Сиљановска Давкова Archives - Република https://republika.mk/tema/silanovska-davkova/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 06:51:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Сиљановска Давкова Archives - Република https://republika.mk/tema/silanovska-davkova/ 32 32 Сиљановска Давкова: Да се грижиме за Татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-da-se-grizhime-za-tatkovinata-i-da-si-ja-chuvame-oti-druga-nemame/ Wed, 23 Oct 2024 06:51:27 +0000 https://republika.mk/?p=830015

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Во продолжение ја пренесуваме во целост.

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава.

Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици.

Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш.

Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме!

Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава.

Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери.

Нека ни е честит празникот.

 

The post Сиљановска Давкова: Да се грижиме за Татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Во продолжение ја пренесуваме во целост.
Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. Ви посакувам празникот да го минете во мир и хармонија, радост и среќа, уживајќи ги придобивките на тешката борба за слободна, независна и демократска македонска држава. Идејата-водилка на основачите на Македонската револуционерна организација, коишто пред 131 година визионерски зачекорија по трнливиот пат кон политичка автономија, еволуираше и се доградуваше низ годините. Резултатот е самостојна македонска држава исправена пред нови предизвици. Прославувајќи го Денот на македонската револуционерна борба, да се потсетиме на сите знајни и незнајни херои и на нивните идеали, убедувања и жртви. Денес, кога го живееме нивниот сон, да не заборавиме дека државноста е тешко стекната, дека не ни е подарена и треба да се брани со демократски инструменти, наместо со оружје, како некогаш. Затоа, да се грижиме за татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! Да се почитуваме еден со друг, оти без нас сите, нема македонска држава. Да им ја оставиме на потомците, како што нам ни ја оставија, македонските револуционери. Нека ни е честит празникот.  

The post Сиљановска Давкова: Да се грижиме за Татковината и да си ја чуваме, оти друга немаме! appeared first on Република.

]]>
Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-kako-i-pred-poveke-od-80-godini-taka-i-nie-denes-zhiveeme-vo-period-na-golemi-premrezhja-shto-mozhat-da-se-prebrodat-samo-so-hrabri-odluki/ Fri, 11 Oct 2024 13:27:53 +0000 https://republika.mk/?p=825582

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, што под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност.

Во рамки на Свечената академија настапи Воениот оркестар на Армијата со сплет на македонски патриотски и партизански песни.

Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:

Во историјата на секој народ постојат периоди на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Таков мрачен период беше Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше под фашистичка окупација, и кога Хитлер и неговите сојузници изгледаа незапирливи и непобедливи. Во такви услови, на 11 октомври 1941-та, македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата и храбро, без колебање, ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 октомври е меѓникот што ја одреди нашата иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи.

Херојската борба против фашизмот нè сплоти, нè прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештвото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учествуваме во обновата на разрушениот свет. Не случајно, македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години. Нејзината сегашност и нејзината иднина се сраснати со нејзиното минато.

Нас никој не нѐ ослободи. Сами се ослободивме со помош на над 110-илјадната Народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата. Сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви.

Затоа, ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена македонската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме.

Како партизанска ќерка многу добро знам дека мојот татко и неговите соборци, во нерамната борба со фашистичкиот окупатор имале две оружја. Првото била пушката. Второто било песната. Некои од најважните битки во народноослободителната војна биле добиени со револуционерните песни што им давале храброст на борците да ја окрупнуваат слободната територија, да го изодат Февруарскиот поход и да ја создадат асномска Македонија. Една од најпопуларните била токму песната што беше изведена на почетокот на денешново чествување.

Напишана од Владо Малески и прв пат испеана во Струга на преминот од 1941-та кон 1942-та година, „Денес над Македонија се раѓа“ ја симболизира незапирливата борба за правда, го опева континуитетот со Илинден и ја навестува слободата на Македонија.

Но, во македонската химна е впишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на химната е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто, по АСНОМ ние не пееме дека над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата, дека Македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто, и по 8 септември 1991-та, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време?

Верувам дека тоа делумно се должи на самата природа на слободата и правдата. Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности, да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нè освестува за нивната вредност. А најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност – луѓето, политичките лидери, избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат и со својот личен пример, да се борат за државните интереси.

Смислата на постоењето на секоја држава, па и на македонска држава, е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот којшто ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата, неминовно ќе престане да се грижи и за државата.

Притоа, кога зборуваме за слобода, не мислиме само на политичката слобода од окупатори, таа е минато, туку и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки, туку само со сопственото знаење, способност и компетенција.

Кога зборуваме за правда, не мислиме само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда. А предуслов за правдата е владеењето на правото, наместо владеењето на луѓето.

Од денешен аспект, може да се каже дека во химната, во зборовите „Македонците се борат за своите правдини“ ни е сумирана и независноста. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува.

Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија. Ние мора постојано, секојдневно да се бориме за слободата и за правдата, бидејќи народот што не се бори, однапред изгубил.

Но, за да истраеме во таа борба, потребно ни е одново да се навраќаме на изворите. Ова не води до прашањето, дали денес, кога се изведува македонската химна, ние пасивно стоиме или, пак, како и партизаните, активно учествуваме во тој чин? Дали само ја слушаме или, пак, како и партизаните, од срце ја пееме македонската химна? Бидејќи, химната не е церемонијален декор, туку симбол на македонската држава во кој е кодирана македонската приказна за непрекинатата борба за правдини и за слобода.

Секогаш кога ја пееме македонската химна, ние правиме мал чекор кон истиснување на себичното ЈАС и МОЕ, за да направиме повеќе место за алтруистичкото НИЕ и НАШЕ, за македонската држава како наше општо добро, за јавниот интерес што ги надминува тесните лични, партиски, и други интереси.

Притоа, НИЕ и НАШЕ ниту е, ниту смее да биде сведено на која било етничка, верска, или идеолошка категорија. Прочитајте ги манифестите и прогласите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе видите дека тие се упатени до Македонците, до Албанците, до Турците, до Власите, до Србите, доРомите и до сите други. Погледнете ги спомениците на кои се врежани имињата на борците и ќе го забележите соживотот во борбената акција. Фрлете поглед врз учесниците на АСНОМ и ќе ја видите Македонија во мало, со сета нејзина етничка, верска, социјална и идеолошка различност. Македонците кои се борат за своите правдини не се само етничките Македонци, туку и сите македонски граѓани кои ја доживуваат и ја сакаат оваа земја како своја татковина. Сите оние кои сакаат нивните деца, нивните млади да не се иселат во туѓина, туку да останат тука, во својата татковина, за да работат, да основаат семејства и да градат иднина.

Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Во светот повторно има војни и страдања, и тоа во региони што се блиску до нашиот. Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество.

Само ако Македонија ја градиме како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани, ќе можеме со право да кажеме, да пееме дека навистина, таа е слободна и дека слободно живее.

Нека ни е за многу години 11 Октомври - Денот на Народното востание!

Нека ни е вековита македонската држава!

The post Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на свечената академија по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, што под нејзино покровителство се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност. Во рамки на Свечената академија настапи Воениот оркестар на Армијата со сплет на македонски патриотски и партизански песни. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателката Сиљановска Давкова:
Во историјата на секој народ постојат периоди на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Таков мрачен период беше Втората светска војна, кога речиси цела Европа беше под фашистичка окупација, и кога Хитлер и неговите сојузници изгледаа незапирливи и непобедливи. Во такви услови, на 11 октомври 1941-та, македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата и храбро, без колебање, ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 октомври е меѓникот што ја одреди нашата иднина, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободољубиви и правдољубиви народи. Херојската борба против фашизмот нè сплоти, нè прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на Првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештвото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учествуваме во обновата на разрушениот свет. Не случајно, македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години. Нејзината сегашност и нејзината иднина се сраснати со нејзиното минато. Нас никој не нѐ ослободи. Сами се ослободивме со помош на над 110-илјадната Народноослободителна војска на Македонија. Нам никој не ни ја подари државата. Сами се изборивме за неа. За нас, антифашистичката беше и истовремено и народноослободителна војна во која дадовме 24.000 жртви. Затоа, ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народноослободителната и антифашистичка борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели врз кои е изградена македонската држава. Со тоа би се обезвреднила жртвата на илјадници млади борци кои несебично гинеа за слободата и правдината. Ние тоа не смееме да го дозволиме. Како партизанска ќерка многу добро знам дека мојот татко и неговите соборци, во нерамната борба со фашистичкиот окупатор имале две оружја. Првото била пушката. Второто било песната. Некои од најважните битки во народноослободителната војна биле добиени со револуционерните песни што им давале храброст на борците да ја окрупнуваат слободната територија, да го изодат Февруарскиот поход и да ја создадат асномска Македонија. Една од најпопуларните била токму песната што беше изведена на почетокот на денешново чествување. Напишана од Владо Малески и прв пат испеана во Струга на преминот од 1941-та кон 1942-та година, „Денес над Македонија се раѓа“ ја симболизира незапирливата борба за правда, го опева континуитетот со Илинден и ја навестува слободата на Македонија. Но, во македонската химна е впишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале зошто текстот на химната е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто, по АСНОМ ние не пееме дека над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата, дека Македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто, и по 8 септември 1991-та, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време? Верувам дека тоа делумно се должи на самата природа на слободата и правдата. Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности, да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нè освестува за нивната вредност. А најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност – луѓето, политичките лидери, избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат и со својот личен пример, да се борат за државните интереси. Смислата на постоењето на секоја држава, па и на македонска држава, е да ја заштити слободата и да ја спроведе правдата. Народот којшто ќе ја запостави слободата и ќе ја занемари правдата, неминовно ќе престане да се грижи и за државата. Притоа, кога зборуваме за слобода, не мислиме само на политичката слобода од окупатори, таа е минато, туку и на слобода од потреби и од немаштија, слобода да се планира животот и да се напредува без роднински врски, без поткуп, без партиски книшки, туку само со сопственото знаење, способност и компетенција. Кога зборуваме за правда, не мислиме само на правосудството, туку и на социјалната, еколошката и генерациската правда. А предуслов за правдата е владеењето на правото, наместо владеењето на луѓето. Од денешен аспект, може да се каже дека во химната, во зборовите „Македонците се борат за своите правдини“ ни е сумирана и независноста. Изминативе 33 години ние се боревме за признавање на независноста, за членство во меѓународните организации, за зачувување на мирот, поредокот и соживотот во нашата татковина. И денес, таа борба за нашите правдини продолжува. Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние секојдневно треба да се бориме против неправдите на нашето време, против социјалната неправда и сиромаштијата, против корупцијата и непотизмот. Треба да се бориме против неправедните препреки и блокади на нашата европска интеграција, но и против обидите за кривотворење на нашата историја и бришење на нашата колективна меморија. Ние мора постојано, секојдневно да се бориме за слободата и за правдата, бидејќи народот што не се бори, однапред изгубил. Но, за да истраеме во таа борба, потребно ни е одново да се навраќаме на изворите. Ова не води до прашањето, дали денес, кога се изведува македонската химна, ние пасивно стоиме или, пак, како и партизаните, активно учествуваме во тој чин? Дали само ја слушаме или, пак, како и партизаните, од срце ја пееме македонската химна? Бидејќи, химната не е церемонијален декор, туку симбол на македонската држава во кој е кодирана македонската приказна за непрекинатата борба за правдини и за слобода. Секогаш кога ја пееме македонската химна, ние правиме мал чекор кон истиснување на себичното ЈАС и МОЕ, за да направиме повеќе место за алтруистичкото НИЕ и НАШЕ, за македонската држава како наше општо добро, за јавниот интерес што ги надминува тесните лични, партиски, и други интереси. Притоа, НИЕ и НАШЕ ниту е, ниту смее да биде сведено на која било етничка, верска, или идеолошка категорија. Прочитајте ги манифестите и прогласите на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и ќе видите дека тие се упатени до Македонците, до Албанците, до Турците, до Власите, до Србите, доРомите и до сите други. Погледнете ги спомениците на кои се врежани имињата на борците и ќе го забележите соживотот во борбената акција. Фрлете поглед врз учесниците на АСНОМ и ќе ја видите Македонија во мало, со сета нејзина етничка, верска, социјална и идеолошка различност. Македонците кои се борат за своите правдини не се само етничките Македонци, туку и сите македонски граѓани кои ја доживуваат и ја сакаат оваа земја како своја татковина. Сите оние кои сакаат нивните деца, нивните млади да не се иселат во туѓина, туку да останат тука, во својата татковина, за да работат, да основаат семејства и да градат иднина. Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки. Во светот повторно има војни и страдања, и тоа во региони што се блиску до нашиот. Нашите предци се сплотија за заедно да го постигнат она што не можат да го постигнат засебно – слободна македонска држава, втемелена врз праведни идеали. И ние треба да ги оставиме меѓусебните делби и да се сплотиме околу нашата борба, која веќе не е борба за политички слободи, туку за просперитет на државата и нејзините македонски граѓани. Така ќе изградиме иднина за младите во праведно и прогресивно македонско општество. Само ако Македонија ја градиме како пристојно место за живеење на сите нејзини граѓани, ќе можеме со право да кажеме, да пееме дека навистина, таа е слободна и дека слободно живее. Нека ни е за многу години 11 Октомври - Денот на Народното востание! Нека ни е вековита македонската држава!

The post Сиљановска-Давкова: Како и пред повеќе од 80 години, така и ние денес живееме во период на големи премрежја што можат да се пребродат само со храбри одлуки appeared first on Република.

]]>
Рокас: Мојот мандат е да ѝ помогнам на Македонија да оди напред https://republika.mk/vesti/makedonija/rokas-mojot-mandat-e-da-pomognam-na-severna-makedonija-da-odi-napred/ Fri, 06 Sep 2024 19:58:04 +0000 https://republika.mk/?p=813969

Мојот мандат е да ѝ помогнам на Македонија да оди напред и да направи опипливи чекори на патот кон нашата заедничка и непоколеблива определба за членство во Европската Унија, изјави  амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, кој денеска ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.

Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје,  амбасадорот Рокас изјавил дека му претставува чест што е во Македонија како претставник на Европската Унија.

-Во текот на својот мандат тој вети дека ќе соработува со институциите, политичките чинители и сите актери и општествени сектори ширум земјата. Претседателката и Евроамбасадорот Рокас разменија мислења за евроинтегративниот процес на Македонија, напредокот што земјата го остварила, можностите за земјата во рамките на Планот за раст, како и за идните реформи и претстојни предизвици. Амбасадорот Рокас ја изрази својата решеност да го поддржи процесот на реформи кои позитивно ќе се одразат врз животот на сите граѓани, стои во соопштението.

За средбата претходно информираше Кабинетот на претседателката, која, како што стои во соопштението, во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма,  порачала дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани.

Според неа, приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници.

Таа додала дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко. Изразила уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки.

-Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата. Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици, истакнала претседателката во поздравното обраќање.

Амбасадорот Рокас вчера му врачи копија од акредитивните писма и на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Муцунски му посака добредојде на амбасадорот Рокас, истакнувајќи дека неговата мисија започнува во клучен момент за европската иднина на земјата и изрази убеденост дека со силна заемна посветеност ќе се постигне значаен напредок кон зајакнување на партнерството и постигнување членство во ЕУ.

The post Рокас: Мојот мандат е да ѝ помогнам на Македонија да оди напред appeared first on Република.

]]>

Мојот мандат е да ѝ помогнам на Македонија да оди напред и да направи опипливи чекори на патот кон нашата заедничка и непоколеблива определба за членство во Европската Унија, изјави  амбасадорот на Европската Унија во државава Михалис Рокас, кој денеска ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Скопје,  амбасадорот Рокас изјавил дека му претставува чест што е во Македонија како претставник на Европската Унија. -Во текот на својот мандат тој вети дека ќе соработува со институциите, политичките чинители и сите актери и општествени сектори ширум земјата. Претседателката и Евроамбасадорот Рокас разменија мислења за евроинтегративниот процес на Македонија, напредокот што земјата го остварила, можностите за земјата во рамките на Планот за раст, како и за идните реформи и претстојни предизвици. Амбасадорот Рокас ја изрази својата решеност да го поддржи процесот на реформи кои позитивно ќе се одразат врз животот на сите граѓани, стои во соопштението. За средбата претходно информираше Кабинетот на претседателката, која, како што стои во соопштението, во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма,  порачала дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани. Според неа, приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници. Таа додала дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко. Изразила уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки. -Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата. Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици, истакнала претседателката во поздравното обраќање. Амбасадорот Рокас вчера му врачи копија од акредитивните писма и на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Муцунски му посака добредојде на амбасадорот Рокас, истакнувајќи дека неговата мисија започнува во клучен момент за европската иднина на земјата и изрази убеденост дека со силна заемна посветеност ќе се постигне значаен напредок кон зајакнување на партнерството и постигнување членство во ЕУ.

The post Рокас: Мојот мандат е да ѝ помогнам на Македонија да оди напред appeared first on Република.

]]>
Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз https://republika.mk/sport/ostanati-sportovi/pretsedatelkata-silanovska-davkova-go-predade-drzhavnoto-zname-na-makedonskata-paraolimpijka-olivera-nakovska-bikova-vo-presret-na-paraolimpijadata-vo-pariz/ Wed, 14 Aug 2024 10:39:26 +0000 https://republika.mk/?p=806442

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз.

 

На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.

 

Врачувајќи го државното знаме, што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци, кога Бранимир Јовановски донесе злато на игрите во Барселона во 1992, Оливера Наковска Бикова златен медал во 2012 година во Лондон, а Ванчо Каранфилов сребрен медал од олимписките игри во Атина во 2004 година.

 

Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.

 

Претседателката изрази задоволство од континуираната и посветена заложба на параолимпијците, не само во достоинственото претставување на државата на најпрестижниот спортски настан, туку и во надминувањето на препреките и стереотипите. Во тој контекст ја нагласи потребата македонското општество, институции и поединци активно да придонесуваат во насока на подобрувањето на условите за нашите сограѓани со попреченост.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими македонската параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри, од 28 август до 8 септември, во Париз.   На средбата со Наковска Бикова, која е единствена македонска спортистка на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова беше запозната со подготовките, предизвиците и очекуваните резултати во трите стрелачки дисциплини во кои таа ќе се натпреварува.   Врачувајќи го државното знаме, што нашата спортистка ќе го развее на Параолимписките игри, претседателката Сиљановска Давкова, се осврна на извонредно значајните спортски достигнувања на македонските параолимпијци, кога Бранимир Јовановски донесе злато на игрите во Барселона во 1992, Оливера Наковска Бикова златен медал во 2012 година во Лондон, а Ванчо Каранфилов сребрен медал од олимписките игри во Атина во 2004 година.   Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување дека и покрај нашето скромно учество, со само еден натпреварувач на параолимпијадата, македонската спортистка ќе оствари успеси што ќе бидат национална гордост.   Претседателката изрази задоволство од континуираната и посветена заложба на параолимпијците, не само во достоинственото претставување на државата на најпрестижниот спортски настан, туку и во надминувањето на препреките и стереотипите. Во тој контекст ја нагласи потребата македонското општество, институции и поединци активно да придонесуваат во насока на подобрувањето на условите за нашите сограѓани со попреченост.

The post Претседателката Сиљановска Давкова го предаде државното знаме на македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова во пресрет на параолимпијадата во Париз appeared first on Република.

]]>
Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ https://republika.mk/vesti/makedonija/silanovska-davkova-se-sretna-so-pretsedatelot-na-tsrna-gora-jakov-milatovik/ Thu, 13 Jun 2024 16:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=787255

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.

Во разговорот беше нагласена неопходноста од продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во насока на исполнување на заедничките стратешки определби за членство во Европската Унија и беше изразена подготвеност за продлабочување на регионалната соработка со цел одржување на стабилноста и економскиот напредок на земјите од регионот.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека евроинтеграцијата на државите од регионот е од суштинско значење за стабилноста и развојот и во таа насока е потребна јасна перспектива за приклучување кон ЕУ, доследно вреднување на копенхагенските критериуми и нивна кредибилна имплементација.

 

На средбата беше изразена подготвеност за натамошно продолжување на политичко-безбедносната соработка и партнерството во рамките на НАТО и беа разменети мислења за актуелните политички и безбедносни случувања во регионот и во Европа.

The post Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ appeared first on Република.

]]>

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Вила Водно во пресрет на одржувањето на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, оствари средба со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

На средбата двајцата соговорници ги потврдија пријателските односи меѓу двете земји и изразија подготвеност за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.

Во разговорот беше нагласена неопходноста од продолжување на меѓусебната поддршка и соработка во насока на исполнување на заедничките стратешки определби за членство во Европската Унија и беше изразена подготвеност за продлабочување на регионалната соработка со цел одржување на стабилноста и економскиот напредок на земјите од регионот.

Претседателката Сиљановска Давкова посочи дека евроинтеграцијата на државите од регионот е од суштинско значење за стабилноста и развојот и во таа насока е потребна јасна перспектива за приклучување кон ЕУ, доследно вреднување на копенхагенските критериуми и нивна кредибилна имплементација.

 

На средбата беше изразена подготвеност за натамошно продолжување на политичко-безбедносната соработка и партнерството во рамките на НАТО и беа разменети мислења за актуелните политички и безбедносни случувања во регионот и во Европа.

The post Сиљановска Давкова се сретна со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ appeared first on Република.

]]>
Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова https://republika.mk/vesti/makedonija/frchkoski-e-trebashe-da-se-konsultira-i-so-mene-ne-samo-so-osmani-za-glasaneto-vo-oon-za-rezolutsijata-za-srebrenitsa-veli-pretsedatelkata-gordana-silanovska-davkova/ Tue, 28 May 2024 18:53:40 +0000 https://republika.mk/?p=782512

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.

– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.

Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот.

Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи.

Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>

Не бев консултирана за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова. За гласањето за усвојување на Резолуцијата за Сребреница каде претставниците на 84 земји гласаа за усвојување, меѓу кои и Македонија, 19 држави беа против, а 68 воздржани, Сиљановска-Давкова е со став дека амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот за надворешни работи.
– Во меѓународната политика има поделена надлежност меѓу министерот за надворешни работи и претседателот на државата – рече претседателката.
Таа потенцира дека при гласањето во ОН, амбасадорот во ОН требало да се консултира со неа, а не само со министерот. Тоа според неа е логичен метод во меѓународните односи. Инаку, српскиот претседател Александар Вучиќ е разочаран од тоа како гласаше Македонија, затоа што, како што, кажа вложил многу за подобрување на односите со Македонците.

The post Фрчкоски требаше да се консултира и со мене, не само со Османи, за гласањето во ООН за Резолуцијата за Сребреница, вели претседателката Гордана Сиљановска Давкова appeared first on Република.

]]>