скок во далечина Archives - Република https://republika.mk/tema/skok-vo-dalechina/ За подобро да се разбереме Sat, 10 Feb 2024 16:38:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скок во далечина Archives - Република https://republika.mk/tema/skok-vo-dalechina/ 32 32 Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trajkovski-postavi-nov-makedonski-rekord-vo-skok-vo-dalechina-vo-sala/ Sat, 10 Feb 2024 16:38:00 +0000 https://republika.mk/?p=742582

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои денеска сребрениот медал на Балканското сениорско првенство во сала во Истанбул, постигнувајќи нов државен рекорд.

Трајковски прескокна 7.79 метри што на крајот беше за два сантиметри зад остварувањето на победникот Лука Чурковиќ (7.81 метри) од Хрватска.

Бронзениот медал го освои Бугаринот Божидар сарабуков со прескокнати 7.74 метри.

Својот следен настап на меѓународната сцена Трајковски ќе го има веќе во вторник кога ќе настапи на атлетски митинг во сала во Белград.

The post Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала appeared first on Република.

]]>

Македонскиот атлетичар во скок во далечина Андреас Трајковски го освои денеска сребрениот медал на Балканското сениорско првенство во сала во Истанбул, постигнувајќи нов државен рекорд. Трајковски прескокна 7.79 метри што на крајот беше за два сантиметри зад остварувањето на победникот Лука Чурковиќ (7.81 метри) од Хрватска. Бронзениот медал го освои Бугаринот Божидар сарабуков со прескокнати 7.74 метри. Својот следен настап на меѓународната сцена Трајковски ќе го има веќе во вторник кога ќе настапи на атлетски митинг во сала во Белград.  

The post Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала appeared first on Република.

]]>
Нов македонски рекорд во скок во далечина за Андреас Трајковски https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/nov-makedonski-rekord-vo-skok-vo-dalechina-za-andreas-trajkovski/ Mon, 31 Jul 2023 10:34:25 +0000 https://republika.mk/?p=667215

Одличен викенд за Андреас Трајковски на атлетските митинзи во Германија. Најпрво во саботата во Штутгарт победи со скок од 7,67 метри, додека пак во неделата во Инеринген Хетинген прескокна 7,91 метри (+1,9 м/с) што претставува негов најдобар скок во кариерата, а воедно и нов македонски рекорд. Претходниот најдобар скок од 7,79 метри беше во сопственост на Андреас кој го постави на 24 мај оваа година.

Андреас имаше одлична серија на скокови, натпреварувањето го започна со 7,71 метри, во втората серија имаме неуспешен обид, додека во третата и четвртата серија следуваа скокови од 7,81 и 7,86 метри. Во петтата серија имаше скок од 7,53 метри и во последната серија прескокна 7,91 метри. На ова натпреварување Андреас дури три пати го собори досегашниот национален рекорд.

Овој резултат на Андреас му донесе 1118 бодови според табелата на Светска атлетика и ќе му придонесе за нов скок на Светската и Европската ранг листа. Во овој момент, Андреас е 22-ри на Европската ранг листа и 70-ти на Светската ранг листа во дисциплината скок во далечина.       

"Многу сум среќен, немам зборови. Тренирав навистина напорно оваа сезона и мојата напорна работа се исплатеше. 7,91 метри е одличен резултат, иако тоа не беше совршен скок. Да имав совршен скок и добар одраз од даската за скокање ќе беше над 8 метри. Нормата за учество на Европското првенство во атлетика е 8 метри и наскоро треба да ми биде на дофат! Верувам во себе и со напорна работа ќе се оствари“, изјави Андреас Трајковски после натпреварот во Хетинген.

Одличните настапи ни покажуваат дека Андреас се наоѓа во одлична форма и се надеваме дека ќе успее да се квалификува на Европското првенство во атлетика кое ќе се одржи во Рим следната година.

The post Нов македонски рекорд во скок во далечина за Андреас Трајковски appeared first on Република.

Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/trajkovski-postavi-nov-drzaven-rekord-vo-skok-vo-dalechina/ Thu, 03 Mar 2022 14:06:20 +0000 https://republika.mk/?p=467159

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели.

Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms.

Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms.

Андреас, кој пред еден месец доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува под боите и знамето на Македонија, а претходно настапуваше за Данска, – на 5 март (сабота) ќе го има својот прв настап за Македонската атлетска репрезентација на Балканијадата во сала, која ќе се оддржи во Истанбул, Турција.

Многу сум задоволен со подобрување на националниот рекорд во скок во далечина, моментално сум во одлична форма и во наредниот период ќе пробам да ја искористам добрата форма за подобрување на моите резултати оваа сезона. Се радувам на моето прво учество под знамето на Македонија на престојната Балканијада во Истанбул и се надевам дека ќе успеам да направам добар резултат, изјави Трајковски.

На Балканијадата во сала Трајковски ќе настапи во скок во далечина и на трката на 60 метри. Покрај Андреас во Истанбул боите на Македонија ќе ги бранат и Дарио Ивановски (АК Делта) на трката на 3000 метри и Јован Стојоски (АК Охрид) на трката на 400 метри.

The post Трајковски постави нов државен рекорд во скок во далечина appeared first on Република.

]]>

Mакедонскиот атлетичар Андреас Трајковски на Отвореното првенство во Скиве, Данска, постави нов национален рекорд во скок во далечина во сала, со резултат од 7 метри и 65 сантиметри, што е за 32 сантиметри подобар од претходниот рекорд, кој членот на АК Работнички го постави во Малме, Шведска пред две недели. Покрај во скок во далечина Андреас настапи и на трката на 60 метри каде го постави своето најдобро време за оваа сезона, со резултат од 6.90 секунди, ова време е само за една стотинка послабо од неговиот личен рекорд кој изнесува 6.89 секунди, односно само за 4 стотинки од македонскиот рекорд 6.86 секунди. Трајковски на оваа трка постави неофицијален светски рекорд во најбрза реакција од стратен блок. Според правилата на Светската Атлетска Федерација (WA), времето на реакција- измерено од сензори во стартниот пиштол и на стартните блокови, доколку е помало од 0,100ms покажува дека тркачот предвреме ја стартувал својата трка и со тоа ќе биде дисквалификуван. Нашиот атлетичар Андреас и во две трки на 60 метри (квалификации и финале) имаше реакција од 0.100ms. Неофицијалниот светски рекорд за најбрза реакција на старт ја имал атлетичарот Бруно Сурин од Канада во полуфиналната трка на 100 метри на Светското првенство во Севиља 1999 година, каде неговата реакција била 0.101ms. Андреас, кој пред еден месец доби дозвола од Светската Атлетска Федерација да настапува под боите и знамето на Македонија, а претходно настапуваше за Данска, – на 5 март (сабота) ќе го има својот прв настап за Македонската атлетска репрезентација на Балканијадата во сала, која ќе се оддржи во Истанбул, Турција.