синдикат на полиција Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-policija/ За подобро да се разбереме Sat, 20 Apr 2024 10:20:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синдикат на полиција Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-policija/ 32 32 Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и други три лица за несовесно работење https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsijata-podnese-krivichna-prijava-protiv-poraneshniot-minister-za-vnatreshni-raboti-oliver-spasovski-i-drugi-tri-litsa-za-nesovesno-rabotene/ Sat, 20 Apr 2024 09:37:38 +0000 https://republika.mk/?p=768365

Синдикат на Полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против лицето О.С. – поранешен Министер за внатрешни работи и против други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип заради основано сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „Несовесно работење во службата“ предвидено по член 353-в став 5 од Кривичен законик.

Имено пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета.

Пријавените иако требало и биле должни да постапуваат согласно закон, истите постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот при спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност па се до изрекување на решение на

Министерот за внатрешни работи со што иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение.

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и други три лица за несовесно работење appeared first on Република.

]]>

Синдикат на Полиција во Македонија до ОЈОГОКК поднесе кривична пријава против лицето О.С. – поранешен Министер за внатрешни работи и против други три лица членови на дисциплинска комисија за утврдување на дисциплинска одговорност при СВР Штип заради основано сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „Несовесно работење во службата“ предвидено по член 353-в став 5 од Кривичен законик. Имено пријавените во својство на службени лица – во еден наврат, ги пречекориле границите на своите службени овластувања на тој начин што со повреда на законските прописи за спроведување на управна постапка, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувале во вршењето на своите овластувања и должности и со тоа на оштетените Б.Д и Е.Д. им нанеле материјална штета. Пријавените иако требало и биле должни да постапуваат согласно закон, истите постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од Законот за внатрешни работи, ги пречекориле границите на своите овластувања постапувајќи спротивно на член 196 став 3 од ЗВР од моментот при спроведување и одржување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност па се до изрекување на решение на Министерот за внатрешни работи со што иако биле свесни и должни да ја прекинат постапката заради настаната апсолутна застареност истите продолжиле се до донесеното незаконско решение.

The post Синдикатот на полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски и други три лица за несовесно работење appeared first on Република.

]]>
Синдикатот на полиција бара покачување од најмалку 15%: Основната плата на полицајците е 16.300 денари https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatot-na-politsija-bara-pokachuvane-od-najmalku-15-osnovnata-plata-na-politsajtsite-e-16-300-denari/ Tue, 09 Jan 2024 12:19:42 +0000 https://republika.mk/?p=731134

Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ), кој е различен од Македонскиот полициски синдикат (МПС), денес повторно јавно побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зголемување на платите на полицајците за најмалку 15 % и објави дека основната плата на полицаецот е 16.300 денари. Орце Коцевски, претседател на Синдикатот побара покачувањето на платите за полицајците да биде од овој месец и го обвини МПС за саботирање на процесот за зголемување.

„Бидејќи самонаречениот и самопрогласен за ‘единствен’, МПС, толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивен збор ‘социјален дилалог’ не прават ништо за ова прашање , како Синдикат претходно јавно побаравме да го објават износот на основната плата за да дознаат нивните членови колку е основната плата на полицаец во МВР. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 16.332 денари. Паралелно на тоа, ‘единствениот’, како што знае да се претставува само пред министерот, за да купи време и да ја сокрие својата неспособност, од неодамна излезе со манипулативно барање пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за наводни 20% зголемување на плата. Јавноста и вработените треба да знаат дека правото на покачување на плати во МВР единствено и согласно Закон го има Министерот за внатрешни работи. Со самото тоа очигледен беше обидот на МПС со нивниот претседател за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи очигледно не е во полза за нив.

Денес како Синдикат до министерот јавно испраќаме барање од месец јануари 2024 година, платите на сите вработени во МВР да бидат зголемени за 15%“, вели претседателот на Синдикатот, Коцевски.

Тој уверува дека МВР може да ги покачи платите на полицајците од сопствениот буџет оти во моментов има пари за повисоки плати.

Коцевски нагласи дека не се откажуваат од нивното првично барање еден бод да биде платен по едно евро.

„СПМ во ниту еден момент не се откажа од барањето за 1 евро 1 бод, па нема ни сега. Но мораме да се движиме со постојните можности и ќе продолжиме да го бараме истото и да се надеваме дека во блиска иднина некој министер реално ќе може да го согледа тоа и ќе го претвори нашето барање за 1 евро 1 бод во реалност, која полицаецот апсолутно ја заслужува. ‘Да направиме од професијата полицаец една професија која ќе биде вреднувана во општеството, а посебно во нашата држава. Зар не се тоа ваши зборови господине Спасовски?“, рече Коцевски и најави дека во борбата за покачување на платата на полицајците не е исклучена можноста да го искористат и правото на штрајк.

Тој не сакаше да ги коментира тврдењата на министерот и дека платата на полицајците изминативе години е покачена за 35%, но рече дека полицајците пред неколку години живееле многу подобро отколку сега со тоа покачување.

Марјан Кицев, пак, претседателот на Македонскиот полициски синдикат, чии членови се далеку побројни од Синдикатот на полицијата во Македонија, во новогодишното обраќање, го потсети членството дека во 2023 година во два наврати имало покачување на платите од 10 % и линеарно покачување од 2.000 денари за сите вработени.

The post Синдикатот на полиција бара покачување од најмалку 15%: Основната плата на полицајците е 16.300 денари appeared first on Република.

]]>

Синдикатот на полиција во Македонија (СПМ), кој е различен од Македонскиот полициски синдикат (МПС), денес повторно јавно побара од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски зголемување на платите на полицајците за најмалку 15 % и објави дека основната плата на полицаецот е 16.300 денари. Орце Коцевски, претседател на Синдикатот побара покачувањето на платите за полицајците да биде од овој месец и го обвини МПС за саботирање на процесот за зголемување. „Бидејќи самонаречениот и самопрогласен за ‘единствен’, МПС, толку помпезно си молчи за ова прашање и со измислениот нивен збор ‘социјален дилалог’ не прават ништо за ова прашање , како Синдикат претходно јавно побаравме да го објават износот на основната плата за да дознаат нивните членови колку е основната плата на полицаец во МВР. Но одговор не добивме до денес и веројатно нема да добиеме затоа што износот на основната плата на полицаец во моментов е ни помалку ни повеќе туку 16.332 денари. Паралелно на тоа, ‘единствениот’, како што знае да се претставува само пред министерот, за да купи време и да ја сокрие својата неспособност, од неодамна излезе со манипулативно барање пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за наводни 20% зголемување на плата. Јавноста и вработените треба да знаат дека правото на покачување на плати во МВР единствено и согласно Закон го има Министерот за внатрешни работи. Со самото тоа очигледен беше обидот на МПС со нивниот претседател за намерно саботирање на процесот за зголемување на платите бидејќи очигледно не е во полза за нив. Денес како Синдикат до министерот јавно испраќаме барање од месец јануари 2024 година, платите на сите вработени во МВР да бидат зголемени за 15%“, вели претседателот на Синдикатот, Коцевски. Тој уверува дека МВР може да ги покачи платите на полицајците од сопствениот буџет оти во моментов има пари за повисоки плати. Коцевски нагласи дека не се откажуваат од нивното првично барање еден бод да биде платен по едно евро. „СПМ во ниту еден момент не се откажа од барањето за 1 евро 1 бод, па нема ни сега. Но мораме да се движиме со постојните можности и ќе продолжиме да го бараме истото и да се надеваме дека во блиска иднина некој министер реално ќе може да го согледа тоа и ќе го претвори нашето барање за 1 евро 1 бод во реалност, која полицаецот апсолутно ја заслужува. ‘Да направиме од професијата полицаец една професија која ќе биде вреднувана во општеството, а посебно во нашата држава. Зар не се тоа ваши зборови господине Спасовски?“, рече Коцевски и најави дека во борбата за покачување на платата на полицајците не е исклучена можноста да го искористат и правото на штрајк. Тој не сакаше да ги коментира тврдењата на министерот и дека платата на полицајците изминативе години е покачена за 35%, но рече дека полицајците пред неколку години живееле многу подобро отколку сега со тоа покачување. Марјан Кицев, пак, претседателот на Македонскиот полициски синдикат, чии членови се далеку побројни од Синдикатот на полицијата во Македонија, во новогодишното обраќање, го потсети членството дека во 2023 година во два наврати имало покачување на платите од 10 % и линеарно покачување од 2.000 денари за сите вработени.

The post Синдикатот на полиција бара покачување од најмалку 15%: Основната плата на полицајците е 16.300 денари appeared first on Република.

]]>
Полицискиот синдикат не му простува на Спасовски, господ нека му простува https://republika.mk/vesti/makedonija/policiskiot-sindikat-ne-mu-prostuva-na-spasovski-gospod-neka-mu-prostuva/ Sun, 06 Mar 2022 13:30:42 +0000 https://republika.mk/?p=468506

Министре Спасовски нека ти е простено од бога, Ние како Синдикат не ти простуваме, велат од полицискиот синдикат.

Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.

Синдикат на Полиција во Македонија го честита празникот на сите верници кои го слават. Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг.

Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден. Знаеме и веруваме дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија. Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е премногу поделено, кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста.

За жал по кој знае кој пат мораме повторно јавно да констатираме дека додека Министрите од другите Министерства работат и се залагаат за нивните вработени за подобрување на нивните услови за живот, работа и пред се за ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, нашиот Министер "EVER" Oliver Spasovski е најдобар и упорен во неговата намера истото да не го направи за припадниците на Министерството за внатрешни работи. Да, ќе го направи и тоа за МИЗЕРНИ 5%. Да и тоа можеби од Октомври оваа година

По кој знае кој пат, мораме повторно да ги запрашаме вработените во МВР, дали имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА❓

По кој знае кој пат да го потсетиме нашиот "најдобар министер" (Министер со најдобра ПР реклама во поновата историја) дека токму тој пред неколку години наназад ја "создаде" и секојдневно ја промовираше паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“.

Па одтука повторно ќе го запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега одкако по кој знае кој пат, одкако повторно и сега ја заборави Полицијата, смета дека самиот има ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА?

реалноста е дека создаде состојба од катастрофални размери во самото Министерството, која што состојба нема и многу тешко ќе се исправи во годините пред нас.

🖇️Како и да е на вработените во другите области ИСКРЕНО ИМ ЧЕСТИТАМЕ за најавеното зголемување на платите . Барем има кој да се грижи колку толку за Вас.

И на овој голем ден за жал вработените во Полицијата кои што секогаш и секаде се во првите редови, и понатаму остануваат со стари и искинати униформи и до ден денес со 0% покачување на плата.

Ете тоа неможеме да ти го простиме Оливер затоа што ти си највиновен за тоа. Не можеме да ти простиме затоа што:

Веќе претера со се,
Секојдневно се зголемува бројот на вработени кои не можат повеќе да трпат,
На вработените им е преку глава им е од твоето НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ,
На вработените им е преку глава од НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА,
На вработените им е преку глава од НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА КОМИСИИТЕ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ,
Не можеме да ти простиме бидејќи работите НИКОГАШ не биле полоши во Министерството како што се сега, меѓучовечките односи никогаш не биле толку лоши како што ги создаде ти со своите поставени раководители,
Не ти простуваме затоа што воопшто во пракса не го спроведувате она што милувате да го презентирате пред јавноста кое во овој момент е мисловна именка во Министерството : РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА
Не ти простуваме затоа што со твоето незаконско работење се појавија илјадници тужби и секојдневно нивниот број расте,
Не ти простуваме затоа што ЛАЖЕШ дека „Создаваш модерна, опремена, стручна, ефикасна но и задоволна полиција, која ќе биде блиску до граѓаните“ .
Не ти простуваме затоа што од правните служби наместо спроведување на правото направи невидена негова селективност,
Не ти простуваме затоа што најголем број од раководителите по СВР и РЦ сеат страв кај колегите со стотици и стотици измислени дисциплински,
Не ти простуваме затоа што наместо да се фатиш за вистинските предизвици, го отепа народот со сообраќајни казни и секојдневни акциски контроли,
Не ти простуваме затоа што полициските службенициги ги стави во категоријата, "ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ",
Не ти простуваме затоа што сеуште нема никакви основни средства за работа во Полицијата, освен болјери со вода од пола милион евра,
Не ти простуваме затоа што за помалку од една година повеќе од 2.500 полициски службеници се распоредени надвор од местата на живеење и сеуште продолжуваш со тоа,
Не ти простуваме затоа што во работните простории на Министерството нема сапуни, тоалетни хартии,
Не ти простуваме затоа што не престана да ги прогонуваш синдикалните преставници,
Не ти простуваме затоа што СПМ уште првиот ден од твоето доаѓање го прогласи за најголем непријател,

И како КРУНА на нашето непростување Министре Спасовски, е тоа што сакаш да протуркаш измени на Законот за внатрешни работи за понатаму што ќе правиш и колку штета ќе нанесеш ќе знаеш САМО ТИ. Тоа НИКОГАШ НЕМА ДА ТИ ГО ПРОСТИМЕ❗

Министре Спасовски нека ти е простено од бога, Ние како Синдикат не ти простуваме😢

СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - СПМ

The post Полицискиот синдикат не му простува на Спасовски, господ нека му простува appeared first on Република.

]]>

Министре Спасовски нека ти е простено од бога, Ние како Синдикат не ти простуваме, велат од полицискиот синдикат.
Прочка или Велики поклади — ден во православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците пред почетокот на Велигденскиот пост. Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, кој треба да го следи примерот на Господ Исус Христос за безусловно и безгранично проштевање меѓу луѓето.
Синдикат на Полиција во Македонија го честита празникот на сите верници кои го слават. Проштевањето е основна христијанска карактеристика и затоа на овој ден треба да си подадеме рака и да си ги простиме грешките еден со друг.
Нема човек кој не погрешил и само со прошка и признавање на своите слабости ќе можеме во мир и благосостојба да ги пречекаме пораките на овој празничен ден. Знаеме и веруваме дека само меѓусебното помирување и верба ќе ни донесе хармонија и напредок на нам лично но и на нашата татковина Македонија. Да не дозволиме поделбите да се наше секојдневие, денес во време кога за жал нашето општество е премногу поделено, кога имаме мачно секојдневие и премногу омраза, кога неправдата станува основа на прогон и кога е загрозена сигурноста.
За жал по кој знае кој пат мораме повторно јавно да констатираме дека додека Министрите од другите Министерства работат и се залагаат за нивните вработени за подобрување на нивните услови за живот, работа и пред се за ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ, нашиот Министер "EVER" Oliver Spasovski е најдобар и упорен во неговата намера истото да не го направи за припадниците на Министерството за внатрешни работи. Да, ќе го направи и тоа за МИЗЕРНИ 5%. Да и тоа можеби од Октомври оваа година
По кој знае кој пат, мораме повторно да ги запрашаме вработените во МВР, дали имаме ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА❓
По кој знае кој пат да го потсетиме нашиот "најдобар министер" (Министер со најдобра ПР реклама во поновата историја) дека токму тој пред неколку години наназад ја "создаде" и секојдневно ја промовираше паролата „Задоволна полиција безбедни граѓани“. Па одтука повторно ќе го запрашаме како прв човек во Министерство за внатрешни работи дали и сега одкако по кој знае кој пат, одкако повторно и сега ја заборави Полицијата, смета дека самиот има ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА? реалноста е дека создаде состојба од катастрофални размери во самото Министерството, која што состојба нема и многу тешко ќе се исправи во годините пред нас. 🖇️Како и да е на вработените во другите области ИСКРЕНО ИМ ЧЕСТИТАМЕ за најавеното зголемување на платите . Барем има кој да се грижи колку толку за Вас. И на овој голем ден за жал вработените во Полицијата кои што секогаш и секаде се во првите редови, и понатаму остануваат со стари и искинати униформи и до ден денес со 0% покачување на плата. Ете тоа неможеме да ти го простиме Оливер затоа што ти си највиновен за тоа. Не можеме да ти простиме затоа што: Веќе претера со се, Секојдневно се зголемува бројот на вработени кои не можат повеќе да трпат, На вработените им е преку глава им е од твоето НЕЗАКОНСКО РАБОТЕЊЕ, На вработените им е преку глава од НЕЗАКОНСКИТЕ РАСПОРЕДУВАЊА, На вработените им е преку глава од НЕЗАКОНСКОТО РАБОТЕЊЕ НА КОМИСИИТЕ ЗА РАСПОРЕДУВАЊЕ, Не можеме да ти простиме бидејќи работите НИКОГАШ не биле полоши во Министерството како што се сега, меѓучовечките односи никогаш не биле толку лоши како што ги создаде ти со своите поставени раководители, Не ти простуваме затоа што воопшто во пракса не го спроведувате она што милувате да го презентирате пред јавноста кое во овој момент е мисловна именка во Министерството : РЕД, ПРАВДА И ДИСЦИПЛИНА Не ти простуваме затоа што со твоето незаконско работење се појавија илјадници тужби и секојдневно нивниот број расте, Не ти простуваме затоа што ЛАЖЕШ дека „Создаваш модерна, опремена, стручна, ефикасна но и задоволна полиција, која ќе биде блиску до граѓаните“ . Не ти простуваме затоа што од правните служби наместо спроведување на правото направи невидена негова селективност, Не ти простуваме затоа што најголем број од раководителите по СВР и РЦ сеат страв кај колегите со стотици и стотици измислени дисциплински, Не ти простуваме затоа што наместо да се фатиш за вистинските предизвици, го отепа народот со сообраќајни казни и секојдневни акциски контроли, Не ти простуваме затоа што полициските службенициги ги стави во категоријата, "ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ", Не ти простуваме затоа што сеуште нема никакви основни средства за работа во Полицијата, освен болјери со вода од пола милион евра, Не ти простуваме затоа што за помалку од една година повеќе од 2.500 полициски службеници се распоредени надвор од местата на живеење и сеуште продолжуваш со тоа, Не ти простуваме затоа што во работните простории на Министерството нема сапуни, тоалетни хартии, Не ти простуваме затоа што не престана да ги прогонуваш синдикалните преставници, Не ти простуваме затоа што СПМ уште првиот ден од твоето доаѓање го прогласи за најголем непријател, И како КРУНА на нашето непростување Министре Спасовски, е тоа што сакаш да протуркаш измени на Законот за внатрешни работи за понатаму што ќе правиш и колку штета ќе нанесеш ќе знаеш САМО ТИ. Тоа НИКОГАШ НЕМА ДА ТИ ГО ПРОСТИМЕ❗ Министре Спасовски нека ти е простено од бога, Ние како Синдикат не ти простуваме😢 СИНДИКАТ НА ПОЛИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА - СПМ

The post Полицискиот синдикат не му простува на Спасовски, господ нека му простува appeared first on Република.

]]>