Скопје ја објави антологијата Скопски вознеси, со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес.

Изборот на поетите и нивните песни го направи Христо Петрески, кој го напиша и поговорот на книгата, а Кристина Николовска е автор на обемниот предговор, соопшија денеска од Феникс.

Во антологијата се застапени 36 поети, меѓу кои и: Жарко Кујунџиски, Стефан Марковски, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Елена Пренџова, Виолета Танчева - Златева, Васил Тоциновски, Иван Џепароски и други.

Во поговорот, меѓу другото се подвлекува дека оваа книга се објавува точно по шеесет години од катастрофалната земјина катаклизма. Беше тоа земјотрес на почвата, но и во душата и срцето. Се откорна и откина се што можеше да се откорне и откине. Грозомор – како што ја насловил својата песна Ацо Шопов за она што ја снајде Македонија и македонскиот народ. Поетите, како и птиците, сега вознесено и надалеку ја шират својата песна. Градот Скопје е извор и вруток, заклучува Петрески.

Кристина Николовска во својот критичко-есеистички текст со наслов Град-книга, ќе запише: И го има и го доживуваме славното ни Скопје како стиховен Скопски вознес, како радост на живеењето, како слава на постоењето, како поетска ода, химна на градот-Феникс, како славна песна на прераѓањето, како снажен симбол за обновата, како светски симбол за хуманост, синергија и нова енергија... Како метафора за птицата Феникс, но и како сјајно книжевно дело на издавачката куќа „Феникс“. Ете, такво ни Скопје расте од оваа прекрасна и снажна стиховница која со стих нè израдува, та вдоми цел „град“ стихови понесени од својот град.

The post Објавена антологија Скопски вознеси по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес appeared first on Република.

]]>

Издавачката куќа Феникс од Скопје ја објави антологијата Скопски вознеси, со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Изборот на поетите и нивните песни го направи Христо Петрески, кој го напиша и поговорот на книгата, а Кристина Николовска е автор на обемниот предговор, соопшија денеска од Феникс. Во антологијата се застапени 36 поети, меѓу кои и: Жарко Кујунџиски, Стефан Марковски, Владимир Мартиновски, Марина Мијаковска, Елена Пренџова, Виолета Танчева - Златева, Васил Тоциновски, Иван Џепароски и други.
Во поговорот, меѓу другото се подвлекува дека оваа книга се објавува точно по шеесет години од катастрофалната земјина катаклизма. Беше тоа земјотрес на почвата, но и во душата и срцето. Се откорна и откина се што можеше да се откорне и откине. Грозомор – како што ја насловил својата песна Ацо Шопов за она што ја снајде Македонија и македонскиот народ. Поетите, како и птиците, сега вознесено и надалеку ја шират својата песна. Градот Скопје е извор и вруток, заклучува Петрески.
Кристина Николовска во својот критичко-есеистички текст со наслов Град-книга, ќе запише: И го има и го доживуваме славното ни Скопје како стиховен Скопски вознес, како радост на живеењето, како слава на постоењето, како поетска ода, химна на градот-Феникс, како славна песна на прераѓањето, како снажен симбол за обновата, како светски симбол за хуманост, синергија и нова енергија... Како метафора за птицата Феникс, но и како сјајно книжевно дело на издавачката куќа „Феникс“. Ете, такво ни Скопје расте од оваа прекрасна и снажна стиховница која со стих нè израдува, та вдоми цел „град“ стихови понесени од својот град.

The post Објавена антологија Скопски вознеси по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Скопјани покажаа истрајност, непокорност, но и визија и сила со која и во иднина покажаа дека овој град ќе опстои https://republika.mk/vesti/skopje/mickoski-skopjani-pokazaa-istrajnost-nepokornost-no-i-vizija-i-sila-so-koja-i-vo-idnina-pokazaa-deka-ovoj-grad-kje-opstoi/ Tue, 26 Jul 2022 09:39:04 +0000 https://republika.mk/?p=533303

59 години од катастрофалниот скопски земјотрес во кој 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени.
Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност.
Скопјани покажаа истрајност, непокорност, но и визија и сила со која и во иднина покажаа дека овој град ќе опстои, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за годишнината од скопскиот земјотрес.

The post Мицкоски: Скопјани покажаа истрајност, непокорност, но и визија и сила со која и во иднина покажаа дека овој град ќе опстои appeared first on Република.

]]>

59 години од катастрофалниот скопски земјотрес во кој 1.070 лица го загубија животот, а 3.000 беа повредени. Хуманитарните организации во многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Така Скопје стана град на меѓународна солидарност. Скопјани покажаа истрајност, непокорност, но и визија и сила со која и во иднина покажаа дека овој град ќе опстои, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за годишнината од скопскиот земјотрес.

The post Мицкоски: Скопјани покажаа истрајност, непокорност, но и визија и сила со која и во иднина покажаа дека овој град ќе опстои appeared first on Република.

]]>