Сирил Баумгартнер Archives - Република https://republika.mk/tema/siril-baumgartner/ За подобро да се разбереме Wed, 10 Jul 2024 14:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сирил Баумгартнер Archives - Република https://republika.mk/tema/siril-baumgartner/ 32 32 Средба на министерката за образование со францускиот амбасадор https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-ministerkata-za-obrazovanie-so-frantsuskiot-ambasador/ Wed, 10 Jul 2024 14:18:42 +0000 https://republika.mk/?p=795454

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска се сретна со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер, при што ја истакнала досегашната одлична соработка помеѓу двете земји во областа на образованието.

Министерката Јаневска изрази благодарност до француската Влада и народ за поддршката која ја добива земјава во процесот на интеграција во Европската Унија, напоменувајќи дека Франција е важен сојузник во приближувањето кон европските образовни вредности.  Јаневска на средбата информираше за промените во основното и средното образование, со ревизија на Концепцијата за основното образование, за процесот на изготвување на Законот за средно образование и Законот за средно стручно образование, како и за чекорите кои Владата ќе ги преземе за унапредување на воспитно-образовниот процес во земја, соопшти Министерството за образование и наука.

На средбата се разговарало и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието и можностите за негова поголема популаризација.

Соговорниците изразија очекувања дека досегашната соработка насочена кон унапредувањето и интензивирањето на образовните практики ќе продолжи и во иднина, наведува МОН во соопштението.

The post Средба на министерката за образование со францускиот амбасадор appeared first on Република.

]]>