сите ќе ве заколам Archives - Република https://republika.mk/tema/site-kje-ve-zakolam/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Mar 2022 09:33:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сите ќе ве заколам Archives - Република https://republika.mk/tema/site-kje-ve-zakolam/ 32 32 Гостиварец им се заканувал на сопругата и трите деца: Сите ќе ве заколам! https://republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarec-im-se-zakanuval-na-soprugata-i-trite-deca-site-kje-ve-zakolam/ Thu, 10 Mar 2022 09:20:29 +0000 https://republika.mk/?p=470470

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.

-На 8 март тој и лично дошол пред станот во кој престојувала сопругата со нивните три деца, ѕвонел на домофонот и по кратка расправија и се заканил дека „сите дома ќе ги заколе“. Полициските службеници, вршејќи проверки по пријавените закани, констатирале дека осомничениот и претходно е пријавуван за повеќе кривични дела, меѓу кои и за загрозување на сигурноста и телесна повреда при семејно насилство, па од тие причини станува збор за сериозни закани спрема оштетените, информираат од Обвинителството.

Осомничениот е лишен од слобода, а надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар поднесе предлог за определување мерка притвор поради опасноста тој да се даде во бегство или да го повтори делото.​

The post Гостиварец им се заканувал на сопругата и трите деца: Сите ќе ве заколам! appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинителството постапува по кривична пријава против 43-годишниот гостиварец, кој во повеќе наврати, со телефонски јавувања и СМС пораки, се заканувал на неговата ќерка и на неговата сопруга со кои извесен период не живееле заедно.