синдикална кошница Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikalna-koshnica/ За подобро да се разбереме Fri, 20 Sep 2024 12:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синдикална кошница Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikalna-koshnica/ 32 32 ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка и ја оценува како добра идејата за ограничување на маржите https://republika.mk/vesti/ekonomija/ssm-ochekuva-blago-zgolemuvane-na-minimalnata-sindikalna-koshnichka-i-ja-otsenuva-kako-dobra-idejata-za-ogranichuvane-na-marzhite/ Fri, 20 Sep 2024 13:05:49 +0000 https://republika.mk/?p=818176

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, како што истакна денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“.

Добро е се што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените, оцени Трнедафилов на прес-конференција во врска со владиниот предлог што предвидува ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто за стотина основни прехранбени производи. Сепак, укажа, ваквата идеја треба да се спроведе во целост.

Трендафилов изрази жалење што ССМ не е вклучен во подготовката на владините кошнички за ограничување на цените и маржите.

Минималната синдикална кошничка се пресметува во тековниот месец. Се надевам дека на почетокот на наредната недела, во понеделник или вторник, ќе биде објавена. Според податоците, веројатноста е голема да биде со благо зголемување, имајќи предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4 600 денари. Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владинит кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја се што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22 300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани. Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано. Но, конечно не охрабрува тоа што и владините функционери и другите носители на јавни функции го зборуваат она што го говори ССМ, дека некој се богати на грбот на работниците, неоправдано - напомена Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања.

Инаку Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,.

The post ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка и ја оценува како добра идејата за ограничување на маржите appeared first on Република.

]]>

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, како што истакна денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“. Добро е се што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените, оцени Трнедафилов на прес-конференција во врска со владиниот предлог што предвидува ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто за стотина основни прехранбени производи. Сепак, укажа, ваквата идеја треба да се спроведе во целост. Трендафилов изрази жалење што ССМ не е вклучен во подготовката на владините кошнички за ограничување на цените и маржите.
Минималната синдикална кошничка се пресметува во тековниот месец. Се надевам дека на почетокот на наредната недела, во понеделник или вторник, ќе биде објавена. Според податоците, веројатноста е голема да биде со благо зголемување, имајќи предвид дека од почетокот на годинава се зголеми за 4 600 денари. Ние, за жал, не сме вклучени во подготовката на владинит кошнички за ограничување на цените и маржите. ССМ смета дека е добра идеја се што се прави во интерес на работниците во насока на намалување на цените, но таа ќе треба да се спроведе во целост како што е планирана. Се надеваме дека делот на храна и пијалаци што го пресметуваме како ССМ и изнесува 22 300 денари за минатиот месец во синдикалната кошница ќе биде појдовна основа за утврдување на оние 100 производи за кои ќе треба да бидат ограничени маржите за да им се помогне на најранливите граѓани. Овој тренд треба да продолжи за да им се помогне на граѓаните и работниците да можат да набават основни прехранбени производи. Ние денес плаќаме зеленчук како да сме јануари и овошје како да сме сред зима, нешто што не е оправдано. Но, конечно не охрабрува тоа што и владините функционери и другите носители на јавни функции го зборуваат она што го говори ССМ, дека некој се богати на грбот на работниците, неоправдано - напомена Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања.
Инаку Владата на вонредна седница донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто со кој ќе бидат опфатени стотина основни прехранбени производи во трговијата на големо и мало: леб, пекарски и млечни производи, млеко, месо и преработки од месо, дел од конзервните производи, овошје, зеленчук,.

The post ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка и ја оценува како добра идејата за ограничување на маржите appeared first on Република.

]]>
„Аирлија“: Минималната синдикална кошница за мај 60.090,00 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/airlija-minimalnata-sindikalna-koshnitsa-za-maj-60-090-00-denari/ Tue, 21 May 2024 10:30:54 +0000 https://republika.mk/?p=780461

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари, информираат денеска од ССМ.

Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари.

Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75 465,00 денари.

The post „Аирлија“: Минималната синдикална кошница за мај 60.090,00 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец мај 2024 година изнесува 60 090,00 денари, информираат денеска од ССМ. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април годинава која изнесува 60 212,00 денари е намалена за 122,00 денари. Како што додаваат од ССМ, со изнајмен стан од 60 квадрати за месец април изнесува 75 465,00 денари.

The post „Аирлија“: Минималната синдикална кошница за мај 60.090,00 денари appeared first on Република.

]]>
Расте ли расте: Синдикалната минимална кошница за март 58.998 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/raste-li-raste-sindikalnata-minimalna-koshnitsa-za-mart-58-998-denari/ Wed, 20 Mar 2024 11:42:29 +0000 https://republika.mk/?p=756689

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58 998,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1 522,00 денари.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21 219,00 денари, зголемени се за 1 462,00 денари. Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74 373,00 денари.

Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1 951,00 односно за 9,41 отсто.

Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент.

Вредноста на минималната сидикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, се наведува во денешното соопштение на ССМ.

Растот на цените, велат од Синдикатот, придонесува да се изгуби куповната моќ на рабтниците и граѓаните. Затоа, со новото зголемување на минимална плата од март 2024 година која според пресметките ќе изнесува околу 22.567,00 денари нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните.

-ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандарт на работниците и граѓаните особено поради тоа што знавме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи. Работниците и граѓаните ги повикуваме незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега, се вели во денешното соопштение од ССМ во врска со синдикалната кошница за март.

The post Расте ли расте: Синдикалната минимална кошница за март 58.998 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2024 година изнесува 58 998,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари годинава е зголемена за 1 522,00 денари. Според Сојузот на синдикати на Македонија, најголемо зголемување има во делот кај храната и пијалоците кои за месец март изнесуваат 22.681,00 денари, споредено со месец февруари, кога изнесувала 21 219,00 денари, зголемени се за 1 462,00 денари. Од ССМ наведуваат дека со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март синдикалната кошничка изнесува 74 373,00 денари. Од податоците со кои располага ССМ, од декември 2023 година до март 2024 година трошоците само за храна и пијалоци се зголемени за 1 951,00 односно за 9,41 отсто. Трошоците на живот во декември во однос на ноември лани се зголемиле за 0,3 проценти, а цените на мало за процент. Вредноста на минималната сидикална кошница е во постојан пораст од почетокот на годината, поконкретно во месец март 2024 година, каде што зголемувањето е најизразено кај делот со храната и пијалоците, што е резултат дека трговците не го послушаа апелот на ССМ и неосновано само во интерес на зголемување на својот профит енормно ги зголемија цените на прехрамбените производи што резултира со нефер практики на трговците, и доведува до осиромашување на работниците и граѓаните, а по прекинување на мерката на замрзнати цени, се наведува во денешното соопштение на ССМ. Растот на цените, велат од Синдикатот, придонесува да се изгуби куповната моќ на рабтниците и граѓаните. Затоа, со новото зголемување на минимална плата од март 2024 година која според пресметките ќе изнесува околу 22.567,00 денари нема да има позитивен ефект врз стандардот на граѓаните. -ССМ предлагаше продолжување на мерката за ограничување на цените во насока на заштита на животниот стандарт на работниците и граѓаните особено поради тоа што знавме дека алчноста и профитот на газдите ќе бидат причина за неосновано зголемување на цените на штета на работниците и граѓаните, а тоа е нешто што не смее да се дозволи. Работниците и граѓаните ги повикуваме незадоволството да го изразат заедно со ССМ на протест и да ни се приклучат, затоа што моментот кога треба да бидат гласни е сега, се вели во денешното соопштение од ССМ во врска со синдикалната кошница за март.

The post Расте ли расте: Синдикалната минимална кошница за март 58.998 денари appeared first on Република.

]]>
Синдикалната минимална кошница за октомври е 46 198 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikalnata-minimalna-koshnitsa-za-oktomvri-e-46-198-denari/ Tue, 07 Nov 2023 14:07:55 +0000 https://republika.mk/?p=699234

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари.

За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто

The post Синдикалната минимална кошница за октомври е 46 198 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за октомври 2023 година изнесува 46 198 денари, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19 668,36 денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари. За домување во октомври биле потребни 13 716,86 денари или 30,73 отсто, за хигиена 3 267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3 735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2 343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1 067,86 денари или 2,39 отсто

The post Синдикалната минимална кошница за октомври е 46 198 денари appeared first on Република.

]]>
Синдикалната минимална кошничка за месец септември изнесувала 48.379 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/sindikalnata-minimalna-koshnichka-za-mesets-septemvri-iznesuvala-48-379-denari/ Mon, 09 Oct 2023 15:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=689599

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за месец септември изнесувала 48.379 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со претходниот месец, минимална синдикална кошница е намалена за 966 денари, што, според ССМ, е резултат на загарантираните цени на прехранбените производи.

Со зголемувањето на ДДВ на истите тие производи, повторно ќе дојде до зголемување на вредноста на потрошувачката кошничка, односно претходната мерка на загарантирани цени на основните прехранбени производи нема да има никаков ефект. Затоа, ССМ бара од Владата сериозно да ја ревидира и коригира листата на производи кои се дел од секојдневието на граѓаните и за истите да ја врати стапката на ДДВ од пет проценти, потенцираат од ССМ.

Оттаму, истакнуваат дека одлуката за определување стапка на ДДВ која ќе се зголеми од 5 на 10 отсто, е непромислена и несоодветствува на реалните состојби на сиромаштија и зголемени трошоци за живот кои се карактеристични за голем дел од населението, пред сè, поради ниските плати и над 120 000 вработени кои се на минималец.

– Предлагаме ДДВ-то од 10 отсто да остане само за оние луксузни прехранбени производи кои се купуваат од мал број граѓани и се консумираат ретко. Доколку остане оваа листа на предложени прехранбени производи чии износ на ДДВ се зголемува на 10 отсто, за луксуз ќе се сметаат и производи за секојдневна употреба како што се: сирењето, конзервирана храна, гриз, чај и друго, велат од ССМ.

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека, според последниот податок на Државниот завод за статистика, објавен во 2020 година, 21,8 отсто од населението е сиромашно. ССМ предупредува дека поради сегашната економска состојба, доцнење на мерките на Владата, порастот на цените на прехранбените производи, пораст на стапката на ДДВ од 5 на 10 проценти се очекува понатамошно зголемување на стапката на сиромаштија на населението до 25 отсто.

– Потребни се брзи и сериозни мерки во областа на економијата преку нови инвестиции и вложувања, развој на нови производни капацитети, зголемување на поддршката и субвенционирање на одделни стопански области, што ќе доведе до зголемување на платите и намалување на сиромаштијата на населението, нагласуваат од ССМ.

The post Синдикалната минимална кошничка за месец септември изнесувала 48.379 денари appeared first on Република.

]]>

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за месец септември изнесувала 48.379 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со претходниот месец, минимална синдикална кошница е намалена за 966 денари, што, според ССМ, е резултат на загарантираните цени на прехранбените производи. Со зголемувањето на ДДВ на истите тие производи, повторно ќе дојде до зголемување на вредноста на потрошувачката кошничка, односно претходната мерка на загарантирани цени на основните прехранбени производи нема да има никаков ефект. Затоа, ССМ бара од Владата сериозно да ја ревидира и коригира листата на производи кои се дел од секојдневието на граѓаните и за истите да ја врати стапката на ДДВ од пет проценти, потенцираат од ССМ. Оттаму, истакнуваат дека одлуката за определување стапка на ДДВ која ќе се зголеми од 5 на 10 отсто, е непромислена и несоодветствува на реалните состојби на сиромаштија и зголемени трошоци за живот кои се карактеристични за голем дел од населението, пред сè, поради ниските плати и над 120 000 вработени кои се на минималец. – Предлагаме ДДВ-то од 10 отсто да остане само за оние луксузни прехранбени производи кои се купуваат од мал број граѓани и се консумираат ретко. Доколку остане оваа листа на предложени прехранбени производи чии износ на ДДВ се зголемува на 10 отсто, за луксуз ќе се сметаат и производи за секојдневна употреба како што се: сирењето, конзервирана храна, гриз, чај и друго, велат од ССМ. Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека, според последниот податок на Државниот завод за статистика, објавен во 2020 година, 21,8 отсто од населението е сиромашно. ССМ предупредува дека поради сегашната економска состојба, доцнење на мерките на Владата, порастот на цените на прехранбените производи, пораст на стапката на ДДВ од 5 на 10 проценти се очекува понатамошно зголемување на стапката на сиромаштија на населението до 25 отсто. – Потребни се брзи и сериозни мерки во областа на економијата преку нови инвестиции и вложувања, развој на нови производни капацитети, зголемување на поддршката и субвенционирање на одделни стопански области, што ќе доведе до зголемување на платите и намалување на сиромаштијата на населението, нагласуваат од ССМ.

The post Синдикалната минимална кошничка за месец септември изнесувала 48.379 денари appeared first on Република.

]]>
Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/minimalnite-troshotsi-na-edno-semejstvo-vo-juni-48-543-denari/ Fri, 07 Jul 2023 11:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=658951

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48. 543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19. 805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13. 416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3. 720 денари, а за хигиена 3. 252 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари appeared first on Република.

]]>

На едно семејство во јуни за минимални месечни трошоци му биле потребни 48. 543 денари, покажуваат податоците од синдикалната кошничка што на месечно ниво ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Оттаму велат дека иако има благо намалување на вредноста на синдикалната кошничка во јуни, сепак трошоците за храна и пијалоци се зголемени. За храна и пијалоци во јуни биле потребни минимум 19. 805 денари, а за покривање на режиските трошоци 13. 416 денари. За превоз минимум на едно семејство му биле потребни 3. 720 денари, а за хигиена 3. 252 денари.

The post Минималните трошоци на едно семејство во јуни 48.543 денари appeared first on Република.

]]>
Во декември за основните потреби на четиричлено семејство, му требале 51.235 денари https://republika.mk/vesti/ekonomija/vo-dekemvri-za-osnovnite-potrebi-na-chetirichleno-semejstvo-mu-trebale-51-235-denari/ Mon, 09 Jan 2023 14:21:53 +0000 https://republika.mk/?p=594974

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари.

-Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираат од ССМ.

The post Во декември за основните потреби на четиричлено семејство, му требале 51.235 денари appeared first on Република.

]]>

На едно четиричлено семејство во декември минатата година му биле потребни 51.235 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во декември 2022 година на четиричлено семејство му биле неопходни 19.226,11 денари за исхрана и пијалаци, 13.093,22 денари за домување, 3.050,95 денари за одржување на хигиена, а 3.668,61 денари за превоз. За облека и обувки едно семејство во декември требало да издвои 2.255,15 денари, за култура 1.067,86, а за одржување на здравје 801,29 денари. -Вкупно на едно четиричлено му биле неопходни 43.163,17 денари за задоволување на минималната синдикална кошничка, а кога на тоа ќе се додадат трошоците на живот, односно инфлацијата од 18,7 проценти или 8.071,51 денари се доаѓа до бројката од 51.234,68 денари, прецизираат од ССМ.

The post Во декември за основните потреби на четиричлено семејство, му требале 51.235 денари appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Со две минимални плати се покрива синдикалната кошница https://republika.mk/vesti/ekonomija/sdsm-so-dve-minimalni-plati-se-pokriva-sindikalnata-koshnica/ Wed, 09 Feb 2022 11:56:03 +0000 https://republika.mk/?p=456183

Од март 80.000 работници ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е зголемување за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесувала 8.800 денари. Новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, соопшти на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова.

Таа информира дека според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа, како што рече, значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати.

Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари, рече Николова.

За седум години, како што посочи, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, со што се покажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден

The post СДСМ: Со две минимални плати се покрива синдикалната кошница appeared first on Република.

]]>

Од март 80.000 работници ќе добиваат повисока минимална плата која ќе изнесува 18.000 денари. Тоа е зголемување за над 100 отсто во однос на минималната плата во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ, кога изнесувала 8.800 денари. Новото зглемување на минималната плата ќе даде сериозен придонес во трајното извлекување од сиромаштија и зајакнување на економскиот стандард на граѓаните, соопшти на денешната прес-конференција пратеничката на СДСМ Даниела Николова. Таа информира дека според официјалните податоци на Сојузот на синдикати на Македонија, во 2014 година, во време на ВМРО-ДПМНЕ вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Тоа, како што рече, значи дека за да се наполни оваа кошничка во 2014 година биле потребни четири минимални плати.
Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари. Со новото зголемување на минималната плата, две минимални плати не само што се доволни за да се наполни синдикалната кошничка, туку остануваат и нешто помалку од илјада денари, рече Николова.
За седум години, како што посочи, синдикалната кошница се зголемила за девет отсто, а за истиот период минималната плата е зголемена за 100 отсто, со што се покажува дека животниот стандард на граѓаните е заштитен и дополнително унапреден

The post СДСМ: Со две минимални плати се покрива синдикалната кошница appeared first on Република.

]]>