Четврто издание на Скопскиот поетски фестивал се одржува до 1 јуни на неколку локации во Скопје - Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.
Гостуваат поети од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети. Официјалното отворање е вечер во 20 часот во МКЦ.
Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа, соопшти организаторот.
Мотото на годинашниот фестивал е „Борба. Не војна!“. Автор на постерот е Андреј Павлов.
The post Вечерва во МКЦ се отвора четвртото издание на Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа, соопшти организаторот.Мотото на годинашниот фестивал е „Борба. Не војна!“. Автор на постерот е Андреј Павлов.
The post Вечерва во МКЦ се отвора четвртото издание на Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи во периодот од 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина”), во градската библиотека „Браќа Миладиновци” ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква”.
Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20:00 часот во МКЦ со настанот наречен „Борба. Не војна!”
Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас или работилница за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа за гостите од странство.
Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци” ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa”, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел „Цара 1928”. Медиумски покровител е МИА, а медиумски партнери се Радио МОФ, Кајгана, Умно и Култура Бета.
Во продожение може да се проследи програмата на Скопски поетски фестивал 2024:
Преднастани
29.5.2024 Кафе-книжарница „Буква”
20:00 „Отскочна даска” – поетско читање на млади поети на возраст од 16 до 25 години.
Учесници: Андреј Анѓеловиќ, Надица Банишка, Сања Василева, Душко Двојаковски, Вероника Димоска, Сара Ѓорѓијоска, Селин Есад, Моника Ивановска, Анамарија Јанкова, Јане Моневски, Милена Неделковска, Мила Поповска, Дарио Постоловски, Стефан Спасовски и Карла Шкрлец (Хрватска).
30.5.2024 Младински културен центар ‒ Скопје (бифе МКЦ)
18:30 „Диптих” #3 ‒ Поетско читање и разговор со авторите Танос Гогос („Глазгов”) и Џејмс О’Лери („Сакрамент за болните”), модериран од Јулијана Величковска.
Официјална програма:
30.5.2024 Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина”)
20:00 Официјално отворање: „Борба. Не војна! ”
• „Сонцето денес не изгреа”: театарски танцов перформанс на Енџи Николоска и Бојан Лазаров по мотиви од поезијата на учесниците.
• Ликовна изложба на Тома Димовски („Redemption Song”, акрил на платно + видео)
• Поетско читање
Учесници: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија), Катица Ќулавкова, Славе Ѓорѓо Димоски, Викторија Ангеловска, Ивана Јовановска, Владимир Лукаш, Ива Петреска, Саранда Мехмеди, Наим Иљази, Александра Спасеска и избраниот млад поет/поетеса на Отскочна даска
31.5.2024
Градска библиотека „Браќа Миладиновци”, Скопје
11:00 ― 12:00 Мастерклас: Работилница за поетски филмови наменета за млади, што ќе ја одржат Одвеиг Кливе од Норвешка и Џејмс О’Лери од Ирска.
Младински културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина”)
18:30 Проекција на поетски филмови [„Страв од тоа што би го напишал” (02:42), „Меко” (00:44), „Диносаурус на Инчидони” (01:30), „Мислев дека сум понезаборавен, како плажа на полноќ” (02:08) и „Неповратното” (01:40) од Џејмс О'Лери (Ирска), и „Геопоетикон” и „На 19-от ден од војната/Ти се тресе раката, Владимир?” (24:38) од Одвеиг Кливе (Норвешка)]
20:00 Интернационално поетско читање
Учесници: Одвеиг Кливе (Норвешка), Марко Погачар (Хрватска), Танос Гогос (Грција), Вероника Динтињана (Словенија), Џејмс О’Лери (Ирска), Данило Лучиќ (Србија) и Катица Ќулавкова (Македонија).
1.6.2024
• Поетско читање во природа и јога-час со Љубица Митревска
The post Од денеска почнува 4. издание на Скопски поетски фестивал со гости од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети appeared first on Република.
]]>The post Од денеска почнува 4. издание на Скопски поетски фестивал со гости од Норвешка, Ирска, Словенија, Грција, Хрватска, Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети appeared first on Република.
]]>Четвртото издание на Скопскиот поетски фестивал ќе се одржи периодот 29 мај до 1 јуни на неколку локации во Скопје, и тоа: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје (кино „Фросина“), во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“.
Ќе гостуваат поети од Норвешка, од Ирска, од Словенија, од Грција, од Хрватска и од Србија, а ќе настапат и дваесетина домашни поети! Официјалното отворање е закажано за 30 мај во 20:00 часот во МКЦ.
Мотото на годинешниот фестивал е „Борба. Не војна!“, а автор на постерот е Андреј Павлов.
Во програмата на фестивалот се опфатени неколку поетски читања, како и промоции на книги, ликовна изложба, ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе се одржи мастерклас за снимање поетски филмови, а ќе се одржи и јога-час и поетско читање во природа.
Годинешното издание на фестивалот го овозможи Министерството за култура, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Хотел Цара 1928.
The post Четвртото издание на Скопски поетски фестивал со богата програма appeared first on Република.
]]>The post Четвртото издание на Скопски поетски фестивал со богата програма appeared first on Република.
]]>Во рамки на третото издание на Скопскиот поетски фестивал вечер ќе биде одржано интернационалното поетско читање.
Ќе настапат Марам ал-Масри од Франција, Имануел Мифсуд од Малта, Лана Деркач од Хрватска, Мартин Глаз Серуп од Данска, Драгослав Дедовиќ од Србија, Ален Брлек од Хрватска и Николина Андова Шопова. Читањето ќе биде придружено со соло концерт на гитара на Александар Бошков.
Фестивалскиот ден започна со утринска јога со поетска медитација воден од Марија Георгиева, во Паркот на франкофонијата.
Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје со почеток од 11:00 часот, како што е најавено ќе се одржи настанот Оut & About: панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство преку преводи и учество на книжевни фестивали. придружена од Тодорче Тасевски (директор на „Струшките вечери на поезијата“), Владимир Јанковски (уредник на издавачката куќа „Готен“), Дејан Трајковски (директор на фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“), Билјана Црвенковска (преведувана авторка и уредник на издавачката куќа „Чудна шума“) и Петар Андоновски (преведуван автор).
Потоа, во 18:00 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, ќе се одржи промоција на „Избор из савремене македонске поезије“, приредила и препеала на српски – Валентина Бакти. Промоцијата ќе се состои од поетски перформанс и кус разговор со
преведувачката и со Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур, а со поетско читање ќе настапат и дел од застапените поети во изданието. Во рамки на проектот ќе биде отворена и изложба на фотографии од Радмила Ванкоска (портрети на поетите застапени во изданието).
На крајот, ќе бидат емитувани неколку куси поетски филмови, еден режиран од Ѓорѓе Живадиновиќ Гргур (Србија) и омнибус четири анимирани филмови НЕБИДНИНА, посветени на поезијата на Ацо Шопов, во режија на Жарко Иванов, Крсте Господиновски, Иван Ивановски и Владимир Лукаш.
The post Скопскиот фестивал продолжува со поетско читање appeared first on Република.
]]>The post Скопскиот фестивал продолжува со поетско читање appeared first on Република.
]]>Со поетското читање под наслов „Воздух. Ветер. Дишење.“ вечерва од 20 часот во киното „Фросина“, официјално започнува третиот Скопски поетски фестивал.
На отворањето ќе настапат: Санде Стојчевски, Лулзим Хазири, Моника Стојановска, Перица Сарџоски, Игор Трпчески, Николина Андова Шопова, Дарија Јовановска, Драгослав Дедовиќ (Србија), Лана Деркач (Хрватска), Ален Брлек (Хрватска), Марам ал-Масри (Франција/Сирија), Имануел Мифсуд (Малта) и Мартин Глаз Серуп (Данска). Читањето ќе биде придружено со музичка импровизација на дувачки инструменти. Ќе свират Перица Сарџоски, Владимир Мартиновски и Владимир Лукаш.
Фестивалскиот ден ќе започе со неколку преднастани по следниов редослед: час по утринска јога со поетска медитација воден од Марија Георгиева, што започна во 9:30 часот во Паркот на франкофонијата.
Во градската библиотека „Браќа миладиновци“ ‒ Скопје со почеток од 11 часот ќе се одржи мастерклас, односно, работилница за креативно пишување поезија што ќе ја одржи Имануел Мифсуд, поет и универзитетски професор од Малта.
Во 18 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, ќе се одржи читачката промоција на „Ново раѓање на зборот: антологија на младата македонска поезија“, приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски, издание на ПНВ Публикации, на која ќе настапат дури триесетмина од застапените четириесет и два млади поети и поетеси.
Годинешното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, а негови помагатели се Младинскиот културен центар ‒ Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и „Бест Вестерн Хотел Турист“. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а медиумски партнер е „Култура Бета“.
The post Вечерва започнува третиот Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>The post Вечерва започнува третиот Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Поети од Данска, Малта, Франција, Сирија, Хрватска, Србија и над 50 домашни поети ќе учествуваат на третиот Скопски поетски фестивал, кој до 28 септември ќе се одржува на неколку локации во Скопје - Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и во кафе-книжарницата „Буква“.
Во програмата на фестивалот, кој официјално ќе биде отворен на 27 септември во 20 часот во МКЦ со настанот „Воздух. Ветер. Дишење“, се неколку поетски читања, како и промоции на книги, изложба на фотографии.
Ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација, соопштија организаторите.
Годинашното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, со поддршка на Младинскиот културен центар ‒ Скопје, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Бест Вестерн Хотел Турист.
The post Почнува третиот Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Ќе бидат прикажани неколку поетски филмови, ќе има музички концерт, мастерклас или работилница за креативно пишување поезија, панел-дискусија за зголемување на видливоста на македонската книжевност во странство и јога во природа со поетска медитација, соопштија организаторите.Годинашното издание на фестивалот го овозможија Министерството за култура и „Традуки“, со поддршка на Младинскиот културен центар ‒ Скопје, Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје, кафе-книжарницата „Буквa“, Хрватското друштво на писатели (HDP), ПНВ Публикации и Бест Вестерн Хотел Турист.
The post Почнува третиот Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Со проекција на 12 поетски филмови во кафе-книжарницата „Буква“ синоќа заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.
На настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ се прикажаа филмови изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
Претходно, пак, на темата „Урбана поезија“ се одржа работилница за креативно пишување поезија за млади на која говореа Сергеј Тимофеев од Латвија, Радмила Петровиќ од Србија, Владимир Мартиновски и Диме Данов.
Организацијата на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ беше предизвик, прво затоа што секогаш плановите ни се за една поголема и посериозна програма, со повеќе учесници од странство, што заради недостигот на средства претрпува сериозни компромиси, па си ги спуштаме очекувањата и се надеваме дека тоа што, сепак, ќе успееме да го донесеме за скопската публика ќе е на достојно ниво, и второ, што навистина временските прилики деновиве беа непогодни, па моравме настаните да ги организираме во затворен простор, вели директорката на фестивалот, Јулијана Величковска.
Величковска вели дека фестивалот минал одлично и во однос на квалитет и во однос на посетеност.
Сепак, и покрај сето тоа, настаните беа бројно посетени, со внимателна и вклучена публика, публика што долго по читањата остануваше на дружба со нас од организацијата и со учесниците. Чувствувам дека фестивалот беше навистина успешен, понудивме квалитетна поезија и од домашни и од странски поети, инаков начин на изведба во придружба на наши познати музичари, имавме и една извонредна изложба на колажи со поезија, но сметам дека почетокот на фестивалот, настанот за млади ‒ „Отскочна даска“, како и вчерашната работилница за креативно пишување и филмските проекции на 12 поетски филмови изработени од четворица млади режисери, беа највпечатливото што можевме програмски да го понудиме. Имаме среќа што многу драги луѓе ја препознаваат нашата заложба, нашата налудничава страст да го подигнеме нивото на книжевните настани во земјата и токму на тие прекрасни луѓе и на нивната помош и поддршка и креативност се должи ова убаво чувство на исполнетост и радост по завршувањето на фестивалот и будењето со мислата ‒ а сега време е да се подготвува следниот! За крај, би сакала да упатам голема благодарност до тимот и до сите пријатели и поддржувачи на фестивалот, додава Величковска.
Фестивалот неофицијално се отвори на 29 август со настанот „Отскочна даска“, на кој учество земаа 13 поети на возраст од 16 до 25 години и на кој Марија Велинова беше избрана да настапи и на официјалното отворање на фестивалот следниот ден.
На отворањето во кино „Фросина“, во Младинскиот културен центар, поетското читање беше тематско и посветено на битничката генерација, со наслов: „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“, при што во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол од „Летечки пекинезери“ настапија Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија.
Следната вечер, на интернационалното поетско читање настапија Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
За времетраењето на фестивалот во кафе-книжарницата „Буква“ посетителите можеа да ја разгледаат и изложбата колажи на Валентина Бакти посветени на Скопје: „Сум страдал, ама убаво ми било“.
The post Со проекција на 12 поетски филмови во „Буква“ заврши второто издание на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Организацијата на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ беше предизвик, прво затоа што секогаш плановите ни се за една поголема и посериозна програма, со повеќе учесници од странство, што заради недостигот на средства претрпува сериозни компромиси, па си ги спуштаме очекувањата и се надеваме дека тоа што, сепак, ќе успееме да го донесеме за скопската публика ќе е на достојно ниво, и второ, што навистина временските прилики деновиве беа непогодни, па моравме настаните да ги организираме во затворен простор, вели директорката на фестивалот, Јулијана Величковска.Величковска вели дека фестивалот минал одлично и во однос на квалитет и во однос на посетеност.
Сепак, и покрај сето тоа, настаните беа бројно посетени, со внимателна и вклучена публика, публика што долго по читањата остануваше на дружба со нас од организацијата и со учесниците. Чувствувам дека фестивалот беше навистина успешен, понудивме квалитетна поезија и од домашни и од странски поети, инаков начин на изведба во придружба на наши познати музичари, имавме и една извонредна изложба на колажи со поезија, но сметам дека почетокот на фестивалот, настанот за млади ‒ „Отскочна даска“, како и вчерашната работилница за креативно пишување и филмските проекции на 12 поетски филмови изработени од четворица млади режисери, беа највпечатливото што можевме програмски да го понудиме. Имаме среќа што многу драги луѓе ја препознаваат нашата заложба, нашата налудничава страст да го подигнеме нивото на книжевните настани во земјата и токму на тие прекрасни луѓе и на нивната помош и поддршка и креативност се должи ова убаво чувство на исполнетост и радост по завршувањето на фестивалот и будењето со мислата ‒ а сега време е да се подготвува следниот! За крај, би сакала да упатам голема благодарност до тимот и до сите пријатели и поддржувачи на фестивалот, додава Величковска.Фестивалот неофицијално се отвори на 29 август со настанот „Отскочна даска“, на кој учество земаа 13 поети на возраст од 16 до 25 години и на кој Марија Велинова беше избрана да настапи и на официјалното отворање на фестивалот следниот ден. На отворањето во кино „Фросина“, во Младинскиот културен центар, поетското читање беше тематско и посветено на битничката генерација, со наслов: „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“, при што во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол од „Летечки пекинезери“ настапија Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија. Следната вечер, на интернационалното поетско читање настапија Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј. За времетраењето на фестивалот во кафе-книжарницата „Буква“ посетителите можеа да ја разгледаат и изложбата колажи на Валентина Бакти посветени на Скопје: „Сум страдал, ама убаво ми било“.
The post Со проекција на 12 поетски филмови во „Буква“ заврши второто издание на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови, што ќе се прикажат вечерва во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот, официјално ќе заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“.
Филмовите се изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
Претходно, пак, со почеток во 18 часот на истата локација, на темата „Урбана поезија“ ќе се одржи работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат Сергеј Тимофеев од Латвија, Радмила Петровиќ од Србија и Владимир Мартиновски.
Посетителите уште денес ќе имаат можност да ја видат и изложбата на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија) ‒ „Сум страдал, ама убаво ми било“, што беше отворена на 29 август во „Буква“.
Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, пак, синоќа настапија на интернационалната вечер на фестивалот, а вечерта заврши со кусиот поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
The post Со поетски филмови за Скопје вечерва завршува 2. „Скопскиот поетски фестивал“ appeared first on Република.
]]>The post Со поетски филмови за Скопје вечерва завршува 2. „Скопскиот поетски фестивал“ appeared first on Република.
]]>Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија вечерва ќе настапат на интернационалната вечер на „Скопскиот поетски фестивал“, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, во киното „Фросина“, со почеток во 19 часот.
Вечерта ќе се заокружи со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
Официјалното отворање на фестивалот се случи синоќа, а скопската публика беше бројна и покрај невремето што го зафати градот. Поетското читање беше тематско ‒ „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“, па во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол од „Летечки пекинезери“ настапија Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и младата поетеса Марија Велинова.
Фестивалот ќе заврши утревечер во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 18 часот, кога на темата „Урбана поезија“ ќе се одржи работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат дел од поетите што учествуваат на читањата, а потем, на истата локација, од 21 часот ќе се одржи настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од Младинскиот културен центар ‒ Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и винарница „Стоби“. Медиумски покровител е „Нова Македонија“, а „Култура бета“ е медиумски партнер.
The post Интернационална вечер на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>The post Интернационална вечер на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Скопската публика вечерва ќе може да ужива во поезија и џез на официјалното отворање на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар, во киното „Фросина“, со почеток во 20 часот.
Се работи за тематско поетско читање „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ на кое во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол од „Летечки пекинезери“ ќе настапат Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и младата Марија Велинова...
Во пресрет на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ разговаравме со Сергеј Тимофеев од Латвија. Роден во 1970 година, Тимофеев е поет, новинар, преведувач и диџеј од Латвија, кој пишува на руски јазик. Автор е на седум стихозбирки. Неговите песни се преведени на англиски, на италијански, на шведски, на германски, на украински и на други јазици, а активно учествува на поетски фестивали низ целиот свет. Тој е еден од првите во постсоветскиот културен простор што го измисли жанрот видеопоезија, а неговото прво видеопоетско дело „Оркестарска проба“ е создадено во 1994 година во соработка со режисерот Виктор Вилкс. Тој е еден од основачите на „Орбита“, креативна група руски поети и уметници. Сергеј Тимофеев живее во Рига и продолжува да ја комбинира модерната поезија со други уметнички форми и медиуми.
Минатата година не успеавте да учествувате на првото издание на „Скопскиот поетски фестивал“, но годинава сигурно доаѓате. Какво е чувството по оние години на изолација поради ковид-пандемијата, да се посетуваат фестивали, средби со колегите поети... Како влијаеше на Вас пандемијата? Што научивте?
ТИМОФЕЕВ: Годинава ова ќе биде првиот поетски фестивал на кој ќе одам. Речиси веднаш по моето враќање, ќе одам и на книжевен фестивал во Грузија, во Тбилиси. Со нетрпение ги очекувам овие патувања, бидејќи, се разбира, присуството на поетот на фестивалите, можноста да го видам и да го слушнам, е многу важно. Минатата година подготвив специјален видеосет за „Скопскиот поетски фестивал“ со музичарот Станислав Јудин. Според мене, тоа беше добар излез од ситуација кога не можете да дојдете самите. Но, за време на пандемијата, морав да учествувам на два фестивала преку „Зум“ ‒ во Романија и во Германија. Да бидам искрен, многу е тешко да им се чита на невидливите луѓе. Како во празнина. Некаква виртуелна сенка. Мислам дека, за разлика од предавањата, поетските изведби сè уште не се вклопуваат во форматот на „Зум“. Да се биде на самото место и време, да се види публиката, да се почувствува нејзиното внимание, е многу важно за еден поет.
[caption id="attachment_545643" align="alignnone" width="500"] Сергеј Тимофеев: Универзалните рецепти за тоа „како да се пишува“ едноставно не постојат[/caption]
Македонската читателска публика ја запозна Вашата поезија преку изборот песни „Шумата почнува тука“, која на македонски јазик ја преведе Јулијана Величковска, а беше објавена од „ПНВ Публикации“. Што подготвивте овој пат за љубителите на поезијата? Дали ќе се претставите можеби со некои нови стихови?
ТИМОФЕЕВ: Сакам да ја искористам можноста и самиот да ги претставам песните од книгата, па најмногу ќе читам од неа. Секако, се појавија некои нови песни, но засега нивниот превод е само планиран. Сепак, јас и Јулијана решивме на отворањето на фестивалот, посветен на интеракцијата меѓу поезијата и џезот, да прочитам песна што ја нема во книгата. Се вика „Швајцарски џез“ и напишана е откако поминав еден месец патувајќи со еден швајцарски џез-бенд како тур-менаџер. Тоа беше многу моќно и важно искуство за мене ‒ постојано движење, средби, збогувања, настани, концерти, каде што, во принцип, се изведуваше приближно истата програма, но секоја вечер звучеше различно.
Како се инспирирате кога пишувате? Познат сте и по комбинирањето поезија со други форми и медиуми... Имате ли можеби „некаков рецепт“, некој „ритуал“ или сѐ е спонтано?
ТИМОФЕЕВ: Со моите колеги од латвиската поетска група „Орбита“, направивме дури и специјална изложба наречена „Од каде доаѓаат песните? / Where do poems come from? (Ако објавата е онлајн, тогаш тука можете да видите како изгледаше). Таа беше лоцирана во складиштето на една бетонска сцена за приземјување закотвена на брегот на Даугава. Таму имаше 4 соби и 4 верзии на одговорот на ова прашање. Мојот одговор беше „Од прозорецот“ ‒ и тоа беше таква поетска машина, што се управуваше со рачката на менувачот од стара „волга“. Таа можеше да избере една од четирите песни што ги читаат авторите во нивната соба крај нивниот прозорец ‒ со звуците од дворот или од улицата. И слушнете го додека го гледате видеото на екранот ‒ на кое се прикажува како од мојот прозорец ги снимив рефлексиите во прозорците отспротива. Овој предмет за мене е метафора за фактот дека поезијата се раѓа од набљудување, од процесот на разгледување на светот, што го гледаме низ нашиот внатрешен „прозорец на светот“.
Бидејќи се занимавате и со превод, дали сте преведувале некој македонски автор?
ТИМОФЕЕВ: Ух, јас не знам македонски. Сепак, неопходно е да се знае јазикот за да се преведува македонската поезија. Поезијата е вкоренета во јазикот на кој е напишана. Таа израснува од него и од неговите можности. Ако не ја владеете во целост смислата за значењата што може да ги содржи еден стих во оригиналот, нема да можете да го преведете соодветно. Затоа, според мене, речиси е невозможно да се преведе поезија од друг превод.
Како почнавте да пишувате поезија? Имавте ли некој идол меѓу светските поети? Или некое дело?
ТИМОФЕЕВ: Немаше конкретна точка кога сето тоа започна. Тоа беше долг и постепен процес. Прво, некое посебно задоволство од читањето, од самите фрази, од зборовите. Потоа следуваа некои обиди да создадам нешто на ова поле. Но, мислам дека тука е важен принципот на задоволство и изненадување. Поезијата може да ти направи голем ќеф, а можеш и да се изненадиш како авторот дошол на идеја да ги спои овие зборови, да ја формулира својата мисла, својата слика на таков начин. Поезијата е сферата на постојаните изуми. Ако авторот престане да измислува и почне да се повторува, во одреден момент и самиот станува незаинтересиран да твори. Има многу поети на овие простори што ми се интересни, но не би рекол дека имам „омилени“. Ми се допаѓаше американската битничка поезија, француските надреалисти, грчките и италијанските автори од 1970-тите. Но, ако и самите пишувате, секогаш треба да држите дистанца од она што веќе го направиле другите автори, да не ги повторувате, да не копирате, иако е сосема можно да ви се поклопат мислите со другите што веќе пишувале за тоа, но можете да го реобмислите и инаку да го срочите. Се разбира, универзалните рецепти за тоа „како да се пишува“ едноставно не постојат. Јас само зборувам за мојот пристап.
Фотографии: Кристапс Калнс
The post Поетските изведби сè уште не се вклопуваат во форматот на „Зум“ appeared first on Република.
]]>The post Поетските изведби сè уште не се вклопуваат во форматот на „Зум“ appeared first on Република.
]]>Скопската публика вечерва ќе може да ужива во поезија и џез на официјалното отворање на второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“, што ќе се одржи во Младинскиот културен центар, во киното „Фросина“, со почеток во 20 часот.
Се работи за тематско поетско читање „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ на кое во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол од „Летечки пекинезери“ ќе настапат Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и младата Марија Велинова.
Велинова синоќа беше избрана од тринаесетмината млади поети на возраст од 16 до 25 години што читаа на настанот „Отскочна даска“ во кафе-книжарницата „Буква“.
Во „Буква“ беше отворена и ликовната изложба на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија) ‒ „Сум страдал, ама убаво ми било“, што посетителите ќе можат да ја видат за времетраењето на фестивалот, односно, до 1 септември.
Фестивалот ќе продолжи и следните два дена. Утре, во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“), со почеток во 19 часот, ќе се одржи интернационалната поетска вечер на која ќе настапат Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта ќе заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
На 1 септември во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 18 часот, на темата „Урбана поезија“ ќе се одржи работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат дел од поетите што учествуваат на читањата.
На истата локација од 21 часот ќе се одржи „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови изработени од Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Диме Данов и Валентина Бакти (Србија), врз основа на песни за Скопје од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
Дизајнот на официјалниот постер за второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ е дело на Андреј Павлов.
The post Со џез и поезија вечерва официјално ќе биде отворен „Скопскиот поетски фестивал“ appeared first on Република.
]]>The post Со џез и поезија вечерва официјално ќе биде отворен „Скопскиот поетски фестивал“ appeared first on Република.
]]>„Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“ е тематско поетско читање на кое во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе настапат повеќе поети во рамки на 2. Скопски поетски фестивал.
На поетското читање, кое ќе се одржи во Младинскиот културен центар, вечерва од 20 часот ќе настапат Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и победникот на „Отскочна даска“ од преднастанот за млади поети од 16 до 25-годишна возраст што се одржа вчера во рамки на фестивалот.
Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ годинава се одржува од 29 август до 1 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања ќе учествуваат поети од земјава и странство.
Поетските вечери ќе бидат надополнети со музички перформанси, како и работилница за креативно пишување поезија за млади, ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови изработени за фестивалот.
The post Тематско поетско читање и џез на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>The post Тематско поетско читање и џез на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Со „Отскочна даска“ ‒ настан за млади поети и поетеси од 16 до 25 години вечерва во 20 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) се најавува второто издание на Скопскиот поетски фестивал кој ќе трае до први септември.
Во кафе-книжарницата„Буква“ исто така во 20 часот ќе биде отворена изложбата на колажи „Сум страдал, ама убаво ми било“ од Валентина Бакти (Србија).
На поетските читања ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство, ќе настапат и неколку музичари, ќе се одржи и работилница за креативно пишување поезија за млади, ќе биде отворена и ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови специјално изработени за фестивалот.
Официјалното отворање на фестивалот ќе се одржи во вторник, на 30 август, во МКЦ во 20 часот со настанот „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“. Станува збор за тематско поетско читање посветено на битничката генерација поети, на кое авторите во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе читаат своја поезија на начинот на кој тоа го правеле битниците. Ќе настапат: Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и избраниот млад поет/поетеса на настанот „Отскочна даска“.
В среда, на 31 август, со почеток во 19 часот во МКЦ Скопје ќе се одржи и „Интернационалната поетска вечер“, на која ќе настапат Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта ќе заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
Фестивалот ќе заврши во четврток, на 1 септември, во кафе-книжарницата „Буква“, а програмата тој ден ќе започне во 18 часот со работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат дел од поетите што учествуваат на читањата, на тема „Урбана поезија“.
Истата вечер, во 21 часот програмата ќе продолжи со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови инспирирани од песни за Скопје. Филмовите ги снимија Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Валентина Бакти (Србија) и Диме Данов, врз основа на песни од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
Дизајнот на официјалниот постер за второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ е дело на Андреј Павлов.
The post Второ издание на Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>The post Второ издание на Скопски поетски фестивал appeared first on Република.
]]>Второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ ќе се одржи од 29 август до 1 септември годинава, на две локации: во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања ќе учествуваат дваесетина поети од земјава и од странство, ќе настапат и неколку музичари, ќе се одржи и работилница за креативно пишување поезија за млади, ќе биде отворена и ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови специјално изработени за фестивалот.
Неофицијално, програмата ќе започне со „Отскочна даска“ ‒ настан за млади поети и поетеси од 16 до 25-годишна возраст. Читањето ќе се одржи во понеделник, на 29 август, со почеток во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, на кое ќе настапат десетина млади поети и поетеси, а потем самите учесници со гласање ќе одберат кој од нив ќе чита и на отворањето на фестивалот во официјалната програма.
Истиот ден ќе биде отворена и ликовната изложба на колажи за Скопје од Валентина Бакти (Србија) ‒ „Сум страдал, ама убаво ми било“, што посетителите ќе можат да ја видат во „Буква“ за времетраењето на фестивалот.
Официјалното отворање на фестивалот ќе се одржи во вторник, на 30 август, со почеток во 20 часот во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, со настанот „Во друштво на мртвите поети: како битник ‒ џез и поезија“. Станува збор за тематско поетско читање посветено на битничката генерација поети, на кое авторите во придружба на џез-музичарите Шамба и Сол ќе читаат своја поезија на начинот на кој тоа го правеле битниците. Ќе настапат: Андреј Ал-Асади, Јовица Ивановски, Делвина Крлуку, Мариета Дукиќ, Д. А. Лори, Митко Апостолов, Васко Марковски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија и избраниот млад поет/поетеса на настанот „Отскочна даска“.
Во среда, на 31 август, исто така со почеток во 20 часот во МКЦ‒ Скопје ќе се одржи и „Интернационалната поетска вечер“, на која ќе настапат Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија и Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта ќе заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј.
Фестивалот ќе заврши во четврток, на 1 септември, во кафе-книжарницата „Буква“, а програмата тој ден ќе започне во 18 часот со работилница за креативно пишување поезија за млади на која ќе говорат дел од поетите што учествуваат на читањата, на тема „Урбана поезија.
Истата вечер, во 21 часот програмата ќе продолжи со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови инспирирани од песни за Скопје. Филмовите ги снимија Сандра Ѓоргиева, Марија Шаклева, Валентина Бакти (Србија) и Диме Данов, врз основа на песни од поетите: Блаже Конески, Анте Поповски, Радован Павловски, Владимир Мартиновски, Васко Марковски, Исток Улчар, Биљана Стојановска, Ана Голејшка Џикова, Јулијана Величковска, Ивана Јовановска, Ѓоко Здравески и Андреј Ал-Асади.
Дизајнот на официјалниот постер за второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“ е дело на Андреј Павлов.
The post Двесетина поети, џез, поетски филмови на второто издание на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>The post Двесетина поети, џез, поетски филмови на второто издание на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>„Отскочна даска“ е поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена, а кое е предвесник на претстојниот Скопски поетски фестивал, кој ќе се одржи од 29 август до 1 септември, 2022 година.
Настанот ќе има натпреварувачки карактер и е наменет за поети и поетеси на возраст од 16 до 25 години. Победникот ќе се претстави на отварањето на фестивалот.
- Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот.
Ако сте на возраст од 16 до 25 години и сакате да учествувате на „Отскочна даска“, испратете ни две ваши песни на мејлот [email protected] најдоцна до 10-ти август. Ги очекуваме вашите песни - велат организаторите.
Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на официјалните Фејсбук и Инстаграм страници на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот.
Фестивалот е поддржан од град Скопје, од кафе-книжарница „Буква“ и од Младинскиот културен центар ‒ Скопје.
The post „Отскокни и ти!“ – натпреварувачки настан во пресрет на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>The post „Отскокни и ти!“ – натпреварувачки настан во пресрет на Скопскиот поетски фестивал appeared first on Република.
]]>