силување Archives - Република https://republika.mk/tema/siluvanje/ За подобро да се разбереме Wed, 20 Nov 2024 14:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png силување Archives - Република https://republika.mk/tema/siluvanje/ 32 32 Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ која злоупотребуваше 14-годишно девојче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zatvor-za-site-13-obvineti-od-veleshkata-grupa-koja-zloupotrebuvashe-14-godishno-devojche/ Wed, 20 Nov 2024 14:43:56 +0000 https://republika.mk/?p=840004

Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва.

Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.

С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.

Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

The post Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ која злоупотребуваше 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>

Основниот кривичен суд Скопје попладнево ја објави пресудата за предметот против 13 лица обвинети за кривични дела Трговија со малолетно дете, Силување и Прикажување порнографски материјали на малолетник. Се работи за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал​ со дете-жртва. Судот соопшти дека сите 13 обвинети се виновни за кривичните дела кои им се ставаат на товар и на сите им се изречени затворски казни, „имајќи ги предвид сите олеснителни и отежителни околности“.
С.Д. на казна затвор од 5 години и 6 месеци, Д.С., и Д.Н. на казна затвор од 4 години и 6 месеци, Т.И., С.Н. на казна затвор од 4 години, А.Ф., Б.Ф., А.З., Т.Л., Р.В., на казна затвор од 1 години 6 месеци, К.Т., на казна затвор од 1 година и 3 месеци, а обвинетиот Б.К. му изрече условна осуда од две години затвор која нема да се реализира доколку следните пет години не стори ново кривично дела како мерка заштитен надзор, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
На првите пет осудени лица Судот им определи мерка куќен притвор до правосилноста на постапката. Осудените се задолжуваат и да ги надоместат судските трошоци за постапката како и трошоците за застапување на обвинетата.
Како што беше кажано и за време на изреката на пресудата: Станува збор за кривично-правена постапка кој во текот на главната расправа, по предлог на Јавниот обвинител, но и заради одредбите од ЗКП, со оглед дека оштетената во периодот на сторување на кривичното дело била малолетна, беше затворена за јавноста. Но, согласно добиените решенија од Врховниот суд на РСМ, со кои на претставници на медиумите им беше дозволено снимање и фотографирање на расправа, како и заложбите на Кривичниот суд за поголема отвореност и транспарентност на постапките, а притоа имајќи го предвид и јавниот интерес за конкретниот предмет, денешната објава на пресудата беше отворена за јавноста во делот на изреката и беше дозволено снимање и покрај своеволната одлука на дел од обвинетите да ја напуштат судницата за време на снимањето. Додека пак при објава на диспозитивот на пресудата, јавноста беше исклучена, пред се, заради заштита на податоците за жртвата, а имајќи ја предвид и судската праска на Европскиот суд за човекови права, појаснува Основниот кривичен суд по објавувањето на пресудата.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција во јануари годинава го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Инстаграм остварил комуникација со тогаш четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво консумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор.

The post Затвор за сите 13 обвинети од „велешката група“ која злоупотребуваше 14-годишно девојче appeared first on Република.

]]>
Денеска пресуда за групата мажи обвинети за секуалното злоупотребување на 14-годишното девојче од Велес https://republika.mk/vesti/crna-hronika/deneska-presuda-za-grupata-mazhi-obvineti-za-sekualnoto-zloupotrebuvane-na-14-godishnoto-devojche-od-veles/ Wed, 20 Nov 2024 07:09:48 +0000 https://republika.mk/?p=839742

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ со дете-жртва.

Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија.

Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби.

Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето.

Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум тригодишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.

The post Денеска пресуда за групата мажи обвинети за секуалното злоупотребување на 14-годишното девојче од Велес appeared first on Република.

]]>

Во Основен кривичен суд Скопје денеска во 13:30 часот ќе биде изречена пресудата за случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ со дете-жртва. Во јануари годинава, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го објави случајот, во кој првоосомничениот, 25-годишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закани над детето-жртва, им овозможил на останатите осомничени и на други непознати лица да вршат полови дејствија со жртвата. Овие дејствија вклучувале сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Според обвинителството, првоосомничениот преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче и ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал, кој потоа го користел како закана за да ја присили жртвата да доаѓа на други средби. Забавите се случувале во станови на повеќе локации во Велес, каде присуствувале повеќемина кои прво конзумирале дрога и алкохол, а потоа вршеле полови дејствија врз детето. Обвинение беше поднесено против 15 лица, од кои двајца се спогодија со Обвинителството и добија условни казни. Од останатите 13 обвинети, 12 се во притвор, а еден е во куќен притвор. Дел од обвинетите се соочуваат со минимум тригодишни затворски казни, додека дел со минимум осум години затвор.

The post Денеска пресуда за групата мажи обвинети за секуалното злоупотребување на 14-годишното девојче од Велес appeared first on Република.

]]>
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување https://republika.mk/vesti/svet/sinot-na-norveshkata-printseza-e-uapsen-poradi-siluvane/ Tue, 19 Nov 2024 11:14:09 +0000 https://republika.mk/?p=839578

Норвешката полиција денеска соопшти дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен поради сомневање за силување.

Во соопштението на полицијата се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој е син на принцезата од нејзина врска пред таа во 2001 година да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен синоќа.

Тој е осомничен за кршење на кривичниот закон поврзан со „сексуален однос со лице кое е во несвест или од други причини не може да се спротивстави“, се вели во соопштението.

Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не била во состојба да пружи отпор, додаваат од полицијата, пишува „Дејли мејл“.

The post Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување appeared first on Република.

]]>

Норвешката полиција денеска соопшти дека 27-годишниот син на норвешката принцеза Мете-Марит е уапсен поради сомневање за силување. Во соопштението на полицијата се наведува дека Мариус Борг Хојби, кој е син на принцезата од нејзина врска пред таа во 2001 година да се омажи за престолонаследникот Хакон во 2001 година, бил уапсен синоќа. Тој е осомничен за кршење на кривичниот закон поврзан со „сексуален однос со лице кое е во несвест или од други причини не може да се спротивстави“, се вели во соопштението.
Она што полицијата може да го каже за силувањето е дека тоа е сексуален чин без сексуален однос. Жртвата, како што се тврди, не била во состојба да пружи отпор, додаваат од полицијата, пишува „Дејли мејл“.

The post Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување appeared first on Република.

]]>
Силувана 20-годишна девојка, уапсен партнерот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/siluvana-20-godishna-devojka-uapsen-partnerot/ Thu, 31 Oct 2024 14:55:24 +0000 https://republika.mk/?p=832818

Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко заради сомневање дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село со која живее во вонбрачна заедница, соопштија денеска од СВР Струмица.

Според информацијата, осомничениот бил уапсен вчера во 18:45 часот и бил задржан во Полициската станица во Струмица.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Силувана 20-годишна девојка, уапсен партнерот appeared first on Република.

]]>

Полицијата уапсила 27-годишен жител на струмичко заради сомневање дека извршил обљуба врз 20-годишна жителка на радовишко село со која живее во вонбрачна заедница, соопштија денеска од СВР Струмица. Според информацијата, осомничениот бил уапсен вчера во 18:45 часот и бил задржан во Полициската станица во Струмица. За настанот бил запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица и по документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Силувана 20-годишна девојка, уапсен партнерот appeared first on Република.

]]>
Жерар Депардје побара одложување на судењето за силување поради здравствени причини https://republika.mk/scena/estrada/zherar-depardje-pobara-odlozhuvane-na-sudeneto-za-siluvane-poradi-zdravstveni-prichini/ Mon, 28 Oct 2024 16:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=831778

На рочиште пред Судот во Париз, од судскиот процес против францускиот глумец Жерар Депардје, адвокатот на обвинетиот побара одложување. Како причина е наведено неговото нарушено здравје, пишува весникот „Фигаро“.

Жерар Депардје е многу погоден од овие обвинувања и, за жал, неговите лекари му забранија да присуствува на рочиштето, поради што тој ќе побара одложување за подоцнежен датум за да може да присуствува на постапката, изјави адвокатот Жереми Асу.

Депардје е обвинет за сексуално насилство од две жени, коешто наводно се случило на снимањето на филмот на режисерот Жан Бекер - „Зелени ролетни“ (Les volets verts), во 2021 година. Имињата на двете жени-тужителки не се објавени. Против еден од најпознатите француски глумци се поднесени и бројни слични пријави, па можни се и други правни постапки.

Во февруари, една од тужителките - филмска работничка од областа на сценографијата која сега има 55 години, рече дека претрпела сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди додека била ангажирана за филмот. Несоодветното однесување наводно се случило во приватна ку

The post Жерар Депардје побара одложување на судењето за силување поради здравствени причини appeared first on Република.

]]>

На рочиште пред Судот во Париз, од судскиот процес против францускиот глумец Жерар Депардје, адвокатот на обвинетиот побара одложување. Како причина е наведено неговото нарушено здравје, пишува весникот „Фигаро“.
Жерар Депардје е многу погоден од овие обвинувања и, за жал, неговите лекари му забранија да присуствува на рочиштето, поради што тој ќе побара одложување за подоцнежен датум за да може да присуствува на постапката, изјави адвокатот Жереми Асу.
Депардје е обвинет за сексуално насилство од две жени, коешто наводно се случило на снимањето на филмот на режисерот Жан Бекер - „Зелени ролетни“ (Les volets verts), во 2021 година. Имињата на двете жени-тужителки не се објавени. Против еден од најпознатите француски глумци се поднесени и бројни слични пријави, па можни се и други правни постапки. Во февруари, една од тужителките - филмска работничка од областа на сценографијата која сега има 55 години, рече дека претрпела сексуален напад, сексуално вознемирување и сексистички навреди додека била ангажирана за филмот. Несоодветното однесување наводно се случило во приватна ку

The post Жерар Депардје побара одложување на судењето за силување поради здравствени причини appeared first on Република.

]]>
Маж од Гана силуваше скопјанка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-od-gana-siluvashe-skopjanka/ Sun, 27 Oct 2024 19:25:20 +0000 https://republika.mk/?p=831466

Вчеравечер во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во изнајмена соба на подрачјето на Кисела Вода, П.А.(27) од Гана извршил обљуба врз неговата 32-годишна партнерка од Скопје, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Маж од Гана силуваше скопјанка appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 22:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во изнајмена соба на подрачјето на Кисела Вода, П.А.(27) од Гана извршил обљуба врз неговата 32-годишна партнерка од Скопје, информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Маж од Гана силуваше скопјанка appeared first on Република.

]]>
62-годишник се обидел да силува 30-годишна девојка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/62-godishnik-se-obidel-da-siluva-30-godishna-devojka/ Fri, 25 Oct 2024 08:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=830773

Маж на возраст од 62 години во Штип се обидел да силува 30-годишна девојка, објавија од полицијата.

Според она што стои во полицискиот билтен, пред два дена полициски службеници при СВР Штип лишиле од слобода лице(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение дека на 05.10.2024 се обидел да изврши обљуба над 30-годишна девојка од штипско.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

The post 62-годишник се обидел да силува 30-годишна девојка appeared first on Република.

]]>

Маж на возраст од 62 години во Штип се обидел да силува 30-годишна девојка, објавија од полицијата. Според она што стои во полицискиот билтен, пред два дена полициски службеници при СВР Штип лишиле од слобода лице(62) од штипско село поради постоење основи на сомнение дека на 05.10.2024 се обидел да изврши обљуба над 30-годишна девојка од штипско. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

The post 62-годишник се обидел да силува 30-годишна девојка appeared first on Република.

]]>
На јутјуб призна дека силувал девојка, сега е осуден e на 6 години затвор https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/na-jutjub-prizna-deka-siluval-devojka-sega-e-osuden-e-na-6-godini-zatvor/ Sun, 20 Oct 2024 06:56:46 +0000 https://republika.mk/?p=828962

Инфлуенсерот Крег Страхан (33) е осуден на шест години затвор откако признал дека силувал девојка.

Како што открија обвинителите на судењето, Крег имал 21 година кога ја силувал својата жртва во дом во Единбург во 2013 година. Тие биле во кревет, каде што тој непримерно ја допирал по телото, а кога се разбудила сфатила дека ја силувал.

Неговото име е запишано во регистарот на сексуални предатори, а исто така му е забрането да се обидува да контактира со жртвата во следните 20 години.

Ништо од ова можеби немаше да биде толку јавно доколку јутјуберот и поранешен диџеј не признаеше што направил во видеото на YouTube.

Тој откри дека бил под дејство на психоактивни супстанции. Крег потоа сподели и дека „го пронашол Бог“ во 2019 година, бидејќи постојано се чувствувал лошо земајќи предвид дека поради својата работа станувал се’ попознат во Единбург.

Однатре ме јадеше. Размислував за самоубиство. Станував популарен, а таа сенка ме следеше – изјави тогаш.

Тој почна вебинар на својот канал на YouTube, во кој зборуваше за тоа како луѓето можат да најдат сила да си простат.

Неговото признание можете да го погледнете ТУКА.

The post На јутјуб призна дека силувал девојка, сега е осуден e на 6 години затвор appeared first on Република.

]]>

Инфлуенсерот Крег Страхан (33) е осуден на шест години затвор откако признал дека силувал девојка. Како што открија обвинителите на судењето, Крег имал 21 година кога ја силувал својата жртва во дом во Единбург во 2013 година. Тие биле во кревет, каде што тој непримерно ја допирал по телото, а кога се разбудила сфатила дека ја силувал. Неговото име е запишано во регистарот на сексуални предатори, а исто така му е забрането да се обидува да контактира со жртвата во следните 20 години. Ништо од ова можеби немаше да биде толку јавно доколку јутјуберот и поранешен диџеј не признаеше што направил во видеото на YouTube. Тој откри дека бил под дејство на психоактивни супстанции. Крег потоа сподели и дека „го пронашол Бог“ во 2019 година, бидејќи постојано се чувствувал лошо земајќи предвид дека поради својата работа станувал се’ попознат во Единбург. Однатре ме јадеше. Размислував за самоубиство. Станував популарен, а таа сенка ме следеше – изјави тогаш. Тој почна вебинар на својот канал на YouTube, во кој зборуваше за тоа како луѓето можат да најдат сила да си простат. Неговото признание можете да го погледнете ТУКА.

The post На јутјуб призна дека силувал девојка, сега е осуден e на 6 години затвор appeared first on Република.

]]>
Шведска истражува силување во кое можеби е вмешан Мбапе https://republika.mk/sport/fudbal/shvedska-istrazhuva-siluvane-vo-koe-mozhebi-e-vmeshan-mbape/ Tue, 15 Oct 2024 10:28:07 +0000 https://republika.mk/?p=827051

Шведското обвинителство отвори истрага за силување во локален хотел, во кое можеби е вмешан напаѓачот на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, објави „Франс прес“.

Обвинителството одби да ги именува осомничените.

На 14 октомври се појави информација дека се случило силување во хотел во центарот на Стокхолм. Мбапе пред неколку дена престојувал во истиот хотел со своето семејство, како и со поранешниот соиграч од ПСЖ, Норди Мукиеле.

Фудбалерот ги демантираше информациите за неговата вмешаност во инцидентот.

Оваа сезона 25-годишниот Французин одигра 11 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна седум голови и една асистенција

 

The post Шведска истражува силување во кое можеби е вмешан Мбапе appeared first on Република.

]]>

Шведското обвинителство отвори истрага за силување во локален хотел, во кое можеби е вмешан напаѓачот на Реал Мадрид и на француската репрезентација, Килијан Мбапе, објави „Франс прес“. Обвинителството одби да ги именува осомничените. На 14 октомври се појави информација дека се случило силување во хотел во центарот на Стокхолм. Мбапе пред неколку дена престојувал во истиот хотел со своето семејство, како и со поранешниот соиграч од ПСЖ, Норди Мукиеле. Фудбалерот ги демантираше информациите за неговата вмешаност во инцидентот. Оваа сезона 25-годишниот Французин одигра 11 натпревари за Реал во сите натпреварувања, постигна седум голови и една асистенција  

The post Шведска истражува силување во кое можеби е вмешан Мбапе appeared first on Република.

]]>
Тинејџер силувал 14-годишно девојче од Скопје кое било пријавено како исчезнато https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tinejdher-siluval-14-godishno-devojche-od-skopje-koe-bilo-prijaveno-kako-ischeznato/ Sat, 28 Sep 2024 15:15:22 +0000 https://republika.mk/?p=820581

14-годишно девојче од Скопје, по кое два дена трагала полицијата, било силувано од 18-годишник, пријавила старателката на девојчето, според МВР.

На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј. од Скопје пријавила дека во периодот од 25.09.2024 до 27.09.2024, додека била пријавена за исчезната, врз нејзината 14 – годишна штитеничка била извршена обљуба од лицето С.И.(18) од Скопје“, се вели во полициското соопштение.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

The post Тинејџер силувал 14-годишно девојче од Скопје кое било пријавено како исчезнато appeared first on Република.

]]>

14-годишно девојче од Скопје, по кое два дена трагала полицијата, било силувано од 18-годишник, пријавила старателката на девојчето, според МВР. На 27.09.2024 во 20.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј. од Скопје пријавила дека во периодот од 25.09.2024 до 27.09.2024, додека била пријавена за исчезната, врз нејзината 14 – годишна штитеничка била извршена обљуба од лицето С.И.(18) од Скопје“, се вели во полициското соопштение. МВР презема мерки за расчистување на случајот.

The post Тинејџер силувал 14-годишно девојче од Скопје кое било пријавено како исчезнато appeared first on Република.

]]>
Не сакал да прифати дека раскинале, ја нападнал со остар предмет https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ne-sakal-da-prifati-deka-raskinale-ja-napadnal-so-ostar-predmet/ Mon, 09 Sep 2024 15:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=814711

На 08.09.2024 во 17 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 2 часот  Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба.

Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

The post Не сакал да прифати дека раскинале, ја нападнал со остар предмет appeared first on Република.

]]>

На 08.09.2024 во 17 часот во СВР Штип 21-годишна штипјанка пријавила дека околу 2 часот  Б.Т.(28) од Штип во неговиот дом во Штип ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба. Според пријавителката, таа дошла во домот на Б.Т. по претходен договор со намера да разговараат околу раскинувањето на нивната долгогодишна врска, но настанала расправија по што Б.Т. ја нападнал со остар предмет и се обидел да изврши обљуба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

The post Не сакал да прифати дека раскинале, ја нападнал со остар предмет appeared first on Република.

]]>
Maнијак се обидел да силува жена среде булевар во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/manijak-se-obidel-da-siluva-zhena-srede-bulevar-vo-kisela-voda/ Fri, 06 Sep 2024 09:44:38 +0000 https://republika.mk/?p=813733

 Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд - Скопје на скопјанец, осомничен за обид за силување.

- Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело - полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 - во обид - од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство.

Во текот на вчерашниот ден, осомничениот, на возраст од 31 година, нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа.

- Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе, осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата, се додава во соопштението на Обвинителството

The post Maнијак се обидел да силува жена среде булевар во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

 Притвор од 30 дена му одреди Основниот кривичен суд - Скопје на скопјанец, осомничен за обид за силување. - Основното јавно обвинителство - Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело - полов напад и силување од член 186 став 1 во врска со член 19 - во обид - од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од Јавното обвинителство. Во текот на вчерашниот ден, осомничениот, на возраст од 31 година, нападнал жена во Кисела Вода и спротивно на нејзината јасно изразена волја, со умисла се обидел да изврши полови дејствија врз неа.
- Жртвата се движела пеш кон нејзиниот дом и откако го поминала пешачкиот премин на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на општината Кисела Бода, осомничениот ја зграпчил со двете раце и се обидел да ја одвлече кон споредна улица. Ја турнал и се обидел полово да ја нападне. Жената цело време викала, барала помош и се обидувала да се ослободи, а кога започнале да се собираат луѓе, осомничениот ја пуштил без да ја реализира намерата, се додава во соопштението на Обвинителството

The post Maнијак се обидел да силува жена среде булевар во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
Скопјанец се обидел да силува 30-годишна жена во Кисела Вода https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-se-obidel-da-siluva-30-godishna-zhena-vo-kisela-voda/ Thu, 05 Sep 2024 14:13:41 +0000 https://republika.mk/?p=813581

Денеска (05.09.2024) во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30-годишна жена од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

 

The post Скопјанец се обидел да силува 30-годишна жена во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>

Денеска (05.09.2024) во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30-годишна жена од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.  

The post Скопјанец се обидел да силува 30-годишна жена во Кисела Вода appeared first on Република.

]]>
34-годишнен штипјанец силувал девојче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/34-godishnen-shtipjanets-siluval-devojche/ Fri, 16 Aug 2024 06:49:00 +0000 https://republika.mk/?p=807034

Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.А.(34) од Штип поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмица.

Тој бил задржан во полициска станица и за настанот биле запознаени Центарот за социјални работи и јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

 

The post 34-годишнен штипјанец силувал девојче appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М.А.(34) од Штип поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка од Струмица. Тој бил задржан во полициска станица и за настанот биле запознаени Центарот за социјални работи и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.  

The post 34-годишнен штипјанец силувал девојче appeared first on Република.

]]>
Силување во Скопско https://republika.mk/vesti/crna-hronika/siluvane-vo-skopsko/ Sun, 04 Aug 2024 14:22:49 +0000 https://republika.mk/?p=803259

Вчера во 17.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(44) од скопско село, по претходна пријава дека истиот ден во домот извршил физички напад и обљуба врз неговата 43-годишна сопруга.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

The post Силување во Скопско appeared first on Република.

]]>

Вчера во 17.00 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.Б.(44) од скопско село, по претходна пријава дека истиот ден во домот извршил физички напад и обљуба врз неговата 43-годишна сопруга. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Силување во Скопско appeared first on Република.

]]>
Ја следел додека се враќала од работа: Жена влечена и силувана од поранешното момче https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ja-sledel-dodeka-se-vrakala-od-rabota-zhena-vlechena-i-siluvana-od-poraneshnoto-momche/ Thu, 01 Aug 2024 18:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=802465

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик.

-Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил во врска. Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи, соопштуваат од Обвинителството.

Бидејќи се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Ја следел додека се враќала од работа: Жена влечена и силувана од поранешното момче appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Полов напад и силување според член 186 од Кривичниот законик. -Во близина на бензинска пумпа на влезот од Тетово, на 30 јули во вечерните часови, осомничениот нападнал жена со која до неодамна бил во врска. Ја следел додека од работа се враќала дома и започнал да ја влече на сила. Спротивно на нејзината јасно изразена волја и со закана дека непосредно ќе нападне врз животот на оштетената, тој ја принудил на сексуални односи, соопштуваат од Обвинителството. Бидејќи се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз оштетената и за повторување на делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Ја следел додека се враќала од работа: Жена влечена и силувана од поранешното момче appeared first on Република.

]]>
Тетовец ја силувал поранешната девојка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovets-ja-siluval-poraneshnata-devojka/ Wed, 31 Jul 2024 10:26:10 +0000 https://republika.mk/?p=801951

Ноќва во 00.00 часот во СВР Тетово, 25-годишна девојка од тетовско село пријавила дека околу 22.00 часот во Тетово, нејзиниот поранешен партнер Х.А.(31) од Тетово извршил обљува врз неа.

Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

The post Тетовец ја силувал поранешната девојка appeared first on Република.

]]>

Ноќва во 00.00 часот во СВР Тетово, 25-годишна девојка од тетовско село пријавила дека околу 22.00 часот во Тетово, нејзиниот поранешен партнер Х.А.(31) од Тетово извршил обљува врз неа. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.

The post Тетовец ја силувал поранешната девојка appeared first on Република.

]]>
Со месеци силувана и уценувана 18-годишна девојка од Битола https://republika.mk/vesti/crna-hronika/so-mesetsi-siluvana-i-utsenuvana-18-godishna-devojka-od-bitola/ Wed, 24 Jul 2024 09:32:06 +0000 https://republika.mk/?p=799777

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ од член 186 став 4 во врска со став 1, како и „уцена“ предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.

Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед, соопшти Јавното обвинителство.

Преку профил на социјална мрежа, како што е наведено во соопштението, тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

The post Со месеци силувана и уценувана 18-годишна девојка од Битола appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 25-годишник осомничен за кривично дело „полов напад и силување“ од член 186 став 4 во врска со став 1, како и „уцена“ предвидено и казниво според член 259 од Кривичниот законик.
Во периодот од декември 2023 до март 2024 година, спротивно на јасно изразената волја на оштетената 18-годишна девојка, тој ја наведувал на полови дејствија без нејзина согласност со сериозна закана дека ќе открие нешто што би и наштетило на нејзината чест и углед, соопшти Јавното обвинителство.
Преку профил на социјална мрежа, како што е наведено во соопштението, тој комуницирал со жртвата, користел нејзини интимни фотографии и се заканувал дека ќе ги сподели и ќе ги направи јавно достапни, наведувајќи ја на сексуални односи и на други полови дејствија спротивно на нејзина волја доколку сака да ја спречи објавата на фотографиите. Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Битола доставил и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

The post Со месеци силувана и уценувана 18-годишна девојка од Битола appeared first on Република.

]]>
Уапсен силувач од Кавадарци https://republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-siluvach-od-kavadartsi/ Wed, 03 Jul 2024 14:15:53 +0000 https://republika.mk/?p=793134

Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.

Според пријавеното, на 09.06.2024 во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Уапсен силувач од Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.
Според пријавеното, на 09.06.2024 во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Уапсен силувач од Кавадарци appeared first on Република.

]]>
Кавадарчанка му се заканувала на сопругот, маж во Кавадарци силувал сограѓанка: Против сторителите се поднесени пријави https://republika.mk/vesti/crna-hronika/kavadarchanka-mu-se-zakanuvala-na-soprugot-mazh-vo-kavadartsi-siluval-sograganka-protiv-storitelite-se-podneseni-prijavi/ Wed, 03 Jul 2024 12:32:50 +0000 https://republika.mk/?p=793099

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес.

Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска.

Според пријавеното, на 9 јули во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Кавадарчанка му се заканувала на сопругот, маж во Кавадарци силувал сограѓанка: Против сторителите се поднесени пријави appeared first on Република.

]]>

Лишени од слобода биле вчера кавадарчанка која му се заканувала на сопругот и кавадарчанец кој обљубил сограѓанка, информираа денеска од СВР Велес. Вчера во 11.15 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиле од слобода А.Б.(46) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом му се заканувала на нејзиниот 48-годишен сопруг. А.Б. била приведена во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од СВР Велес. Синоќа во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода А.Х.(33) од Кавадарци, по пријава од 26-годишна сограѓанка, со која бил во љубовна врска. Според пријавеното, на 9 јули во хотелска соба во Кавадарци, А.Х. физички ја нападнал и извршил обљуба врз неа. А.Х. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од СВР Велес.

The post Кавадарчанка му се заканувала на сопругот, маж во Кавадарци силувал сограѓанка: Против сторителите се поднесени пријави appeared first on Република.

]]>