симпозиум Archives - Република https://republika.mk/tema/simpozium/ За подобро да се разбереме Sat, 12 Oct 2024 06:27:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png симпозиум Archives - Република https://republika.mk/tema/simpozium/ 32 32 Меѓународен симпозиум „Ретки болести дијагностички предизвици и терапевски перспективи” https://republika.mk/vesti/makedonija/megunaroden-simpozium-retki-bolesti-dijagnostichki-predizvitsi-i-terapevski-perspektivi/ Sat, 12 Oct 2024 06:30:20 +0000 https://republika.mk/?p=825738

Во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид денеска и утре ќе се одржи стручен симпозиум насловен „Ретки болести - дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, по повод одбележување десет години активизам за ретките болести во државата. На симпозиумот, кој е организиран од Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, ќе учествуваат истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации.

Како што најавија од Здружението, утре симпозиумот ќе го отворат министерот за здравство Арбен Таравари, претседателот на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство Злате Стојаноски и претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска.

По отворањето на симпозиумот предвидена е прес-конференција на министерот Таравари, проф. д-р Велибор Тасиќ и претседателката на „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска.

На настанот посветен на десет години активизам за ретките болести ќе учествуваат и проф. д-р Велибор Тасиќ, д-р Нора Абази Емини, проф. д-р Александра Јанчевска, д-р, д-р Иван Акимовски, проф. д-р Иван Барбов, д-р Николина Смоковска, нас. доц. д-р Никола Ѓорѓиевски, д-р Владимир Аврамовски, д-р Маја Божиновска Смическа, д-р Сузана Арбутина и доц. д-р Данило Нонкуловски.

The post Меѓународен симпозиум „Ретки болести дијагностички предизвици и терапевски перспективи” appeared first on Република.

]]>

Во хотелот „Нова Ривиера“ во Охрид денеска и утре ќе се одржи стручен симпозиум насловен „Ретки болести - дијагностички предизвици и терапевтски перспективи“, по повод одбележување десет години активизам за ретките болести во државата. На симпозиумот, кој е организиран од Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“, ќе учествуваат истакнати професори, доктори и претставници од пациентските организации. Како што најавија од Здружението, утре симпозиумот ќе го отворат министерот за здравство Арбен Таравари, претседателот на Комисијата за ретки болести при Министерството за здравство Злате Стојаноски и претседателката на Здружението за ретки болести „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска. По отворањето на симпозиумот предвидена е прес-конференција на министерот Таравари, проф. д-р Велибор Тасиќ и претседателката на „Ретко е да си редок“ Гордана Лолеска. На настанот посветен на десет години активизам за ретките болести ќе учествуваат и проф. д-р Велибор Тасиќ, д-р Нора Абази Емини, проф. д-р Александра Јанчевска, д-р, д-р Иван Акимовски, проф. д-р Иван Барбов, д-р Николина Смоковска, нас. доц. д-р Никола Ѓорѓиевски, д-р Владимир Аврамовски, д-р Маја Божиновска Смическа, д-р Сузана Арбутина и доц. д-р Данило Нонкуловски.

The post Меѓународен симпозиум „Ретки болести дијагностички предизвици и терапевски перспективи” appeared first on Република.

]]>
Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА https://republika.mk/vesti/kultura/godishen-simpozium-na-zdruzhenieto-na-likovni-kritichari-aika/ Fri, 01 Dec 2023 08:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=718198

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“ ќе се одржи денеска, во Музејот на современа уметност во Скопје.

Учеснички на симпозиумот се историчарката на уметност Нада Пешева, архитектката Ана Ивановска Дескова, како и ко-основачката на „Тиииит! Инк.“ и фестивалот „Прво па женско“, Јана Коцевска.

Од Здружението на ликовни критичари велат дека симпозиумот има цел да ја истражи повеќеслојната димензија на учеството на жените на уметничката сцена, со специфичен фокус на еволуирачкиот пејзаж на државава во периодот по 60-тите години.

Симпозиумот, велат од АИКА Македонија, настојува да го расчлени квалитетот и квантитетот на културните политики во Македонија кои беа инструментални за стимулирање на вклучувањето на жените во визуелната уметност, архитектурата и уметничкиот активизам, и да ја процени инклузивноста на родовите теми во неодамнешната уметничка продукција.

Темата ќе се осврне на историските и современите улоги на жените уметнички, расветлувајќи го нивниот придонес во пошироката уметничка нарација. Преку испитување на напредокот на политиките и иницијативите насочени кон промовирање на учеството на жените во уметноста, симпозиумот има за цел да го оцени степенот до кој овие мерки поттикнаа вклученост и рамноправност на македонската уметничка сцена.

Работната сесија на програмата вклучува презентација на Нада Пешева на тема „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“, презентација на Ана Ивановска Дескова насловена „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“, како и излагање на Јана Коцевска насловено „Прво па женско“.

Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје.

The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА appeared first on Република.

]]>

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија насловен „Визуелизирање на еднаквоста: женските улоги во обликувањето на уметничките наративи“ ќе се одржи денеска, во Музејот на современа уметност во Скопје. Учеснички на симпозиумот се историчарката на уметност Нада Пешева, архитектката Ана Ивановска Дескова, како и ко-основачката на „Тиииит! Инк.“ и фестивалот „Прво па женско“, Јана Коцевска. Од Здружението на ликовни критичари велат дека симпозиумот има цел да ја истражи повеќеслојната димензија на учеството на жените на уметничката сцена, со специфичен фокус на еволуирачкиот пејзаж на државава во периодот по 60-тите години. Симпозиумот, велат од АИКА Македонија, настојува да го расчлени квалитетот и квантитетот на културните политики во Македонија кои беа инструментални за стимулирање на вклучувањето на жените во визуелната уметност, архитектурата и уметничкиот активизам, и да ја процени инклузивноста на родовите теми во неодамнешната уметничка продукција. Темата ќе се осврне на историските и современите улоги на жените уметнички, расветлувајќи го нивниот придонес во пошироката уметничка нарација. Преку испитување на напредокот на политиките и иницијативите насочени кон промовирање на учеството на жените во уметноста, симпозиумот има за цел да го оцени степенот до кој овие мерки поттикнаа вклученост и рамноправност на македонската уметничка сцена. Работната сесија на програмата вклучува презентација на Нада Пешева на тема „Женското учество во современата македонска ликовна/визуелна уметничка сцена по 1991 година“, презентација на Ана Ивановска Дескова насловена „Улогата на жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“, како и излагање на Јана Коцевска насловено „Прво па женско“. Симпозиумот се организира со финансиска и техничка поддршка од Министерство за култура и Музеј на современата уметност-Скопје.

The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА appeared first on Република.

]]>
„Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ https://republika.mk/vesti/kultura/natsionalnata-drama-natsionalniot-teatar-tema-na-simpozium-vo-shtipskiot-tsentar-za-kultura-atso-shopov/ Thu, 18 May 2023 12:38:23 +0000 https://republika.mk/?p=642324

Не постои национален театар, без национална драма ова е еден од заклучоците на денешниот симпозиум на тема „Националната драма и националниот театар“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. На симпозиумот учесници беа Мишел Павловски, Тодор Кузманов, Катерина Петровска Кузманова, Кристина Николовска и Христо Петрески.

Уметничкиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Трајче Кацаров вели дека ова е втор ваков симпозиум кој се организира од оваа национална установа.

-Имаме национална драма, но таа истата се става зад сцената, не се исценира, што значи дека ние сме во една ситуација, во којашто ни недостасува национален Театар. Замислите сега кога зборуваме за идентитетот, некои од елементите кои треба да го штитат дали ние не треба и театарот да го ставиме како елемент, којшто говори и работи за идентитетот, вели Кацаров.

Прашан зошто на сцена не се поставуваат македонските текстови, Кацаров вината ја наоѓа во македонските режисери.

-Има доволно драматурзи, но има режсери „енглези“. Секој којшто ќе заврши на Факултетот за драмска уметност или на некој начин ќе се стекне со статус режисер, тој станува „енглез“, тој станува странец. Јас не знам некој подобро да се справи со импортни конфликти, отколку со конфликтите на домашните автори. Но, ова е една ситуација, којашто од година се повторува, вели Кацаров.

Смета дека овој проблем може да се надмине преку Програмата на Министерството за култура, која дава поддршка на културните институции и театрите во земјава.

Проф. д-р Мишел Павловски од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје вели дека има национални драми, но драмата оживува на сцена.

-Нашите театри се трудат да посветат внимание и на странските и на домашните автори. Мислам дека секогаш може повеќе, вели Павловски.

На денешниот симпозиум беше промовирана книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор на книгата беше Јоана Шишкова.

The post „Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>

Не постои национален театар, без национална драма ова е еден од заклучоците на денешниот симпозиум на тема „Националната драма и националниот театар“ во Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип. На симпозиумот учесници беа Мишел Павловски, Тодор Кузманов, Катерина Петровска Кузманова, Кристина Николовска и Христо Петрески. Уметничкиот директор на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Трајче Кацаров вели дека ова е втор ваков симпозиум кој се организира од оваа национална установа. -Имаме национална драма, но таа истата се става зад сцената, не се исценира, што значи дека ние сме во една ситуација, во којашто ни недостасува национален Театар. Замислите сега кога зборуваме за идентитетот, некои од елементите кои треба да го штитат дали ние не треба и театарот да го ставиме како елемент, којшто говори и работи за идентитетот, вели Кацаров. Прашан зошто на сцена не се поставуваат македонските текстови, Кацаров вината ја наоѓа во македонските режисери. -Има доволно драматурзи, но има режсери „енглези“. Секој којшто ќе заврши на Факултетот за драмска уметност или на некој начин ќе се стекне со статус режисер, тој станува „енглез“, тој станува странец. Јас не знам некој подобро да се справи со импортни конфликти, отколку со конфликтите на домашните автори. Но, ова е една ситуација, којашто од година се повторува, вели Кацаров. Смета дека овој проблем може да се надмине преку Програмата на Министерството за култура, која дава поддршка на културните институции и театрите во земјава. Проф. д-р Мишел Павловски од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“-Скопје вели дека има национални драми, но драмата оживува на сцена. -Нашите театри се трудат да посветат внимание и на странските и на домашните автори. Мислам дека секогаш може повеќе, вели Павловски. На денешниот симпозиум беше промовирана книгата „Аспекти на камерниот театар“ од Тодор Кузманов и Гоце Ристовски, а промотор на книгата беше Јоана Шишкова.

The post „Националната драма, националниот театар“ тема на симпозиум во штипскиот Центар за култура „Ацо Шопов“ appeared first on Република.

]]>
Следете во живо: Научен симпозиум „129 години ВМРО – Борбата за Македонија која трае“ https://republika.mk/vesti/makedonija/sledete-vo-zivo-nauchen-simpozium-129-godini-vmro-borbata-za-makedonija-koja-trae/ Sun, 23 Oct 2022 10:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=564502

https://www.youtube.com/watch?v=46VfzwdChjM&feature=emb_title

The post Следете во живо: Научен симпозиум „129 години ВМРО – Борбата за Македонија која трае“ appeared first on Република.

]]>

https://www.youtube.com/watch?v=46VfzwdChjM&feature=emb_title

The post Следете во живо: Научен симпозиум „129 години ВМРО – Борбата за Македонија која трае“ appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ организира Симпозиум „129 години ВМРО – Борбата за Македонија која трае“ https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-organizira-simpozium-129-godini-vmro-borbata-za-makedonija-koja-trae/ Sun, 23 Oct 2022 07:31:42 +0000 https://republika.mk/?p=564479

Во рамки на одбележување 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба и на годишнината од основањето на ВМРО, од ВМРО-ДПМНЕ, организираат Научен симпозиум: „129 години ВМРО - Борбата за Македонија која трае“.

Симпозиумот ќе се одржи со почеток од 12:00 часот во Домот на Културата „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, свои обраќања ќе имаат:

Проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Д-р Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Проф. д-р Наташа Котлар

Проф. д-р Михајло Миноски

Проф. д-р Тодор Чепреганов

Проф д-р Ѓорѓи Малковски

Преносот ќе се емитува на официјалната фејсбук страница на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ организира Симпозиум „129 години ВМРО – Борбата за Македонија која трае“ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на одбележување 23 октомври - Денот на македонската револуционерна борба и на годишнината од основањето на ВМРО, од ВМРО-ДПМНЕ, организираат Научен симпозиум: „129 години ВМРО - Борбата за Македонија која трае“. Симпозиумот ќе се одржи со почеток од 12:00 часот во Домот на Културата „Билјана Беличанец“ во Општина Кисела Вода, свои обраќања ќе имаат: Проф. д-р Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Проф. д-р Наташа Котлар Проф. д-р Михајло Миноски Проф. д-р Тодор Чепреганов Проф д-р Ѓорѓи Малковски Преносот ќе се емитува на официјалната фејсбук страница на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ организира Симпозиум „129 години ВМРО – Борбата за Македонија која трае“ appeared first on Република.

]]>
Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија во МСУ https://republika.mk/vesti/kultura/godishen-simpozium-na-zdruzenieto-na-likovni-kritichari-aika-makedonija-vo-msu/ Thu, 20 Oct 2022 07:21:31 +0000 https://republika.mk/?p=563382

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, насловен „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, ќе се одржи утре, на 21-ви октомври (петок), со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје.

Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски. Учесници на симпозиумот се Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска), Маја Ќириќ (Србија), Јане Чаловски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Македонија).

Повеќе од три децении откако стана општо прифатено дека историјата конечно заврши, отворајќи ја вратата за униполарен свет за кој се веруваше дека го опфаќа и го вклучува целото човештво, се наоѓаме себеси разочарани и во неизвесна сегашност - веројатно најопасната и најнепријателската средина од Втората светска војна наваму.

Денес постојано се потсетуваме дека функционалната демократија зависи од јавната сфера - исто така се и практиките на создавање слики, а поконкретно уметностите - кои се нужно дел од она што беше, или сè уште веруваме дека е, неопходен услов sine qua non за размислување на заедничкото.

Разгледувањето на капитализмот и уништувањето на заедничкото особено во сегашната фаза на неолибералниот капитализам, преку критиката на политиката на заедничкото од различни перспективи, може да создаде нови решенија не само за нашиот економски опстанок, туку и за изградба на свет ослободен од постојните хиерархии и поделби.

Дефинирањето на заедничкото како споделени добра и знаења на различни групи поврзани со само-организирани движења и отпор, ние целиме кон обновено промислување на самиот поим на јавното/јавноста и заедничкото: како автономни простори од кои може да се предизвикаат постојните угнетувачки хиерархии кои ги контролираат и ги организираат работата и трудот, распределбата на основните ресурси, процесите кои ги искористуваат заедничките добра и го загрозуваат животот на Земјата.

Пред да поставиме кое било друго прашање во врска со улогата на светот на уметноста, должни сме да ги преиспитаме актуелните дебати за тоа што ја сочинува јавноста и заедничкото во плуралистичките демократски општества и нужно да ги поврземе со концептите што ја дефинираат кураторската работа - не толку како хиерархиски структурирано управување, туку како порадикален дехиерархиски фокус на интеграција и грижа.

Примарната функција и потенцијал на кураторските практики е да бидат мост помеѓу уметниците, специфичните локации, места за настани и јавноста, притоа преиспитувајќи ги материјалните и општествените односи.
Имајќи ги предвид различните концепции за јавноста што подразбираат не само движење надвор од институционалниот простор, како што се многу различни интервенции и партиципативни проекти, можеме да откриеме алтернативни модели на интеракција, како во физичкиот така и во виртуелниот простор.

Честопати се чини дека оваа неизбежна борба за заедничкото ја трансформира културната сфера и културните работници во девијантна група, заедница која навистина е последната одбрана во поттикнувањето на критичкото размислување и предизвикувањето на статус квото.

Затоа, исто така, ја сметаме за неопходна анализата на стратегиите што се користат за привлекување разновидна публика од различни социоекономски средини и за создавање на основа за дијалог, како и прифаќањето на вакви проекти во прекарни општествени средини и различна публика која е повикана и засегната.

Артикулирањето на идиосинкратичните уметнички јазици за да се пренесе јасна порака, станува алармантни ако се погледне во светлината на мим-војните и кооптирањето на некои уметнички стратегии од страна на ултрадесничарските групи или, пак, авторитарни режими. Спротивставувањето на опасните фундаменталистички националистички идеи за „заедничкото“ кои успеваат да ги поларизираат општествата и да ги мобилизираат масите ширум светот, е од клучно значење. Некои од основните прашања што би сакале да ги поставиме се во врска со улогата на кураторите, нивните мотивации, како и сличностите и разликите помеѓу кураторската работа и различните аспекти на социјалниот инженеринг; традициите на институционалната критика и преклопувањето или бришењето на линијата на кураторското и уметничкото; улогата на технологијата, пристапот до неа и опасностите од алгоритамската индивидуализација и имобилизација.

Во дезинтегрирачкиот пост-глобалистички уметнички свет, ние неуморно и постојано ја нагласуваме важноста од поврзување, мобилизација, градење мрежи и засилување на гласовите на заедниците преку современите кураторски и уметнички практики – во овој случај и поконкретно преку примери и практичари од постјугословенскиот контекст, вели Владимир Јанчевски.

The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија во МСУ appeared first on Република.

]]>

Годишниот симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија, насловен „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, ќе се одржи утре, на 21-ви октомври (петок), со почеток од 12 часот во Музејот на современа уметност во Скопје. Работната сесија на програмата вклучува излагања и дискусија на тема „Курирање на јавното, курирање на заедничкото“, конципирана и модерирана од Владимир Јанчевски. Учесници на симпозиумот се Ивана Мештров и Силва Калчиќ (Хрватска), Маја Ќириќ (Србија), Јане Чаловски, Биљана Тануровска – Ќулавковски и Клелија Живковиќ (Македонија).
Повеќе од три децении откако стана општо прифатено дека историјата конечно заврши, отворајќи ја вратата за униполарен свет за кој се веруваше дека го опфаќа и го вклучува целото човештво, се наоѓаме себеси разочарани и во неизвесна сегашност - веројатно најопасната и најнепријателската средина од Втората светска војна наваму. Денес постојано се потсетуваме дека функционалната демократија зависи од јавната сфера - исто така се и практиките на создавање слики, а поконкретно уметностите - кои се нужно дел од она што беше, или сè уште веруваме дека е, неопходен услов sine qua non за размислување на заедничкото. Разгледувањето на капитализмот и уништувањето на заедничкото особено во сегашната фаза на неолибералниот капитализам, преку критиката на политиката на заедничкото од различни перспективи, може да создаде нови решенија не само за нашиот економски опстанок, туку и за изградба на свет ослободен од постојните хиерархии и поделби. Дефинирањето на заедничкото како споделени добра и знаења на различни групи поврзани со само-организирани движења и отпор, ние целиме кон обновено промислување на самиот поим на јавното/јавноста и заедничкото: како автономни простори од кои може да се предизвикаат постојните угнетувачки хиерархии кои ги контролираат и ги организираат работата и трудот, распределбата на основните ресурси, процесите кои ги искористуваат заедничките добра и го загрозуваат животот на Земјата. Пред да поставиме кое било друго прашање во врска со улогата на светот на уметноста, должни сме да ги преиспитаме актуелните дебати за тоа што ја сочинува јавноста и заедничкото во плуралистичките демократски општества и нужно да ги поврземе со концептите што ја дефинираат кураторската работа - не толку како хиерархиски структурирано управување, туку како порадикален дехиерархиски фокус на интеграција и грижа. Примарната функција и потенцијал на кураторските практики е да бидат мост помеѓу уметниците, специфичните локации, места за настани и јавноста, притоа преиспитувајќи ги материјалните и општествените односи. Имајќи ги предвид различните концепции за јавноста што подразбираат не само движење надвор од институционалниот простор, како што се многу различни интервенции и партиципативни проекти, можеме да откриеме алтернативни модели на интеракција, како во физичкиот така и во виртуелниот простор. Честопати се чини дека оваа неизбежна борба за заедничкото ја трансформира културната сфера и културните работници во девијантна група, заедница која навистина е последната одбрана во поттикнувањето на критичкото размислување и предизвикувањето на статус квото. Затоа, исто така, ја сметаме за неопходна анализата на стратегиите што се користат за привлекување разновидна публика од различни социоекономски средини и за создавање на основа за дијалог, како и прифаќањето на вакви проекти во прекарни општествени средини и различна публика која е повикана и засегната. Артикулирањето на идиосинкратичните уметнички јазици за да се пренесе јасна порака, станува алармантни ако се погледне во светлината на мим-војните и кооптирањето на некои уметнички стратегии од страна на ултрадесничарските групи или, пак, авторитарни режими. Спротивставувањето на опасните фундаменталистички националистички идеи за „заедничкото“ кои успеваат да ги поларизираат општествата и да ги мобилизираат масите ширум светот, е од клучно значење. Некои од основните прашања што би сакале да ги поставиме се во врска со улогата на кураторите, нивните мотивации, како и сличностите и разликите помеѓу кураторската работа и различните аспекти на социјалниот инженеринг; традициите на институционалната критика и преклопувањето или бришењето на линијата на кураторското и уметничкото; улогата на технологијата, пристапот до неа и опасностите од алгоритамската индивидуализација и имобилизација. Во дезинтегрирачкиот пост-глобалистички уметнички свет, ние неуморно и постојано ја нагласуваме важноста од поврзување, мобилизација, градење мрежи и засилување на гласовите на заедниците преку современите кураторски и уметнички практики – во овој случај и поконкретно преку примери и практичари од постјугословенскиот контекст, вели Владимир Јанчевски.

The post Годишен симпозиум на Здружението на ликовни критичари – АИКА Македонија во МСУ appeared first on Република.

]]>