синиша ивановски Archives - Република https://republika.mk/tema/sinisha-ivanovski/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 14:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синиша ивановски Archives - Република https://republika.mk/tema/sinisha-ivanovski/ 32 32 Се распаѓа конструкцијата на столбовите кои се прават на пругата кон Бугарија, алармира новиот директор на Железници https://republika.mk/vesti/ekonomija/se-raspaga-konstruktsijata-na-stolbovite-koi-se-pravat-na-prugata-kon-bugarija-alarmira-noviot-direktor-na-zheleznitsi/ Mon, 29 Jul 2024 15:30:04 +0000 https://republika.mk/?p=801368

На пругата кон Бугарија столбови се прават со арматурни конструкции кои се распаѓаат, предупредува Синиша Ивановски, новиот директор на Железници. Во фејсбук пост го пренесува своето искуство од посетата на втората делница од пругата према Бугарија, за која вели била „запрепастувачка и разочарувачка“.

Ви ја пренесуваме неговата објава во целост:

Пруга кон Бугарија

Малку подолг пост но со оглед на сериозноста и не може пократко.

Претходниов петок 26.07 бев на терен на втората делница од пругата према Бугарија. Вториот дел е од Бељаковце до Крива Паланка.

На терен сликата во најмала рака беше запрепастувачка и разочарувачка.

1:

Требаше да се бетонира темел за столб за мост. Пред да се бетонира целата арматурна конструкција им се распадна како да е направена од цевки за пиење сок а не од арматурни шипки со дебелина од ф28мм и ф32мм.

Поточно вертикалните арматурни шипки кои се всушност самиот столб на мостот по кој ќе се движи воз се урнаа врз целата конструкција.

Внимавајте, столбот што ќе се изгради врз овој темел треба да биде висок 13м и по него и другите столбови ќе минува мост (пруга) и возовите ќе пренесуваат патници. За ризикот проценете сами.

На слика 2 се гледаат и сеграгација на бетонот и пукнатини при неквалитетно бетонирање.

Да не знае човек дали сака таму да има пруга или побезбедно е за сите нас да нема.

Додатно: откако стигнав на терен магично се појавија и претставници на фирмата изведувач.

На моето прашање што е причината за оваа ситуација ми одговорија дека ветерот ги дувнал арматурите. Одговор за потценување на интелегенција, но сепак им дадов и втора шанса за корекција на одговорот. На тоа ме поканија во "кафанче на рипче". Неколку пати. Се разбира дека одбив.

На нивните аматерски одговори следеше мое образложение до нив зашто им се случило тоа што им се случило со темелот. Па тука сфатија дека разговараат со некој што подобро од нив ја разбира проблематиката, па така фатени на дело во нивното "дело" од немоќ следуваше уште една покана "за рипче"

Вистината е дека планираа 9м висока арматурни шипки со пречник од ф28мм и ф32мм да ги прицврстат со 15цм "L" превиткување кои очигледно дека ни тоа не го врзале (армирале) соодветно. Далеку од тоа.

Се работи за фирма подизведувач Андра Центрум која веќе од владата била ставена на црна листа додека на истиов потег работела германската фирма Вибе и истава фирма не смее да работи на овој проект, но го смениле називот на фирмата и ете ги пак на терен под името Инфраструктура ДООЕЛ.

Просто генијално и иновативно.

2: Надзор ИРД.

Задача на надзорот е да го надгледува процесот на градба. Поготово во вакви ситуации кога има бетонирање на столбови. Од надзорот ни "н" на терен а треба да се секојдневно и постојано таму. На хартија тие се секој ден на терен и тие го наплаќаат тоа а на терен ги нема. Прашањето на кое ќе побарам одговори е кој им потпишува, а дали е вистина дека се има случувано лица ангажирани од фирмата за надзор воопшто да не биле во државата а тие да стојат во докумети кои ги наплаќаат дека биле на терен на изградба на пругата.

На втората фотографија (слика 2) се гледаат и сериозни сегрегации и пукнатини на бетон.

Квалитет на изведба: личен став е дека е под незадоволително ниво.

3: Ѓулермак - ИРД (изведувач - надзор)

Договорот за градба е 155 милиони евра. Додатна сума на ова е предвидена од 10% за непредвидени работи.

Средства обезбедени со грант од WBIF и заем од ЕБРД.

Моменталниот прогрес е 17.5% (27мил. евра)

Овие 10% непредвидени работи (15.5 мил евра) веќе ги имаат искористено во добар дел. "непредвидени"5.3 мил евра за мост број 11, и 2.8 мил евра затоа што доцнела државата за визите за работници од странство. Пошто откако пристигнаа работниците го гледаме нивниот "прогрес" пд 17.5% а рокот за целокупното завршување на проектот е Октомври 2026та. Нема шанса да го стигнат, затоа што наместо да го стават фокусот да градат тие го ставаат фокусот на креирање ситуации за пенали кон државата, а надзорот ИРД без никаков проблем им ги прифаќаат нивниве побарувања и варијации (вкупно 13 до сега во износ над 1 мил евра).

И сè тоа на терет на државниот буџет.

За вакво неодговорно и несериозно однесување кон државните капитални инфраструктурни проекти пред се ќе го информирам министерството за транспорт и врски како надлежно министерство и Владата, а ќе пратам соодветна информација до банките финансиери на овој проект.

The post Се распаѓа конструкцијата на столбовите кои се прават на пругата кон Бугарија, алармира новиот директор на Железници appeared first on Република.

]]>

На пругата кон Бугарија столбови се прават со арматурни конструкции кои се распаѓаат, предупредува Синиша Ивановски, новиот директор на Железници. Во фејсбук пост го пренесува своето искуство од посетата на втората делница од пругата према Бугарија, за која вели била „запрепастувачка и разочарувачка“. Ви ја пренесуваме неговата објава во целост:

Пруга кон Бугарија

Малку подолг пост но со оглед на сериозноста и не може пократко. Претходниов петок 26.07 бев на терен на втората делница од пругата према Бугарија. Вториот дел е од Бељаковце до Крива Паланка. На терен сликата во најмала рака беше запрепастувачка и разочарувачка.

1:

Требаше да се бетонира темел за столб за мост. Пред да се бетонира целата арматурна конструкција им се распадна како да е направена од цевки за пиење сок а не од арматурни шипки со дебелина од ф28мм и ф32мм. Поточно вертикалните арматурни шипки кои се всушност самиот столб на мостот по кој ќе се движи воз се урнаа врз целата конструкција. Внимавајте, столбот што ќе се изгради врз овој темел треба да биде висок 13м и по него и другите столбови ќе минува мост (пруга) и возовите ќе пренесуваат патници. За ризикот проценете сами. На слика 2 се гледаат и сеграгација на бетонот и пукнатини при неквалитетно бетонирање. Да не знае човек дали сака таму да има пруга или побезбедно е за сите нас да нема. Додатно: откако стигнав на терен магично се појавија и претставници на фирмата изведувач. На моето прашање што е причината за оваа ситуација ми одговорија дека ветерот ги дувнал арматурите. Одговор за потценување на интелегенција, но сепак им дадов и втора шанса за корекција на одговорот. На тоа ме поканија во "кафанче на рипче". Неколку пати. Се разбира дека одбив. На нивните аматерски одговори следеше мое образложение до нив зашто им се случило тоа што им се случило со темелот. Па тука сфатија дека разговараат со некој што подобро од нив ја разбира проблематиката, па така фатени на дело во нивното "дело" од немоќ следуваше уште една покана "за рипче" Вистината е дека планираа 9м висока арматурни шипки со пречник од ф28мм и ф32мм да ги прицврстат со 15цм "L" превиткување кои очигледно дека ни тоа не го врзале (армирале) соодветно. Далеку од тоа. Се работи за фирма подизведувач Андра Центрум која веќе од владата била ставена на црна листа додека на истиов потег работела германската фирма Вибе и истава фирма не смее да работи на овој проект, но го смениле називот на фирмата и ете ги пак на терен под името Инфраструктура ДООЕЛ. Просто генијално и иновативно.

2: Надзор ИРД.

Задача на надзорот е да го надгледува процесот на градба. Поготово во вакви ситуации кога има бетонирање на столбови. Од надзорот ни "н" на терен а треба да се секојдневно и постојано таму. На хартија тие се секој ден на терен и тие го наплаќаат тоа а на терен ги нема. Прашањето на кое ќе побарам одговори е кој им потпишува, а дали е вистина дека се има случувано лица ангажирани од фирмата за надзор воопшто да не биле во државата а тие да стојат во докумети кои ги наплаќаат дека биле на терен на изградба на пругата. На втората фотографија (слика 2) се гледаат и сериозни сегрегации и пукнатини на бетон. Квалитет на изведба: личен став е дека е под незадоволително ниво.

3: Ѓулермак - ИРД (изведувач - надзор)

Договорот за градба е 155 милиони евра. Додатна сума на ова е предвидена од 10% за непредвидени работи. Средства обезбедени со грант од WBIF и заем од ЕБРД. Моменталниот прогрес е 17.5% (27мил. евра) Овие 10% непредвидени работи (15.5 мил евра) веќе ги имаат искористено во добар дел. "непредвидени"5.3 мил евра за мост број 11, и 2.8 мил евра затоа што доцнела државата за визите за работници од странство. Пошто откако пристигнаа работниците го гледаме нивниот "прогрес" пд 17.5% а рокот за целокупното завршување на проектот е Октомври 2026та. Нема шанса да го стигнат, затоа што наместо да го стават фокусот да градат тие го ставаат фокусот на креирање ситуации за пенали кон државата, а надзорот ИРД без никаков проблем им ги прифаќаат нивниве побарувања и варијации (вкупно 13 до сега во износ над 1 мил евра). И сè тоа на терет на државниот буџет. За вакво неодговорно и несериозно однесување кон државните капитални инфраструктурни проекти пред се ќе го информирам министерството за транспорт и врски како надлежно министерство и Владата, а ќе пратам соодветна информација до банките финансиери на овој проект.

The post Се распаѓа конструкцијата на столбовите кои се прават на пругата кон Бугарија, алармира новиот директор на Железници appeared first on Република.

]]>
Синиша Ивановски е новиот директор на Железници Инфраструктура https://republika.mk/vesti/ekonomija/sinisha-ivanovski-e-noviot-direktor-na-zheleznitsi-infrastruktura/ Wed, 10 Jul 2024 10:22:04 +0000 https://republika.mk/?p=795263

Железници инфраструктура има нов директор. Досегашниот Зоран Трифуновски е сменет со Синиша Ивановски кој веќе една недела е на чело на ова претпријатие.

Инаку, Ивановски во јавноста е познат како поранешен директор на скопското претријатије „Улици и Патишта“ во времето на Коце Трајановски, а во моментов е актуелен претседател на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт.

Во Железници инфраструктура е избран и новиот состав на Управниот одбор.

За претседател на УО е избран Роберто Тошевски, а за членови Јован Симевски, Сашо Мојсовски, Небојша Захариески, Голубина Арсовска, Елена Стојкоска и Александар Маџаров.

The post Синиша Ивановски е новиот директор на Железници Инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Железници инфраструктура има нов директор. Досегашниот Зоран Трифуновски е сменет со Синиша Ивановски кој веќе една недела е на чело на ова претпријатие. Инаку, Ивановски во јавноста е познат како поранешен директор на скопското претријатије „Улици и Патишта“ во времето на Коце Трајановски, а во моментов е актуелен претседател на комисијата на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт. Во Железници инфраструктура е избран и новиот состав на Управниот одбор. За претседател на УО е избран Роберто Тошевски, а за членови Јован Симевски, Сашо Мојсовски, Небојша Захариески, Голубина Арсовска, Елена Стојкоска и Александар Маџаров.  

The post Синиша Ивановски е новиот директор на Железници Инфраструктура appeared first on Република.

]]>
Ивановски: Секој што се вози по инфраструктурата во Македонија не знае дали да внимава на својата безбедност и на другите или да бега од одрони и дупки https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovski-sekoj-shto-ke-se-vozi-po-infrastrukturata-vo-makedonija-ne-znae-dali-da-vnimava-na-svojata-bezbednost-i-na-drugite-ili-da-bega-od-odroni-i-dupki/ Sun, 18 Feb 2024 15:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=745376

Секој што ќе се вози по инфраструктурата во Македонија ќе доживее непријатни моменти, дали да внимава на својата безбедност и за безбедноста на другите учесници, дали да бега од одрони, дупки или свлечишта, дали да внимава навечер колку е неосветлена нашата инфраструктура. Ако забележите сигнализацијата на нашите патишта е иста како пред 20-30 години. Никаква модернизација на истото. Може ќе речат од актуелната влада дека тоа е скапо, но ние велиме дека човечкиот живот и безбедноста немаат цена. Затоа прва работа што ќе биде, покрај завршувањето на капиталните проекти ќе биде модернизација и безбедност, рече Синиша Ивановски претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која се одржува во Кичево.

Ивановски посочи дека наредниот месец се навршуваат десет години од почетокот на  автопатот Кичево Охрид. Во тие десет години, за седум години актуелната власт нема 20% направено. Почетната цена на овој проект беше 411 милиони евра, а стигна до 60 милиони евра.

Овој анекс што го направија од 200 милиони никому не објаснија за што е направен, за што тие пари се потрошени. Спомнаа 5 клучки за проектирање, една не гледаме. Ниту почнале, а да не говориме за завршување.

Ивановски се осврна и на железничкиот транспорт и кажа дека сме вратени 200 години наназад. Возовите не се движат заради лошата железничка инфраструктура.

Го укинаа возот кон Кичево, Куманово, Кочани. Инфраструктурата која нема да се користи две години, како што е случајот со Кичево, треба да се реконструира, а тоа се огромни средства. А зошто возовите не се во движење? Затоа што не се сервисирани. За некои работи требаат финансии, ама за да се сервисираш нешто пред се треба волја. Ама заглавени во криминални тендери, последната работа им е  дека треба да го реконструираат и одржуваат она што им  е дадено како работна обврска. Ете затоа нема возови. Затоа „Скриј се Благој никој да не те гледа“, рече Ивановски.

Тој појасни дека со новите мерки ќе се анулира корупцијата во урбанизмот.

„Кога ќе се стави во системот проектот што сакате да се гради или да се доградува, самиот систем има информации од сите можни институции, кои претходно ќе добијат задача се да дигитализираат и ажурираат. Кога ќе с е стави проектот, тој систем ја гледа висината, габаритот, дали отскокнува од некаде и самиот систем прави корекција. Оние шерифи кои со години се научени со коруптивни работи во општините, веќе ќе ги нема и нема да манипулираат со граѓаните. Официјални лица ќе имаат увид во овој систем и истите ќе бидат побрзи и поевтини во достапност на информациите“, заклучи Ивановски.

The post Ивановски: Секој што се вози по инфраструктурата во Македонија не знае дали да внимава на својата безбедност и на другите или да бега од одрони и дупки appeared first on Република.

]]>

Секој што ќе се вози по инфраструктурата во Македонија ќе доживее непријатни моменти, дали да внимава на својата безбедност и за безбедноста на другите учесници, дали да бега од одрони, дупки или свлечишта, дали да внимава навечер колку е неосветлена нашата инфраструктура. Ако забележите сигнализацијата на нашите патишта е иста како пред 20-30 години. Никаква модернизација на истото. Може ќе речат од актуелната влада дека тоа е скапо, но ние велиме дека човечкиот живот и безбедноста немаат цена. Затоа прва работа што ќе биде, покрај завршувањето на капиталните проекти ќе биде модернизација и безбедност, рече Синиша Ивановски претседател на Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ на дебатата „Инфраструктурна платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во инфраструктурата“ која се одржува во Кичево. Ивановски посочи дека наредниот месец се навршуваат десет години од почетокот на  автопатот Кичево Охрид. Во тие десет години, за седум години актуелната власт нема 20% направено. Почетната цена на овој проект беше 411 милиони евра, а стигна до 60 милиони евра. Овој анекс што го направија од 200 милиони никому не објаснија за што е направен, за што тие пари се потрошени. Спомнаа 5 клучки за проектирање, една не гледаме. Ниту почнале, а да не говориме за завршување. Ивановски се осврна и на железничкиот транспорт и кажа дека сме вратени 200 години наназад. Возовите не се движат заради лошата железничка инфраструктура.
Го укинаа возот кон Кичево, Куманово, Кочани. Инфраструктурата која нема да се користи две години, како што е случајот со Кичево, треба да се реконструира, а тоа се огромни средства. А зошто возовите не се во движење? Затоа што не се сервисирани. За некои работи требаат финансии, ама за да се сервисираш нешто пред се треба волја. Ама заглавени во криминални тендери, последната работа им е  дека треба да го реконструираат и одржуваат она што им  е дадено како работна обврска. Ете затоа нема возови. Затоа „Скриј се Благој никој да не те гледа“, рече Ивановски.
Тој појасни дека со новите мерки ќе се анулира корупцијата во урбанизмот.
„Кога ќе се стави во системот проектот што сакате да се гради или да се доградува, самиот систем има информации од сите можни институции, кои претходно ќе добијат задача се да дигитализираат и ажурираат. Кога ќе с е стави проектот, тој систем ја гледа висината, габаритот, дали отскокнува од некаде и самиот систем прави корекција. Оние шерифи кои со години се научени со коруптивни работи во општините, веќе ќе ги нема и нема да манипулираат со граѓаните. Официјални лица ќе имаат увид во овој систем и истите ќе бидат побрзи и поевтини во достапност на информациите“, заклучи Ивановски.

The post Ивановски: Секој што се вози по инфраструктурата во Македонија не знае дали да внимава на својата безбедност и на другите или да бега од одрони и дупки appeared first on Република.

]]>
Ивановски: Општина Центар продаде за 7 евра по м2 државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/ivanovski-opshtina-centar-prodade-za-7-evra-po-m2-drzavno-zemjishte-sproti-zgradata-na-nova-makedonija/ Thu, 10 Mar 2022 11:41:25 +0000 https://republika.mk/?p=470608

Старите навики тешко се искоренуваат. Па така градоначалниците на СДСМ во општина Центар поддржани од власта на СДСМ поточно министерството за транспорт и врски плус министерство за финансии, зад очите на јавноста продолжуваат со старите навики, ова денеска преку прес-конференција го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Откако пред будноста на цела јавност, со детски и пинг-понг игри околу тоа кој има надлежност да ја стопира градбата на облакодерите кај Холидеј Ин, додека играа игри општина Центар и министерството за транспорт и врски и се праќаа меѓусебни писма, се започна бетонизацијата на платото пред Холидеј Ин. Во истиот стил, се разбира истите актери од редовите на СДСМ продолжиле и понатаму. Повторно во општина Центар, овојпат спроти зградата на Нова Македонија, кон приватен инвеститор продаваат државно земјиште за сума од неверојатни 7 евра за м2, поточно смешни 438 денари за м2. За информација, на таа локација земјиште се продава и по многу повисока цена а станбен или деловен простор доаѓа и до 2000 евра. Е тука, продаваат градежно земјиште за 7 евра по квадрат. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. Значи 15 ката висина, кога ќе помножиме со по 2000 еу за м2 доаѓаме до вредност од 30 000 евра за м2 а општина Центар и министерството за транспорт и врски дозволуваат продажба од само 7 евра за м2. Свесни дека оваа продажба на државно земјиште би изгледала матна во очите на јавноста и затоа буквално во очи на нова година, 29.Дек.2021 министерството за финансии склучува договор, односно носи решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. На ова му претходело договор склучен на 02 Окт 2020 помеѓу градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со фирмата која како инвеститор бара отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост. Цената на оваа спогодба изнесува по 1еу/м2 - вели Ивановски.

Тој додава дека од сите претходни наведени факти се поставуваат логични сомнежи и прашања.

-Дали во целава постапка за дооформување на градежно земјиште постои и сомнеж за незаконски дејствија?

-Дали инвеститорот е свесен дека 7еу е прениска цена за купување на така ултра луксузна локација морал разликата од тие 7еу до пазарната цена некаде и некому да ја доплати ?

-Зашто градоначалниците на СДСМ од општина Центар и министерството за транспорт и врски криејќи се под превезот на нивните омилени термини “рамномерна урбанизација” “мораториум на градење” “урбано зеленило” дозволија да се случи огромна бетонизација на центарот на главниот град ? Покрај бетонизација платото пред на Холидеј Ин и ова за кое денес говорев, спроти зградата на Нова Македонија, ќе ја потсетам јавноста и улицата Козара во Центар каде во кус временски рок никнаа 10 тина огромни згради, истите скоро залепени една до друга или пак свртени една до друга и притоа немаат никаква етичка градежна логика да бидат изградени.

Дали е ова јавен интерес, интерес на граѓаните на општина Центар и Македонија или сепак се работи за личен и приватен интерес на некои поединци - прашува Ивановски.

The post Ивановски: Општина Центар продаде за 7 евра по м2 државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија appeared first on Република.

]]>

Старите навики тешко се искоренуваат. Па така градоначалниците на СДСМ во општина Центар поддржани од власта на СДСМ поточно министерството за транспорт и врски плус министерство за финансии, зад очите на јавноста продолжуваат со старите навики, ова денеска преку прес-конференција го истакна Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ.
Откако пред будноста на цела јавност, со детски и пинг-понг игри околу тоа кој има надлежност да ја стопира градбата на облакодерите кај Холидеј Ин, додека играа игри општина Центар и министерството за транспорт и врски и се праќаа меѓусебни писма, се започна бетонизацијата на платото пред Холидеј Ин. Во истиот стил, се разбира истите актери од редовите на СДСМ продолжиле и понатаму. Повторно во општина Центар, овојпат спроти зградата на Нова Македонија, кон приватен инвеститор продаваат државно земјиште за сума од неверојатни 7 евра за м2, поточно смешни 438 денари за м2. За информација, на таа локација земјиште се продава и по многу повисока цена а станбен или деловен простор доаѓа и до 2000 евра. Е тука, продаваат градежно земјиште за 7 евра по квадрат. На истава локација се планира изградба на деловен објект во висина од 15 ката. Значи 15 ката висина, кога ќе помножиме со по 2000 еу за м2 доаѓаме до вредност од 30 000 евра за м2 а општина Центар и министерството за транспорт и врски дозволуваат продажба од само 7 евра за м2. Свесни дека оваа продажба на државно земјиште би изгледала матна во очите на јавноста и затоа буквално во очи на нова година, 29.Дек.2021 министерството за финансии склучува договор, односно носи решение со коешто се прифаќа барањето на инвеститорот за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост. На ова му претходело договор склучен на 02 Окт 2020 помеѓу градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ со фирмата која како инвеститор бара отуѓување на градежно земјиште во државна сопственост. Цената на оваа спогодба изнесува по 1еу/м2 - вели Ивановски.
Тој додава дека од сите претходни наведени факти се поставуваат логични сомнежи и прашања. -Дали во целава постапка за дооформување на градежно земјиште постои и сомнеж за незаконски дејствија? -Дали инвеститорот е свесен дека 7еу е прениска цена за купување на така ултра луксузна локација морал разликата од тие 7еу до пазарната цена некаде и некому да ја доплати ? -Зашто градоначалниците на СДСМ од општина Центар и министерството за транспорт и врски криејќи се под превезот на нивните омилени термини “рамномерна урбанизација” “мораториум на градење” “урбано зеленило” дозволија да се случи огромна бетонизација на центарот на главниот град ? Покрај бетонизација платото пред на Холидеј Ин и ова за кое денес говорев, спроти зградата на Нова Македонија, ќе ја потсетам јавноста и улицата Козара во Центар каде во кус временски рок никнаа 10 тина огромни згради, истите скоро залепени една до друга или пак свртени една до друга и притоа немаат никаква етичка градежна логика да бидат изградени.
Дали е ова јавен интерес, интерес на граѓаните на општина Центар и Македонија или сепак се работи за личен и приватен интерес на некои поединци - прашува Ивановски.

The post Ивановски: Општина Центар продаде за 7 евра по м2 државно земјиште спроти зградата на Нова Македонија appeared first on Република.

]]>
Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште e незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра https://republika.mk/vesti/ekonomija/ivanovski-osma-godina-avtopatot-kichevo-ohrid-se-ushte-e-nezavrshen-probieni-se-site-rokovi-a-sdsm-ja-zgolemi-negovata-cena-za-150-milioni-evra/ Tue, 22 Feb 2022 10:47:43 +0000 https://republika.mk/?p=461868

Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, реагира за тоа што власта на СДСМ, со години не успева да го заврши автопатот Кичево - Охрид, а се што направи е што ја зголеми цената на изградба за 150 милиони.

Реакцијата на Ивановски ја пренесуваме во целост.

„На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, почна изградбата на автопатот од Кичево до Охрид. Автопат долг 57 км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години.

Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика.

Но, за жал 2017 година доаѓаат СДСМ на власт.

Нивното доаѓање за овој автопат ќе значи и негово стопирање во изградбата.

Ќе напоменам само неколку изговори кои последниве 5 години секојдневно ги кажуваат како оправдување зашто скоро и да не работат на изградбата на овој автопат.

1. Лажно тврдеа дека крива е трасата, демек автопатот од Кичево наместо спрема Охрид завршувал кон некое друго место. Нивниот министер за транспорт и врски при едно ТВ излагање призна и изјави дека ова тврдење е невистинито и дека трасата е на право место и оваа нивна лага падна во вода и веќе не ја повторија.

2. Изговори и лаги се дека проектот за изградбата на овој автопат не бил соодветен и дека морало да се допроектира за да може да се гради. Тоа допроектирање трае неверојатни 5 години е нешто на кое сите луѓе со минимално познавање на градежништвото се смеат и го сметаат како крајно несериозно. Доколку за некоја позиција имало потреба од допроектирање, можеме да се согласиме дека за тоа им биле доволни 6 месеци или година дена, меѓутоа за допроектирање од цели 5 години не го прифаќаме во ниеден случај.

3. Потоа роковите за завршување на изградба на автопатот сами си ги задаваат и сами си ги прекршуваат. Првичниот рок кој што го зададоа беше 30 јуни 2020 година и нормално тој рок го прекршија, си зададоа нов рок кој што сега изнесува декември 2023 година, и со тоа ќе означиме 10 години за изградба на автопат кој што се уште не е готов. Но, од досега приложеното и нивното неработење можеме со сигурност да тврдиме дека и овој рок нема да е исполнет.

4. Чинењето на овој автопат од првични 375 милиони евра денес стига скоро 600 милиони евра, во 2018 беше потпишан анекс од нови 187 милиони евра. Притоа тогашниот министер за транспорт и врски Сугаревски и Зоран Заев изјавија дека со овој анекс ние штедиме, државата штеди. Се прашуваме како може да штедиме при потпишување на нов анекс од скоро 200 милиони евра. Како може повеќе пари да бидат заштеда за нашиот буџет. Таа нелогичност и ден денеска од СДСМ не ја објаснија.

5. Самото пролонгирање на овој автопат, самото завршување на изведбата во превод значи нови трошоци. Ова лето се потпиша дополнителен договор за надзор на овој автопат во вредност 508 милиони денари, или нешто над 8 милиони евра. Наместо овие пари да завршат за проекти од интерес на граѓаните ќе бидат потрошени за надзор. Доколку овој автопатот бил изграден на време тој немало потреба за овој трошок, за кој ќе дадам и личен коментар дека оваа сума е далеку над пазарната вредност.

Наместо како држава преку изградба на државната инфраструктура да го јакнеме туристичкиот капацитет на Охрид, Струга и регионот СДСМ потпишува само анекси за пролонгирање на рокови и зголемување на вредноста на чинењето на автопатот.

Вакво неработење и неспособност во изградбата на инфраструктурата досега е незапамтено.

СДСМ нема капацитет да гради иднина за Македонија, СДСМ мора што поскоро да замине за подоброто на граѓаните на оваа држава, а потоа да гледаат и да учат од нас како преку работа и изградба на државната инфраструктура се сака својата држава“.

https://www.youtube.com/watch?v=DNdRAuQWQSA&feature=youtu.be

The post Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште e незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Синиша Ивановски од ВМРО-ДПМНЕ, реагира за тоа што власта на СДСМ, со години не успева да го заврши автопатот Кичево - Охрид, а се што направи е што ја зголеми цената на изградба за 150 милиони. Реакцијата на Ивановски ја пренесуваме во целост. „На денешен пред 8 години, во 2014та, кај селото Извор, Кичевско, почна изградбата на автопатот од Кичево до Охрид. Автопат долг 57 км со вредност од 375 милиони евра во тоа време. Рокот на изградба на овие градежни работи беше 4 години и денеска означуваме 8 години од почетокот на изградбата на овој автопат. Повторувам 8 години. Во тоа време СДСМ не беше на власт и градежните работи се одвиваат со добра и очекувана динамика. Но, за жал 2017 година доаѓаат СДСМ на власт. Нивното доаѓање за овој автопат ќе значи и негово стопирање во изградбата. Ќе напоменам само неколку изговори кои последниве 5 години секојдневно ги кажуваат како оправдување зашто скоро и да не работат на изградбата на овој автопат. 1. Лажно тврдеа дека крива е трасата, демек автопатот од Кичево наместо спрема Охрид завршувал кон некое друго место. Нивниот министер за транспорт и врски при едно ТВ излагање призна и изјави дека ова тврдење е невистинито и дека трасата е на право место и оваа нивна лага падна во вода и веќе не ја повторија. 2. Изговори и лаги се дека проектот за изградбата на овој автопат не бил соодветен и дека морало да се допроектира за да може да се гради. Тоа допроектирање трае неверојатни 5 години е нешто на кое сите луѓе со минимално познавање на градежништвото се смеат и го сметаат како крајно несериозно. Доколку за некоја позиција имало потреба од допроектирање, можеме да се согласиме дека за тоа им биле доволни 6 месеци или година дена, меѓутоа за допроектирање од цели 5 години не го прифаќаме во ниеден случај. 3. Потоа роковите за завршување на изградба на автопатот сами си ги задаваат и сами си ги прекршуваат. Првичниот рок кој што го зададоа беше 30 јуни 2020 година и нормално тој рок го прекршија, си зададоа нов рок кој што сега изнесува декември 2023 година, и со тоа ќе означиме 10 години за изградба на автопат кој што се уште не е готов. Но, од досега приложеното и нивното неработење можеме со сигурност да тврдиме дека и овој рок нема да е исполнет. 4. Чинењето на овој автопат од првични 375 милиони евра денес стига скоро 600 милиони евра, во 2018 беше потпишан анекс од нови 187 милиони евра. Притоа тогашниот министер за транспорт и врски Сугаревски и Зоран Заев изјавија дека со овој анекс ние штедиме, државата штеди. Се прашуваме како може да штедиме при потпишување на нов анекс од скоро 200 милиони евра. Како може повеќе пари да бидат заштеда за нашиот буџет. Таа нелогичност и ден денеска од СДСМ не ја објаснија. 5. Самото пролонгирање на овој автопат, самото завршување на изведбата во превод значи нови трошоци. Ова лето се потпиша дополнителен договор за надзор на овој автопат во вредност 508 милиони денари, или нешто над 8 милиони евра. Наместо овие пари да завршат за проекти од интерес на граѓаните ќе бидат потрошени за надзор. Доколку овој автопатот бил изграден на време тој немало потреба за овој трошок, за кој ќе дадам и личен коментар дека оваа сума е далеку над пазарната вредност. Наместо како држава преку изградба на државната инфраструктура да го јакнеме туристичкиот капацитет на Охрид, Струга и регионот СДСМ потпишува само анекси за пролонгирање на рокови и зголемување на вредноста на чинењето на автопатот. Вакво неработење и неспособност во изградбата на инфраструктурата досега е незапамтено. СДСМ нема капацитет да гради иднина за Македонија, СДСМ мора што поскоро да замине за подоброто на граѓаните на оваа држава, а потоа да гледаат и да учат од нас како преку работа и изградба на државната инфраструктура се сака својата држава“. https://www.youtube.com/watch?v=DNdRAuQWQSA&feature=youtu.be

The post Ивановски: Осма година автопатот Кичево – Охрид се уште e незавршен, пробиени се сите рокови, а СДСМ ја зголеми неговата цена за 150 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Делница по делница: Ивановски образложи зошто изградбата на државната инфраструктура е во целосен колапс https://republika.mk/vesti/makedonija/delnica-po-delnica-ivanovski-obrazlozi-zoshto-izgradbata-na-drzavnata-infrastruktura-e-vo-celosen-kolaps/ Thu, 03 Feb 2022 16:52:19 +0000 https://republika.mk/?p=453740

СДСМ во последниве 5 години по трет пат формира старо-нова влада и по трет пат во владината програма ветува изградба на инфраструктурни проекти кои во реалноста и не се случуваат. Ниту пак меѓувремено оние проекти започнати од претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ добиле некаков прогрес во нивната реализација, рече на денешната прес-конференција Синиша Ивановски, претседател на Комисија за инфраструктура, урбанизам и транспорт на ВМРО-ДПМНЕ. Додаде дека продолжувајќи во истиот стил на ветено и неостварено СДСМ мораа себеси да се надминат, по што наброја сè што власта вети дека ќе реализира и ќе работи овие наредни две години.

Ветија изградба на Коридорот 8, тука пред се мислат на Тетово – Гостивар проширување до ниво на автопат, потоа изградба – завршување на автопатот од Кичево - Охрид, како и автопат од Требеништа до Струга и Ќафасан. Потоа ветија железничкото поврзување од Куманово до Крива Паланка па се до границата со Бугарија, целосна реконструкција и доизградба на коридорот 10 и неговиот крак 10-Д, тука пред се мислат на експресниот пат од Градско до Прилеп како и автопатот од Прилеп до Битола и понатаму до границата со Грција. И ова се добро звучи на хартија, ова е лесно да се стави во владина програма но кога ќе дојдеме до оперативно реализирање на ветените инфраструктурни проекти сфаќаме дека си имаме работа со СДСМ, си имаме работа со нивната нестручност, нивната инертност, и нивната неможност да ја градат државната инфраструктура, вели Ивановски.

Тој коментира дека Македонија ниту има капацитет финансиски во две години да ги изгради или пак паралелно да ги гради сите овие инфраструктурни ветувања, ниту пак има капацитет на градежната оператива во државата за да се направат сите овие делници.

Како еден пример ќе наведам еден голем шопинг мол во Скопје кој што неодамна се градеше, истиот тој сериозно ја подзакочи целата оператива во оваа држава, па затоа за да се заврши овој шопинг мол имаше потреба да се носат градежни екипи од државите до Македонија, потсети Ивановски.

Тој даде краток осврт за сите инфраструктурни ветувања на СДСМ:

1. Изградба на автопат Кичево – Охрид

За овој автопат веќе е и срамно да се говори, петта година поминува како СДСМ се докажаа како мајстори за застој во изградбата на овој автопат. Наместо да се возиме веќе втора, трета година по модерен автопат, на самата траса гледаме никната трева и гледаме недостиг на механизација на градежна оператива. Ќе потсетиме во 2017 година при примопредавање на власта помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за реализација на овој автопат беше заклучено дека е направено 51% од реализираност, денес после 5 години имаме само едвај 70% во реализација, а она што е поважно овој автопат успеаја да го дигнат во чинење за скоро 200 милиони евра.

2. Автопат Скопје - Блаце

Овој автопат е огледало на неработењето на сите влади на СДСМ, замислете должината на првиот дел е само 2 километри и веќе петта година не успеваат да направат ниту еден километар, и согласно овој пример ние не можеме да очекуваме никакви успеси во изградбата на виталните државни коридори.

3. Автопат Гостивар – Кичево

Ќе напоменам дека овој автопат е започнат со проектирање уште во 2016 година, сега сме 2022 година и се уште не е започната изградбата на овој автопат, а како ветување стои во токму секоја програма која што СДСМ ја ветува пред избори или после избори.

4. Експресен пат Градско - Прилеп

Започнат е со реализација уште во 2015-та година, значи пред 7 години и во овие 5 години единствено што се случи на овој пат е да побегне фирмата изведувач и дури сега, во последнава година дена да имаме какви такви придвижувања наместо овој автопат да биде завршен веќе одамна.

5. Автопат Прилеп - Битола

Иако го ветуваше СДСМ уште во 2016 година во нивната изборна програма, засега можеме само да го видиме во владините програми, а далеку од тоа да го видиме реалноста или да се реализира истиот.

6. Железничкото поврзување со Бугарија, преку Куманово – Бељаковце - Крива Паланка

И понатаму останува енигма за оваа власт, тие наместо да работат ветуваат само завршување, даваат рокови, а првиот беше во 2019-та година и не го остварија. Сами дадоа нов рок 2021 година и се разбира и тој е пробиен, а како може да запазиме некој рок, како можеме да реализираме инфраструктурен проект ако на терен не се случуваат никакви градежни активности.

Да сумирам, СДСМ и изградба на државната инфраструктура, која е од интерес на државата, на граѓаните, на економијата, од интерес на туризмот, безбедноста и СДСМ не одат заедно. Меѓутоа СДСМ и неработење, СДСМ и анекси, пробиени рокови, е тоа веќе оди заедно, смета Ивановски.

https://youtu.be/O4G4uDdzG0o

The post Делница по делница: Ивановски образложи зошто изградбата на државната инфраструктура е во целосен колапс appeared first on Република.