скопска Archives - Република https://republika.mk/tema/skopska/ За подобро да се разбереме Fri, 18 Oct 2024 11:22:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопска Archives - Република https://republika.mk/tema/skopska/ 32 32 ЈСП „Скопје“ предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-skopje-predupreduva-na-lazhna-vest-so-koja-e-falsifikuvano-logoto-na-elektronskata-kartichka-skopska/ Fri, 18 Oct 2024 11:22:59 +0000 https://republika.mk/?p=828470

ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“.

Ова, како што информираат, е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.

„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП „Скопје“.

The post ЈСП „Скопје“ предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ appeared first on Република.

]]>

ЈСП „Скопје“ утврди лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“. Ова, како што информираат, е објавено на социјалните мрежи од страна на група наречена „Карта за јавен превоз на Скопје“ за која, како што тврдат, не е поврзана со ЈСП „Скопје“.
„Се работи за измама со лажен линк што краде податоци од платежните картички на граѓаните“, нагласуваат од ЈСП „Скопје“.

The post ЈСП „Скопје“ предупредува на лажна вест со која е фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска“ appeared first on Република.

]]>
Дневен билет од 120 денари за повеќекратно користење https://republika.mk/vesti/skopje/od-deneska-dneven-bilet-od-120-denari-za-site-linii-na-jsp/ Mon, 11 Apr 2022 09:13:46 +0000 https://republika.mk/?p=486606

Од ЈСП Скопје информираат дека од денеска во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден.

Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски).

Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува.

Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично). Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз, информираат од ЈСП.

Цената на сите останати билети останува иста.

The post Дневен билет од 120 денари за повеќекратно користење appeared first on Република.

]]>

Од ЈСП Скопје информираат дека од денеска во билетарниците и центрите за персонализација на ЈСП Скопје пуштен е во продажба дневен билет кој чини 120 ден и важи за повеќекратно користење на сите линии во текот на еден ден. Новиот тип на билет важи од 05 до 24 часот, со можност за неограничен број возења, односно преседнувања на сите линии (градски и приградски). Патникот има обврска да го валидира билетот на постоечките валидатори во секое возило во кое ќе преседнува.
Билетот се воведува со цел да се овозможи подостапно и полесно користењето на јавниот превоз на оние патници кои имаат потреба од повеќекратно користење на јавен превоз во текот на еден ден, а не поседуваат електронска картичка „Скопска“ (туристи, граѓани од внатрешноста, граѓани кои инцидентно имаат потреба од јавен превоз и слично). Новата услуга, новиот билет е согласно Одлуката на Совет на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз во градот Скопје со цел унапредување и олеснување на услугите на корисниците на јавниот градски и приградски превоз, информираат од ЈСП.
Цената на сите останати билети останува иста.

The post Дневен билет од 120 денари за повеќекратно користење appeared first on Република.

]]>
ЈСП: За користење бесплатен јавен градски превоз неопходно е возрасните лица да поседуваат „Скопска“ https://republika.mk/vesti/skopje/jsp-za-koristenje-besplaten-javen-gradski-prevoz-neophodno-e-vozrasnite-lica-da-poseduvaat-skopska/ Thu, 24 Mar 2022 13:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=477729

Возрасните лица кои ќе ја користат можноста за бесплатен јавен градски превоз неопходно е да поседуваат персонализирана електронска картичка „Скопска“, заверена/продолжена за тековната 2022 година, порачуваат од ЈСП Скопје и нагласуваат дека бесплатниот градски превоз за возрасните лица почнува од утре.

Како што информираат, продолжувањето на „Скопска“ може да се изврши во некој од седумте центри за персонализација.

Такви центри има во Автокоманда (на автобуската постојка кај Шумарски факултет), во Аеродром (до ТЦ Капитол, во зградата на „Телекабел“), на Бит пазар (спроти некогашен „26 јули“), во Влае (во Порта Влае, на автобуската постојка), во Центар (во Градски ѕид, во просториите на ЈСП ТУРС), во Карпош 2 (на автобуската постојка кај Педагошки факултет) и на Транспортен центар (на терминалот, во автобусот). Сите центри за персонализација работат од понеделник до петок од 6:00 до 19:30 часот, а во сабота од 7:00 до 19:30 часот, посочуваат од ЈСП.

За купување нова персонализирана електронска картичка „Скопска“, додаваат, се плаќа еднократен надомест од 200 ден, неопходна е лична карта на увид, а фотографирање се врши на лице место.

Возрасните лица при бесплатно користење на превозот имаат обврска да се валидираат, а во случај на линиска контрола да ја приложат „Скопска“. Потсетуваме дека посочената категорија патници има право на бесплатен превоз секој ден, со месечен доплатен билет од 300 ден. Бесплатниот превоз во вторник, петок, сабота и недела важи за жени над 62 години и мажи над 64 години и е согласно одлуката на Советот на Град Скопје, а средствата за оваа намена се обезбедени од градскиот буџет, велат од ЈСП Скопје.

The post ЈСП: За користење бесплатен јавен градски превоз неопходно е возрасните лица да поседуваат „Скопска“ appeared first on Република.