Синдикат на полицијата Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-policijata/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 17:51:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на полицијата Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-policijata/ 32 32 Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikat-na-politsijata-ne-mozhe-chovekot-koj-zaedno-so-oliver-go-stvori-ovoj-haos-so-dokumentite-da-glumi-deka-go-reshava-haosot/ Fri, 08 Mar 2024 18:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=752790

По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ, излегоа со јавна реакција.

Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.

Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост.

Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев,

Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти.

Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“.
Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“.

НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️

Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти.

До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи.

Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️
Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

The post Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот appeared first on Република.

]]>

По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија - СПМ, излегоа со јавна реакција.
Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека “го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.
Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост. Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев, Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти. Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“. Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“. НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️ Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти. До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи. Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️ Тоа веќе НЕ МИНЕ❗

The post Синдикат на полицијата: НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос со документите, да глуми дека го решава хаосот appeared first on Република.

]]>
Синдикат на полицијата во Македонија: Пратениците од власта не го одобрија предлогот за покачување на платите во Полицијата https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikat-na-politsijata-vo-makedonija-pratenitsite-od-vlasta-ne-go-odobrija-predlogot-za-pokachuvane-na-platite-vo-politsijata/ Sun, 17 Dec 2023 10:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=723896

Од Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) велат дека 2023 година ќе биде запаметена како година кога вработените на МВР, по тоталното „давење“, добија малку воздух за дишење со минималните покачувања на платите.

Оттаму додаваат дека за тие покачувања, за кои постоеше голема можност да бидат достоинствени и на ниво, многу колеги, а најмногу претставниците, членовите и подржувачите на СПМ, буквално биле фрлени да голтаат прашина од страна на повисоките структури во хиерархијата. Но и покрај тоа, како Синдикат останале на нивниот став за заштита и подобрување на правата на вработените во Полицијата.

Во тој контекст, спроведени се преговори со парламентарни партии и групи кои имаа можност да предложат, спроведат и одобрат зголемување на платите во МВР и враќање на дневниците за службено патување, кои мора да напоменеме дека беа укинати во парламентот од актуелната власт во 2022 година.

 

За таквите наши барања наидовме на апсолутна подршка од Претседателот и дел од членовите на Комисијата за финансирање и буџет од кои беше даден збор дека ќе биде преземено се што е во нивна можност за да се изгласа на Собрание предложениот амандман на СПМ за зголемување на платите во МВР за 10%, која е максималната можност во овие услови.

 

Паралелно на тоа, „ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЗЕРВАТИВЕН“ излезе со манипулативно барање пред Комисијата за наводни 20% за кои јасно беше кажано дека не постои можност за толкаво покачување. Со самото тоа очигледен беше нивниот обид за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи не е во полза за нив и нивниот вечен партнер!

 

Но,големиот удар доаѓа секогаш од врвот. Вчера бевме известени дека предложениот амандман за зголемување на платите во Полицијата за 10% и враќање на дневниците за службено патување БЕШЕ ОДБИЕН СО ЗАСЛУГА НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ.

 

Ние прашуваме ЗОШТО? Која е причината заради која не го изгласаа овој амандман? Дали работникот во МВР стана последна дупка на кавалот и дали заслужил полицаецот ваков игнорантски однос од сопствената власт? Во очи на предизборен и изборен процес кога се бара апсолутен професионализам, каде ангажманот на полицијата ќе биде клучен и максимален, власта не дозволува покачување на платите на истите тие полицајци?

 

До кога ние ќе чекаме корка леб? До кога ќе се изложуваме на огромни ризици за трошки и до кога ќе бидеме заложници на одредена група на самопромовирани водачи?

 

Господа, Внимавајте со чекорењето и ветувањата, да не испадне онаа старата „Колку пари, толку музика“.

 

Оваа финансиска и психичка тортура веќе ги премина сите граници на нормално и ненормално!!! Златна професија ја уништивте, ја доведовте Полицијата на дно и верувајте тоа за неколкумесеци од сега НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ!, стои во соопштението на СПМ.

The post Синдикат на полицијата во Македонија: Пратениците од власта не го одобрија предлогот за покачување на платите во Полицијата appeared first on Република.

]]>

Од Синдикатот на полицијата во Македонија (СПМ) велат дека 2023 година ќе биде запаметена како година кога вработените на МВР, по тоталното „давење“, добија малку воздух за дишење со минималните покачувања на платите. Оттаму додаваат дека за тие покачувања, за кои постоеше голема можност да бидат достоинствени и на ниво, многу колеги, а најмногу претставниците, членовите и подржувачите на СПМ, буквално биле фрлени да голтаат прашина од страна на повисоките структури во хиерархијата. Но и покрај тоа, како Синдикат останале на нивниот став за заштита и подобрување на правата на вработените во Полицијата.
Во тој контекст, спроведени се преговори со парламентарни партии и групи кои имаа можност да предложат, спроведат и одобрат зголемување на платите во МВР и враќање на дневниците за службено патување, кои мора да напоменеме дека беа укинати во парламентот од актуелната власт во 2022 година.   За таквите наши барања наидовме на апсолутна подршка од Претседателот и дел од членовите на Комисијата за финансирање и буџет од кои беше даден збор дека ќе биде преземено се што е во нивна можност за да се изгласа на Собрание предложениот амандман на СПМ за зголемување на платите во МВР за 10%, која е максималната можност во овие услови.   Паралелно на тоа, „ЕДИНСТВЕНИОТ ПРЕЗЕРВАТИВЕН“ излезе со манипулативно барање пред Комисијата за наводни 20% за кои јасно беше кажано дека не постои можност за толкаво покачување. Со самото тоа очигледен беше нивниот обид за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи не е во полза за нив и нивниот вечен партнер!   Но,големиот удар доаѓа секогаш од врвот. Вчера бевме известени дека предложениот амандман за зголемување на платите во Полицијата за 10% и враќање на дневниците за службено патување БЕШЕ ОДБИЕН СО ЗАСЛУГА НА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАСТА ВО ПАРЛАМЕНТОТ.   Ние прашуваме ЗОШТО? Која е причината заради која не го изгласаа овој амандман? Дали работникот во МВР стана последна дупка на кавалот и дали заслужил полицаецот ваков игнорантски однос од сопствената власт? Во очи на предизборен и изборен процес кога се бара апсолутен професионализам, каде ангажманот на полицијата ќе биде клучен и максимален, власта не дозволува покачување на платите на истите тие полицајци?   До кога ние ќе чекаме корка леб? До кога ќе се изложуваме на огромни ризици за трошки и до кога ќе бидеме заложници на одредена група на самопромовирани водачи?   Господа, Внимавајте со чекорењето и ветувањата, да не испадне онаа старата „Колку пари, толку музика“.   Оваа финансиска и психичка тортура веќе ги премина сите граници на нормално и ненормално!!! Златна професија ја уништивте, ја доведовте Полицијата на дно и верувајте тоа за неколкумесеци од сега НЕМА ДА ВИ ПРОСТИМЕ!, стои во соопштението на СПМ.

The post Синдикат на полицијата во Македонија: Пратениците од власта не го одобрија предлогот за покачување на платите во Полицијата appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsijata-podnese-krivichna-prijava-protiv-ministerot-za-vnatreshni-raboti/ Tue, 12 Dec 2023 13:21:15 +0000 https://republika.mk/?p=722215

Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство за гонење на сериозен криминал и корупција поднесе кривична пријава против првиот човек на Министерството за внатрешни работи О.С., началникот на СВР Битола Б.Ј. и други одговорни лица во Сектор за внатрешни работи Битола заради основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „Неизвршување судска пресуда“ предвидено и казниво по Кривичниот законик, а второ и третопријавените сториле кривични дела кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“.

На прес конференција во Битола, претседателот на синдикат на полиција на Македонија, Орце Коцевски соопшти дека прво и второ и третопријавените во својство на службени лица или одговорни лица во правното лице одбиле да извршат правосилна и извршна судска одлука што биле должни да ја извршат односно прво, второ и третопријавените како службени лица односно лица задолжени за тоа со судската одлука не постапиле по правосилна судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, со што на работникот Љ.М свесно му нанеле материјална штета.

Второ и третопријавените со неизвршување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи – СВР Битола сториле и кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување – изјави Коцевски.

 

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

]]>

Синдикат на Полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство за гонење на сериозен криминал и корупција поднесе кривична пријава против првиот човек на Министерството за внатрешни работи О.С., началникот на СВР Битола Б.Ј. и други одговорни лица во Сектор за внатрешни работи Битола заради основано сомнение дека првопријавениот сторил кривично дело „Неизвршување судска пресуда“ предвидено и казниво по Кривичниот законик, а второ и третопријавените сториле кривични дела кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“. На прес конференција во Битола, претседателот на синдикат на полиција на Македонија, Орце Коцевски соопшти дека прво и второ и третопријавените во својство на службени лица или одговорни лица во правното лице одбиле да извршат правосилна и извршна судска одлука што биле должни да ја извршат односно прво, второ и третопријавените како службени лица односно лица задолжени за тоа со судската одлука не постапиле по правосилна судска одлука донесена во постапка за издавање на наредба на заштита на права, со што на работникот Љ.М свесно му нанеле материјална штета.
Второ и третопријавените со неизвршување на службената положба и овластувања кои ги имале како раководни лица во организациската единица во рамките на Министерството за внатрешни работи – СВР Битола сториле и кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување – изјави Коцевски.
 

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи appeared first on Република.

]]>