Симонида Кацарска Archives - Република https://republika.mk/tema/simonida-kacarska/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Jun 2023 12:14:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Симонида Кацарска Archives - Република https://republika.mk/tema/simonida-kacarska/ 32 32 Кацарска: Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот претстоен Извештај https://republika.mk/vesti/makedonija/katsarska-sluchuvanata-vo-sudskiot-sovet-se-predmet-na-sledene-i-monitoring-i-na-nashiot-pretstoen-izveshtaj/ Wed, 07 Jun 2023 12:14:45 +0000 https://republika.mk/?p=648843

Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот Извештај што претстои наесен и тие претставуваат голем чекор наназад, во однос на некои оценки што ЕУ го даваше за нашето правосудство, вели Симонида Кацарска, директорка, Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје.

Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на дискусијата „Мониторинг на владеењето на правото за земјите-членки на ЕУ и кандидатите: Премостување на јазот“, Кацарска посочи дека независноста на судството е еден од клучните постулати на Поглавјето 23, меѓутоа треба да се гледа пошироко, бидејќи тоа е основата на кластерот „основи“.

Несомнено случувањата во Судскиот совет, нема да бидат предмет само на холандскиот амбасадор. Се предмет на следење и мониторинг и на нашиот Извештај што претстои наесен. Ќе бидат основа за подготвување на акциските планови за владеење на правото - изјави Кацарска.

Според Кацарска, постои сомневање дали судската фела има капацитет сама да се избори за независност.

Овој модел на управување во судството е воведен 2005 година, под препорака на ЕУ. Јасно е дека кај нас во моментот постои сомневање дали судската фела го има капацитетот сама да се избори за интегритет внатре, бидејќи тоа е прашањето кое е на агендата и веројатно оваа епизода ќе потрае уште неколку месеци - изјави Кацарска.

ЕУ, посочи Кацарска, подолг период бара начини како да го подобри мониторингот во владеењето на правото.

Во голема мера, во нашиот случај сега тоа ќе биде врзано со преговорите и со акциските планови кои што треба да се подготват од страна на државата и да се одобрат од ЕУ - изјави Кацарска.

Според неа, за нас е многу подобро да ги добиеме скрининг извештаите многу порано, за да може да видиме што проценила Комисијата и како ние внатре ќе се спремиме.

Јасно е дека ЕК мора да посвети многу повеќе мониторинг на областите судство, меѓутоа и на областите на човековите права, што не беше случај во голема мера во изминатиот период, особено во овој сегмент - изјави Кацарска.

Во контекст на поларизацијата, Кацарска, смета дека ќе мора да работиме на градење на консензус, на еден или на друг начин.

Двотретинското мнозинство ќе биде неопходно за закони, меѓутоа консензусот во општеството ќе биде потребен за спроведување на било какви долгорочни реформи во контекст на пристапувањето. Многу тешко е да може да видиме ефикасно водење на преговорите, без минимум консензус - нагласи Кацарска.

The post Кацарска: Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот претстоен Извештај appeared first on Република.

]]>

Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот Извештај што претстои наесен и тие претставуваат голем чекор наназад, во однос на некои оценки што ЕУ го даваше за нашето правосудство, вели Симонида Кацарска, директорка, Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје. Одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на дискусијата „Мониторинг на владеењето на правото за земјите-членки на ЕУ и кандидатите: Премостување на јазот“, Кацарска посочи дека независноста на судството е еден од клучните постулати на Поглавјето 23, меѓутоа треба да се гледа пошироко, бидејќи тоа е основата на кластерот „основи“.
Несомнено случувањата во Судскиот совет, нема да бидат предмет само на холандскиот амбасадор. Се предмет на следење и мониторинг и на нашиот Извештај што претстои наесен. Ќе бидат основа за подготвување на акциските планови за владеење на правото - изјави Кацарска.
Според Кацарска, постои сомневање дали судската фела има капацитет сама да се избори за независност.
Овој модел на управување во судството е воведен 2005 година, под препорака на ЕУ. Јасно е дека кај нас во моментот постои сомневање дали судската фела го има капацитетот сама да се избори за интегритет внатре, бидејќи тоа е прашањето кое е на агендата и веројатно оваа епизода ќе потрае уште неколку месеци - изјави Кацарска.
ЕУ, посочи Кацарска, подолг период бара начини како да го подобри мониторингот во владеењето на правото.
Во голема мера, во нашиот случај сега тоа ќе биде врзано со преговорите и со акциските планови кои што треба да се подготват од страна на државата и да се одобрат од ЕУ - изјави Кацарска.
Според неа, за нас е многу подобро да ги добиеме скрининг извештаите многу порано, за да може да видиме што проценила Комисијата и како ние внатре ќе се спремиме.
Јасно е дека ЕК мора да посвети многу повеќе мониторинг на областите судство, меѓутоа и на областите на човековите права, што не беше случај во голема мера во изминатиот период, особено во овој сегмент - изјави Кацарска.
Во контекст на поларизацијата, Кацарска, смета дека ќе мора да работиме на градење на консензус, на еден или на друг начин.
Двотретинското мнозинство ќе биде неопходно за закони, меѓутоа консензусот во општеството ќе биде потребен за спроведување на било какви долгорочни реформи во контекст на пристапувањето. Многу тешко е да може да видиме ефикасно водење на преговорите, без минимум консензус - нагласи Кацарска.

The post Кацарска: Случувањата во Судскиот совет се предмет на следење и мониторинг и на нашиот претстоен Извештај appeared first on Република.

]]>
Кацарска: Рамно на чудо е да очекуваме некаков договор помеѓу Скопје и Софија за францускиот предлог, но одлуката е на политичките актери https://republika.mk/vesti/makedonija/kacarska-ramno-na-chudo-e-da-ochekuvame-nekakov-dogovor-pomegju-skopje-i-sofija-za-francuskiot-predlog-no-odlukata-e-na-politichkite-akteri/ Wed, 29 Jun 2022 10:41:48 +0000 https://republika.mk/?p=521059

На ден до крајот на француското претседателство, рамно на чудо е очекувањето на некаков евентуален договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава, но тоа е одговорност на политичкото раководство, изјави директорката на Институтот за европски полотики – ЕПИ, Симонида Кацарска.

Мене ми е многу тешко да видам дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на она што го нарековте „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо до утре, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина - изјави Кацарска.

Таа смета земјава мора да работи со државите членки коишто не поддржуваат.

Реформските аспекти не смеат да паднат во нивното значење што ќе биде многу тешко, меѓутоа секако тоа е одговорност на политичките актери коишто би ја донеле одлуката да ги започнат преговорите во овие или оние услови, смета Кацарска прашана за очекувањата за некаков евентуален договор и „пеглање“ на разликите помеѓу Македонија и Бугарија апропо бугарскиот предлог што помина кај нив во Собрание, којшто се коси со македонските црвени линии и што се очекува доколку нема договор до утре.

Франција утре го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.

The post Кацарска: Рамно на чудо е да очекуваме некаков договор помеѓу Скопје и Софија за францускиот предлог, но одлуката е на политичките актери appeared first on Република.

]]>

На ден до крајот на француското претседателство, рамно на чудо е очекувањето на некаков евентуален договор за разликите помеѓу Македонија и Бугарија во однос на предлогот на Франција за тргање на ветото и деблокада на евроинтеграциите на земјава, но тоа е одговорност на политичкото раководство, изјави директорката на Институтот за европски полотики – ЕПИ, Симонида Кацарска.
Мене ми е многу тешко да видам дека за еден ден ќе може да направиме клучен пробив во однос на она што го нарековте „пеглање“ на разликите поради документите коишто беа усвоени во бугарското Собрание и нашите црвени линии. Очекувам дека чешкото претседателство ќе го преземе ова доколку не видиме некое чудо до утре, меѓутоа веројатно со смален интензитет од она што работеше француското претседателство. Кај Чешка мислам дека примарниот фокус е Украина, како што знаеме, веројатно и Самитот којшто требаше да биде за Западниот Балкан од она што се последни најави е дека истиот ќе биде за Украина - изјави Кацарска.
Таа смета земјава мора да работи со државите членки коишто не поддржуваат. Реформските аспекти не смеат да паднат во нивното значење што ќе биде многу тешко, меѓутоа секако тоа е одговорност на политичките актери коишто би ја донеле одлуката да ги започнат преговорите во овие или оние услови, смета Кацарска прашана за очекувањата за некаков евентуален договор и „пеглање“ на разликите помеѓу Македонија и Бугарија апропо бугарскиот предлог што помина кај нив во Собрание, којшто се коси со македонските црвени линии и што се очекува доколку нема договор до утре. Франција утре го завршува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ. Од 1 јули со ЕУ ќе претседава Чешката Република. Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.