синдикалци Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikalci/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Feb 2023 12:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png синдикалци Archives - Република https://republika.mk/tema/sindikalci/ 32 32 Платата да се исплаќа до петти во месецот, бараат синдикалците https://republika.mk/vesti/ekonomija/platata-da-se-isplaka-do-petti-vo-mesetsot-baraat-sindikaltsite/ Tue, 14 Feb 2023 12:05:38 +0000 https://republika.mk/?p=608835

Плати се уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, но еве и јавно кажуваме, во новиот Закон за работни односи ќе бараме платата да се исплаќа до петти во месецот, изјави на денешната прес-конференција претседателот на КСОМ, Марјан Ристески.

Тој додаде дека Синдикатот ќе бара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да се решат проблемите со кои се соочуваат, а доколку не се случи тоа најави одржување протести.

Претседателот на Независниот синдикат во геријатрија, Лазо Костовски посочи дека од здравство секојдневно бегаат луѓе и оти се вработува несоодветен кадар што „не е за таму“.

Самите функционери пред да стапат на функција, ветуваат се и сешто. Здравствените работници веќе се ставени на маргините, не знаат што да прават. Не само со платите, туку и со самото работно место што го имаат. Кога ќе видиме дека еден пратеник зема шеесет илјади денари месечно за патни трошоци, а една плата во здравство на доктор е шеесет илјади. Со кое право тогаш од нас, граѓаните, бараат да штедиме, додека другиве во Парламентот, во Влада, никој ништо не штеди? Со излегување на улици, со протести, да се остварат нашите права. Друг начин не гледам, додаде Костовски.

The post Платата да се исплаќа до петти во месецот, бараат синдикалците appeared first on Република.

]]>

Плати се уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, но еве и јавно кажуваме, во новиот Закон за работни односи ќе бараме платата да се исплаќа до петти во месецот, изјави на денешната прес-конференција претседателот на КСОМ, Марјан Ристески. Тој додаде дека Синдикатот ќе бара средба со премиерот Димитар Ковачевски за да се решат проблемите со кои се соочуваат, а доколку не се случи тоа најави одржување протести. Претседателот на Независниот синдикат во геријатрија, Лазо Костовски посочи дека од здравство секојдневно бегаат луѓе и оти се вработува несоодветен кадар што „не е за таму“.
Самите функционери пред да стапат на функција, ветуваат се и сешто. Здравствените работници веќе се ставени на маргините, не знаат што да прават. Не само со платите, туку и со самото работно место што го имаат. Кога ќе видиме дека еден пратеник зема шеесет илјади денари месечно за патни трошоци, а една плата во здравство на доктор е шеесет илјади. Со кое право тогаш од нас, граѓаните, бараат да штедиме, додека другиве во Парламентот, во Влада, никој ништо не штеди? Со излегување на улици, со протести, да се остварат нашите права. Друг начин не гледам, додаде Костовски.
 
The post Платата да се исплаќа до петти во месецот, бараат синдикалците appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Политичарите да седат настрана од синдикалните здруженија https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-politicharite-da-sedat-nastrana-od-sindikalnite-zdruzenija/ Sat, 09 Apr 2022 13:52:55 +0000 https://republika.mk/?p=485849

На прашањето „Најавени се штрајкови и протести, синдикатите се пожалија на секаква форма на притисок, дали сте вие информирани?“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели дека од медиумите, од вас медиумите сум информиран дека постојат такви притисоци. Мојата порака до политичарите да седат настрана од синдикалните здруженија, политичарите треба да водат политика и да ја водат Македонија напред, а не да се мешаат во работата на синдикалните здруженија. Може да дадат поддршка или да изразат неподдршка кон овие синдикални организирања.

Можеа да дадат поддршка или да изразат неподдршка кон овие синдикални организирања. Нашиот став како политичка партија, а и мојот личен став е дека даваме недвосмислена поддршка кон синдикатот за манифестирање на револт и пркос за реализирање на сопствените права. Зборувавме дека ќе ја отворат пандорината кутија, таа е веќе отворена и тешко дека таа ќе се затвори. Сега протестираат вработените во градинките, основните и средните училишта, штрајкуваат државните службеници, матичните лекари а наскоро ќе штрајкуваат сите, практично штрајкуваат сите. Се најавува штрајк во пошта, агенција за цивилно воздухопловство, вели Мицкоски.

Тој додава дека имаме држава која се распаѓа. Го апсат секретарот на Влада затоа што земал мито, имаме основано сомневање дека има еден куп вакви криминални случаи. Министер за правда на отворена сцена манифестира дека имаме заробено судство, на левата страна седи обвинител а на десната седи судија.

Зарем уште нешто треба да и се случи на Македонија за да овие политичари се вразумат и конечно да одиме на предвремени парламентарни избори. Знам дека се плашат, знам дека они ништо друго во животот не знаат освен привилегиите, црвените дебели ќилими, кожните фотелји и практично да ја злоупотребуваат маката на народот трошејќи ги нивните пари. Знам дека ништо друго не знаат да прават, но еднашка нека се охрабрат, еднашка нека излезат од нивните партиски ниски страсти и нека дозволат народот да си избере Влада онаква каква што сака. Влада која што ќе ја води напред Македонија и Влада која ќе биде на народот а не Влада на неколку фамилии, потенцираше Мицкоски.

The post Мицкоски: Политичарите да седат настрана од синдикалните здруженија appeared first on Република.

Словенечките синдикати од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не ги зголеми платите https://republika.mk/vesti/balkan/slovenechkite-sindikati-od-javniot-sektor-se-zakanija-so-shtrajk-dokolku-vladata-ne-gi-zgolemi-platite/ Wed, 09 Feb 2022 18:59:40 +0000 https://republika.mk/?p=456421

Словенечките синдикати на работниците од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата до следната недела не одговори на нивните барања за зголемување на платите.

На прес-конференција денеска  Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек, кои ги претставуваат овие синдикати во преговорите со Владата, соопштија дека се уште не добиле одговори на нивните предлози, а тоа очекуваат да биде сторено  најдоцна до вторник.

Во спротивно, синдикалците најавија дека ќе организираат гласање за членство за почнување штрајк.

Синдикатите на вработените во јавниот сектор се иритирани од одлуката на владата на Јанез Јанша која со посебен закон и во договор со лекарскиот синдикат изгласа повисоки плати за околу 7.000 лекари во јавното здравство.

Со законот, потврден на крајот на 2021 година,  на лекарите им се гарантира унапредување за шест платни класи во инаку унифицираниот систем на плати за јавниот сектор, што практично значи дека платите би се зголемиле за речиси 25 отсто. Нивниот синдикат Фидес со години бара платите на лекарите да бидат исклучени од системот на плати во јавниот сектор бидејќи сметаат дека тие се недоволно платени.

Според достапните податоци што ги пренесуваат словенечките медиуми, околу седум отсто од 7.000 лекари вработени во јавното здравство досега биле рангирани во најниската можна 43-та платна класа за државните службеници, со плата од околу 2020 евра бруто. Од друга страна, дури и секој трет лекар во јавното здравство е рангиран во највисоката 57-ма платна класа со бруто основица од околу 4.000 евра, додека со зголемување од шест платни класи тие би имале плата од околу 5.000 евра бруто.

На одлуката на синдикатот прво реагираа од синдикатот на вработените во социјалните установи и здравството, кои изјавија дека се разочарани што владата ги запоставила, а побараа и зголемување на платите за шест платни класи, а најавија предупредувачки штрајк на 16 февруари.

Одговарајќи на барањата на другите синдикати за зголемување на платите, министерот за јавна администрација Боштјан Коритник денеска кажа дека не може да ги прејудицира работите, но рече дека тие би биле неодржливи за планираните јавни финансии бидејќи ќе ја зголемат јавната потрошувачка за милијарда евра.

The post Словенечките синдикати од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не ги зголеми платите appeared first on Република.

]]>

Словенечките синдикати на работниците од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата до следната недела не одговори на нивните барања за зголемување на платите. На прес-конференција денеска  Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек, кои ги претставуваат овие синдикати во преговорите со Владата, соопштија дека се уште не добиле одговори на нивните предлози, а тоа очекуваат да биде сторено  најдоцна до вторник. Во спротивно, синдикалците најавија дека ќе организираат гласање за членство за почнување штрајк. Синдикатите на вработените во јавниот сектор се иритирани од одлуката на владата на Јанез Јанша која со посебен закон и во договор со лекарскиот синдикат изгласа повисоки плати за околу 7.000 лекари во јавното здравство. Со законот, потврден на крајот на 2021 година,  на лекарите им се гарантира унапредување за шест платни класи во инаку унифицираниот систем на плати за јавниот сектор, што практично значи дека платите би се зголемиле за речиси 25 отсто. Нивниот синдикат Фидес со години бара платите на лекарите да бидат исклучени од системот на плати во јавниот сектор бидејќи сметаат дека тие се недоволно платени. Според достапните податоци што ги пренесуваат словенечките медиуми, околу седум отсто од 7.000 лекари вработени во јавното здравство досега биле рангирани во најниската можна 43-та платна класа за државните службеници, со плата од околу 2020 евра бруто. Од друга страна, дури и секој трет лекар во јавното здравство е рангиран во највисоката 57-ма платна класа со бруто основица од околу 4.000 евра, додека со зголемување од шест платни класи тие би имале плата од околу 5.000 евра бруто. На одлуката на синдикатот прво реагираа од синдикатот на вработените во социјалните установи и здравството, кои изјавија дека се разочарани што владата ги запоставила, а побараа и зголемување на платите за шест платни класи, а најавија предупредувачки штрајк на 16 февруари. Одговарајќи на барањата на другите синдикати за зголемување на платите, министерот за јавна администрација Боштјан Коритник денеска кажа дека не може да ги прејудицира работите, но рече дека тие би биле неодржливи за планираните јавни финансии бидејќи ќе ја зголемат јавната потрошувачка за милијарда евра.

The post Словенечките синдикати од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не ги зголеми платите appeared first on Република.

]]>