системско решение Archives - Република https://republika.mk/tema/sistemsko-reshenie/ За подобро да се разбереме Sun, 10 Mar 2024 15:49:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png системско решение Archives - Република https://republika.mk/tema/sistemsko-reshenie/ 32 32 Лефков: Најважното системско решение во моментов е да се тргнат од власт СДСМ и ДУИ затоа што неодговорно се раководат институциите https://republika.mk/vesti/lefkov-najvazhnoto-sistemsko-reshenie-vo-momentov-e-da-se-trgnat-od-vlast-sdsm-i-dui-zatoa-shto-neodgovorno-se-rakovodat-institutsiite/ Sun, 10 Mar 2024 15:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=753372

Во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, тој посочи дека со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се видел еден реален однос кон граѓаните.

„Конечно со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски видовме еден реален однос кон граѓаните. Престанаа практично да се манипулираат граѓаните, престанаа оние замајувања на граѓаните дека ќе се менуваат тогаш ќе стигне затоа што дојде денот кога практично се случи крајот на лагата на СДСМ и на нивните тези кои ги пласираа, па по негова иницијатива дојде и предлог законот за измена за исправите за јавниот сообраќај и за измените во изборниот законик кои ги донесовме консензуално, меѓутоа остана уште овој за патните исправи“, кажа Лефков.

Тој продолжи и додаде дека од страна на власта имало фама и лажни изјави и ја потсети јавноста за изјавите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

„Ако зборувате за фама и за лажни изјави тогаш ајде да се потсетиме на изјавите на портпаролот на владата Миле Бошњаковски кога застана на официјално место пред сите национални телевизии и ги убедуваше граѓаните дека нема потреба да се прави гужва за промена на документи“, кажа Лефков.

Тој истакна дека најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт.

„Најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт затоа што навистина неодговорно се раководат институциите. Гледаме дека над 75% од граѓаните не се задоволни од она како се врши промената од страна на институциите. Апсолутно треба да се воведе систем на одговорност, меѓутоа мора да ги повикаме и оние кои можат тоа да го спроведат. Се покажа дека не може оваа власт предводена од СДСМ и ДУИ дека не може да го стори тоа, самиот однос дека виновни се граѓаните ни прави дополнителни штети. Мораме во фокус да го ставиме граѓанинот и интересите на граѓанинот, никако не смее да бидат обвинувани граѓаните затоа што нешто пропуштила да го направи државата“, заклучи Лефков.

The post Лефков: Најважното системско решение во моментов е да се тргнат од власт СДСМ и ДУИ затоа што неодговорно се раководат институциите appeared first on Република.

]]>

Во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, тој посочи дека со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се видел еден реален однос кон граѓаните. „Конечно со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски видовме еден реален однос кон граѓаните. Престанаа практично да се манипулираат граѓаните, престанаа оние замајувања на граѓаните дека ќе се менуваат тогаш ќе стигне затоа што дојде денот кога практично се случи крајот на лагата на СДСМ и на нивните тези кои ги пласираа, па по негова иницијатива дојде и предлог законот за измена за исправите за јавниот сообраќај и за измените во изборниот законик кои ги донесовме консензуално, меѓутоа остана уште овој за патните исправи“, кажа Лефков. Тој продолжи и додаде дека од страна на власта имало фама и лажни изјави и ја потсети јавноста за изјавите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски. „Ако зборувате за фама и за лажни изјави тогаш ајде да се потсетиме на изјавите на портпаролот на владата Миле Бошњаковски кога застана на официјално место пред сите национални телевизии и ги убедуваше граѓаните дека нема потреба да се прави гужва за промена на документи“, кажа Лефков. Тој истакна дека најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт. „Најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт затоа што навистина неодговорно се раководат институциите. Гледаме дека над 75% од граѓаните не се задоволни од она како се врши промената од страна на институциите. Апсолутно треба да се воведе систем на одговорност, меѓутоа мора да ги повикаме и оние кои можат тоа да го спроведат. Се покажа дека не може оваа власт предводена од СДСМ и ДУИ дека не може да го стори тоа, самиот однос дека виновни се граѓаните ни прави дополнителни штети. Мораме во фокус да го ставиме граѓанинот и интересите на граѓанинот, никако не смее да бидат обвинувани граѓаните затоа што нешто пропуштила да го направи државата“, заклучи Лефков.  

The post Лефков: Најважното системско решение во моментов е да се тргнат од власт СДСМ и ДУИ затоа што неодговорно се раководат институциите appeared first on Република.

]]>
Ќе има системско решение за лекувањето на Леонид, но не во време на техничка Влада, вели министерот за здравство https://republika.mk/zivot/zdravje/ke-ima-sistemsko-reshenie-za-lekuvaneto-na-leonid-no-ne-vo-vreme-na-tehnichka-vlada-veli-ministerot-za-zdravstvo/ Thu, 29 Feb 2024 10:16:47 +0000 https://republika.mk/?p=749577

Министерот за здравство Илир Демири денеска на новинарско прашање во врска со случајот на Леонид Индов изјави дека владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне, односно ќе му бидат покриени трошоците. Системско решение, како што посочи, во предизборниот период и во време на техничка влада, не може да се најде.

Досега е направено многу. Зборувавме со семејството и брзо ќе добиете епилог. Не сакам медиумска кампања апропо изнаоѓање на решение. Значи, Владата и министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку и на секој еден пациент кој има потреба“, изјави Демири пред почетокот на панел дискусијата по повод одбележувањето на Денот на ретки болести во Скопје.

Тој напомена дека сега треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение ќе се зборува после изборите.

Системско решение во оваа техничка Влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме, од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство“, додаде Демири.

The post Ќе има системско решение за лекувањето на Леонид, но не во време на техничка Влада, вели министерот за здравство appeared first on Република.

Оваа година беше најтешка за нас, велат дијабетичарите: Нè не засега тендерот, нам животот ни зависи од лентичката, гликомерот и инсулинот https://republika.mk/zivot/zdravje/ovaa-godina-beshe-najteshka-za-nas-velat-dijabeticharite-ne-ne-zasega-tenderot-nam-zhivotot-ni-zavisi-od-lentichkata-glikomerot-i-insulinot/ Tue, 14 Nov 2023 15:14:13 +0000 https://republika.mk/?p=701494

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави системско решение за дијабетичарите за околу две години, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот. Ќе треба, рече, да се сменат правилници и да се договорат сите засегнати страни.

Одговарајќи на новинарски прашања, министерот потврди дека изминува тешка година за дијабетичарите, но нагласи дека и проблемот со тендер и буџетот ги наследиле. Тој повтори дека навистина се работи на превенцијата, макотрпно рече се работи и нагласи дека на крај има добри резултати.

Нема да дозволам отсега натаму да доцни тендер, со претседателот на дијабетичарите се договоривме да има системско решение – нагласи Меџити, укажувајќи дека има и недијагностицирани дијабетичари, па апелираше пациентите редовно да се проверуваат.

Министерот рече дека терапијата е света работа за пациентот. Тој информираше дека од вчера има десет илјади гликомери и ленти, распределени по сите аптеки. Деновиве, уште девет илјади. Со ова, нагласи, се амортизираат сите барања од пациентите и полека, проблемот се надминувал.

Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев рече дека се согласуваат со системско решение во кое пациент ќе може да си доплати за подобар квалитет. Тие тоа го барале веќе четири години.

Со таквото решение не се губи правото на бесплатност, туку не мора да се оди до болничка аптека. Водиме институционален дијалог и не сакаме радикални мерки. Улицата не ја исклучуваме, но доколку немаме дијалог со властите и доколку нема промени – нагласи тој, укажувајќи и дека многу е важна дистрибуцијата и достапноста.

Претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети, на прашањето, околу компликации кај дијабетичари, ако не можат редовно да го мерат шеќерот, ако не знаат колку инсулин треба да примат, одговори дека навистина бил загрижувачки недостатокот што се појавил од технички причини. Сепак додаде дека не е забележан раст на компликации, за да се подигне алармот на повисоко ниво.

[caption id="attachment_701052" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Националната комисија е тело на Министерството и заедно со министерот инсистираме на формирање на национален регистар, затоа што така ќе добиеме најпрецизно бројки за лицата со дијабет – подвлече Ахмети.

Оваа година за разлика од претходниве е најтешка за нас дијабетичарите, вели Драган Станковски од Демир Хисар, кој е дијабетичар со тип еден, близу половина век.

Најтешки години беа во детската возраст, кога немаше вакви инсулини, ваква терапија, кога бевме приморани да користиме свински, говедски инсулини. Лентички такви работи, немаше ништо. Шприцеви, пенкала, ништо. Варевме во гази да се стерилизираат и така. Тој тежок период беше седумдесетите, осумдесетите години, открива тој на денот на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот.

Станковски е претседател на Здружението „Сончева светлина“ од Демир Хисар, ги претставува лицата со дијабет од неговата општина.

Оваа година, за разлика од претходниве, е најтешка за нас дијабетичарите, бидејќи недостатокот што се јави на гликомери и лентички. Не знам што се случува. Никогаш не било вака. Ние, сега, така речено, на „ќоро“ ставаме инсулин. Бидејќи не знаеме колку ни е гликемијата во моментот, ако немаш лентичка да измериш. Не знаеш колку единици да ставиш, за денот да го поминеш како што треба, да биде шеќерот во нормала – споделува тој.

https://republika.mk/zivot/zdravje/nabaveni-se-650-besplatni-senzori-za-merene-glikemija-vo-krvta-za-detsa-i-mladi-do-18-godini-bremeni-zheni-so-dijabet-tip-1-i-slepi-litsa/

Еве министрите, националната комисија се вадат со тоа дека тендери, процедури. А дијабетичарот во една рурална средина како што е Демир Хисар, или во Скопје, не го интересира тоа. Од тоа му зависи животот, од лентичката, гликомерот и инсулинот, тие се неопходни – нагласува тој.

Сега еве недела две, почнуваат дистрибуција на нешто, додава, но, според него, не во количини колку што треба.

На пример во Демир Хисар треба 116 гликомери, а пуштија само десет – открива тој, па одлучиле додека не стигнат сите, да не се дава на никој.

На денешниот настан беше кажано дека оваа година е посебна за пациентите, затоа што слават и 100 години откако го добиле правото на живот, благодарение на откривањето на инсулинот.

На почетокот на наредните 100 години, како пациенти, сакаме да нема тендери за набавки на нашата потребна терапија, не сакаме да слушнеме за најниска понудена цена, не сакаме да не може да ја подигнеме потребната терапија поради доцнење на тендерот, не сакаме да немаме ленти, ланцети и игли, не сакаме да бидеме сконцентирани и само на нашите гликемии. На почетокот на наредните 100 години, сакаме да имаме современа инсулинска и таблетарна терапија која ќе биде достапна за секој пациент, кај кој ќе има потреба од истата. Терапија која нема да ни го регулира само крвниот шеќер, туку терапија која ќе не заштити и од други компликации, терапија која ќе го подобри квалитетот на нашиот живот од секој аспект на нашето живеење. Сакаме да имаме и право на избор за тоа која лента или кој апарат ќе го користиме – сакаме референтни цени за нив, сакаме тимски пристап во менаџирањето на нашата болест – состојба од сите овде присутни профили на здравствени работници – појасни Велев.

Мотото оваа година е „Познавај го твојот ризик, познавај го твојот одговор“.

За таа цел и денес го одбележуваме овој 14. ноември со наше национално мото: соочени со предизвиците на дијабетесот во Македонија, дејствуваме пред да стане непоправливо – додаде претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари.

На денешниот настан беше потпишан и документ за соработка, за што Велев нагласи оти надежта е дека нема да остане само на хартија, туку чекор по чекор, ќе се почне со негова имплементација.

The post Оваа година беше најтешка за нас, велат дијабетичарите: Нè не засега тендерот, нам животот ни зависи од лентичката, гликомерот и инсулинот appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство Фатмир Меџити најави системско решение за дијабетичарите за околу две години, во рамките на одбележувањето на Светскиот ден за борба против дијабетесот. Ќе треба, рече, да се сменат правилници и да се договорат сите засегнати страни. Одговарајќи на новинарски прашања, министерот потврди дека изминува тешка година за дијабетичарите, но нагласи дека и проблемот со тендер и буџетот ги наследиле. Тој повтори дека навистина се работи на превенцијата, макотрпно рече се работи и нагласи дека на крај има добри резултати.
Нема да дозволам отсега натаму да доцни тендер, со претседателот на дијабетичарите се договоривме да има системско решение – нагласи Меџити, укажувајќи дека има и недијагностицирани дијабетичари, па апелираше пациентите редовно да се проверуваат.
Министерот рече дека терапијата е света работа за пациентот. Тој информираше дека од вчера има десет илјади гликомери и ленти, распределени по сите аптеки. Деновиве, уште девет илјади. Со ова, нагласи, се амортизираат сите барања од пациентите и полека, проблемот се надминувал. Претседателот на Сојузот на здруженија на дијабетичари, Диме Велев рече дека се согласуваат со системско решение во кое пациент ќе може да си доплати за подобар квалитет. Тие тоа го барале веќе четири години.
Со таквото решение не се губи правото на бесплатност, туку не мора да се оди до болничка аптека. Водиме институционален дијалог и не сакаме радикални мерки. Улицата не ја исклучуваме, но доколку немаме дијалог со властите и доколку нема промени – нагласи тој, укажувајќи и дека многу е важна дистрибуцијата и достапноста.
Претседателот на Националната комисија за дијабетес, Ирфан Ахмети, на прашањето, околу компликации кај дијабетичари, ако не можат редовно да го мерат шеќерот, ако не знаат колку инсулин треба да примат, одговори дека навистина бил загрижувачки недостатокот што се појавил од технички причини. Сепак додаде дека не е забележан раст на компликации, за да се подигне алармот на повисоко ниво. [caption id="attachment_701052" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]