Синдикат на македонска филхармонија Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-makedonska-filharmonija/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 09:03:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синдикат на македонска филхармонија Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikat-na-makedonska-filharmonija/ 32 32 Директорот на Филхармонија упаднал на состанокот на Синдикатот, оттаму алармираат на неговото проблематично однесување од почеток https://republika.mk/vesti/kultura/direktorot-na-filharmonija-upadnal-na-sostanokot-na-sindikatot-ottamu-alarmiraat-na-negovoto-problematichno-odnesuvane-od-pochetok/ Sat, 03 Feb 2024 09:13:56 +0000 https://republika.mk/?p=739946

Вработените во Македонска филхармонија во изминатиот период се соочуваат со низа проблеми во реализирање на своите работни обврски, поради проблематичното однесување и постапки на в.д. директорот Даниел Лазаровски, алармираат од Синдикатот на Македонска филхармонија.

Потенцираат дека откако беше назначен на оваа позиција наместо да работи на креирање услови за работа, Лазаровски со своите постапки ги урива темелите на кои е изградена институцијата, наместо да ги мотивира, тој ги деградира вработените, наместо да ги зацврстува меѓучовечките односи во институцијата, тој работи на нивно растурање.

Вработените во оваа институција постојано се изложени на закани и мобинг од страна на в.д. директорот, а ситуацијата кулминираше минатата недела на состанокот на Синдикатот на Филхармонија. Директорот буквално упадна на состанокот и покрај укажувањата од страна на претседателот на синдикатот дека не смее да присуствува доколку не е поканет, тој одби да си замине. Во член 16 од Статутот на СКРМ е предвидено дека „членството може да мирува ако членот се стекне со функциіа која може да биде во судир со интересите на СКРМ“. Имајќи ја предвид оваа одредба од законот, како и фактот дека на 12 септември 2023 година Лазаровски беше назначен за в.д директор на Филармонија, неговото членство во синдикалната организација на Филхармонија беше ставено во мирување. Исто така врз основа на член 195 од Законот за работни односи, работодавачот не смее да има надзор врз основањето и дејствувањето на синдикатите. Со своето присуство на состанокот, в.д. директорот на Филхармонија ги прекрши одредбите од законот, направи упад и повреда на правата на вработените за слободно и самостојно синдикално здружување и дејствување, како и обид за вршење притисок во слободното изразување на членовите на синдикатот, право кое им припаѓа на вработените врз основа на Устав, закон и колективниот договор, велат од Синдикатот.

Од Синдикатот велат дека за упадот на в.д. директорот Даниел Лазаровски на состанокот на синдикатот на Филхармонија и непочитувањето на правата на вработените, соодветно ќе бидат информирани сите надлежни институции, а исто така ќе бидат поднесени и соодветии пријави.

Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат да бидат изложени на закани и мобинг, ниту пак ќе го толерираат незаконското работење на в.д. директорот со кое се урива угледот и реномето на најстарата институција од културата во земјата, се вели во реакцијата.

The post Директорот на Филхармонија упаднал на состанокот на Синдикатот, оттаму алармираат на неговото проблематично однесување од почеток appeared first on Република.

]]>

Вработените во Македонска филхармонија во изминатиот период се соочуваат со низа проблеми во реализирање на своите работни обврски, поради проблематичното однесување и постапки на в.д. директорот Даниел Лазаровски, алармираат од Синдикатот на Македонска филхармонија. Потенцираат дека откако беше назначен на оваа позиција наместо да работи на креирање услови за работа, Лазаровски со своите постапки ги урива темелите на кои е изградена институцијата, наместо да ги мотивира, тој ги деградира вработените, наместо да ги зацврстува меѓучовечките односи во институцијата, тој работи на нивно растурање.
Вработените во оваа институција постојано се изложени на закани и мобинг од страна на в.д. директорот, а ситуацијата кулминираше минатата недела на состанокот на Синдикатот на Филхармонија. Директорот буквално упадна на состанокот и покрај укажувањата од страна на претседателот на синдикатот дека не смее да присуствува доколку не е поканет, тој одби да си замине. Во член 16 од Статутот на СКРМ е предвидено дека „членството може да мирува ако членот се стекне со функциіа која може да биде во судир со интересите на СКРМ“. Имајќи ја предвид оваа одредба од законот, како и фактот дека на 12 септември 2023 година Лазаровски беше назначен за в.д директор на Филармонија, неговото членство во синдикалната организација на Филхармонија беше ставено во мирување. Исто така врз основа на член 195 од Законот за работни односи, работодавачот не смее да има надзор врз основањето и дејствувањето на синдикатите. Со своето присуство на состанокот, в.д. директорот на Филхармонија ги прекрши одредбите од законот, направи упад и повреда на правата на вработените за слободно и самостојно синдикално здружување и дејствување, како и обид за вршење притисок во слободното изразување на членовите на синдикатот, право кое им припаѓа на вработените врз основа на Устав, закон и колективниот договор, велат од Синдикатот.
Од Синдикатот велат дека за упадот на в.д. директорот Даниел Лазаровски на состанокот на синдикатот на Филхармонија и непочитувањето на правата на вработените, соодветно ќе бидат информирани сите надлежни институции, а исто така ќе бидат поднесени и соодветии пријави.
Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат да бидат изложени на закани и мобинг, ниту пак ќе го толерираат незаконското работење на в.д. директорот со кое се урива угледот и реномето на најстарата институција од културата во земјата, се вели во реакцијата.

The post Директорот на Филхармонија упаднал на состанокот на Синдикатот, оттаму алармираат на неговото проблематично однесување од почеток appeared first on Република.

]]>
Синдикат на Македонска филхармонија: Зошто се формирала нова институција без претходно да и биде најден соодветен простор, кој нема да биде на штета на друга институција? https://republika.mk/vesti/kultura/sindikat-na-makedonska-filharmonija-zoshto-se-formirala-nova-institutsija-bez-prethodno-da-i-bide-najden-soodveten-prostor-koj-nema-da-bide-na-shteta-na-druga-institutsija/ Tue, 20 Jun 2023 08:30:44 +0000 https://republika.mk/?p=653283

Вработените во Македонска филхармонија три месеци протестираат не поради нереални проблеми како што вчера изјави министерката за култура, туку поради еден реален проблем – а тоа е одлуката на Владата да смести уште една институција во објектот на Филхармонија, стои во писмената реакција на Синдикатот на Македонската филхармонија.

Токму тој проблем, не го создадовме ние, туку Министерството за култура кое донесе одлука за формирање на нова институција која ќе биде сместена во објектот на Филхармонија. Ја потсетуваме министерката за култура, дека и во елаборатот за формирање на новата институција беше констатирано дека постојат „одлични услови за работа на Џез оркестарот во објектот на Филхармонија“. Ако не била целта во еден објект да има две национални установи, како што изјави министерката, тогаш, зошто воопшто било констатирано дека постојат одлични услови за работа на новата институција, токму во објектот на Филхармонија?

Ако не е целта да имаме нови установи кои ќе бидат оставени како Филхармонија повеќе од 70 години да го бараат своето просторно решение, како што изјави министерката за култура, тогаш зошто е донесена ваква нелогична одлука? Зошто се формирала нова институција без претходно да и биде најден соодветен простор, кој нема да биде на штета на друга институција?

Бидејќи одлуката за просторно сместување на друга установа во Филхармонија беше донесена зад затворени врати, и откако беше донесена не беа земени во предвид нашите реакции, нашата институција веќе три месеци е изложена на напади во јавноста од поединци кои слепо ја бранат одлуката која ја донесе Министерството за култура. 

Ние ќе протестираме се до конечната промена на штетната одлука, до официјалната објава за нова адреса на новоформираната институција од страна на Министерството за култура, односно од Владата каде што се усвојува промената.  

На министерката за култура не и веруваме, бидејќи досега освен празни ветувања, лаги и клевети кон вработените во Филхармонија, не излезе со ниту една конструктивна и реална изјава во јавноста, велат од Синдикатот.

The post Синдикат на Македонска филхармонија: Зошто се формирала нова институција без претходно да и биде најден соодветен простор, кој нема да биде на штета на друга институција? appeared first on Република.

]]>

Вработените во Македонска филхармонија три месеци протестираат не поради нереални проблеми како што вчера изјави министерката за култура, туку поради еден реален проблем – а тоа е одлуката на Владата да смести уште една институција во објектот на Филхармонија, стои во писмената реакција на Синдикатот на Македонската филхармонија.
Токму тој проблем, не го создадовме ние, туку Министерството за култура кое донесе одлука за формирање на нова институција која ќе биде сместена во објектот на Филхармонија. Ја потсетуваме министерката за култура, дека и во елаборатот за формирање на новата институција беше констатирано дека постојат „одлични услови за работа на Џез оркестарот во објектот на Филхармонија“. Ако не била целта во еден објект да има две национални установи, како што изјави министерката, тогаш, зошто воопшто било констатирано дека постојат одлични услови за работа на новата институција, токму во објектот на Филхармонија? Ако не е целта да имаме нови установи кои ќе бидат оставени како Филхармонија повеќе од 70 години да го бараат своето просторно решение, како што изјави министерката за култура, тогаш зошто е донесена ваква нелогична одлука? Зошто се формирала нова институција без претходно да и биде најден соодветен простор, кој нема да биде на штета на друга институција? Бидејќи одлуката за просторно сместување на друга установа во Филхармонија беше донесена зад затворени врати, и откако беше донесена не беа земени во предвид нашите реакции, нашата институција веќе три месеци е изложена на напади во јавноста од поединци кои слепо ја бранат одлуката која ја донесе Министерството за култура.  Ние ќе протестираме се до конечната промена на штетната одлука, до официјалната објава за нова адреса на новоформираната институција од страна на Министерството за култура, односно од Владата каде што се усвојува промената.   На министерката за култура не и веруваме, бидејќи досега освен празни ветувања, лаги и клевети кон вработените во Филхармонија, не излезе со ниту една конструктивна и реална изјава во јавноста, велат од Синдикатот.