сите за МКЦ Archives - Република https://republika.mk/tema/site-za-mkts/ За подобро да се разбереме Mon, 06 Feb 2023 09:52:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сите за МКЦ Archives - Република https://republika.mk/tema/site-za-mkts/ 32 32 Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт https://republika.mk/vesti/kultura/neformalnoto-dvizhene-site-za-mkts-na-muzichkiot-festival-zemjotres-povtorno-go-izrazi-svojot-revolt/ Mon, 06 Feb 2023 09:50:53 +0000 https://republika.mk/?p=605319

Во саботата, на овогодинешниот музички фестивал Земјотрес, неформалното движење Сите за МКЦ повторно го изрази својот револт. Преку герила акција, движењето се спротистави на енормното кратење на програмскиот буџет на МКЦ за 84 отсто во споредба со претходната година, како и на нерегуларното назначување на новиот в.д. директор.

За време на настапот на Дина Јашари, нашето движење пушти големо платно со порака „Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ" која беше еуфорично прифатена од присутните. Платното го држеа над себе десетици луѓе, додека Дина Јашари ја изведуваше песната „Дома“ адаптирана со текст „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“. По акцијата, платното беше оставено во главниот ходник каде остана до крајот на вечерта. За време на фестивалот исто така се делеа беџови и стикери со илустрација од Малиот Принц и QR код до онлајн петицијата на Сите за МКЦ преку препорачани донации, велат од „Сите за МКЦ“.

Дополнително како дел од нашата акција, голем дел од артистите и бендовите свиреа пред видео-бимови со пораки како „Ова е нашето МКЦ“, "МКЦ е нашиот дом, вчера, денес и утре", „Земјотрес за МКЦ“ и варијација на последната порака со имињата на бендовите кои изразија поддршка за акцијата.

фото: Сите за МКЦ

The post Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт appeared first on Република.

]]>

Во саботата, на овогодинешниот музички фестивал Земјотрес, неформалното движење Сите за МКЦ повторно го изрази својот револт. Преку герила акција, движењето се спротистави на енормното кратење на програмскиот буџет на МКЦ за 84 отсто во споредба со претходната година, како и на нерегуларното назначување на новиот в.д. директор.
За време на настапот на Дина Јашари, нашето движење пушти големо платно со порака „Видете нѐ колку нѐ има. Сите за МКЦ" која беше еуфорично прифатена од присутните. Платното го држеа над себе десетици луѓе, додека Дина Јашари ја изведуваше песната „Дома“ адаптирана со текст „Мојот дом е таму каде што е МКЦ“. По акцијата, платното беше оставено во главниот ходник каде остана до крајот на вечерта. За време на фестивалот исто така се делеа беџови и стикери со илустрација од Малиот Принц и QR код до онлајн петицијата на Сите за МКЦ преку препорачани донации, велат од „Сите за МКЦ“.
Дополнително како дел од нашата акција, голем дел од артистите и бендовите свиреа пред видео-бимови со пораки како „Ова е нашето МКЦ“, "МКЦ е нашиот дом, вчера, денес и утре", „Земјотрес за МКЦ“ и варијација на последната порака со имињата на бендовите кои изразија поддршка за акцијата. фото: Сите за МКЦ

The post Неформалното движење „Сите за МКЦ“ на музичкиот фестивал „Земјотрес“ повторно го изрази својот револт appeared first on Република.

]]>
Протест на #СитеЗаМКЦ пред Советот на Град Скопје https://republika.mk/vesti/kultura/protest-na-sitezamkts-pred-sovetot-na-grad-skopje/ Thu, 26 Jan 2023 08:54:43 +0000 https://republika.mk/?p=601176

Движењето #СитеЗаМКЦ денеска во 10.45 часот огранизира протестна акција пред Советот на Град Скопје во знак на револт за кратењето на буџетот и менувањето на временото раководство на градската институција. Организитаорите велат дека целта на акцијата е да се покаже културата и историјата на Младинскиот културен центар.

Сметаме дека МКЦ дефинитивно не заслужува буџетот да му биде скратен за 92% и да биде мета на политички игри. Бараме Град Скопје во најбрз можен рок да ја промени оваа одлука. Преку 50 години, МКЦ е дом на голем број уметници, музичари, културни работници и активна публика. Нема да се откажеме од оваа историска институција и нема да престанеме да се бориме за нејзиното опстојување“, велат од „СитеЗаМКЦ“.

Сите за МКЦ е неформално движење на музичари, уметници и засегнати граѓани кои се борат за зачувувањето и фер финансирањето на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Движењето се формираше непосредно по граѓанскиот собир #СитеЗаМКЦ кој се одржа на 22 јануари на платото пред МКЦ со цел да се изрази револтот кон актуелните случувања со намалувањето на буџетот и, како што се наведува, непрописното менување на в.д. директорот. Настанот беше организиран од Гола Планина Колектив, независна мрежа на новиот музички бран во Македонија. Иако оваа иницијатива започна со Гола Планина Колектив, #СитеЗаМКЦ претставува неформално движење на различни видови на уметници, но и засегнати граѓани кои целат да го заштитат еден од последните јавни културни простори во државата.

Ние ниту сме партиски определени, ниту пак добиваме финансиска поддршка од некого. Целиме да ја шириме нашата мрежа и добредојдена е помош од секој кој се залага за зачувувањето на МКЦ, како и поддршката на независната културна сцена во Македонија“, додаваат од „СитеЗаМКЦ“.

The post Протест на #СитеЗаМКЦ пред Советот на Град Скопје appeared first on Република.