скопјани Archives - Република https://republika.mk/tema/skopjani/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скопјани Archives - Република https://republika.mk/tema/skopjani/ 32 32 Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП https://republika.mk/vesti/skopje/skopjani-na-sotsijalnite-mrezhi-se-organiziraat-za-prevoz-do-rabota-poradi-kolapsot-na-jsp/ Thu, 21 Nov 2024 08:27:15 +0000 https://republika.mk/?p=840168

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво.

https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/

Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.

Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.

Друга граѓанка напиша:

Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.

На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.

Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.

https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>

Скопјани од утрово сами се организираат за да стигнат на работа поради вчерашните најави на синдикатите при ЈСП „Скопје“ дека јавниот градски превоз во главниот град ќе се одвива со драстично редуциран број на автобуси, поради недостиг на гориво. https://republika.mk/vesti/skopje/za-tselo-skopje-samo-25-avtobusi-drugite-stojat-parkirani/ Во многу групи на социјалните мрежи се нудат слободни места во автомобилите и се посочува релацијата на која ќе се движат.
Утре тргнувам на работа во 6.25 од Марино кај Злате, возам по автопат, автобуска Коце и продолжувам по мост „Автокоманда“ „Бриколаж“ хотел „Русија“ и поминувам кај Мајчин Дом. Ако некоја има потреба, можам најмногу три жени да земам, затоа што позади имам бебе, ама ќе се стуткаме, напиша една жена на социјалните медиуми.
Друга граѓанка напиша:
Ако на некоја од вас и е потребен превоз на релација од Ново Лисиче до Центар, кај Олимпискии базен меѓу 7,30 и 7,45 контактирајте ме.
На Фејсбук кружат и објави со апел до граѓаните да се солидаризираат со патниците на кои им е потребен превоз.
Утрово и во текот на денот ако проаѓате со кола покрај автобуска станица и забележите гужвa, застанете качете некое дете или пензионер префрлете ги до школо или болница. Да бидеме луѓе, да се чуваме“, се вели во објавата што се споделува.
https://republika.mk/vesti/skopje/slaveski-svika-itna-vonredna-sednitsa-na-sovetot-na-skopje-poradi-kolapsot-na-javniot-prevoz/

The post Скопјани на социјалните мрежи се организираат за превоз до работа поради колапсот на ЈСП appeared first on Република.

]]>
Млади скопјани нападнати од обезбедувањето во угостителски објект во Аеродром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mladi-skopjani-napadnati-od-obezbeduvaneto-vo-ugostitelski-objekt-vo-aerodrom/ Mon, 21 Oct 2024 15:45:04 +0000 https://republika.mk/?p=829524

К.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 1 часот по полноќ претходната вечер, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот другар Н.С. биле физички нападнати од неколку лица вработени како обезбедување во објектот, кои му одзеле и лични предмети.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

The post Млади скопјани нападнати од обезбедувањето во угостителски објект во Аеродром appeared first on Република.

]]>

К.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 1 часот по полноќ претходната вечер, во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот другар Н.С. биле физички нападнати од неколку лица вработени како обезбедување во објектот, кои му одзеле и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.

The post Млади скопјани нападнати од обезбедувањето во угостителски објект во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Скопјани се степале за паркинг место https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjani-se-stepale-za-parking-mesto/ Sun, 02 Jul 2023 15:31:02 +0000 https://republika.mk/?p=657480

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.05 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(31) и М.Ш.(56), двајцата од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјани се степале за паркинг место appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.05 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(31) и М.Ш.(56), двајцата од Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.  

The post Скопјани се степале за паркинг место appeared first on Република.

]]>
Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода https://republika.mk/vesti/ekonomija/od-mart-skopjani-ke-plakaat-poskapa-voda/ Fri, 24 Feb 2023 10:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=612696

Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите.

Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на Регулаторна и да започне со важење од март.

Поскапува и услугата собирање и одведување на урбани отпадни води од предвидените 13,25 на 15 денари по метар кубен квадратен. Нова цена ќе има и прочистувањето на отпадни води, која наместо 0,86 ќе чини 0,87 денари годинава. И овие две давачки се на товар на жителите на главниот град со кои се формира конечната цена.

The post Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода appeared first on Република.

]]>

Водата за пиење за скопјани поскапува од предвидените 23,14 денари просечна тарифа по метар кубен на 26,36 денари. Ваква одлука донела Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на барањето на ЈП Водовод и канализација да се зголемат цените на услугите. Одлуката треба да биде потврдена на денешната седница на Регулаторна и да започне со важење од март. Поскапува и услугата собирање и одведување на урбани отпадни води од предвидените 13,25 на 15 денари по метар кубен квадратен. Нова цена ќе има и прочистувањето на отпадни води, која наместо 0,86 ќе чини 0,87 денари годинава. И овие две давачки се на товар на жителите на главниот град со кои се формира конечната цена.

The post Од март скопјани ќе плаќаат поскапа вода appeared first on Република.

]]>
Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ https://republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-skopjani-rabotena-spored-raskazite-na-olivera-korveziroska-vecherva-vo-javna-soba/ Tue, 31 Jan 2023 13:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=603001

Четврта изведба на театарската претстава „Скопјани“ ќе се одржи вечер, во 20 часот, во „Јавна соба“. Претставата е колективно авторство и драматизација на раскази од збирката „Улиците што ги нема“ на Оливера Ќорвезироска, во режија на Милош Б. Андоновски. Улогите ги играат: Филип Христовски, Нина Елзесер, Виктор Велевски, Јанка Лефкова, Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска.
Драматургијата и драматизацијата на расказите се на Ивана Нелковска и на Милош Андоновски. Драматургијата на личните приказни е на Ева Камчевска.
Костимографка е Ирина Тошева, асистентка на костимографија Ива Ивановска
сценограф Мартин Манев, асистентка на сценографија Симона Димковска.
Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Град Скопје.

Претставата „Скопјани“ е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот – вели Милош Андоновски, режисер на претставата.

Талкајќи низ улиците, преку мостовите и покрај плоштадите пристигнуваме во секојдневието на луѓето што го сочинуваат градот. Шест актери преку своите животи се нурнуваат во приказните за други лица што се жители на истиот град.

Водејќи се низ наративната мапа на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска создадовме приказна за нас, за тоа што е сега, за тоа што останало изгубено, за нешто што постојано се трансформира и за тоа што ни е заедничко – вели Ивана Нелковска, која ја направи драматизацијата на расказите.

The post Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>

Четврта изведба на театарската претстава „Скопјани“ ќе се одржи вечер, во 20 часот, во „Јавна соба“. Претставата е колективно авторство и драматизација на раскази од збирката „Улиците што ги нема“ на Оливера Ќорвезироска, во режија на Милош Б. Андоновски. Улогите ги играат: Филип Христовски, Нина Елзесер, Виктор Велевски, Јанка Лефкова, Христијан Поп-Симонов, Ангела Стојановска. Драматургијата и драматизацијата на расказите се на Ивана Нелковска и на Милош Андоновски. Драматургијата на личните приказни е на Ева Камчевска. Костимографка е Ирина Тошева, асистентка на костимографија Ива Ивановска сценограф Мартин Манев, асистентка на сценографија Симона Димковска. Проектот финансиски е поддржан од Министерството за култура на РСМ и Град Скопје.
Претставата „Скопјани“ е резултат на истражувачки и експериментален процес во кој актерската екипа, разработувајќи ги расказите на Ќорвезироска, споделува и лични приказни, доживувања и искуства од градот Скопје; ги преиспитува и ги бара одликите на денешните скопјани и духот на денешно Скопје. Оваа претстава не зборува за „старо Скопје“, за ослободувањето на Скопје, за земјотресот и Кензо Танге, туку за градот денес. Го согледува односот на локалците и дојденците, нивните перцепции за градот, нивните недоразбирања и соживот – вели Милош Андоновски, режисер на претставата.
Талкајќи низ улиците, преку мостовите и покрај плоштадите пристигнуваме во секојдневието на луѓето што го сочинуваат градот. Шест актери преку своите животи се нурнуваат во приказните за други лица што се жители на истиот град.
Водејќи се низ наративната мапа на „Улиците што ги нема“ од Оливера Ќорвезироска создадовме приказна за нас, за тоа што е сега, за тоа што останало изгубено, за нешто што постојано се трансформира и за тоа што ни е заедничко – вели Ивана Нелковска, која ја направи драматизацијата на расказите.

The post Претставата „Скопјани“ работена според расказите на Оливера Ќорвезироска вечерва во „Јавна соба“ appeared first on Република.

]]>
Вчера шест скопјани биле каснати од куче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/vchera-shest-skopjani-bile-kasnati-od-kuche/ Wed, 11 Jan 2023 19:00:13 +0000 https://republika.mk/?p=595919

Вчера во Полициската станица Аеродром В.К.(71) пријавил дека на улицата Бојмија бил каснат од куче скитник. Во истата станица се пријавени уште две каснувања од куче скитник – Д.З.(62) пријавил напад на булеварот Јане Сандански, а А.М.(46) пријавил каснување на Тодор Чангов.

Во Полициската станица Карпош, пак, Н.Н.(43) од Скопје пријавила дека на улицата Теодосиј Синаитски нејзиниот малолетен син бил каснат од куче. Во оваа станица инцидент на улицата Иван Цанкар пријавила В.И.(76) од Скопје.

Инцидент се случил и во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во Полициската станица Центар, Ф.Р.(32) од Скопје пријавила дека во била касната од куче скитник.

The post Вчера шест скопјани биле каснати од куче appeared first on Република.

]]>

Вчера во Полициската станица Аеродром В.К.(71) пријавил дека на улицата Бојмија бил каснат од куче скитник. Во истата станица се пријавени уште две каснувања од куче скитник – Д.З.(62) пријавил напад на булеварот Јане Сандански, а А.М.(46) пријавил каснување на Тодор Чангов. Во Полициската станица Карпош, пак, Н.Н.(43) од Скопје пријавила дека на улицата Теодосиј Синаитски нејзиниот малолетен син бил каснат од куче. Во оваа станица инцидент на улицата Иван Цанкар пријавила В.И.(76) од Скопје. Инцидент се случил и во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во Полициската станица Центар, Ф.Р.(32) од Скопје пријавила дека во била касната од куче скитник.  

The post Вчера шест скопјани биле каснати од куче appeared first on Република.

]]>
„Слобода превоз“ им се извини на скопјани за хаосот на улиците https://republika.mk/vesti/skopje/sloboda-prevoz-im-se-izvini-na-skopjani-za-haosot-na-ulicite/ Mon, 05 Dec 2022 09:53:45 +0000 https://republika.mk/?p=582063

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје.

Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на „Слобода превоз“.

Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание.

Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, утрово во изјава за МИА, рече дека нема да се тргнат блокадите се додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат.

Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави Муриќ.

Од друга страна, граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации.

За во 11 часот е најавена изјава за медиумите на директорт на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за последните случувања и натамошните чекори на превозниците.

The post „Слобода превоз“ им се извини на скопјани за хаосот на улиците appeared first on Република.

]]>

Приватните автобуски превозници преку социјалните мрежи упатија извинување до граѓаните на Скопје за попреченото движење низ градот, откако изутрина од шест часот повторно протестираат со блокади на неколку важни сообраќајни точки во главниот град барајќи исплаќа на долгот што го побаруваат од Град Скопје.
Слобода Превоз во име на сите приватни превозници се извинува до сите граѓани на Скопје кои денеска и се до решавање на проблемот ќе бидат попречени во нивното движење низ градот. Приватните превозници бараат подршка од сите граѓани се со цел побргу да се изнајде решение на проблемот, се вели во пораката објавена на Фејсбук страницата на „Слобода превоз“.
Откако не беше постигнат договор со градските власти за подмирување на долгот што Град Скопје го има кон нив, приватните превозници од шест часот утрово повторно протестираат со блокирање на двете крстосници пред ТЦ „Мавровка“ и пред Црвен Крст, како и на бул. „Илинден“ во околината на Градското собрание. Кемал Муриќ од „Слобода превоз“, утрово во изјава за МИА, рече дека нема да се тргнат блокадите се додека нема напредок за излез од состојбата во којашто се наоѓаат.
Како што најавивме, денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да си договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија, се со цел да не трпат граѓаните, изјави Муриќ.
Од друга страна, граѓаните се принудени да најдат алтернативи во сообраќајот, но, поради зголемената гужва низ алтернативните улици и булевари, има застој во поголемиот дел од сообраќајниците, додека дел од граѓаните одбраа да патуваат со велосипеди, тротинети, или пеш кон своите дестинации. За во 11 часот е најавена изјава за медиумите на директорт на „Слобода превоз“ Ленин Јовановски за последните случувања и натамошните чекори на превозниците.

The post „Слобода превоз“ им се извини на скопјани за хаосот на улиците appeared first on Република.

]]>
Ќе има ли вода во Скопје, Арсовска бара Обвинителството да реагира веднаш https://republika.mk/vesti/skopje/kje-ima-li-voda-vo-skopje-arsovska-bara-obvinitelstvoto-da-reagira-vednash/ Mon, 24 Oct 2022 12:20:36 +0000 https://republika.mk/?p=564980

Најавите за штрајк и прекин на водоснабудвањето во Скопје, градоначалничката Данела Арсовска, ги смета за закани. Таа повика Обвинителството да реагира, за како што рече, заканата не се реализира. Според неа, штрајкот кој го најавува „Водовод“ не е за работнички права, туку за политички поени.

Со оглед на фактот дека изминатите денови се шират шпекулации за наводни проблеми во функционирањето на јавните претпријатија. Ова конкретно се однесува на Водовод и Канализација, за кое информирам наспроти паниката која сакаат да ја креираат неколкумина лица, Градот Скопје има континуирано снабдување со вода. Најавите за штрајк и блокада, би сакала да кажам дека ги охрабрувам своето право на штрајк да го практицираат секогаш кога сметаат дека работничките права се прекршени. А до вработените сакам да апелирам да не дозволат да бидат инструмент на неколкумина поединци кои сакаат да се вплеткуваат во политички пресметки, кажа Арсовска.

Синдикалните организации треба да ги штитат правата работниците, а не на неработниците, потенцираше скопската градоначалничка.

Нападите и заканите доаѓаат во момент кога е најавено департизација на Градот Скопје и има најава за оптимизација на работните процеси. Во конкретниот случај, овие лица кои наводно се борат за работничките права на десетина вработени, треба да ја кажат вистината зошто ова што се случува во овој момент, не е нешто што е борба за работнички права. Најавен беше прекин на водоснабдување во Град Скопје. Апелирам до Јавното обвинителство и сите кои што сметаат дека ова е индиција за попречување на работата на јавното претпријатие, да си преземат дејствија за оваа закана да не се реализира, додаде Арсовска.

Според неа, Водовод е претворено во биро за вработување. Таа додаде дека вработените поради кои ССМ има реакции, и натаму работат во Водовод, за истата плата, но за разлика од порано, според неа, сега имаат обврски и не седат.

Водовод и Канализација не ги врши своите основни функции а тоа е да гради водоводна структура. Имаме дефицит на технички персонал, а имаме огромна бројка на администрација, додаде таа.

Во Водовод и Канализација работат над 1.200 вработени. Арсовска смета дека со неа се преместуваат преку бранење на неработнички права.

Сакам да ги смирам граѓаните и да потенцирам дека градот ќе има непречено снабдување со вода, додаде Арсовска.

The post Ќе има ли вода во Скопје, Арсовска бара Обвинителството да реагира веднаш appeared first on Република.

Двајца скопјани се степале на плац во населба Хром https://republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajca-skopjani-se-stepale-na-plac-vo-naselba-hrom/ Mon, 03 Oct 2022 16:56:54 +0000 https://republika.mk/?p=556956

Вчера било пријавено дека на плац во населба Хром, физички се пресметале двајца Скопјани.

Случајот бил пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров.

На 02.10.2022 околу 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на плац во населба Хром, Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(55) и М.Д.(58), двајцата од Скопје - се вели во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Двајца скопјани се степале на плац во населба Хром appeared first on Република.

]]>

Вчера било пријавено дека на плац во населба Хром, физички се пресметале двајца Скопјани. Случајот бил пријавен во Полициската станица Ѓорче Петров.
На 02.10.2022 околу 09.30 часот во Полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека на плац во населба Хром, Скопје, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Т.М.(55) и М.Д.(58), двајцата од Скопје - се вели во соопштението на МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Двајца скопјани се степале на плац во населба Хром appeared first on Република.

]]>
Ќе се смрзнат ли скопјани? БЕГ: Немаме обврски за новата грејна сезона, ниту смееме да располагаме со топланите https://republika.mk/vesti/kje-se-smrznat-li-skopjani-beg-nemame-obvrski-za-novata-grejna-sezona-nitu-smeeme-da-raspolagame-so-toplanite/ Mon, 26 Sep 2022 10:45:32 +0000 https://republika.mk/?p=554285

Во врска со информациите во јавноста дека БЕГ – Производство треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата, сакаме да информираме за следното:

Согласно член 51 од Законот за енергетика БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона.

БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика.

Заради овие причини на 09.06.2022 год. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона.

На 20.06.2022 год. РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство.

Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен.

Од погоре наведеното очигледно е дека БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.

The post Ќе се смрзнат ли скопјани? БЕГ: Немаме обврски за новата грејна сезона, ниту смееме да располагаме со топланите appeared first on Република.

]]>

Во врска со информациите во јавноста дека БЕГ – Производство треба да продолжи да испорачува топлинска енергија во новата грејна сезона до изборот на нов носител на лиценцата, сакаме да информираме за следното: Согласно член 51 од Законот за енергетика БЕГ – Производство имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста, до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период БЕГ Производство продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите се со цел новиот носител на лиценца да може непречено да ја започне новата грејна сезона. БЕГ Производство нема правна основа за користење на топланите, бидејќи Договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара примопредавање на истите. Дополнително, компанијата е финансиски неспособна за вршење на дејноста, поради големите загуби остварени во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенси и електрична енергија кои не беа покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика. Заради овие причини на 09.06.2022 год. БЕГ – Производство до РКЕ поднесе барање за престанок на лиценцата се со цел навремено и непречено да се избере нов носител на лиценца за вршење на дејноста производство на топлинска енергија за новата грејна сезона. На 20.06.2022 год. РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на БЕГ – Производство. Во врска со договорот за деловно – техничка соработка помеѓу БЕГ – Производство и АД ЕСМ сакаме да ја информираме јавноста дека овој договор беше со важност до 31.03.2022 год., односно истиот е истечен. Од погоре наведеното очигледно е дека БЕГ – Производство нема правен основ да располага со топланите, нема обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона, ниту пак има финансиска можност и кредитна способност за набавка на гориво за производство на топлинска енергија.  

The post Ќе се смрзнат ли скопјани? БЕГ: Немаме обврски за новата грејна сезона, ниту смееме да располагаме со топланите appeared first on Република.

]]>