Синалоа Archives - Република https://republika.mk/tema/sinaloa/ За подобро да се разбереме Fri, 16 Sep 2022 08:13:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Синалоа Archives - Република https://republika.mk/tema/sinaloa/ 32 32 Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот „Синалоа“ на Ел Чапо https://republika.mk/vesti/balkan/turizmot-vo-albanija-se-razviva-so-crni-pari-od-narko-kartelot-sinaloa-na-el-chapo/ Fri, 16 Sep 2022 08:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=551281

Мрежата на мексиканскиот картел „Синалоа“  за која стои славниот Ел Чапо се прошири и во балканските земји каде што најдоа попогодна почва за перење пари од нивните незаконски активности поради слабото спроведување на законот.

Овој картел се чини дека пере пари во Албанија и во бизнисите, недвижностите и туристичкиот сектор.

Како што пренесуваат мексиканските медиуми, шефот на фракција на картелот „Синалоа“, Исмаел Замбада Гарсија, познат по прекарот „Ел Мајо“ склучил сојуз со албанската мафија.

Според нив, „Ел Мајо“ има свои врски со браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, кои се дел албанска криминална група пишува албански Топ-канал.

Тие поседуваат мрежа на казина и бизниси во Сонора, Долна Калифорнија и Квинтана Ру во кои перат милиони долари од организираниот криминал.

Покрај тоа, тие инвестираат големи суми пари во Албанија за да ги рашират во инвестиции насочени кон коцкарски активности и во областа на туризмот.

Според мексиканските федерални власти, браќата Албанци во име на картелот „Синалоа“ спроведуваат операција за префрлање на милиони долари во нивната земја преку фиктивни фирми.

Врската помеѓу Ел Мајо Замбада и албанската мафија претставува можност за мексикански криминални групи да се прошират во Албанија, мала поранешна комунистичка земја која е привлечена од пари од нелегални активности, пишуваат мексиканските медиуми.

The post Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот „Синалоа“ на Ел Чапо appeared first on Република.

]]>

Мрежата на мексиканскиот картел „Синалоа“  за која стои славниот Ел Чапо се прошири и во балканските земји каде што најдоа попогодна почва за перење пари од нивните незаконски активности поради слабото спроведување на законот. Овој картел се чини дека пере пари во Албанија и во бизнисите, недвижностите и туристичкиот сектор. Како што пренесуваат мексиканските медиуми, шефот на фракција на картелот „Синалоа“, Исмаел Замбада Гарсија, познат по прекарот „Ел Мајо“ склучил сојуз со албанската мафија. Според нив, „Ел Мајо“ има свои врски со браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, кои се дел албанска криминална група пишува албански Топ-канал. Тие поседуваат мрежа на казина и бизниси во Сонора, Долна Калифорнија и Квинтана Ру во кои перат милиони долари од организираниот криминал. Покрај тоа, тие инвестираат големи суми пари во Албанија за да ги рашират во инвестиции насочени кон коцкарски активности и во областа на туризмот. Според мексиканските федерални власти, браќата Албанци во име на картелот „Синалоа“ спроведуваат операција за префрлање на милиони долари во нивната земја преку фиктивни фирми. Врската помеѓу Ел Мајо Замбада и албанската мафија претставува можност за мексикански криминални групи да се прошират во Албанија, мала поранешна комунистичка земја која е привлечена од пари од нелегални активности, пишуваат мексиканските медиуми.

The post Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот „Синалоа“ на Ел Чапо appeared first on Република.

]]>