Синтезис Archives - Република https://republika.mk/tema/sintezis/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 07:50:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синтезис Archives - Република https://republika.mk/tema/sintezis/ 32 32 Со спектакуларен концерт на 25 септември во Филхармонија „Синтезис“ ќе го прослави 30-годишниот јубилеј https://republika.mk/scena/muzika/so-spektakularen-kontsert-na-25-septemvri-vo-filharmonija-sintezis-ke-go-proslavi-30-godishniot-jubilej/ Tue, 03 Sep 2024 07:50:44 +0000 https://republika.mk/?p=812535

Групата „Синтезис“, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија на 25 септември 2024 година.

Формирана во 1995 година, „Синтезис“ ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна на македонската музичка сцена и понатаму на меѓународната. Нивниот прв албум, „ДД Синтезис“, беше објавен во 1996 година и веднаш предизвика позитивни реакции кај публиката и критиката. Групата ја продолжи својата успешна приказна со албумите „Swinging Macedonia“(2000) и други значајни изданија кои го истакнаа нивниот автентичен звук.

Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, „Синтезис“ се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Тие настапувале во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали ширум светот, каде што ја презентирале македонската музичка култура и традиција. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика, но и да ја облагородат со нови музички форми и елементи кои ја прават релевантна за денешната публика.

Цели три децении, „Синтезис“ со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција. Овој јубилеен концерт ќе биде кулминација на нивното триесетгодишно патешествие и ќе претставува незаборавен настан за македонската публика. На јубилејниот концерт, заедно со своите гости, „Синтезис“ ќе изведе дел од своите најпознати композиции кои го обележуваан нивниот пат низ годините.

 

The post Со спектакуларен концерт на 25 септември во Филхармонија „Синтезис“ ќе го прослави 30-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>

Групата „Синтезис“, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија на 25 септември 2024 година. Формирана во 1995 година, „Синтезис“ ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна на македонската музичка сцена и понатаму на меѓународната. Нивниот прв албум, „ДД Синтезис“, беше објавен во 1996 година и веднаш предизвика позитивни реакции кај публиката и критиката. Групата ја продолжи својата успешна приказна со албумите „Swinging Macedonia“(2000) и други значајни изданија кои го истакнаа нивниот автентичен звук. Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, „Синтезис“ се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Тие настапувале во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали ширум светот, каде што ја презентирале македонската музичка култура и традиција. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика, но и да ја облагородат со нови музички форми и елементи кои ја прават релевантна за денешната публика. Цели три децении, „Синтезис“ со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција. Овој јубилеен концерт ќе биде кулминација на нивното триесетгодишно патешествие и ќе претставува незаборавен настан за македонската публика. На јубилејниот концерт, заедно со своите гости, „Синтезис“ ќе изведе дел од своите најпознати композиции кои го обележуваан нивниот пат низ годините.  

The post Со спектакуларен концерт на 25 септември во Филхармонија „Синтезис“ ќе го прослави 30-годишниот јубилеј appeared first on Република.

]]>
Деловски и „Синтезис“ го промовираа проектот „Ој, девојче“: Да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува https://republika.mk/scena/muzika/delovski-i-sintezis-go-promoviraa-proektot-oj-devojche-da-ja-neguvame-etno-muzikata-na-nachin-na-koj-shto-i-dolikuva/ Mon, 29 Jan 2024 09:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=738009

Синоќа во присуство на бројни љубители и почитувачи на делото на Тоше Проески, како и на етно составот „Синтезис“, беше промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и „Синтезис“, кој беше издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.

https://www.youtube.com/watch?v=xnfXmt5ETVw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fsmart.sdk.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект – колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче“, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол – Тоше Проески.

Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.

The post Деловски и „Синтезис“ го промовираа проектот „Ој, девојче“: Да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува appeared first on Република.

]]>

Синоќа во присуство на бројни љубители и почитувачи на делото на Тоше Проески, како и на етно составот „Синтезис“, беше промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и „Синтезис“, кој беше издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески. https://www.youtube.com/watch?v=xnfXmt5ETVw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fsmart.sdk.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект – колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче“, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол – Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.

The post Деловски и „Синтезис“ го промовираа проектот „Ој, девојче“: Да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува appeared first on Република.

]]>
Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис https://republika.mk/scena/muzika/promotsija-na-proektot-oj-devojche-na-didhej-delovski-i-etno-grupata-sintezis/ Sun, 28 Jan 2024 08:31:31 +0000 https://republika.mk/?p=737653

Во „Интермецо бар“ во Скопје вечерва ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.

Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект - колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче“, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол - Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.

The post Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис appeared first on Република.

]]>

Во „Интермецо бар“ во Скопје вечерва ќе биде промовиран проектот „Ој девојче“ на музичкиот продуцент и диџеј Деловски и етно групата Синтезис кој е издаден на 25 јануари, роденденот на Тоше Проески.
Голема чест и задоволство ни е да Ви го претставиме нашиот нов проект - колаборација и преработка на една од најпознатите Македонски етно музички изданија „Ој девојче“, на кој што решивме да ги оставиме оригиналните вокали од нашиот најголем непробол - Тоше Проески. Наша цел со ова музичко издание е да се вратат националните и етничките вредности, како и да ја негуваме етно музиката на начин на кој што и доликува. Деловски успеа да го преработи ова издание, да му даде еден нов, модерен сјај и шмек, кој со сигурност ќе стане хит, велат од Синтезис.

The post Промоција на проектот „Ој девојче“ на диџеј Деловски и етно групата Синтезис appeared first on Република.

]]>