скопски маратон 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-maraton-2022/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Oct 2022 13:19:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопски маратон 2022 Archives - Република https://republika.mk/tema/skopski-maraton-2022/ 32 32 Нови рекорди, уникатни транспаренти и над 8.500 тркачи на 18. Скопски маратон https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/novi-rekordi-unikatni-transparenti-i-nad-8-500-trkachi-na-18-skopski-maraton/ Sun, 02 Oct 2022 13:19:00 +0000 https://republika.mk/?p=556534

Над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, позитивен утрински дух и безброј насмевки, кои што беа вистинска инспирација за навивачките групи долж рутата на најмасовната спортска манифестација во Македонија. Ваква беше атмосферата на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон.

Традиционалните трки на овој маратон започнаа во 08:00 часот во центарот на главниот град, по нова патека, која се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација, како големо достигнување за квалитетот на овој настан и вредноста на учеството во истиот.

Финишот на сите трки беше плоштадот „Македонија“, кој со ова издание повторно прерасна во традиционалното место за завршување на Виз Ер Скопскиот маратон.

На 18то издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28.

Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара Попов со време од 03:23:00.

 

Виз Ер Скопскиот маратон од година во година, сè повеќе ја зголемува свеста за улогата на трчањето и спортувањето во оддржувањето на здравјето, а доказ за тоа се сè почестите тркачи низ улиците кои тренираат и се подготвуваат за маратонот во текот на целата година, како и бројот на годинешните учесници кој надмина 8500. На ниво како светските маратони, - и оваа година во утринско расположение, асфалтот низ Скопје и оваа година трепереше од чекорите на тркачите, кои доаѓаат од Македонија, но и од многубројни земји од целиот свет. Им упатувам искрени честитки на сите победници на сите трки, како и на сите учесници и волонтери на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон, - вие сте инспирацијата и срцето на овој настан, изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.

Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, присуствуваше на оваа спортска манифестација и ги додели наградите на прво пласираните на ова издание на маратонот.

Во машка конкуренција од македонските натпреварувачи, прв до целта стигна Дарио Ивановски со време од 02:23:07, второто место му припадна на Никола Илиевски со време од 02:43:28, додека на третото место заврши Миле Бачески со време од 02:45:29.

Од женските претставници на Македонија, првото место го освои Билјана Кираџиева со време од 03:04:49, второто место и припадна на Тамара Попов со време од 03:23:00, а на трето место заврши Весна Кираџиева со време од 03:44:09.

 

Најдобар  на полумаратонот во машка конкуренција и во категорија на македонски атлетичари е Жан Тошев со време од 01:11:56, на второ место заврши Иван Пешовски со време од 01:13:24, додека третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 01:13:45.

Победничка на полумаратонот во женска категорија и со нов рекорд на патеката е Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, пиедесталот го пополнија е Греса Бакрачи од Косово со време од 01:22:54на второто место и Миљана Ристиќ со време од 01:28:01на третото место.

Во женската конкуренција од македонските натпреварувачки на полумаратонот, првопласирана Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, на второ место за време од 01:28:01заврши Миљана Ристиќ, а на трето место е Марина Домазетовска со време од 01:33:54.

Победници на најкратката трка по должина, 5км, беа Григоријан Никовски за време  00:17:00 во машка конкуренција, втор заврши Јован Костовскиза време  00:17:23 и трет беше Христијан Танескиза време  00:17:36, додека кај дамите друштво на пиедесталот на победничката Одета Белегу за време  00:20:07 и правеа Ирма Хајдариза време  00:20:21 и Магдалена Станковсказа време  00:20:36.

Значителен успех е да се организира спортска манифестација од ваков ранг која со ова издание полека го враќа бројот на учесниците како пред пандемијата. Овој маратонгодинава го посветуваме во чест на претседателот на Сојузот на спортови, Ѓорѓи Кузмановски, кој иако нè напушти неколку дена пред оддржувањето на маратонот, неговата посветеност, труд и улога како главен мотиватор за зачувување и промовирање на спортските вредноста, -за секоја година овој настан да се зголемува и напредува сè повеќе, - ќе останат запаметени како уникатен примерза сите генерации, изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.

Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги потсетија присутните за важноста да ја негуваме љубовта кон трчањето и здравиот живот, а воедно со спортски поздрав им упатија благодарност и честитки на сите победници и учесници, како и на секој волонтер на овогодинешното издание на маратонот, чија укажана помош секоја година е незаменлива и прави разлика во уште поуспешна организација на овој спортски настан.

Виз Ер Скопски маратон е организиран од страна наСојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје,Министерството за внатрешни работие партнер на маратонот, а како и секоја година оваа најмасовна спортска манифестација е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕвропскатаУнијаи Агенцијата за млади и спорт.

Традиционалните награди за најдобар транспарент, како и за најдобра фотографија, како дел од еден од најзабавните делови од маратонот, ќе бидат финално објавени на официјалната фан страница на Виз Ер Скопски маратон на „Фејсбук“.

 

The post Нови рекорди, уникатни транспаренти и над 8.500 тркачи на 18. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>

Над 8.500 тркачи од повеќе од 47 земји од светот ги исполнија скопските улици со спортска атмосфера, позитивен утрински дух и безброј насмевки, кои што беа вистинска инспирација за навивачките групи долж рутата на најмасовната спортска манифестација во Македонија. Ваква беше атмосферата на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон. Традиционалните трки на овој маратон започнаа во 08:00 часот во центарот на главниот град, по нова патека, која се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација, како големо достигнување за квалитетот на овој настан и вредноста на учеството во истиот. Финишот на сите трки беше плоштадот „Македонија“, кој со ова издание повторно прерасна во традиционалното место за завршување на Виз Ер Скопскиот маратон. На 18то издание на Виз Ер Скопски маратон, победник во машка конкуренција е Онесмус Киплимо Киплагат со време од 02:18:19. Второто место го освои Дарио Ивановски со време од 02:23:07, а пиедесталот го дополни Никола Илиевски со време од 02:43:28. Во женска категорија прва до целта стигна Кетрин Черотич со време од 02:38:48, второпласирана заврши Билјана Кираџиева со време од 03:04:49 и третото место го освои Тамара Попов со време од 03:23:00.  
Виз Ер Скопскиот маратон од година во година, сè повеќе ја зголемува свеста за улогата на трчањето и спортувањето во оддржувањето на здравјето, а доказ за тоа се сè почестите тркачи низ улиците кои тренираат и се подготвуваат за маратонот во текот на целата година, како и бројот на годинешните учесници кој надмина 8500. На ниво како светските маратони, - и оваа година во утринско расположение, асфалтот низ Скопје и оваа година трепереше од чекорите на тркачите, кои доаѓаат од Македонија, но и од многубројни земји од целиот свет. Им упатувам искрени честитки на сите победници на сите трки, како и на сите учесници и волонтери на 18тото издание на Виз Ер Скопски маратон, - вие сте инспирацијата и срцето на овој настан, изјави Кире Синадиновски, директор на Виз Ер Скопски маратон.
Амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир, присуствуваше на оваа спортска манифестација и ги додели наградите на прво пласираните на ова издание на маратонот. Во машка конкуренција од македонските натпреварувачи, прв до целта стигна Дарио Ивановски со време од 02:23:07, второто место му припадна на Никола Илиевски со време од 02:43:28, додека на третото место заврши Миле Бачески со време од 02:45:29. Од женските претставници на Македонија, првото место го освои Билјана Кираџиева со време од 03:04:49, второто место и припадна на Тамара Попов со време од 03:23:00, а на трето место заврши Весна Кираџиева со време од 03:44:09.   Најдобар  на полумаратонот во машка конкуренција и во категорија на македонски атлетичари е Жан Тошев со време од 01:11:56, на второ место заврши Иван Пешовски со време од 01:13:24, додека третото место му припадна на Атанас Анчевски со време од 01:13:45. Победничка на полумаратонот во женска категорија и со нов рекорд на патеката е Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, пиедесталот го пополнија е Греса Бакрачи од Косово со време од 01:22:54на второто место и Миљана Ристиќ со време од 01:28:01на третото место. Во женската конкуренција од македонските натпреварувачки на полумаратонот, првопласирана Адријана Поп Арсова со време од 01:16:12, на второ место за време од 01:28:01заврши Миљана Ристиќ, а на трето место е Марина Домазетовска со време од 01:33:54. Победници на најкратката трка по должина, 5км, беа Григоријан Никовски за време  00:17:00 во машка конкуренција, втор заврши Јован Костовскиза време  00:17:23 и трет беше Христијан Танескиза време  00:17:36, додека кај дамите друштво на пиедесталот на победничката Одета Белегу за време  00:20:07 и правеа Ирма Хајдариза време  00:20:21 и Магдалена Станковсказа време  00:20:36.
Значителен успех е да се организира спортска манифестација од ваков ранг која со ова издание полека го враќа бројот на учесниците како пред пандемијата. Овој маратонгодинава го посветуваме во чест на претседателот на Сојузот на спортови, Ѓорѓи Кузмановски, кој иако нè напушти неколку дена пред оддржувањето на маратонот, неговата посветеност, труд и улога како главен мотиватор за зачувување и промовирање на спортските вредноста, -за секоја година овој настан да се зголемува и напредува сè повеќе, - ќе останат запаметени како уникатен примерза сите генерации, изјави Гордана Николовска од Сојуз на спортови на Скопје.
Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги потсетија присутните за важноста да ја негуваме љубовта кон трчањето и здравиот живот, а воедно со спортски поздрав им упатија благодарност и честитки на сите победници и учесници, како и на секој волонтер на овогодинешното издание на маратонот, чија укажана помош секоја година е незаменлива и прави разлика во уште поуспешна организација на овој спортски настан. Виз Ер Скопски маратон е организиран од страна наСојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“ од Скопје,Министерството за внатрешни работие партнер на маратонот, а како и секоја година оваа најмасовна спортска манифестација е под покровителство на Град Скопје, Делегацијата на ЕвропскатаУнијаи Агенцијата за млади и спорт. Традиционалните награди за најдобар транспарент, како и за најдобра фотографија, како дел од еден од најзабавните делови од маратонот, ќе бидат финално објавени на официјалната фан страница на Виз Ер Скопски маратон на „Фејсбук“.  

The post Нови рекорди, уникатни транспаренти и над 8.500 тркачи на 18. Скопски маратон appeared first on Република.

]]>
Во недела стартува 18. издание на „Визер скопски маратон“ https://republika.mk/vesti/skopje/vo-nedela-startuva-18-izdanie-na-vizer-skopski-maraton/ Sat, 01 Oct 2022 07:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=556194

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Визер скопски маратон, ќе се оддржи на 2.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, којашто сите љубители на трчањето од земјата и пошироко со нетрпение ја очекуваат секоја година.

Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, – „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе почнат точно во 8:00 часот.

Директорот на Визер скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес-конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години.

Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот.

Учесниците на трката на 5 км ќе тргнат од „Рекорд“ и трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром.

„Огромна чест ми е што сум сведок и дел од големиот тим кој е заслужен за организација и на годинешното 18. издание на најпознатата атлетска манифестација во Македонија, Визер скопски маратон. Оваа година на сите четири трки – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – „ЕУ за спортот“ и трката на 5 км, – ќе трчаат над 8.500 учесници. Маратонот како и секоја година, така и оваа ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи. Пријавени се натпреварувачи од над 47 земји од целиот свет, со што покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам лесни нозе и да ги соборат своите најдобри времиња“, изјави Синадиновски.

Директорот на Визер скопски маратон изрази огромна благодарност до организаторите на маратонот – Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски клуб „Работнички“, Министерство за внатрешни работи (МВР) како партнер на маратонот, како и до покровителите на маратонот – Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт, како и до сите волонтери кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодишното издание.

Синадиновски ги потсети сите тркачи, кои сè уште го немаат подигнато својот стартен пакет, дека ќе имаат шанса истото да го направат уште денес и утре (30.9.2022 и 1.10.2022) во „Веро Џамбо“ од 11:00 19:00 часот. Подигнувањето на пакетот ќе може да се изврши само со документ за идентификација или потврдена порака на е-пошта од пријавата.

Прес-конференцијата се одржа во хотел „Парк и спа“, каде свое обраќање имааа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје .

The post Во недела стартува 18. издание на „Визер скопски маратон“ appeared first on Република.

]]>

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Визер скопски маратон, ќе се оддржи на 2.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, којашто сите љубители на трчањето од земјата и пошироко со нетрпение ја очекуваат секоја година. Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, – „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе почнат точно во 8:00 часот. Директорот на Визер скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес-конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот. Учесниците на трката на 5 км ќе тргнат од „Рекорд“ и трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром.
„Огромна чест ми е што сум сведок и дел од големиот тим кој е заслужен за организација и на годинешното 18. издание на најпознатата атлетска манифестација во Македонија, Визер скопски маратон. Оваа година на сите четири трки – маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – „ЕУ за спортот“ и трката на 5 км, – ќе трчаат над 8.500 учесници. Маратонот како и секоја година, така и оваа ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи. Пријавени се натпреварувачи од над 47 земји од целиот свет, со што покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам лесни нозе и да ги соборат своите најдобри времиња“, изјави Синадиновски.
Директорот на Визер скопски маратон изрази огромна благодарност до организаторите на маратонот – Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски клуб „Работнички“, Министерство за внатрешни работи (МВР) како партнер на маратонот, како и до покровителите на маратонот – Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт, како и до сите волонтери кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодишното издание. Синадиновски ги потсети сите тркачи, кои сè уште го немаат подигнато својот стартен пакет, дека ќе имаат шанса истото да го направат уште денес и утре (30.9.2022 и 1.10.2022) во „Веро Џамбо“ од 11:00 19:00 часот. Подигнувањето на пакетот ќе може да се изврши само со документ за идентификација или потврдена порака на е-пошта од пријавата. Прес-конференцијата се одржа во хотел „Парк и спа“, каде свое обраќање имааа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје .

The post Во недела стартува 18. издание на „Визер скопски маратон“ appeared first on Република.

]]>
В недела стартува 18. издание на Скопски маратон, трката во чест на Ѓорги Кузмановски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/v-nedela-startuva-18-izdanie-na-skopski-maraton-trkata-vo-chest-na-gjorgi-kuzmanovski/ Fri, 30 Sep 2022 11:43:15 +0000 https://republika.mk/?p=555986

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година.

Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, - „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе започнат точно во 08:00 часот.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот.

Учесниците на трката на 5км ќе тргнат од „Рекорд“ и трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром.

Огромна чест ми е што сум сведок и дел од големиот тим кој е заслужен за организација и на годинешното 18то издание на најпознатата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа година на сите четири трки, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - „ЕУ за спортот“ и трката на 5км, - ќе трчаат над 8500 учесници. Маратонот како и секоја година, така и оваа ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи. Пријаве ни се натпреварувачи од над 47 земји од целиот свет, со што покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам “лесни нозе“ и да ги соборат своите најдобри времиња, изјави Синадиновски.

Директорот на Виз Ер Скопски маратон изрази огромна благодарност до организаторите на маратонот, - Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“, Министерство за внатрешни работи (МВР) како партнер на маратонот, како и до покровителите на маратонот, - Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт, како и до сите волонтери кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание.

Синадиновски ги потсети сите тркачи, кои сè уште го немаат подигнато својот стартен пакет, ќе имаат шанса истото да го направат уште денес и утре (30.09.2022 и 01.10.2022) во Веро Џамбо од 11:00 19:00 часот. Подигнувањето на пакетот ќе може да се изврши само со документ за идентификација или потврден меил од пријавата.

Прес конференцијата се оддржа во хотел „Парк и Спа“, каде свое обраќање имааа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје .

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека со огромно задовоство Градот Скопје е покровител и традиционален домаќин на Виз Ер Скопскиот маратон.

Сите кои нема да бидат во можност маратонот да го проследат на скопските улици, ќе можат да го гледаат во живо на официјалниот профил на Македонскиот Олимписки Комитет на Јутјуб (YouTube): https://www.youtube.com/channel/UCg_F0azsm6udJTAGWMPOCFg. Во понеделникот нè напушти Ѓорѓи Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортови на Скопје. Оваа недела беше тешка за сите нас, но знаеме дека тоа ќе ни даде ветар во грб за целиот маратон да помине во најдобар ред. Овогодинешниот маратон му го посветуваме токму на него, изјави Николовска.

Виз Ер Скопски маратон како секој познат светски маратон секоја година внесува нешто ново во организацискиот дел, па така оваа година традиционалната „Pasta Party“ ќе се реализира во соработка со тркачкиот клуб 091 RUNCrW. Забавата ќе се оддржи на 01.10.2022 (сабота) во МКЦ клуб и ресторан со почеток од 18:00 часот.

Организаторите уште еднаш ја повикаа скопксата публика да дојдат и да ги поддржат сите натпреварувачи, бидејќи сите знаеме колку им значи нивното навивање додека ја завршуваат нивната трка. За најдобрите фотографии и транспаренти ќе следува награда.

The post В недела стартува 18. издание на Скопски маратон, трката во чест на Ѓорги Кузмановски appeared first on Република.

]]>

Најпознатиот спортски настан во Македонија, Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи на 02.10.2022 (недела) со препознатливите трки како носители на најголемата и традиционална спортска манифестација, која што сите љубители на трчањето од земјата и пошироко, со нетрпение ја очекуваат секоја година. Трките кои секоја година се дел од најомилениот спортски настан во државата, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон, - „ЕУ за спортот“ и трката на 5км ќе започнат точно во 08:00 часот. Директорот на Виз Ер Скопски маратон, Кире Синадиновски, на денешната прес конференција најави дека се менува дел од патеката по која се трчаше изминативе години. Новата патека е измерена од меѓународен лиценциран мерач и се здоби со А сертификат од АИМС и Светската атлетска федерација. Целта е плоштадот „Македонија“ со кој се враќа традиционалниот финиш на патеката по што беше препознатлив маратонот. Учесниците на трката на 5км ќе тргнат од „Рекорд“ и трчаат во правец на Аеродром, додека тркачите на маратон, полумаратон и штафетниот маратон ќе стартуваат од старата Градска болница „Св. Наум Охридски“ во правец на плоштад и продолжуваат преку ул. „Теодосиј Гологанов“ кон Хром.
Огромна чест ми е што сум сведок и дел од големиот тим кој е заслужен за организација и на годинешното 18то издание на најпознатата атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Оваа година на сите четири трки, - маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон - „ЕУ за спортот“ и трката на 5км, - ќе трчаат над 8500 учесници. Маратонот како и секоја година, така и оваа ќе биде домаќин на квалитетни натпреварувачи. Пријаве ни се натпреварувачи од над 47 земји од целиот свет, со што покажуваме дека овој спортски настан е веќе препознатлив на светско ниво. На сите тркачи им посакувам “лесни нозе“ и да ги соборат своите најдобри времиња, изјави Синадиновски.
Директорот на Виз Ер Скопски маратон изрази огромна благодарност до организаторите на маратонот, - Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со Атлетски Клуб „Работнички“, Министерство за внатрешни работи (МВР) како партнер на маратонот, како и до покровителите на маратонот, - Град Скопје, Делегацијата на Европската Унија, Агенцијата за млади и спорт, како и до сите волонтери кои ќе бидат вклучени во реализацијата на овогодинешното издание. Синадиновски ги потсети сите тркачи, кои сè уште го немаат подигнато својот стартен пакет, ќе имаат шанса истото да го направат уште денес и утре (30.09.2022 и 01.10.2022) во Веро Џамбо од 11:00 19:00 часот. Подигнувањето на пакетот ќе може да се изврши само со документ за идентификација или потврден меил од пријавата. Прес конференцијата се оддржа во хотел „Парк и Спа“, каде свое обраќање имааа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Гордана Николовска од Сојузот на спортови на Скопје . Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска истакна дека со огромно задовоство Градот Скопје е покровител и традиционален домаќин на Виз Ер Скопскиот маратон.
Сите кои нема да бидат во можност маратонот да го проследат на скопските улици, ќе можат да го гледаат во живо на официјалниот профил на Македонскиот Олимписки Комитет на Јутјуб (YouTube): https://www.youtube.com/channel/UCg_F0azsm6udJTAGWMPOCFg. Во понеделникот нè напушти Ѓорѓи Кузмановски, претседателот на Сојузот на спортови на Скопје. Оваа недела беше тешка за сите нас, но знаеме дека тоа ќе ни даде ветар во грб за целиот маратон да помине во најдобар ред. Овогодинешниот маратон му го посветуваме токму на него, изјави Николовска.
Виз Ер Скопски маратон како секој познат светски маратон секоја година внесува нешто ново во организацискиот дел, па така оваа година традиционалната „Pasta Party“ ќе се реализира во соработка со тркачкиот клуб 091 RUNCrW. Забавата ќе се оддржи на 01.10.2022 (сабота) во МКЦ клуб и ресторан со почеток од 18:00 часот. Организаторите уште еднаш ја повикаа скопксата публика да дојдат и да ги поддржат сите натпреварувачи, бидејќи сите знаеме колку им значи нивното навивање додека ја завршуваат нивната трка. За најдобрите фотографии и транспаренти ќе следува награда.

The post В недела стартува 18. издание на Скопски маратон, трката во чест на Ѓорги Кузмановски appeared first on Република.

]]>