складите на гас Archives - Република https://republika.mk/tema/skladite-na-gas/ За подобро да се разбереме Tue, 28 Jun 2022 12:46:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png складите на гас Archives - Република https://republika.mk/tema/skladite-na-gas/ 32 32 Австрија ќе го заплени складиштето за гас на „Гаспром“: Се чека реакција од руската компанија https://republika.mk/vesti/svet/avstrija-kje-go-zapleni-skladishteto-za-gas-na-gasprom-se-cheka-reakcija-od-ruskata-kompanija/ Tue, 28 Jun 2022 12:46:53 +0000 https://republika.mk/?p=520762

Поради тоа што „Гаспром“ повеќе не испорачува гас за полнење на еден од најголемите складишта за гас во Австрија, со стапувањето во сила на новиот закон за енергетска безбедност, австриските власти од 1 јули ќе го преземат складиштето во Хајдах.

Австрија годишно троши од 90 до 100 терават часови гас, а лани потрошувачката била 96,3 терават часови. Токму оваа количина на годишна потрошувачка Австрија може да ја има во резервоарите во сите свои складишта.

Во моментов во тек е полнењето на сите расположливи складишта за гас во кои дневно се инјектираат 0,2 терават часови. Зафатеноста на магацините на „ОМВ“ од околу 25 терават часови е веќе на 68 отсто, а малку помалиот магацин под раководство на компанијата „РАГ“ е исполнет со околу 60 отсто.

Меѓутоа, во моментов не се полни второто по големина складиште за гас во Австрија, тоа во Хајдах, кое е во сопственост на фирмата ќерка на „Гаспром“, „ГСА“, чиј капацитет е 21 терават часови. Според пишувањата на австриските медиуми, исполнетоста на магацинот во Хајдах во моментов е нула проценти. Австриската влада си постави за цел да го наполни магацинот пред зимата до 80 проценти.

Австриската влада веќе кон средината на мај испрати барање до „Гаспром“ да го наполни магацинот во Хајдах, со најава дека доколку не го сторат тоа, државата ќе го преземе складиштето. Засега нема реакција од руската компанија.

Откако Собранието го усвои новиот закон, со кој сопствениците на складишта за гас се обврзани да ги полнат, од 1 јули властите можат да ги преземат сите складишта кои не се полни повеќе од 10 отсто. Така, претстои пренос на правото на користење на складиштето Хајдах на компанијата „РАГ“.

Сепак, проблемот е што иако се наоѓа на територијата на Австрија, складиштето за гас има цевки само кон Германија. Сега Хајдах е на пат да се приклучи на австриската мрежа, која треба да биде имплементирана до крајот на годинава. Инаку, Австрија има направено план за вонредна ситуација во случај на неиспорака на гас. Планот предвидува рационализирање на снабдувањето со гас за индустријата.

Имено, големите концерни би се приклучиле во новиот систем за трговија со гас преку кој ќе се продаваат расположливите количини, а поканети се компаниите и електраните да го заменат гасот со нафта или јаглен.

Доколку сето ова не успее, ќе се воведат ограничувања за 35 големи потрошувачи, кои не се системски важни и кои трошат повеќе од 500.000 киловат часови гас, а и помалите компании кои трошат повеќе од 400.000 киловат часови гас годишно мора да сметаат на ограничувањата. Со мерката се ослободуваат домаќинствата, како и електраните, болниците и прехранбената индустрија.

The post Австрија ќе го заплени складиштето за гас на „Гаспром“: Се чека реакција од руската компанија appeared first on Република.

]]>

Поради тоа што „Гаспром“ повеќе не испорачува гас за полнење на еден од најголемите складишта за гас во Австрија, со стапувањето во сила на новиот закон за енергетска безбедност, австриските власти од 1 јули ќе го преземат складиштето во Хајдах. Австрија годишно троши од 90 до 100 терават часови гас, а лани потрошувачката била 96,3 терават часови. Токму оваа количина на годишна потрошувачка Австрија може да ја има во резервоарите во сите свои складишта. Во моментов во тек е полнењето на сите расположливи складишта за гас во кои дневно се инјектираат 0,2 терават часови. Зафатеноста на магацините на „ОМВ“ од околу 25 терават часови е веќе на 68 отсто, а малку помалиот магацин под раководство на компанијата „РАГ“ е исполнет со околу 60 отсто. Меѓутоа, во моментов не се полни второто по големина складиште за гас во Австрија, тоа во Хајдах, кое е во сопственост на фирмата ќерка на „Гаспром“, „ГСА“, чиј капацитет е 21 терават часови. Според пишувањата на австриските медиуми, исполнетоста на магацинот во Хајдах во моментов е нула проценти. Австриската влада си постави за цел да го наполни магацинот пред зимата до 80 проценти. Австриската влада веќе кон средината на мај испрати барање до „Гаспром“ да го наполни магацинот во Хајдах, со најава дека доколку не го сторат тоа, државата ќе го преземе складиштето. Засега нема реакција од руската компанија. Откако Собранието го усвои новиот закон, со кој сопствениците на складишта за гас се обврзани да ги полнат, од 1 јули властите можат да ги преземат сите складишта кои не се полни повеќе од 10 отсто. Така, претстои пренос на правото на користење на складиштето Хајдах на компанијата „РАГ“. Сепак, проблемот е што иако се наоѓа на територијата на Австрија, складиштето за гас има цевки само кон Германија. Сега Хајдах е на пат да се приклучи на австриската мрежа, која треба да биде имплементирана до крајот на годинава. Инаку, Австрија има направено план за вонредна ситуација во случај на неиспорака на гас. Планот предвидува рационализирање на снабдувањето со гас за индустријата. Имено, големите концерни би се приклучиле во новиот систем за трговија со гас преку кој ќе се продаваат расположливите количини, а поканети се компаниите и електраните да го заменат гасот со нафта или јаглен. Доколку сето ова не успее, ќе се воведат ограничувања за 35 големи потрошувачи, кои не се системски важни и кои трошат повеќе од 500.000 киловат часови гас, а и помалите компании кои трошат повеќе од 400.000 киловат часови гас годишно мора да сметаат на ограничувањата. Со мерката се ослободуваат домаќинствата, како и електраните, болниците и прехранбената индустрија.

The post Австрија ќе го заплени складиштето за гас на „Гаспром“: Се чека реакција од руската компанија appeared first on Република.

]]>