силувано Archives - Република https://republika.mk/tema/siluvano/ За подобро да се разбереме Wed, 24 May 2023 17:43:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png силувано Archives - Република https://republika.mk/tema/siluvano/ 32 32 Силувано девојче во Кичево https://republika.mk/vesti/crna-hronika/siluvano-devojche-vo-kichevo/ Wed, 24 May 2023 17:46:42 +0000 https://republika.mk/?p=644339

Вчера во 00:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е К.М.(18) од Прилеп, со привремено прстојувалиште во Кичево.

Тој, претходно, кај Сточниот пазар во Кичево, извршил полови дејствија врз малолетничка, информираат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Силувано девојче во Кичево appeared first on Република.

]]>

Вчера во 00:30 часот, во ОВР Кичево лишен од слобода е К.М.(18) од Прилеп, со привремено прстојувалиште во Кичево. Тој, претходно, кај Сточниот пазар во Кичево, извршил полови дејствија врз малолетничка, информираат од СВР Охрид. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Силувано девојче во Кичево appeared first on Република.

]]>
Уапсен педофил во Гевгелија, силувал малолетник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-pedofil-vo-gevgelija-siluval-maloletnik/ Mon, 03 Oct 2022 13:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=556866

Вчера во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од Гевгелија затоа тоа што извршил обљуба врз малолетник од истиот град.

Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, лицето било задржано во Полициската станица во Гевгелија, а за настанот било запознат и јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.

Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по документирање на случајот во текот на денот осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

The post Уапсен педофил во Гевгелија, силувал малолетник appeared first on Република.

]]>

Вчера во 15:20 часот полицијата го уапсила Ѓ.А. (61) од Гевгелија затоа тоа што извршил обљуба врз малолетник од истиот град. Според портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, лицето било задржано во Полициската станица во Гевгелија, а за настанот било запознат и јавен обвинител од ОЈО Гевгелија. Од полицијата не соопштуваат повеќе детали, освен дека по документирање на случајот во текот на денот осомничениот ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Гевгелија.

The post Уапсен педофил во Гевгелија, силувал малолетник appeared first on Република.

]]>
Протест и кај „Скендербег“ по силувањето на 11-годишното девојче во Косово https://republika.mk/vesti/skopje/protest-i-kaj-skenderbeg-po-siluvanjeto-na-11-godishnoto-devojche-vo-kosovo/ Wed, 31 Aug 2022 18:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=546197

 „Ниедна девојка не „го бара““, „Насилството не е оправдано“, „Солидарност со Приштина“, „За да не ги браните ќерките, едуцирајте ги синовите“, „Не ме пипај“ и „Не значи, значи не“, беа дел од транспарентите кои група граѓани денеска ги истакна на плоштадот Скендербег во Скопје, во знак на протест против насилството врз жените и девојчињата откако пред три дена во парк во Приштина пет лица околу седум часа силувале 11-годишно девојче.

Организаторите на протестот порачаа дека денеска протестираат против насилството што се случува, и порачаа до институциите да преземат мерки со цел спречување на слични дела во иднина. Тие истакнаа дека секој од нас е потенцијална жртва и токму затоа треба преку солидарност, едукација и поддршка сите да се едуцираат и информираат.

Во врска со овој случај, уапсени се пет машки лица, од кои на четворица им е изречена едномесечен притвор, додека, на петтиот се очекува денеска да му биде изречена казна. Меѓу уапсените има и тројца малолетници.

Илјадници луѓе се собраа денеска и во Приштина на протест што го организираше невладината организација Колектив за феминистичка мисла и дејствување.

По маршот низ центарот на Приштина, учесниците на протестот застанаа пред зградата на косовската Влада, каде фрлија црвена боја на влезната врата. Потоа седнаа пред влезот извикувајќи слогани против насилството врз жените.

Црвена боја беше фрлена и на влезната врата на Министерството за правда на Косово и на зградата на Судскиот и обвинителскиот совет на Косово.

Во меѓувреме, како што соопшти министерот за внатрешни работи на Приштина, Џелал Светла, директорот на тамошната полиција, Самедин Мехмети,  поднел оставка од функцијата поради случај на силување.

The post Протест и кај „Скендербег“ по силувањето на 11-годишното девојче во Косово appeared first on Република.