ситигруп Archives - Република https://republika.mk/tema/sitigrup/ За подобро да се разбереме Thu, 25 Aug 2022 20:13:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ситигруп Archives - Република https://republika.mk/tema/sitigrup/ 32 32 „Волкот од Волстрит“ се повлекува: Банката „Ситигруп“ го напушта рускиот пазар https://republika.mk/vesti/svet/volkot-od-volstrit-se-povlekuva-bankata-sitigrup-go-napushta-ruskiot-pazar/ Thu, 25 Aug 2022 20:29:18 +0000 https://republika.mk/?p=544180

Банкарскиот гигант од Волстрит, „Ситигруп“ соопшти дека ќе ги затвори своите подружници во Русија почнувајќи од овој квартал. Компанијата очекува тоа да ја чини околу 170 милиони долари во наредните 18 месеци.

Американската банка, со најголемо присуство во Русија, уште во април 2021 година најави излез од работа со населението во Русија во рамки на широк план за напуштање на некои прекуморски пазари. Планот за излез од Русија во март го прошири и на работа со економијата по руската воена операција во Украина, но, не успеа да најде купувач ниту за еден од наведените бизниси.

Затворањето ќе погоди околу 2.300 од 3.000 вработени во 15 филијали во Русија, соопшти банката. „Ситигруп“ се приклучи на други големи играчи од Волстрит што исто така затворија или најавија планови за затворање претпријатија во Русија, поради санкциите воведени против земјата од страна на западните држави.

„Ситигруп“ откри дека нејзината изложеност кон Русија изнесувала 8,4 милијарди долари, заклучно со 30 јуни годинава.

Напуштањето на Русија ќе влијае врз депозитните сметки, инвестициите, кредитите и платежните картички на банката.

The post „Волкот од Волстрит“ се повлекува: Банката „Ситигруп“ го напушта рускиот пазар appeared first on Република.

]]>

Банкарскиот гигант од Волстрит, „Ситигруп“ соопшти дека ќе ги затвори своите подружници во Русија почнувајќи од овој квартал. Компанијата очекува тоа да ја чини околу 170 милиони долари во наредните 18 месеци. Американската банка, со најголемо присуство во Русија, уште во април 2021 година најави излез од работа со населението во Русија во рамки на широк план за напуштање на некои прекуморски пазари. Планот за излез од Русија во март го прошири и на работа со економијата по руската воена операција во Украина, но, не успеа да најде купувач ниту за еден од наведените бизниси. Затворањето ќе погоди околу 2.300 од 3.000 вработени во 15 филијали во Русија, соопшти банката. „Ситигруп“ се приклучи на други големи играчи од Волстрит што исто така затворија или најавија планови за затворање претпријатија во Русија, поради санкциите воведени против земјата од страна на западните држави. „Ситигруп“ откри дека нејзината изложеност кон Русија изнесувала 8,4 милијарди долари, заклучно со 30 јуни годинава. Напуштањето на Русија ќе влијае врз депозитните сметки, инвестициите, кредитите и платежните картички на банката.

The post „Волкот од Волстрит“ се повлекува: Банката „Ситигруп“ го напушта рускиот пазар appeared first on Република.

]]>