сила Archives - Република https://republika.mk/tema/sila/ За подобро да се разбереме Mon, 13 May 2024 15:04:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png сила Archives - Република https://republika.mk/tema/sila/ 32 32 Скопјанец на сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра, а потоа го натерале да купи за друг мобилен телефон https://republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-na-sila-go-vnele-vo-vozilo-i-mu-ukrale-nakit-i-2-500-evra-a-potoa-go-naterale-da-kupi-za-drug-mobilen-telefon/ Mon, 13 May 2024 15:04:57 +0000 https://republika.mk/?p=777684

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“.

На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило.

Mу одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.

 

The post Скопјанец на сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра, а потоа го натерале да купи за друг мобилен телефон appeared first on Република.

]]>

СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Ј.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „изнуда“. На 13.10.2023 пријавениот, заедно со уште едно лице, со употреба на сила го внеле В.М. во патничко возило. Mу одзеле накит и 2.500 евра, а потоа го присилиле да земе мобилен телефон од мобилен оператор на свое име и да му го даде на пријавениот.  

The post Скопјанец на сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра, а потоа го натерале да купи за друг мобилен телефон appeared first on Република.

]]>
Македонска Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сила“ https://republika.mk/vesti/kultura/makedonska-filharmonija-ke-odrzhi-kontsert-nasloven-sila/ Thu, 07 Mar 2024 09:59:09 +0000 https://republika.mk/?p=752157

Oркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија).

Концертот го носи наслов „Сила“, бидејќи е фокусиран на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената.

Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „ЈунгерКунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена.

Трубачот Пачо Флорес критиката го оценува како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Првите награди што ги освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“, ја потврдуваат неговата висока репутација во светот на музиката.

Лео Рондон е познат интерпретатор на венецуелска куатро гитара, аранжер и продуцент на квартетот „Авила“, на Венецуелскиот музички квартет, како и на ансамблот „Л’Арпеџата“, покрај неговиот соло проект едноставно насловен „Лео Рондон“. Добитник е на значајни награди во Венецуела и Колумбија како изведувач на куатро гитара.

 

The post Македонска Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сила“ appeared first on Република.

]]>

Oркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија). Концертот го носи наслов „Сила“, бидејќи е фокусиран на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „ЈунгерКунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Трубачот Пачо Флорес критиката го оценува како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Првите награди што ги освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“, ја потврдуваат неговата висока репутација во светот на музиката. Лео Рондон е познат интерпретатор на венецуелска куатро гитара, аранжер и продуцент на квартетот „Авила“, на Венецуелскиот музички квартет, како и на ансамблот „Л’Арпеџата“, покрај неговиот соло проект едноставно насловен „Лео Рондон“. Добитник е на значајни награди во Венецуела и Колумбија како изведувач на куатро гитара.  

The post Македонска Филхармонија ќе одржи концерт насловен „Сила“ appeared first on Република.

]]>
Концерт „Сила“ во Филхамронија https://republika.mk/vesti/kultura/kontsert-sila-vo-filhamronija/ Mon, 04 Mar 2024 09:11:59 +0000 https://republika.mk/?p=750975

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија).

Концертот не случајно носи наслов „Сила“, затоа што сите композиции, ако може да им се даде една генерална оцена, се фокусирани на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената. Почнувајќи од симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е солистот на труба Пачо Флорес, став кој е посветен на врвниот Астор Пјацола, аргентинскиот композитор што го донесе на свет „танго нуево“, и во кој се чувствува неговото силно влијание, особено во оркестарските делници.

„Приказни за цвеќиња и танго“ е композиција на Даниел Фрајберг, еден од новите водечки композиторски имиња, и „Симфонискиот сјај на Маргарита“ на композиторот Иносенте Хозе Карењо негово најпознато дело во кое се содржани многу влијанија од народната музика од северниот брег на Венецуела, поточно од островот Маргарита.

Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „ЈунгерКунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниото ркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти.

Трубачот Пачо Флорес критиката го оценува како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Првите награди што ги освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“, ја потврдуваат неговата висока репутација во светот на музиката. Уште за време на неговите студии во Оркестарот за млади и деца во Венецуела, Флорес добил врвно признание за неговите интерпретации како солист, способен подеднакво да управува со класичните и со популарните жанрови. На своите магични изведби, тој им додава огромна доза енергија обоена со најубавите инструментални бои. Како солист настапувал со Филхармонијата на Киев, Камерата од Санкт Петербург, со оркестри во Париз, Токио, Осака, Германија, секако во неговата родна Венецуела, рецитални настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк, во „Плејел“ во Париз или „Опера Сити“ во Токио. Како еден од основачите на Дувачкиот квинтет „Симон Боливар“, учествувал на бројни турнеи низ Европа, Јужна Америка, САД и Јапонија, а како оркестарски музичар ја имал водечката позиција како трубач во Симфонискиот оркестар „Симон Боливар“ во Венецуела и во Симфонискиот оркестар на Мајами, соработувал со диригенти како Клаудио Абадо, Сер Симон Ратл, Сеиџи Озава, Густаво Дудамел... Основач и директор е на латиноамериканската Академија за труба во Венецуела и ја негува традицијата за изучување на млади таленти. Неговиот репертоар е широк и вклучува премиери на дела од голем број современи композитори. Неодамна одржа значајна концертна турнеја низ Норвешка и Австрија со Арктичката филхармонија, под водство на маестро Кристијан Линдберг, изведувајќи го неговиот концерт „Акбанк Бунка“ за труба и оркестар, дебитирајќи во „Фестпилхаус“ во Салцбург и во „Музикеверин“ во Виена. Неговиот прв албум носи наслов „Ла Тромпета Венецолана“, а Флорес е ексклузивен уметник на „Дојче грамофон“ со веќе три снимки – „Кантар“ со Концертхаус оркестарот во Берлин и маестро Кристијан Васкез, „Ентропија“ за кој освои Златен медал на Глобал мјузик авардс, „Фрактали“ со Арктичката филхармонија и маестро Кристијан Линдберг и двојното цеде „Песни и танци“ со маестро Мануел Хернандез-Силва.

Лео Рондон е познат интерпретатор на венецуелска куатро гитара, аранжер и продуцент на квартетот „Авила“, на Венецуелскиот музички квартет, како и на ансамблот „Л’Арпеџата“, покрај неговиот соло проект едноставно насловен „Лео Рондон“. Добитник е на значајни награди во Венецуела и Колумбија како изведувач на куатро гитара, а настапува на престижни фестивали во Венецуела, Колумбија, Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Швајцарија, Мароко..., во разни ансамбли и со разновидни уметници.

The post Концерт „Сила“ во Филхамронија appeared first on Република.

]]>

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија). Концертот не случајно носи наслов „Сила“, затоа што сите композиции, ако може да им се даде една генерална оцена, се фокусирани на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената. Почнувајќи од симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е солистот на труба Пачо Флорес, став кој е посветен на врвниот Астор Пјацола, аргентинскиот композитор што го донесе на свет „танго нуево“, и во кој се чувствува неговото силно влијание, особено во оркестарските делници. „Приказни за цвеќиња и танго“ е композиција на Даниел Фрајберг, еден од новите водечки композиторски имиња, и „Симфонискиот сјај на Маргарита“ на композиторот Иносенте Хозе Карењо негово најпознато дело во кое се содржани многу влијанија од народната музика од северниот брег на Венецуела, поточно од островот Маргарита. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „ЈунгерКунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниото ркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Трубачот Пачо Флорес критиката го оценува како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Првите награди што ги освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“, ја потврдуваат неговата висока репутација во светот на музиката. Уште за време на неговите студии во Оркестарот за млади и деца во Венецуела, Флорес добил врвно признание за неговите интерпретации како солист, способен подеднакво да управува со класичните и со популарните жанрови. На своите магични изведби, тој им додава огромна доза енергија обоена со најубавите инструментални бои. Како солист настапувал со Филхармонијата на Киев, Камерата од Санкт Петербург, со оркестри во Париз, Токио, Осака, Германија, секако во неговата родна Венецуела, рецитални настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк, во „Плејел“ во Париз или „Опера Сити“ во Токио. Како еден од основачите на Дувачкиот квинтет „Симон Боливар“, учествувал на бројни турнеи низ Европа, Јужна Америка, САД и Јапонија, а како оркестарски музичар ја имал водечката позиција како трубач во Симфонискиот оркестар „Симон Боливар“ во Венецуела и во Симфонискиот оркестар на Мајами, соработувал со диригенти како Клаудио Абадо, Сер Симон Ратл, Сеиџи Озава, Густаво Дудамел... Основач и директор е на латиноамериканската Академија за труба во Венецуела и ја негува традицијата за изучување на млади таленти. Неговиот репертоар е широк и вклучува премиери на дела од голем број современи композитори. Неодамна одржа значајна концертна турнеја низ Норвешка и Австрија со Арктичката филхармонија, под водство на маестро Кристијан Линдберг, изведувајќи го неговиот концерт „Акбанк Бунка“ за труба и оркестар, дебитирајќи во „Фестпилхаус“ во Салцбург и во „Музикеверин“ во Виена. Неговиот прв албум носи наслов „Ла Тромпета Венецолана“, а Флорес е ексклузивен уметник на „Дојче грамофон“ со веќе три снимки – „Кантар“ со Концертхаус оркестарот во Берлин и маестро Кристијан Васкез, „Ентропија“ за кој освои Златен медал на Глобал мјузик авардс, „Фрактали“ со Арктичката филхармонија и маестро Кристијан Линдберг и двојното цеде „Песни и танци“ со маестро Мануел Хернандез-Силва. Лео Рондон е познат интерпретатор на венецуелска куатро гитара, аранжер и продуцент на квартетот „Авила“, на Венецуелскиот музички квартет, како и на ансамблот „Л’Арпеџата“, покрај неговиот соло проект едноставно насловен „Лео Рондон“. Добитник е на значајни награди во Венецуела и Колумбија како изведувач на куатро гитара, а настапува на престижни фестивали во Венецуела, Колумбија, Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Швајцарија, Мароко..., во разни ансамбли и со разновидни уметници.

The post Концерт „Сила“ во Филхамронија appeared first on Република.

]]>
Улиците во Скопје се „руски рулет“: На овие мајмуни не може да им се објасни дека џипот или моторот не е за демонстрирање сила https://republika.mk/vesti/crna-hronika/ulitsite-vo-skopje-se-ruski-rulet-na-ovie-majmuni-ne-mozhe-da-im-se-objasni-deka-dhipot-ili-motorot-ne-e-za-demonstrirane-sila/ Sun, 12 Feb 2023 11:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=607987

Улиците во Скопје се претворени во „руски рулет“. Излегуваш од дома и не знаеш дали ќе се вратиш. Се молиш, некоја пијана или трезна будала да не те „собере“ на улица и да завршиш на КАРИЛ или може уште полошо.

За еден ваков настан раскажува скопјанецот Љупчо Ангелов на социјалните мрежи. Вели „за малку ќе не прегазеше еден човек на зелено уклучено за пешаци“ и додава дека е лут поради тоа што сме дозволиле да станеме „Див запад“ каде ништо не функционира и не се почитуваат законите.

Настанот се случил на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во петокот 15 минути после 21 часот.

Си прелета на црвено без око да му трепне. Да не изреагиравме бргу и да се вратиме назад на тротоарот, ќе не смачкаше како муви“, раскажува Љупчо.

Toj додава дека тој е сведок на вакви настани кои секојдневно се случуваат, и не само тука, туку на булеварите „Партизански одреди“ и „8-ми септември“.

Не може никој на овие мајмуни да им објасни дека колата, џипот или моторот не е за демонстрирање сила, односно лечење фрустрации, туку е средство кое треба да те пренесе од точка А, до точка Б. Безбедно, како за тебе и тие што ги возиш, така и за останатите учесници во сообраќајот“, вели Љупчо во својата фејсбук објава.

Се чини дека освен брзото и лудо возење има уште една затрашувачка појава, а тоа е зголеменото насилство во сообраќајот. Полициските билтени, секојдневно се полнат со мали и поголеми инциденти поврзани со предност и несогласување на улиците. Многу често читаме за физички пресметки и обид за убиство. За ова пишува тој во својот фејсбук статус.

Да не зборам дека ако му дигнеш рака со негодување на некој таков, може да искочи од кола и да те претепа, а нема да ме зачуди и пиштол да извади и да ти го стави на глава“, додава тој во својата фејсбук објава.

На крајот на својот фејсбук Љупчо удира директно во сржта на проблемот.

ОВА ЛУДИЛО МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ВЕДНАШ! Апсолутно не ме интересира дали Таравари или некој друг ќе влезе или нема да влезе во владата. Не ме интересира ни Пендиков, ни Мендиков, ништо повеќе не ме интересира од мојата лична безбедност и безбедноста на моите блиски. Уште сум избезумен и многу, многу лут што дозволивме да станеме „Див запад“, каде што не владее законот, туку „колтот“, односно „посилниот“, заклучува тој.

Целиот фејсбук статус:

The post Улиците во Скопје се „руски рулет“: На овие мајмуни не може да им се објасни дека џипот или моторот не е за демонстрирање сила appeared first on Република.

]]>

Улиците во Скопје се претворени во „руски рулет“. Излегуваш од дома и не знаеш дали ќе се вратиш. Се молиш, некоја пијана или трезна будала да не те „собере“ на улица и да завршиш на КАРИЛ или може уште полошо. За еден ваков настан раскажува скопјанецот Љупчо Ангелов на социјалните мрежи. Вели „за малку ќе не прегазеше еден човек на зелено уклучено за пешаци“ и додава дека е лут поради тоа што сме дозволиле да станеме „Див запад“ каде ништо не функционира и не се почитуваат законите. Настанот се случил на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во петокот 15 минути после 21 часот.
Си прелета на црвено без око да му трепне. Да не изреагиравме бргу и да се вратиме назад на тротоарот, ќе не смачкаше како муви“, раскажува Љупчо.
Toj додава дека тој е сведок на вакви настани кои секојдневно се случуваат, и не само тука, туку на булеварите „Партизански одреди“ и „8-ми септември“.
Не може никој на овие мајмуни да им објасни дека колата, џипот или моторот не е за демонстрирање сила, односно лечење фрустрации, туку е средство кое треба да те пренесе од точка А, до точка Б. Безбедно, како за тебе и тие што ги возиш, така и за останатите учесници во сообраќајот“, вели Љупчо во својата фејсбук објава.
Се чини дека освен брзото и лудо возење има уште една затрашувачка појава, а тоа е зголеменото насилство во сообраќајот. Полициските билтени, секојдневно се полнат со мали и поголеми инциденти поврзани со предност и несогласување на улиците. Многу често читаме за физички пресметки и обид за убиство. За ова пишува тој во својот фејсбук статус.
Да не зборам дека ако му дигнеш рака со негодување на некој таков, може да искочи од кола и да те претепа, а нема да ме зачуди и пиштол да извади и да ти го стави на глава“, додава тој во својата фејсбук објава.
На крајот на својот фејсбук Љупчо удира директно во сржта на проблемот.
ОВА ЛУДИЛО МОРА ДА ПРЕСТАНЕ ВЕДНАШ! Апсолутно не ме интересира дали Таравари или некој друг ќе влезе или нема да влезе во владата. Не ме интересира ни Пендиков, ни Мендиков, ништо повеќе не ме интересира од мојата лична безбедност и безбедноста на моите блиски. Уште сум избезумен и многу, многу лут што дозволивме да станеме „Див запад“, каде што не владее законот, туку „колтот“, односно „посилниот“, заклучува тој.
Целиот фејсбук статус:

The post Улиците во Скопје се „руски рулет“: На овие мајмуни не може да им се објасни дека џипот или моторот не е за демонстрирање сила appeared first on Република.

]]>