скили Archives - Република https://republika.mk/tema/skili/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Oct 2023 10:56:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png скили Archives - Република https://republika.mk/tema/skili/ 32 32 Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ https://republika.mk/vesti/kultura/izlozhba-na-sliki-i-knigi-od-paskal-gilevski-vo-matitsa-ekskluziv/ Wed, 04 Oct 2023 10:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=687811

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста.

Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години.

Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело.

Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>

На 05.10.2023 во 12.00 часот во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје ќе се отвори изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе ја отвори Зоран Младеновски, историчар на уметноста. Она што претставува особен, своевиден придонес  за нашата ликовна сцена, е неговиот неуморен ангажман околу организирањето на изложбите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија, како и учеството во афирмацијата на македонската уметност на симпозиумите организирани од страна на АИКА (Меѓународно здружение на ликовни критичари), чиј секретар беше неколку години. Своите знаења и искуства, својот начин на размислување и толкување на ликовниот феномен, Паскал Гилевски ги искажа во есеистичката книга “Толкување на уметноста“, објавена 1977 година, прво издание од таков вид кај нас, во која се обиде од различни аспекти, комплексно, да го осознае и протолкува чинот на уметничкото создавање, натамошниот независен живот и егзистенцијата на едно уметничко дело. Во 1985 година, на годишната изложба на ДЛУМ, Паскал Гилевски ја доби најзначајната награда за сликарство „Лазар Личеноски“. За неговото творештво пишувале: Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Анте Поповски, Луан Старова и други. Тој е добитник и на високото француско одликување „Витез на уметноста и литературата“.

The post Изложба на слики и книги од Паскал Гилевски во „Матица ексклузив“ appeared first on Република.

]]>