Силвестри Archives - Република https://republika.mk/tema/silvestri/ За подобро да се разбереме Tue, 14 May 2024 13:10:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Силвестри Archives - Република https://republika.mk/tema/silvestri/ 32 32 Средба на претседателката Сиљановска Давкова со италијанскиот амбасадор Силвестри https://republika.mk/vesti/makedonija/sredba-na-pretsedatelkata-silanovska-davkova-so-italijanskiot-ambasador-silvestri/ Tue, 14 May 2024 13:10:27 +0000 https://republika.mk/?p=778021

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Италијанската Република, Андреа Силвестри.

На средбата амбасадорот Силвестри ѝ честита на изборот на претседателката Сиљановска Давкова и ѝ посака успешно извршување на претседателската функција.

Претседателката Сиљановска Давкова истакна дека двете земји имаат традиционално пријателски односи и изрази силна подготвеност за натамошно унапредување на политичкиот дијалог и интензивирање на севкупните билатерални односи со Италијанската Република, преку засилување на постоечките и изнаоѓање на нови можности за соработка.

На средбата беа разменети мислења за текот и натамошните чекори во однос на евроинтеграциите на земјава, при што претседателката истакна дека ќе се залага за широк општествен консензус во однос на прилагодување на македонското со европското законодавство, со цел доследно исполнување на реформските процеси и зголемување на кредибилитетот на процесот на проширување на Европската Унија.

Претседателката изрази благодарност за досегашната улога и пристап на Италијанската Република во поддршката за целиот регион во врска со процесот на европските интеграции и укажа на позитивниот однос на официјален Рим при надминување на споровите со своите соседи при приемот на нови членки во Унијата.

Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова изрази надеж дека Италијанската Република и во иднина принципиелно ќе ја поддржува земјава во мериторниот процес на исполнување на европските критериуми со цел забрзана интеграција на земјава во ЕУ, што претставува заеднички интерес за поширокиот регион.

The post Средба на претседателката Сиљановска Давкова со италијанскиот амбасадор Силвестри appeared first on Република.

]]>

Андреа Силвестри: Неопходно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкраток можен рок https://republika.mk/vesti/makedonija/andrea-silvestri-neophodno-e-da-se-usvoi-pregovarachkata-ramka-za-makedonija-i-albanija-vo-najkratok-mozen-rok/ Sat, 04 Jun 2022 14:57:09 +0000 https://republika.mk/?p=511132

Пристапувањето на Македонија и Западен Балкан во ЕУ претставува јасен приоритет и затоа е неопходно преговарачката рамка за Македонија и Албанија да се усвои во најкраток можен рок, смета амбасадорот на Италија, Андреа Силвестри. Тој се надева дека до крајот на месецот сите засегнати страни ќе направат обид таа цел да се постигне.

За нас претставува јасен приоритет пристапувањето на Македонија и Западен Балкан не само во интерес на нивниот просперитет, туку и безбедност, особено сега. Затоа неопходно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкраток можен рок“, рече Андреа Силвестри, амбасадор на Република Италија.

Силвестри кој присуствуваше во Струмица на одбележувањето на денот на пријателството помеѓу Македонија и Италија односите на двете земји ги оцени како извонредни кои уште повеќе се зацврстиле по неодамнешната посета на македонската владина делегација на Рим.

The post Андреа Силвестри: Неопходно е да се усвои преговарачката рамка за Македонија и Албанија во најкраток можен рок appeared first on Република.